IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Брускети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Брускети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:37
Брускети со домат и кајмак
Состојки
половина багет
1 чешне лук
2 лажици путер или маргарин
1-2 домат
3 - 4 лажици цврст кајмак
грст ситно сечкан магдонос

Багетот исечете го на косо на парчиња и потпечете го во рерна, на рингла или во тостер.

Лукот истолчете го или поминете го низ алатка и измешајте го со путерот/маргаринот. Додедете и малку сол.

Уште топли премачкајте ги лепчињата со тенок слој.

Доматот исечкајте го на коцкички и распоредете врз секое лепче.

Изрендајте или издробете од кајмакот.

Одозгора наросете ситно сечкан магдонос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:35
Брускети со маскарпоне и сончоглед


Состојки
1 мал багет
2 полни лажици маскарпоне
2 лажици пармезан
1-2 лажици тостиран и толчен сончоглед
малку лук во гранули
по вкус никулци

Лебчето исечете го на половина во должина.
Ставете го на тостер да се тостира.

Во сад измешајте ги маскарпонето, пармезанот, тостираниот и истолчен сончоглед и лукот во гранули.
Посолете по вкус.
Измешајте убаво и премачкајте ги тостираните лебчиња.
Одозгора нанесете по желба никулци.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 21:34
Слатки брускети со путер од кикирики и маскарпоне

Состојки
1 мал багет
2 лажици маскарпоне
1 полна лажица путер од кикирики
1 лажица мед

Исечете го лебот на парчиња и тостирајте го.

Измешајте го путерот од кикирики со маскарпонето и медот.
Со овој крем премачкајте го тостираните лебчиња.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.