![]() |
|
Битола град на Конзулите |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 12> |
Автор | |
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А штета, Битола е преубав град, а и Пелистер е блиску... еве уште една идеја: на Пелистер нека постават повеќе турбини-ветерници од кои домаќинствата би се снабдувале со ефтина или дури и бесплатна струја (е сеа, една турбина е околу 2 мил. евра сосе монтажа
![]() Изменето од Majkl - 17.Декември.2011 во 01:15 |
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Првата идеја можеби може да се оствари со малку повеќе труд, пред се лобирање и нудење поволни услови. Но тролејбусот и железничката е троа повисока инвестиција. Добро е Битола да се развие малку зошто од Конзулски Град полека станува провинција а комшиите од Прилеп полека ги поминуваат во категоријата посреден и поквалитетен град за живеење.
|
|
![]() |
|
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Предлагам да се отворат што е можно повеќе странски конзулати во Битола за да навистина биде и остане град на конзулите. Исто им предлагам да воведат тролејбус за градски превоз а министерството за транспорт и врски заедно со Македонски железници да испита и изнајде начин како до Битола со воз да може да се стигне за 90 минути а не 3 саата.
|
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најградскиот град во Македонија кој се разбира е како изгубен уметник, „несфатен од сите“ за неговата големина, раскош и убавина,...така...си талка низ годините приспомнувајќи си за златната доба кога бил главен град (во Турско), кога Вагнер (Рихард Вагнер) свирел сонати кај Фиќи на тераса (Јавна куќа) исто во Турско, кога пајтоните (читај, три штици и четири столици поврзани на коњот Дорчо) шетаа по улиците, а „дамите“ фрлаа шамивчиња очекувајќи некој младич да се стрча да не падне на калилавата калдрма, за на крај да добијат едно кабадајско долго и грло-гре*ачко „Шо е мори?!...да не сакаш да ти го фатам шамифчето...да ти се помочам во него“. (и ова во Турско). Годините врвеа, конзулите фатија вид-виделина, војните се множеа, градо(т) под Пелистер полека се китеше со секакви рани и не-рани-мајковци. Се градеа легенди,... што во позитивна што во негативна смисла. Од сите тие бомбардирања, напалм бомби, токсични гасови,... преживееја кафето, кабадајлуко и „але шо збораш?!“. Дојде...и си замина Тито. Испи кафе, се искабадајлучи со Кадилакот низ градот, а за возврат ја доби најголемата кабадајска чест – Улицата а.к.а Корзото да го носи неговото име. Транзицијата го упостоши градот. Фабриките пропаднаа, се случи ТАТ...се случи 2001. Сето тоа имаше последици...станавме културна метропола (читај некропола) на градскиот кичерај. Станавме град на култура - со пропадната култура. Уметници (лижачи на пластика и фотографи), Филм ленд (Меѓународен фестивал во полураспаднат театар а.к.а дом на култура а.к.а центар за култура – жива срамота за државата) и сето тоа украсено со жени со хулахопки во тигрест дезен, со дифтици околу вратот, кои своите дебели газови (специјално негувани во Пица-бар „Буре“) се возени од 20 години старите и дотраени BMW-а и Passat-и. Своето место под Сонцето и сонот за таквиот авангарден живот, ги исполна улиците со еден милион таксисти, а кафулињата со исто толку келнери. Смислата во животот младите го сфатија како да фатат газ на стјуардеса и притоа да неможат да бидат слезени од авионо(т), а другите со своето лажиче од еспресото или мрсното макијато како мачори демнеат по Широк Сокак насладувајќи се на убавите и обилни задници на тигрестите дами отворајќи кредит наречен „Пиши ме браат“ притоа чекајќи ја платата на „Старио“ од РЕК (во просек околу 45000 денари со средно образование), за кредитот да се покрие. Сред сета ова врвулица од дебили и медиокритети, човек нормално си го поставува прашањето „Каде по ѓаволите е интелегенцијата тогаш, каде се дежурните критичари...каде е критичната мисла во градот?!“ Критичната мисла, за жал ја градат само ретардирани новинари кои своето критично мислење го градат во партиските штабови и/или газдите на телевизиите. Главна вест на телевизија е некоја мочана стихозбирка од Еди Којси кој немал што да прави на местото „државен работник“ и седнал да пишува поезија и своето почесно место го зема во емисијата Локални Дијагонали. Џабе е и епитетот „Универзитетски град“ кога оние најистакнатите интелектуалци (професорите и асистентите) се претопуваат во оние најниските и најподлите членови во општеството. Социјалното општење е сведено само на Фејсбук, а во кафуле повеќето се прават дека не се познаваат. Премногу се зафатени со оговарање на онај мал круг луѓе кој вистински го познаваат и онај поголемиот за кој поима немаат и измислуваат приказни се со цел да го задржат вниманието на слушателот. Во овој град е лошо да си различен, лошо е да имаш поинакви размислувања од другите и најстрашно е да не ги сакаш работите што другите ги сакаат. Тогаш си означен како налудничав, наркоман, нетокму, штракнат, улав, ненормален, добиваш бесплатна дијагноза врз база на фамилијарните и за тебе непознати болести. Ноќните клубови се места каде се оди или да се мажат/женат со некој/а од Австралија или да ја прошетаат својата најнова облека порачана од Шутград (Шутка – Скопје). Групирани во групи од 2 до 4 „социјализираат“ и „си врват супер“. Битола е друг Универзум. Универзум на слабо и бавно течење на времето. Времето како мрзливко ги провлекува своите калилви пантолони низ Широк Сокак, со интелектуално поместување на полжав после дожд. Долги години преку глава ми е од илијадниците медиокритети кои во градот се величат како истакнати дејци во бизнисот, културата, уметноста, образованието. Концептот за напредување е непознат, додека концептот за „снаџи се – па живи...са мање посла“ е она вистинското мото по кое сите се движат во животот и на сите треба да ни биде мото |
|
![]() |
|
TENDO ![]() Нов член ![]() Регистриран: 24.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За љубителите на пишаниот збор во Битола, се отвори нова книжарница кое е единственото место во градот каде може да се најдат изданијата на издавачките куќи Матица, Магор, Темплум, Или-Или, ...
Освен продажба на книги по најповолни цени нуди и комплет од книжарски производи и услуги: Фотокопирање, канцелариски материјали, школски прибор, обрасци, укоричување, пластифицирање, ... Реклами не се дозволени! - Santijago Изменето од Santijago - 24.Октомври.2011 во 12:16 |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Битола во заеднички проект на 11 градови од Европа
Во 11 европски градови на 11 ноември ќе се одржи заеднички проект уметност во живо „Размени ги радикалните моменти“ www.11moments.org, а коорганизатор за Македонија е битолската невладина организација „Елементи“.Овој несекојдневен настан ќе се одржува од 0 до 24 часот на плоштадите во Берлин, Битола, Кишињев, Линц, Ливерпул, Лондон, Париз, Прага, Рига, Слубфурт и Стокхолм. - Во Битола ќе престојува американскиот уметник и предавач Роб Андриус кој на неколку локации на Широк сокак ќе го изведе перформансот „Чисто“ со миење на стапалата на 11 луѓе што претставува хуман прочистувачки ритуал. Ова дело не конфронтира со нашите предрасуди во врска со тоа што е приватно, а што јавно, вели Билјана Исијанин од НВО „Елементи“-Битола. На 11 ноември во 11 часот уметникот Игор Тошевски кој дипломирал графика на Ликовната академија во Хелсинки на битолскиот пазар ќе презентира истражување, симулација на Утописки систем што би се рефлектирал на неизбежната де-територијализација и фрагментација на локалните етнички групи, но не само на Балканот туку низ цела Европа, додека пак во терминот од 11:11 до 23:11 часот уметниците Билјана Исијанин и Александар Гроздановски ќе промовираат полупразна книга со мисли и слики чии празни страници ќе може јавноста сама да ги дополнува. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Битола во полн сјај
![]() Се наѕира крајот на проектот за реставрација и ревитализација на фасадите на Широк сокак во Битола, кој почна пред 12-ина години. Поволните временски услови есенва овозможија стручните лица од НУ "Завод и музеј" да ги приведат кон крај работите на трите фасади за кои годинава добија средства од Министерството за култура. "За в година останува да се реставрира уште една фасада, со што, конечно, Широк сокак ќе блесне со целиот свој сјај, па прошетката по него ќе биде своевидно враќање во минатото, односно во крајот на 18 и почетокот на 19 век, откога датираат објектите", вели директорот на Заводот Зоран Николовски. "За да се задржи автентичноста на фасадите, беше ангажиран цел тим стручни лица, кои правеа сондажни истражувања за да се утврдат бојата и малтерот што се користел за градба, дрвенаријата и металните огради на балконите. Се повикуваа и на старите фотографии, но и на колективната меморија. За најверодостоен се зема првиот слој боја, па затоа имаме сини, жолти, бели фасади. Стилот на градба претежно е неокласицизам, кој се практикувал во поголемиот дел од Европа, па имаме влијанија од Италија, Австрија, Украина, зависно од каде доаѓале тајфите ѕидари", кажува Николовски. "Големо било и влијанието на конзулите, кои при градбата на конзуларните претставништва вметнувале и дел од културата на земјата од која доаѓале. За жал, не може да се интервенира на зградите градени во времето на социјализмот, кои не се вклопуваат во целосниот амбиент. Тие ќе останат како споменици на соцреализмот", објаснува Николовски. По завршувањето на проектот со кој беа обновени фасадите на над 60-ина објекти од Саат кулата до Офицерскиот дом, ќе се започне со реставрација на објектите околу централното градско јадро и Старата чаршија. Куќата на "Сингер" била прва со тоалет При реставрацијата на фасадите на Широк сокак во изминатите години, екипите на битолскиот Завод за заштита на спомениците наидувале на доста интересни моменти. Една од пикантериите кои ги кажуваат е врзана за куќата во која било сместено претставништвото на германската фирма "Сингер" за производство и продажба на машини за шиење. "Тоа била првата куќа во Битола која имала тоалет во својата внатрешност. За нејзината градба биле вложени доста пари. Била ѕидана со шамотни, огноотпорни тули, кои речиси никогаш не се користат во архитектурата, зашто се многу скапи", ни рече Николовски. Наидувале и на неповторливи дрвени тавани, убави ѕидани камини, фотографии. Велат дека секоја куќа на Широк сокак во себе крие многу приказни, многу радости, но и трагични моменти |
|
![]() |
|
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ооо време да видиме нешто и од средовековна Битола. |
|
![]() |
|
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Mislam stvarno strasno e ova so go napisa i mislam nema nikakva realnost ni vistina,kako prvo ne e kulturno da go mesas gradot BITOLA so vakvi pojavi koi nekogas se pojavuvale grupa na mladi ljuge ama da napomenam pred 15 godini imase takvi grupi toa ne samo vo bitola sekade niz makedonija skopje narocito najpoveke,znaci nemoj da mesas babi i zabi posto stvarno e glupo grad na kultura i tradicaja da go narekuvas so takvi pojavi koi nemat nikakva vrednost ni nekoe znacenje,i bezveza e toa non stop da se zbora gledam na mediumi isto i e glupo posto vo bitola nema poveke takvi grupi skin head i koga gi imase nemu davaja nikoj vaznost posto tie si go iskazvaja nivniot revolt nesvatliv ali ova so slikata sto go kazuvas sramota e da pisis posto e mnogu glupo da go spomnuvas cel grad za 3 ili 4 ljuge koi bile nekogas takva pojava,i da ti napomenam bitola veke stanva poleka evropski grad koi gi sledi site tradicii kako grad na kulturata i napreduva vo sekoj cekor,i za na kraj stvarno koga nesto ke sakas da objavis vo revolt sprema nekoj nemoj da go obvinuvas cel grad mislam smesno e od tvoja strana i ne e za komentar ...... |
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бесплатен автобуски превоз за учениците од БитолаСоветничката за образование од општина Битола, Снежана Петровска, изјави дека согласно со законот за основно и средно образование, превозот на учениците ќе биде бесплатен во текот на школската година. Превозот на учениците од основните и средните училишта се извршува со 40 автобуси и минибуси.
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се открива средновековната Битола
"Најстариот културен слој до кој стигнавме е од крајот на 6 век", изјави археологот Гордана Филипоска - Лазаревска ![]() Во најновите ископувања, освен керамичките артефакти, пронајдени се железни клинци од сандаците во кои биле закопувани покојните, како и еден печат од 927 година од времето на Константин Седми Порфирогенит, кога Византија со арапскиот свет имала добри дипломатски и трговски односи. Посебно внимание привлекуваат малите ротулуси, свиткани метални плочки во вид на цилиндар, кои конзерваторите наскоро треба да ги отворат и да видат дали во нив има некаков пишуван материјал. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Легендо што има врска ова со градот Битола,да не случајно нацизмот е битолски производ? Втора порака и одма си експерт за се.Или можи ти си од сликата,зошто толку и ти имаш во тоа црпката. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ново фудбалско игралиште во МогилаИзвор: Макфакс
Фудбалско игралиште во Могила, што е дел од владината програма за изградба на „50 помошни фудбалски игралишта“ низ целата држава, во понеделник е свечено пуштено во употреба. Игралиштето е со димензии за одигрување меѓународни натпревари, соблекувална, монтажни трибини, дренажен систем и осветлување за одигрување натпревари во вечерните часови. Со изградбата на игралиштето, овој дел на земјата добива можност за професионално развивање на фудбалот |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |