|
Чаеви |
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зелениот чај за многумина е здрава замена за утринското кафе. Лицата кои редовно го пијат, знаат дека тој штити од грип речиси еднакво колку и вакцините, дека го ублажува стресот и уморот, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето од болести, го поттикнува слабеењето и ги топли масните наслаги. Сепак и покрај сите добри страни, зелениот чај има и “темна страна”. Тој може да го попречи па дури и да го спречи дејството на лековите за хипертензија. Зелениот чај не смее да се меша со многу лекови и тоа токму затоа што содржи кофеин. Токму затоа, пред да се одлучите да го пиете овој чај во комбинација со лекови, консултирајте се со вашиот доктор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брат ми пие зелен чај мешавина со хибискус или нана или брусница и тоа 4 пакетчиња зелен и 2 од другиот. Ги раствара во 2л вода ама тоа се чаеви ефтини од кам па затоа толку става. Ги остава да се изладат па ги пие во текот на денот наместо вода.
Може ли ваше мислење за ова, оти мене малку ми е сомнително, колку и да се тоа слаби концентрати на зелен чај, сепак...?????? |
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чаевите можат да ве исчистат од загадениот воздух – еве што да пиетеЧестичките од загадениот воздух влегуваат во крвта на човекот и влијаат многу лошо, без оглед дали органски или неоргански, а детоксикација не доаѓа предвид. Ефектите се различни – оние честички што настануваат од согорување и се од органско потекло ги поврзуваат со канцерогени својства – 20-30 отсто од честичката е канцероген, а останатиот дел механички ги оштетува белите дробови. Фармацевтите и некои од пулмолозите велат не е с` така црно со нашите бели дробови во услови на загаден воздух – некои од штетните честички може да бидат елиминирани од организмот преку црниот дроб, бубрезите. Важно е да се пијат доволно вода и чаеви – особено од лист од подбел, може и мајчина душица, риген, жалфија… Внесувањето многу течности помага за детоксикација Особено го препорачуваат чајот – „хелабсин микс“, кој е мешавина од наши лековити растенија. - Овој чај неверојатно ја стимулира функцијата на црниот дроб, со што се подобрува и елиминацијата на отровите. А за дишните патишта, важно е, посебно скопјани, да пијат чаеви од лист од подбел, може и од мајчина душица, риген, цвет од бозел и од невен, лист од тегавец, како и босилек. Kога треба да се искашла слузта, може да се пие и чај од јаглика, лист од лопен, кој го подобрува искашлувањето, а може и липа и жалфија, кои го намалуваат воспалението и го олеснуваат дишењето – додава Захариев и советува граѓаните, кога можат, да излезат надвор од загадените градови. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаете ли некој чај кој помага жената да забремени?
...И од каде може да се набави? Однапред Благодарам |
|
Фолксвагенка
Група Девојка му на Фолки Регистриран: 08.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 91 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Поубав од овој немам сретнато до сега...
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимно време го пијам често...најомилен ми е чајот од нане и секако најмногу сакам да го пијам. Покрај него ги сакам и чаевите од хибискус, липа, брусница...
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мал лексикон на чаевите
Секојдневните тегоби можете да ги ублажите со вистинскиот избор на чај, кој ќе ви помогне и да се стоплите во стуените зимски денови. Она што треба да го знаете кога пиете чај е дека овој напиток најдобро е да се консумира без никакви додатоци, или евентуално со мед или лимон, кои треба да ги додадете во чајот кога тој малку ќе се излади. Во спротивно, медот и чајот ги губат својствата кога ќе ги ставите во врела вода. Еве неколку препораки на најдобри чаеви:Нане Освен што има пријатен мирис и вкус, чајот од нане е многу ефикасен при лечење настинки, а помага и при тегоби со варење на храната, бидејќи го смирува желудникот и цревата. Исто така благотворно делува на нервниот систем, па се препорачува за луѓето кои се раздразливи и анксиозни, поради што помага и кај главоболки и мачнини. Зелен чај Зелениот чај потекнува од Кина, а има силни антиоксидативни својства. Го намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови, рак и бројни други хронични заболувања. Зелениот чај го олеснува варењето, а благотворно делува и на кожата. Многумина го сметаат за најздрав чај на светот кој може да спречи појава на многу болести. Освен тоа, содржи кофеин, па се користи и како стимуланс. Алое вера Уште во стар Египет ова растение се користело како лек, а се сметало и како еликсир на долговечноста. Индијанците со неа ги лечеле раните, главоболките и артритисот. Има бројни лековити својства, а особено помага при тегоби со желудникот. Се користи и за ублажување на тегоби при артритис, псоријаза и ексцем, како и за јакнење на имунитетот. Коприва
Чајот од коприва од одамна се користи за лечење воспаленија на мочните патишта и бубрежни болести. Копривата има големи количини калиум, кој е природен диуретик, но и железо, кое помага во создавање црвени крвни зрнца. Чајот од коприва ја прочистува крвта и поттикнува обнова на клетки, а се препорачува како лек за проблематична кожа. Камилица Чајот од камилица на нашите простори најчесто се употребува како лек за сите тегоби, бидејќи опушта, добар е за варењето, ја ублажува болката, го намалува осипот, а помага и кај грчеви. Жените често користат камилица за ублажување на менструалните тегоби. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога веќе ни пристигнаа студените денови, со нетрпение го очекуваме мирисот на цимет, портокал, јаболко или брусница кој испарува од огромната шолја чај. Зошто секојдневно да пиете барем по една шолја чај, наместо кафе или топло чоколадо? 1. Ви помага во издржливоста при вежбањето 2. Го намалува ризикот од срцев удар 3. Антиоксидансите во чаевите го спречуваат развојот на рак 4. Чајот помага во борбата против бактерии 5. Го хидрира телото подобро од секоја останата течност 6. Се намалува шансата за заболување од Паркинсова болест 7. Чаевите штитат од UV зрачењето 8. Го одржува обемот на вашиот струк 9. Ги поништува негативните последици предизвикани од цигарите 10. На дијабетичарите им помага во разградување на шеќерот 11. Зелениот чај ги зајакнува коските, благодарение на минералите кои ги содржи 12. Ефектно и брзо ги спречува и лечи невролошките проблеми |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
protonherb
Нов член Регистриран: 04.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Piev caj za nervi od apteka matija, i kaj mene imase efekt. Inaku za nervi najpovolno vlijae matocinata i slezot.
|
|
protonherb
Нов член Регистриран: 04.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas koristam Caj za nervi od Apteka MAtija i dobro mi godi. Mi go preporaca drugar koj imase problemi so anksioznost. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој е најздравиот чај на планетата?И
покрај тоа што зелениот чај важи за најздравиот чај на светот,
најновата обемна студија на британските научници откри голема тајна.
Земјите кои најмногу пијат црн чај имаат најмал број на дебели луѓе и
луѓе заболени од дијабтес. Црниот чај содржи специфични супстанции кои
го намалуваат холестеролот и способноста на дигестивниот систем да
презема масти. - Редовното консумирање на црн чај, без никакви додатоци, помага при
слабеењето. Тој треба да биде дел од секојдневната исхрана и мора луѓето
да престанат да го пијат со млеко или со шеќер. Адитивите ги
неутрализираат позитивните својства на чајот, вели Џејмс Мекмилан,
професор од Универзитетот во Ливерпул. Сите три земји имаат помал број на дијабетичари од земјите кои се подоле на листата, како Брзаил, Мароко и Мексико. Сепак, не смееме да го заборавиме зелениот чај, кој секако е еден од најдобрите и најздравите пијалаци на планетата. Изменето од Valerija - 17.Октомври.2013 во 17:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
smilegirl
Група Регистриран: 23.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пијам чај секој ден. Зелен, зелен со нане, шумско овошје, хибискус, камилица, брусница
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимски чаеви за подобро здравјеЛадните зимски денови предизвикуваат чувство дека немаме доволно енергија. Нашиот имунолошки систем во зима е послаб и потребно е да консумираме продукти кои ќе ни помогнат да се заштитиме од грипот и настинката. За да се стоплиме во ладните зимски денови и да го зајакнеме нашиот имунитет треба да пиеме чаеви. Чајот е природен лек кој е богат со антиоксиданси. Во зима постојат таканаречени „зимски чаеви“ кои се прилагодени за зимскиот период. Зачините како цимер, ванила, ѓумбир, кардамом и анис го збогатуваат вкусот на зимските чаеви. Чај од еукалиптус Содржи ментол кој е главна состојка во сирупите против кашлање. Помага против настинка, астма и бронхитис. Овој чај помага против инфекција на грлото и е антисептик на усната шуплина. Енхиначеа чај Билката која ја користеле Индијанците за лечење на разни болести, денес најмногу се користи за настинка и грип. Како и другите претходно споменати чаеви и овој ја смирува кашлицата, но и помага во смалување на телесната температура и болките во грлото. Чили чај Овој чај е за оние кои сакаат оригинален чили вкус. Идеално е да се консумира со зачинета Индиска храна. Можете сами да си го направите овој чај со комбинација на чај од шипка и свежо исечкано чили. Чај од ѓумбир Помага за превенција од разни настинки и вируси. Ја смалува главоболката и болките во грлото. Изменето од Valerija - 06.Декември.2011 во 09:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |