IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Баклава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Баклава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:58
Баклава со кадаиф (посно)


Баклава со кадаиф (посно)



Состојки
500гр. кори за баклава
200гр. ситно сецкани ореви
250гр. кадаиф
300гр. брусница
кора од лимон
4 лажици шеќер
2 ампули ванила
250гр. маргарин (путер за мрсна варијанта)
50мл. масло
Шербет
1кг. шеќер
500мл. вода
сок од 1 и 1/2 лимон
кора од лимон
2 ампули ванила

Необична можеби по состав, спој на кадаиф со кори, но супер е, ем сочна ем крцкава. Спојот на орев, брусница и кора од лимон е совршен.
Користев маргарин овој пат, поради постачите дома, но секако со путер е уште поубава.

1. Во подлабок сад искшете го кадаифот, промешајте со оревите, ванилата, шеќерот и кората од лимон. Во друг сад ставете ја брусницата. По желба може претходно да ја покиснете во малку рум или бренди.
2. Маргаринот/путерот растопете го и додадете го маслото.
3. Плехот во кој ќе редите, премачкајте го. Наредете 4 слоја кори помеѓу убаво премачкани со маргарин. (Јас редев во плех 40ка па корите се преклопуваа, од 2 кори се добиваа 3 реда). Потоа секоја наредна кора премачкајте ја и ставете од филот со ореви и кадаиф и по малку брусница. Нека ви останат 4-5 кори за од горе. Пресечете ја баклавата, прелијте ја со остатокот од маргаринот и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Кога ќе ја ставите намалете на 170-180С и печете 70-80мин. покриена да не загори. Пред крај тргнете ја фолијата и оставете да добие златно жолта боја.
4. Кога ќе ја ставите баклавата да се пече подгответе го и шербетот. Најубав шербет според мене е оној со размер 2-1 (шеќер-вода) па кога и да правам баклава го применувам тој сооднос. Сокот од лимон е исто по желба, можеби ви се чини дека е многу сок од 1ипол лимон, но и дава една убава освежителна нота на баклавата. Исто така овој пат не ставив парчиња лимон туку со лупалка го излупив лимонот и ставив само од кората. Шербетот треба да проврие 10тина мин, па оставете го да се лади. Веднаш штом ќе ја извадите баклавата ја попарувате со шербетот. Значи топла баклава - млак (топол) шербет. Оставате убаво да го впие шербетот па дегустирате.

Пријатен апетит !

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:55
Бела баклава (посно)

Бела баклава (посно)


Состојки
500 гр. готови кори
700 гр. мелени ореви
250 гр. шеќер
2 ванили
250 гр. маргарин
Шербет
400 гр. шеќер
300 мл. млака вода
2 ванили

Мргаринот се растопува.
Корите се разделуваат една по една и се сечат на 4 еднакви квадрати. Се зема еден квадрат и се премачкува убаво со растопениот маргарин и се става по една лажица од филот, се витка како сарма. Готовите баклави се премачкуваат со маргарин.
Од една кора се добиваат 4 парчиња баклава. Баклавата се печи во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути (баклавата треба многу малку да зарумени). Баклавата се остава да се излади целосно, па потоа по 10ина прачиња се ставаат во потполно врел шербет и се оставаат во шербетот 3-4 минути се вадат и се валкаат во 300гр. од мелениот орев. На секои 10 парчиња шербетот се става на оган повторно да зоврие.
Фил
400 гр. од ситно мелените ореви се промешуваат со шеќерот и ванилите.
Шербет
Во тенџере се става шеќерот, водата и ванилите и се става на оган да зоврие 5 минути.
Забелешка
Баклавата е посува.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:53
Баклава тригони (посно)

Баклава тригони (посно)


Состојки
500 гр. кори за баклава
300 гр. орев (пола мелен, пола сецкан)
100 гр. посно чоколадо
5 лажици гриз
5 лажици маргарин
200 мл. газирана вода
200 мл. масло
Шербет
800 гр. шеќер
700 мл. вода

Оревите пола ги мелиме на ситно, пола ги сецкаме, чоколадото го рендаме, го додаваме гризот и маргаринот и месиме да добиеме смеса како за визитни колачи. Од неа правиме топчиња колку орев и со тоа ги филуваме тригоните.
Земаме кора ја попрскуваме со масло со помош на лажица, потоа ја предиплуваме до пола и ја попрскуваме со газираната вода. Потоа од едната страна ја предиплуваме 1/4, а од другата страна преку веќе предиплената но не до крај. И на крајот ставаме од филот едно топче и виткаме триаголник. Баклавата цела ја попрскуваме со малку масло и газирана вода и ја печеме во зависност од релната.Постапката ја фотографирам со помош на салфета, видете во дополнителните фотографии, ако нешто не е јасно слободно пишете. Шербетот се вари стандардно, но не треба да е прегуст.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:50
Јапонска баклава

Јапонска баклава


Состојки
5 јајца
1 шоља шеќер
1 шоља масло
1 шоља млеко
1 шоља гриз
1 шоља брашно
1 шоља сечкани ореви
1 ванила
1 пециво
Прелив
1 шоља шеќер
1 и 1/2 шоља млеко
2 пакетчиња шлаг крем

Убедена сум дека нема никаква врска со Јапонија :), уште помалку со традиционалната баклава, ама така ми е запишана во стариот тефтер веќе 30 години.
За тестото, се бијат јајцата со шеќерот, убаво, да станат кремасти, се додаваат течните состојки, па на крајот и сувите, матејќи со миксерот на најслаба брзина.
Тестото се излива во ѓувеч тава, претходно намрсена и набрашнета и се пече на 200 степени.
Прелив- шеќерот на пониска температура карамелизирајте го, па турете го млекото. Кога убаво ќе се растопи, прелијте го преку тестото.
Одозгора премачкајте го со изматениот шлаг крем, а можете да го декорирате и со чоколадо. Исечете го на коцки и послужете го.




Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 20:42
Баклава со лешници

Баклава со лешници

- По рецепт на Лиле Атанасовска



 

 

Потребни состојки:

 

700 г кори за баклава

500 г мелени лешници

200 мл масло

250 г путер

 

За шербет:

 

1 кг шеќер

800 мл вода

3 ванилин шеќер

Сок од 1 лимон

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:37

Домашна баклава на едноставен начин

Подгответе вкусна баклава со помош на овој рецепт за кој многумина домаќинки тврдат дека е најефикасниот и најуспешниот метод за правење на овој турски специјалитет.

Потребни состојки:

½ кг кори за баклава

200 гр сечкани ореви

3 јајца

1 прашок за печиво

1 чаша масло

1 чаша јогурт

3 кесички ванилин шеќер

3 чаши вода

Начин на подготовка:

Секоја кора премачкајте ја со фил, а секоја втора поросете ја со сечкани ореви. Кога сите кори ќе се потрошат, веќе направената баклава исечете ја на коцки, па печете на 150 степени.

Направете прелив од шеќер, вода и ванила. Оставете шербетот да врие, па потоа прелијте ја баклавата.

Послужете откако ќе се излади.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2017 во 09:42

ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА

 ng-non-bindable="" border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1490085670216" name="I0_1490085670216" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=https%3A%2F%2Fpopara.mk&=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.USXq4TrgCo4.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOCgt5CIPm8IL563sgqr1tM3a22Rw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1490085670216&parent=https%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=12332905" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px;">

Состојки:

1 лажичка цимет
800 гр. шеќер
600 гр. вода
250 гр. путер несолен
300 гр. чоколадо за готвење рендано
300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени
500 гр. кори за баклава
морско оревче
0,5 лимон цеден

Подготовка:

Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm  и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја.  Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење.

Припрема на шербетот:

Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2016 во 10:00

РОЛОВАНА БАКЛАВА



Ролована баклава

Кога денес би се направила анкета низ балканските земји како што се Македонија, Грција, Бугарија, Турска, Босна или Србија со едно единствено прашање – кој е вашиот омилен десерт, со сигурност тврдам дека еден од најчестите одговори ќе биде дека тоа е баклава. И тоа верувајте не е случајно.

Овој десерт има посебен статус кога станува збор за балканската кујна  и вкусот на баклавата на овие простори има посебен шмек и тоа независно дали е направена дома или е купена од локалната слаткара. На овој регион најголемите верски празници христијански и муслимански се празнуваат и слават со добро парче баклава.

Тоа кажува се за статусот кој го ужива овој десерт.  Што се однесува до потеклото на баклавата, постојат повеќе толкувања но најверодостојна е приказната која вели дека отоманските Турци за време на големата Империја го популаризирале овој рецепт најпрво насекаде низ Балканот, а подоцна низ  Европа за конечно преку големиот број иселеници и насекаде низ светот.

Иако постојат повеќе верзии на оригиналниот рецепт нам најмногу ни се допаѓа оној најблиску до класиката – баклава со ореви за која ви тврдиме дека ќе ги задоволи и најпребирливите мераклии на слатки нешта.

Самиот рецепт е прилично едноставен, особено ако ги правите со готови кори за баклава. Правењето на овој десерт  со домашни кори е нешто поинаква приказна за кој треба многу повеќе умешност и трпение, но и тоа не е премногу сложено, особено ако сте подготвени за предизвици.

Мора да ви се пофалиме дека Ана пред некој ден и успеа во намерата да направи баклава со домашни кори и беше пресреќна што успеа во предизвикот кој и се чинеше премногу компликуван на почетокот.  Бидејќи рецептот за овој тип на баклава е се уште  во фаза на доработка, ви ветуваме дека во прва наредна прилика ќе го објавиме и ќе ви покажеме како самите да направите кори и приготвите домашна баклава.

За сега го имате на располагање овој рецепт со готови кори, кој исто така е одличен и нема да му најдете никаква мана. Десерт кој го препорачуваме за сите оние кои  сакаат благи нешта потопени во шербет. Знаеме дека е малку повеќе калоричен од останатите десерти, но понекогаш и телото и душата треба да бидат задоволени. Со овој рецепт ќе го постигнете тој совршен спој.


Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Состојки:

  • 8 кори за баклава

Фил:

  • 100 г мелени ореви
  • 50 г мелени бисквити
  • 2 г. лажици гриз
  • 50 мл масло за готвење

 Друго:

  • 50 г путер
  • 50 мл масло за готвење

Шербет:

  • 300 г шеќер
  • 350 мл вода
  • 1 м. лажица ванила
  • 1 м. лажица сок од лимон

 Подготовка:

  1. Подготовка на шербетот: Во длабок сад ставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие, додадете го шеќерот и варете 5 минути. Пред да го тргнете шербетот од оган, додадете сок од лимон и ванила. Оставете шербетот да се олади.
  2. Во чинија, измешајте ги оревите заедно со мелените бисквити, гризот и маслото за готвење.
  3. Путерот растопете го и измешајте го со маслото за готвење.
  4. Садот за печење со големина 20 cm x 20 cm намачкајте го со путер. Рерната загрејте ја на 220 степени Ц.
  5. Земете една кора за баклава и со помош на четка премачкајте со путер. Ставете врз неа уште една кора и премачкајте ја со путер.
  6. На едниот крај од корите, по целата должина, распоредете ¼ од филот. Свиткајте ги во ролат и стегнете ги што е можно повеќе. Краевите исечете ги, пресечете ги ролатите на пола и ставете ги во садот за печење.
  7. Повторете ја постапката со останатите кори. Внимавајте ролатите да бидат цврсто стиснати една до друга во тавчето.
  8. Со остар нож, пресечете ги ролатите на мали парчиња и премачкајте ги со преостанатиот путер.
  9. Печете ги околу 10-тина минути, а потоа намалете ја температурата на 150-170 степени и печете уште 20 минути или додека корите не добијат убава златна боја.
  10. Топлата баклава прелијте ја со оладениот шербет и ставете ја да отстои барем 6-8 часа за да може шербетот убаво да се впие.


Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 13:38

Десерт кој ќе ви ја заслади душичката: Баклава со пудинг



Десерт кој ќе ви заслади душичката: Баклава со пудинг

Потребни состојки:
  • 3 пудинга од ванила (засладени по вкус)
  • 1 литро млеко
  • 4 јајца
  • 100 милилитри масло
  • 500 грама кора за баклава
  • 500 грама шеќер
  • 2 чаши вода
Начин на подготовка:

Подгответе ги пудинзите со млекото и засладете по вкус. Додека чекате да се оладат, изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер и потоа додајте им го маслото. Почнете да ги редите корите една врз друга, притоа мачкајќи секоја од нив со изматените јајца. Наместете 5 реда кори и потоа врз нив ставете го пудингот по должина на работ и завиткајте ги во ролат. Од сите кори можете да направите 3 – 4 ролата, во зависност од нивната дебелина.

Испечете ги ролатите, но внимавајте да не ги препечете. Тие се готови кога ќе добијат бледо жолтеникава боја. Откако ќе завршите со печење, оставете ја баклавата да се олади. Додека чекате, направете шербет од преостанатиот шеќер и 2 чаши вода. Откако ќе почне да врие, оставете го на оган уште 2, 3 минути и потоа прелијте го преку баклавата.

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2015 во 08:13

БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА БИСКВИТИ

3

Состојки

450гр. кори за баклава ;

150 гр. ореви (мелени) ;

150 гр. плазма бисквити (мелени) ;

100 гр. шеќер ;

1 ванилин шеќер ;

150 мл. масло ;

Шербет:
500 гр. шеќер ;

1/2 л. вода

Подготвување

Во повисок сад се става шеќер, ванилин шеќер, ореви, и плазма бисквитите и се промешува. Во намрсено плехче, прво ставете кора, попрскајте ја со маслото и ставете малку од филот. Втората кора само попрскајте ја со масло. На третата кора ставете и малку од маслото, ставете и и фил, и замотајте ја во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ја баклавата 30 минути. во рерна на 200C.

Припрема на шербет:
Во сад ставете го шеќерот и водата. Откако ќе зоврие, оставете го 10 минути на тивок оган. Со ладен шербет се прелива топлата баклава.

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 22:10

БАКЛАВА СО ПУДИНГ

Состојки:

3 пудинзи од ванила

1 л. млеко со шеќер по вкус за пудинг

4 јајца

1 дл. масло

1/2 кг. кора за баклава

1/2 кг. шеќер

Подготовка:

Сварете пудинг со млеко и засладете го по вкус. Оставете го да се олади.

Изматете јајца со 4 лажици шеќер, додадете масло.

Редете ги корите една преку друга и секоја мачкајте ја со заматените јајца.

Така наредете 5 кори. На петтата кора ставете пудинг по долгата страна и свртете ја во ролат.

Од сите кори можете да направите 3 ролати,  зависно од дебелината на кората. Нека бидат 4, доколку корите се исклучително тенки. Испечете ги ролатите, но внимавајте да не се испечат – би требало само малку да пожолтат. Оставете ја печената баклава да се олади. Направете шербет од шеќер и 2 чаши вода. Оставете да врие уште 2-3 минути. Прелејте преку баклавата и оставете да се олади.



Изменето од Valerija - 13.Мај.2018 во 08:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 12:55

ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА

Состојки:
  • 500 гр. кори за баклава
  • 300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени
  • 300 гр. чоколадо за готвење рендано
  • 250 гр. путер несолен
  • 1 лажичка цимет
  • морско оревче

Шербет

  • 800 гр. шеќер
  • 600 гр. вода
  • 0,5 лимон цеден

Подготовка:

 Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm  и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја.  Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење.

Припрема на шербетот:

Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:40

БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА БИСКВИТИ

Состојки

450гр. кори за баклава ;

150 гр. ореви (мелени) ;

150 гр. плазма бисквити (мелени) ;

100 гр. шеќер ;

1 ванилин шеќер ;

150 мл. масло ;

Шербет:
500 гр. шеќер ;

1/2 л. вода

Подготвување

Во повисок сад се става шеќер, ванилин шеќер, ореви, и плазма бисквитите и се промешува. Во намрсено плехче, прво ставете кора, попрскајте ја со маслото и ставете малку од филот. Втората кора само попрскајте ја со масло. На третата кора ставете и малку од маслото, ставете и и фил, и замотајте ја во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ја баклавата 30 минути. во рерна на 200C.

Припрема на шербет:
Во сад ставете го шеќерот и водата. Откако ќе зоврие, оставете го 10 минути на тивок оган. Со ладен шербет се прелива топлата баклава.

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:38

БОЖИЌНА БАКЛАВА

Потребни состојки:

1 кг. тенки кори

500 гр. мелени ореви

300 гр. ситно сецкани суви смокви

300 гр. суво грозје

1 кг. шеќер

1 литар вода

Сок од ½ лимон

Масло за јадење

Припрема:

Во подмачкана тава за печење ставете три кори, попрскајте ги со малку масло, па посипете малку ореви, сецкани смокви и суво грозје, па ставете две кори, па повторно ореви, смокви и грозје. Постапката повторувајте ја се додека не ви останат три кори со кои ќе ја покриете баклавата.

Баклавата исечете ја на коцки и печете на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно не дури не добие златно жолта боја.

Во меѓувреме во тенџере на оган ставете ја водата, па додадете го шеќерот и оставете го да се растопи. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го сокот од лимон. Штом ќе ја извадите баклавата од рерна, посипете ја со шербетот и оставете да остои барем три часа пред послужување. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.