Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 21:30 |
нешто унгарско?
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 21:26 |
Ninja 35 напиша:
Omar напиша:
Или во превод ПТИЧЈО МЛЕКО !! Многу,многу добро !!
|
треба да донсесеш да пробаме... |
Договорено !! Наредно идење во МК 
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 21:22 |
Овие ми се меѓу најомилените. Нормално, кога ќе ми ги донесе некој 
|
|
 |
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 21:17 |
Omar напиша:
Или во превод ПТИЧЈО МЛЕКО !! Многу,многу добро !!
|
треба да донсесеш да пробаме...
|
 |
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 21:12 |
Или во превод ПТИЧЈО МЛЕКО !! Многу,многу добро !!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2015 во 17:36 |
Мое најомилено
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
lotus flower
Сениор
Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2015 во 20:18 |
sakam cokolado mnogu
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 17:05 |
Дали чоколадото е добро или лошо за здравјето? Еве го одговорот! |
Верувале или не, постојат добри и лоши чоколади. Ако сакате да живеете до сто години, јадете малку чоколадо секој ден. Но, само малку! Тоа го советува познатиот доктор Сањај Гупта.  Чоколадото, измеѓу другото, содржи шеќери и масти и со неговото конзумирање, секако, внесувате и калории. Но, доктор Гупта тврди дека, доколку не претерате со количината, чоколадото ќе му помогне на вашето тело да согори повеќе калории отколку што ќе внесете со негово конзумирање.  Исто така, верувале или не, постојат добри и лоши чоколади. Добрите се оние кои содржат 60% и повеќе какао. Таквите чоколади имаат и повеќе антиоксиданси кои ќе му помогнат на вашиот организам да се исчисти од штетните материи. Исто така, чоколадото со повеќе какао ќе го намали нивото на холестерол. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13975
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јули.2014 во 18:04 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јуни.2014 во 16:29 |
Откријте како да уживате во омилениот десерт во кој било дел од денот! Рецептот е едноставен и брз, а производот кој ќе го добиете е неодоливо вкусен. 
Изненадете се себеси со прекрасна коцка чоколадо која ќе ја подготвите со многу љубов. Потребно ви е: - 1 шолја масло од кокос
- ½ шолја мед или сладок сируп
- 1 шолја какао во прав
- Прстофат сол
- 1 лажица екстракт од ванила
По желба, додадете брашно од кокос, суво овошје или дробени лешници, ф’стаци, бадеми
Подготовка: Во поголем сад истурете го маслото од кокос и оставете го да се загрее. Постепено додавајте го медот или сирупот, малку сол, екстрактот од ванила и на крај шолјата какао. Мешајте ги состојките, а доколку одбравте да го “зачините” вашето чоколадо додајте го сувото овошје или апетисаните. 
Не дозволувајте смесата да зоврие. Тргнете ја од оган и оставете да се олади неколку минути. Претурете ја смесата во калапи и оставете ги во замрзнувач неколку часа пред да ги послужите. Декорирајте со уште сушено овошје, цимет или некој овошен прелив. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Април.2014 во 17:47 |
Десет заблуди за чоколадото |
 |
|
Латинското име за какао дрвото е Теобром какао, што во превод значи храна на боговите. Но, и ние обичните смртници го обожаваме, но често пати се воздржуваме поради големиот број на лоши работи кои сме ги чуле за чоколадото. Ова се десетте најчести заблуди за најпопуларнарното слатко задоволство на светот, кои ќе покажат дека чоколадото и не е толку лошо. Чоколадото го подигнува нивото на “лошиот“ холестеролДоколку досега сте го одбегнувале чоколадото со цел да го намалите холестеролот, залудно сте се жртвувале. Вистина е дека чоколадото содржи какао масти кои се полни со заситени масти, а поголемиот дел од тие масти доаѓаат од стеаринската киселина поради која чоколадото не го подигнува “лошиот“ холестерол, туку кај некои луѓе дури и го намалува. Чоколадото е преполно со кофеинВистина е дека чоколадото содржи одреден процент на кофеин, но не толку многу колку што се верува. Но, колку е чоколадото потемно, тоа содржи и повеќе какао. Сепак, зависниците од кофеин сигурно нема да сакаат кафето да го заменат со чоколадо. Шеќерот во чоколадото предизвикува хиперактивностМногу родители се плашат дека нивните деца кога јадат чоколадо ќе “полудат“, но голем број научници, кои се занимавале со истражувања на таа тема, не пронашле никаква врска помеѓу шеќерите во исхраната и хиперактивноста кај децата. Постои теорија која го објаснува сомнежот во врска со шеќерите во исхраната и хиперактивноста кај децата. Самото окружување и ситуација, како што се детските родендени и прослави, создаваат хиперактивно однесување, па родителите, поради присуство на различни слатки на прославите ги поврзуваат со хиперактивност кај децата. Дијабетичарите не смеат да јадат чоколадо Изненадување! Чоколадото всушност има низок глихемиски индекс што значи дека не е нужно дијабетичарите да го избегнуваат во својата исхрана. Некои студии дури и покажале дека темното чоколадо го зголемува инсулинот кај лицата со нормален и висок крвен притисок. Секако, се препорачува советување со лекар пред воведување на чоколадото во исхраната на дијабетичарите. Чоколадото предизвикува кариес и паѓање на забитеСтоматолошките истражувања покажале дека чоколадото има послабо влинание на забниот плак за разлика од обичниот кристален шеќер. За среќа, шеќерот нема да го грицкаме на дневна основа како чоколадото, но уште една студија покажала дека нема никаква врска меѓу создавањето на кариес и чоколадо. Чоколадото дебелееМногу здравствени институти докажале дека конзумација на помали количини чоколади секој ден не дебелее. Секако, дебелеат додатоците и преработките како што се сладоледите, фрапеата и топлото чоколадо со шлаг и чоколадни трошки и слично. Чоколадото нема никаква нутритивна вредностТипичното темно чоколадо има една количина антиоксиданси како три четвртини од една шолја зелен чај, една чаша црно вино или две третини од една чаша боровница. Освен тоа содржи и висок процент на минерали и растителни влакна. Чоколадото е афродизијакИако Ацтеките верувале во цврстата поврзаност на чоколадото и романтичните чувства, современата наука тоа го отфрлила. Бројни студии не пронашле никакви афродизијачки својства кај чоколадото, но велат дека постои психолошкиот елемент при кој лицето е уверено дека чоколадото е афродизијак, па и на тој начин влијае. Чоколадото предизвикува појава на акниМногу тинејџери, но и постарите, акните на своето лице му го препишуваат токму на чоколадото, но голем број студии го докажале сосема спротивното. Научното објаснување вели дека “храната нема врска со лечењето на акните кај поголемиот број од пациентите“. Да биде чоколадото здраво мора да содржи барем 70 отсто какаоПрепораката на поголемиот број доктори е да се конзумира чоколадо со најмалку 70 отсто какао. Колку е поголем уделот на какаото, тоа содржи повеќе антиоксиданси. Но, и кај лицата кои конзумирале чоколадо со помал процент на какао е забележан напредок во крвниот притисок. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 17:12 |
Чоколадо – наш омилен грев

И покрај тоа што го сакаме, тоа е навистина корисно. Но само ако се консумира во умерени количества! Познато е дека 100 г чоколадо има околу 500 калории, што значи дека ова задоволство се плаќа со вишок килограми, посебно ако веќе имате проблеми со нив. Но ако се зема во мали количества, омилениот десерт може да биде мошне полезен. Нутритивна вредност Во зависност од видот, чоколадото содржи од 55 до 62% гликоза, 30% масти и од 2 до 9% белковини, а во нејзиниот состав има доста калиум, калциум, железо, магнезиум и витамин Д. Во нутритивна смисла највредно е црното чоколадо. Корист за здравјето Чоколадото позитивно влијае на нашето расположение, бидејќи го содржи хормонот на среќата. Ни ги одржува будноста и концентрацијата, благодарение на кофеинот, теоброминот и теофилинот, кои ја поттикнуваат работата на нервниот систем. Темното чоколадо го намалува притисокот и ја смирува работата на срцето. Исто така, го снижува нивото на лошиот холестерол. Црно чоколадо со висок процент какао може да го намали покачениот притисок во абдоменот, кај пациенти со цироза на црн дроб, што го намалува ризикот од пукање на крвните садови во овој дел од телото. Значи, чоколадото нè заштитува од чир на желудник и на цревата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2014 во 18:21 |

Не постои човек, кој не ужива во вкусот на чоколадата. Љубовта кон чоколадата, се раѓа најпрво од нејзиниот богат и кремав вкус. Чоколадата ја сакаме, не само заради нејзиниот вкус туку и поради тоа што ни предизвикува едно посебно, пријатно, спокојно чувство. Чоколадата и љубовта дефинитивно одат рака под рака. Па најчест подарок кој девојките го добиваат од момчињата, е токму чоколадата. Тоа е така, бидејќи чоколадата е еден вид на љубовен напиток помеѓу љубовниците. Бидејќи кога зборуваме за чоколадо, мислиме на секси храна, која полека, нежно ви се топи во устата. Одлична е за вашиот сексуален живот - последните истражувања докажале, дека жените кои практикуваат редовно и секојдневно консумирање на чоколада значително си го подобриле сексуалниот живот, за разлика од оние жени кои тоа не го прават. 
Освен тоа, чоколадата некои луѓе ја консумираат како еден вид ‘антидепресивно’ средство.Учениците и студентите консумираат големо количество на чоколада, заради победување на стресот токму пред испитите или тестовите. Оние кои практикуваат секојдневно консумирање на чоколада, ќе ги израдува тоа што чоколадата има здравствени бенефеции и токму поради тоа и треба да се консумира секојденевно. Но тоа не значи, дека сите чоколади се подеднакво здрави. Онаа чоколада која поседува најмналку 70 проценти на какао е здрава и дејствува како антиоксидант, и го спречува оштетувањето на клетките и ткивата на телото. Како што потврдуваат научниците “вистинската чоколада нема млеко”. Покрај сè, не треба да се претерува - и тоа мора да го напоменеме. Колку и да уживаме во нејзиниот сладок и нежен вкус, сепак треба да ја консумираме умерено. Чоколадата содржи многу калории и шеќери, кои би можеле да наштетат за вашето здравје(освен ако не се работи за чоколадата која содржи најмалку 70проценти какао, како што напоменавме во претходната точка). Без разлика дали е бела, црна, топла, млечна не постои некој што би рекол ‘не’, на коцка чоколадо. Колку често вие практикувате консумирање на оваа чоколадна зависност?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2014 во 09:27 |
Пронајдена чоколада со двојно помалку масти, а со ист вкус |  |
|
Научниците на универзитетот Ворвик откриле метод со помош на кој мастите во чоколадата се заменети со разни видови на овошни сокови, без големи последици на нејзиниот вкус. Љубителите на чоколадо ќе ги израдува веста дека замената на мастите во чоколадата со овошни сокови нема да го наруши нејзиниот вкус, а на оние кои поради големата вредност на калориите го одбегнуваат овој „сладок грев“ ќе можат конечно да почнат да го јадат, соопштуваат научниците. Имено, со вбризгување на сок од портокал и брусница во млекото од кое се прави бела и црна чоколада, научниците успеале да докажат дека може да се намали процентот на мастите за дури 50 проценти. Замената на мастите со овошни сокови ја одржува структурата која на чоколадата и’ дава цврстина, но и ги задржува нејзините важни одлики, како топењето во уста и истиот вкус. Додека моменталниот процес на замена како финален продукт има овошен вкус, научниците тврдат дека тој може да се ублажи со користење на мали количини на витамин Ц наместо овошен сок. Еден од научниците кои раководеле со експериментот рекол дека многу луѓе сакаат чоколада, но и дека знаеме дека многу содржат голема количина на масти, бидејќи тие на чоколадата и’ даваат вкус кој луѓето го сакаат, мазна свиленкаста структура и чувство на топење во устата. Сега е пронајден начин да се зачуваат овие нејзини особини, па дури и вкусот, но со овошен сок место со масти. Сега кога е познато дека во чоколадата може да се вбризгува овошен сок, многумина се запрашале дали следниот чекор е алкохол во чоколадните табли. Доктор Стефан Бон рекол дека тоа е теоретски возможно, но веројатно ќе биде користен поразличен начин во кој ќе се користи некој вид на желе, бидејќи директното вбризгување на алкохол засега е невозможно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |