|
Инвестиции во Прилеп |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1 - најлесно се печали на туѓиот труд, особено во МКД. Ако не е способен да најде нови работници (и тука повторно ќе потенцирам дека не говорам за менаџери, графички дизајнери, програмери итн) тогаш нека си го затвори бизнисот. Во земја каде што има толку голем процент на невработеност и каде што постојат многу лица со работно искуство во областа, да не најдеш замена за одреден работник е рамно на неспособност. 2 - Мене фала му на Бога никој не ме тера да одам да работам таму. Ако еден ден немам работа, не дискриминирам компании, ниту се потресувам дека морам да работам во струка како некои тука (и надвор од форумов). Домашните работодавци бираат можности да ги искористат мерките на Владата, ама си видел колку компании се одбиени?! Или само знаеш да пишуваш.. Странските инвестиции имаат поголем бенефит од сите владини мерки, не станува збор само за мерките за вработување, туку и за сите ослободувања кои ги добија при влез во земјава. Зошто не добијат некое ослободување и домашните фирми?! Ако домашна фирма има капитал и желба да го зголеми производството за 200-300%, нема да добие ништо од владава.. Само затоа што не е странска инвестиција.. 3 - не сакам ни да коментирам, затоа што веќе 4-5 месеци си ти тој што ја уништува темава, ако толку ти се пишува за инвестициите во Прилеп што не си отвори нова? Туку ја киднапираше оваа.. Гледај што убаво била замислена
Значи да се говори за сите интересни работи, дневни настани, журки, пивофест, карневали што-ти-не, а не за инвестиции. Има подфорум Бизнис за тоа. 4 - Да те знаев лично, ќе те поканев на работа да спроведиш една анонимна анкета, да видиш што ќе кажат вработените Ние не сме фирма каде што вработениот е само бројка и статистика, ние сме фирма што славиме родендени на вработени, одиме на крштевки, свадби, погреби, жалиме заедно и се радуваме заедно и тоа нема да се смени. Можеби не сме фирма со 300 вработени, ама тие што сме, супер функционираме заедно. Секогаш сум велела дека единствен начин да извлечеш максимум од можностите на одредено лице, е да направиш да му биде задоволство да работи И на крај, сведоци сме во општествово дека од земјоделие одредени лица станале милионери. Ама колку чесно земјоделие било тоа, не знам. Ама не познавам анонимус што станал милионер од земјоделие. Сите тие се некои "звучни" имиња. А дека може да се живее, очигледно е дека може. Да не можеше до сега илјадници земјоделци ќе умреа. Ама живи се.
Изменето од evangeline - 03.Јули.2015 во 16:19 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А твојата сопруга ( или мајка ако не си женет) како го гледа семејството? и што му берите гајле на комшиите, гледајте си во дворчето. или еден предлог ќе ти дадам- назначисе за градоначалник во маалото и биди и ти градоначалник
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мазак: Е сега...нека ни објасни Ангелина зошто е тоа така и кој е нај крив за тоа да Прилеп како и многу други градови стане град дух(во врска со економијата)?
- И јас би сакал да прочитам за тоа кога беше колежот на Билјана, Партизанка.... итн итн. Габриела С: Убаво ова што си го слушнал и што е 100% вистина, ама уште да пишеше кога го слушна муабетов и како оди зголемувањето на платите? - Нека остане тајна каде, може да се рече само дека муабетот беше зимоска. |
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убаво ова што си го слушнал и што е 100% вистина, ама уште да пишеше кога го слушна муабетов и како оди зголемувањето на платите? |
|||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|||
Branko C.
Група Регистриран: 22.Февруари.2013 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не сум сигурен дека сопругата на МаЈран (Прилепскиот Градоначалник) би била среќна кога би морала да го издржува семејството со тие 14 000 денари плата од Кромберт и Шуберт (14 000 денари и тоа во најоптимистичката варијанта).
|
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здравко одамна сватив дека дискусии и културна размена на мислења на овој форум не постојат. Или сите ќе верглаат исто или ќе си одат, и така и бидна. Штета,оти овде имаше паметни ликови ама брате мили да објаснувам две обични работи кои од вселена се очигледни а при тоа некој да ми лепи зборови кои не сум ги кажала не бива.
Кружните текови Здравко,за нив зборував. Оние со палми на средина. Аголот на патот е обратен,тесни се,тешко се вози Здравко,а и ту мач бе...на сто метра по еден кружен...сеа ќе ми се обесиш на врат и за метрите,знам. Патем,знам приватници кои плаќаат помалку од 8.000,за повеќе од 18.000 не знам,не биди смешен Ти може си го слушал муабетот ама јас сум работела кај такви. Можеш до утре да се смееш да ми ги превртуваш муабетите и да правиш сарма од она што јас го кажав,ама Здравко,ништо не е розово...ништо во овој град За Дрексел и ним сличните не сакам да зборувам,се изначитав деновиве. Имам и познаници кои работат таму и не се баш толку радосни ко твојот другар,верувај. Кој знае,може не знаат да уживаат во работата. Инаку ете evangeline потполно ме разбрала,не знам оти ти никако да сватиш Изменето од Andjelina - 02.Јули.2015 во 19:31 |
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Хаха, човек да не знае дали да се смее или да плаче..
Работниците што работат за 8000 остануваат да работат за 8000 се додека не ги избркаат од работа. Ретки се тие (дали се и 2%) што наоѓаат работа за поголема плата, а и тогаш кога ќе најдат имаат отказен рок (кај нас е 30 дена), а кога ќе кажеш на работодавец дека во следните 30 дена не можеш да започнеш да работиш, ќе ти се изнасмее во лице, зошто воопшто си аплицирал.. Тие што работат за 8000 денари се најчесто ниско образован кадар, вработен на работни позиции како келнер, продавач, магационер, хигиеничар, возач, чувар (со задолжителна лиценца), останати општи работници и по некој залутан факултетлија затоа што толкави се можностите во МК, ќе работиш што мораш а не што сакаш.. Посебна обука за таквиот кадар нема. И да сакаш да ја измислиш, нема. Ќе го учиш како да држи послужавник, како да ја држи крпата?! Запознавање со работната околина ден-два и после се ти е турбо работа. Ти не спомна митинзи и испрани мозоци, јас спомнав. А толку не можеш да разбереш зошто спомнав?! Затоа што сите овие инвестиции се донесени од страна на ВМРО и сите поддржувачи на ВМРО слепо веруваат дека инвестицииве се толку розеви што уште малку ќе почнат и да мирисаат на рози а не да смрдат. Исто така јас бев таа што спомна мерки за намалување на невработеноста, а зошто ги спомнав пак и тоа не можеш да го поврзиш?! Аман бе, дај спојувај ги жичките, опасно по живот е.. Дали јас сум исплатила К-15 или не, сигурно нема да дискутирам со тебе на форумов, прво затоа што не чувствувам потреба, а второ поради тоа што темава не е наменета за К-15. Ама можам да ти кажам дека 95% од моменталните вработени работат тука со години и немаат намера да заминат. Платата е таква каква што е, дали е доволна - не е. Затоа што од пари, никогаш доста. На голем број од вработените со години наназад им имаме исплатувано и други трошоци кои ретко која фирма ги исплаќа, дневници за службено патување, пари за гориво (доколку имало потреба да се искористи приватно возило, односно службените не биле достапни) и да не ти ги набројувам сите глупости што следат со тоа. Дури и за сметка на непризнаени трошоци на крајот на годината, не сме останале должни за ништо.. Еден земјоделец колку работи?! Точно не знам, затоа што не се бавам со земјоделие. Ама знам дека работниот ден им почнува уште пред да изгрее сонцето, па се до доцна попладне.. Работат многу, ама многу пати сум рекла - ако се заработувало добро од земјоделие, сите македонци ќе беа земјоделци, со оглед на тоа колкава неискористена површина имаме.
Изменето од evangeline - 02.Јули.2015 во 16:47 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
разговорот помеѓу двајцата директори го слушнав јас лично и сите останати таму... не коментирам кој и како. ( приватност нели...) можеш да се смееш колку сакаш ама разговорот е 100 % вистински. според тоа има и такви директори кои сакаат работниците да им работат за 8 000. ама кога тие работници ке добијат 10 000 или 11 500 како твотот пријател ќе си заминат од кајтебе.
а ти ќе обучуваш нов кој и тој сам ќе си замине кога ќе му се даде првата шанса.
не спомнав никаква влада и мерки намалување на невработеност. и се спомнуваат митинзи и испрани мозоци погоре... секој си има право на определба. Ама јас неспомнав партии и митинзи и мозоци... не сум оптеретен со тоа. знам што е правилно а што не. А за експлоатација на трудот си има испекција, пријависи. или и ти си од тие што им дадоа К-15 на работниците со наредба одма да им ја вратат на газдите. немој молимте. и кажими ако знаеш колку часа работи еден земјоделец да ја прехрани својата фамилија. па ќе правиме муабет... |
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво и основно - модератор сум во подфорум политика, а ти се наоѓаш во градови во Македонија. Да беше кај мене, одамна ќе беа сокриени одредено мислења и твои и на Ангелина. Ако не забележа, не заземам страна, туку кажувам сопствено мислење. Што ви е проблемот бе луѓе, ТЕШКО Е ДА ИМАТЕ СОПСТВЕНО МИСЛЕЊЕ? Толку ли има испрани мозоци во државава на кои им е тешко да разберат дека постојат сеуште луѓе што мислат со своја глава и не им го перат мозокот никакви митинзи, сенародни собири и останати глупости?! Повеќе од очигледно е дека некој што поддржува експлоатација на трудот порано не работел 70 саати неделно, да работел ќе знаел како е
Не е Кромберт, затоа што не знам никого таму, ама една од големите инвестиции е Јонсон Контролс. Таму пријател мој почна со 18000 а сега зема 11.500. Толку им беше, за почеток пристојна плата а после или ќе останеш да работиш за помала или ќе си бараш друга работа (а знаеме дека не е лесно да најдеш друга)
Јас сум делумен приватник и ова што го кажа ти ми е крајно смешно, уствари извини, жално ми е. Јас како приватник имам одреден број вработени, работат за таа плата што сме ја утврдиле претходно. Ако сакам да го задржам не му нудам повисока плата. Ако сака да си оди, нека си оди, во Македонија има 20-30% невработеност, освен ако не е некој менаџер (кадар што е високо образован, ретко се наоѓа и не работи за 8000 ден), јас многу поголеми поволности ќе добијам ако само го оставам да си оди. Сите мерки што ги измисли владата се само во корист на работодавецот! Три месеци ќе вработам некој од Партнер или друга агенција за привремени вработувања (а ретко се случило, затоа што има доволно кадар за да го замени тој еден) и после три месеци (еден од условите на владата, да не си го намалил бројот на вработени во последниве три месеци) распишувам оглас, вработувам ново лице и за него користам некоја од мерките за вработување. А штом си толку паметен, тогаш знаеш кои поволности како работодавец ги имам во следниве години, нели?!
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
барем приватникот погоре да ме свател.
Ќе цитирам еден разговор помеѓу двајца приватници од Прилеп на еден состанок на кој бев присутен. директор 1: како ќе ги задржам работнициве кајмене ако дозволиме приватници од станство да отвораат работни места во Прилеп. директор 2: му вели на првиот, ЌЕ МУ ГИ ЗГОЛЕМИШ ПЛАТИТЕ ОД 8000 НА 14-16000 ПА И ПОВИСОКО И ЌЕ ТИ ОСТАНАТ РАБОТНИЦИТЕ. лесно е да се критикува... ова е муабет направен на јавен состанок помеќу 20-30 приватници на едно место. и такви се и нашите приватници, па нека кажи членот погоре која приватна фирма во Прилеп и колку се такви кои плаќаат повеќе од 18 000 денари.
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
и ВО КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ ПЛАТИТЕ ПОЧНАА СО 8-9000 сега имам мои пријатели таму и земаат плата од 14-18000 во зависност од саатите и местото на кое работат.
со контрање и негирање не се оди напред... остајте конК*ренцијата да си го направи своето...
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Модератор си не заземај страна ( ако сметаш дека сме надвор од тема-БРИШИ ГИ). И од каде знаеш дали тој што сега работи во администрација претходно не работел во приватен сектор по 10 саати, и каква служба работи во администрација, дали тој некој, си го ризикува животот и е дежурен 7 дена во неделата било во 03ч наутро телефонот да му звони и да стане и работи за да спиеш мирно и да можеш најбезбедно можно да шеташ со кучето по улица.
|
|||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |