|
Изложби |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
еве што треба да знаат работните кучиња
одење до водичичот без поводник трага одбрана и напад |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
На 08.03.2014 и 09.03.2014 година, Македонскиот клуб за германски овчари организира; КЕРУНГ И ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА ГЕРМАНСКИ ОВЧАРИ’’CHAMPION CHALLENGE - 2014’’ Изложбата ќе се одржи на стадионот на АРМ, во градскиот парк во Скопје, со почеток во 9:30 часот. КЛАСИ: РАСПОРЕД: 1.На 08.03.2014 Полагање на Керунг - пред Германскиот SV судија Г.дин HANS-PETER FETTEN. 2.На 09.03.2014 Champion Challenge - 2014 - пред Германскиот SV судија Г.дин HANS-PETER FETTEN. ТЕК НА ИЗЛОЖБАТА: НАПОМЕНА: НАГРАДИ: За сите пласирани кучиња од 1-3 место следуваат пехари, како и за приплодњаците и одгледувачниците. За сите учесници се доделуваат дипломи. Изменето од Gabriela_S - 01.Април.2014 во 23:52 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дел од изложбата
Изменето од Gabriela_S - 06.Март.2014 во 23:19 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И додека сеуште на официјалната страна на кинолошкиот сојуз на Македонија нема објавено годишен календар за видот, датумот и местото на одржување на претстојните изложби (како што впрочем функционира и се во оваа наша државичка),
балканските и светските кинолошки орагнизации имаат објавено и список на судии кои ќе ги судат овие манифестации.
Прва годинава |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На секоја изложба кучињата се поделени и се оценуваат во своите FCI групи и во секоја група одвоено по класи.
Се оценуваат со оценките (5) одличен, (4) мн. добар, (3) добар, (2) доволен и (1) недоволен Сите кучиња кои се одлично оценети понатаму се натпреваруваат за некоја од титулите: PRM - првак во класа на млади (9-18 мес.). Оваа титула ја добива по едно куче од двата пола, значи еден PRM мажјак и една PRM женка. Во класите од интермедиjа и нагоре, за кучињата кои ќе добијат оцена(5) судијата доделува еден CAC (Certificat d'aptitude au Championnat) кандидат за државен шампион. Кучињата кои добиле CAC понатаму учествуваат за титулата CACIB (Certificat d'aptitude au Championnat International de Beaute) - интернационален сертификат (кандидат)за првак во убавина, која исто се доделува одделно за двата пола. Потоа CACIB мажјакот и CACIB женката заедно со PRM мажјакот и PRM женката се натпреваруваат за BOB (Best of Breed) -титула најубаво куче на расата, која ја добива само едно куче без разлика на полот. Од сите кучиња кои добиле BOB, се избира едно, кое добива титула BOG (Best of Group) - најубаво куче во својата FCI група. На крај од сите победници во своите групи се избира најубавото куче на изложбата, BIS (Best in Show) Кучињата до 9 месеци се оценуваат со описна оцена: многу перспективно, перспективно и неперспективно.
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На изложбите кучињата се делат во следните класи:
класа беби (3-6 месеци) класа најмлади (6-9 месеци) класа млади (9-18 месеци) класа интермедија (15 - 24 месеци) класа отворена (од 15 месеци па нагоре) класа на работни кучиња (од 15 месеци па нагоре) класа на прваци (од 15 и нагоре) класа на ветерани (над 7 години)
Изменето од Gabriela_S - 12.Февруари.2014 во 01:46 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите расни кучиња според FCI (меѓународната кинолошка организација) се делат на 10 групи:
1 FCI група: Германски Овчар , Белгиски Овчар , Граничарски Коли , Хрватски Овчар ,
Стар Англиски Овчар(Бобтеил) , Куваз , Пули , Австралиски Келпи ,
Шкотски Овчар, Брадати Коли... 2 FCI група: Доберман , Германски Боксер , Шарпланинец , Бернардинец , Ротвајлер ,
Германска Дога , Аргентинска Дога , Минијатурен Пинч , Булмастиф ,
Бордошка Дога , Шнауцер , Шар пеј , Тоса-Ину , Англиски Булдог , Њуфаундленд , Пириниејско Планинско Куче,Бразилска Фила ... 3 FCI група: Ердел Териер , Керн Териер , Бул Териер , Јоркширски Териер , Амерички
Стафорд Териер , Западношкотски Бел Териер , Фокс Териер , Стафордски Бул
Териер , Шкотски Териер , Ирски Црвен Териер, Џек Расел Териер... 4 FCI група: Јазовичари 5 FCI група: Сибирско Хаски , Самојед , Чау Чау ( Chow Chow ) , Аљаски Маламут , Akita Inu , Германски Шпиц , Norveski Elkhound ... 6 FCI група: Далматинец , Бигл , Српски Гонич , Српски Тробоен Гонич , Посавски Гонич
, Истарски Кратковлакнест Гонич , Истарски Островлакнест Гонич , Басет... 7 FCI група: Ирски Црвен Сетер , Гордон Сетер , Англиски Сетер , Англиски Поентер ,
Германски Кратковлакнест Птичар, Епањол Бретон... 8 FCI група: Златен Ретривер , Лабрадор Ретривер , Англиски Кокер Шпаниел , Амерички
Кокер Шпаниел , Flat Coated Retriever , Curly Coated Retriever , Nova
Scotia Duck Tolling Retriever , Chesapeake Bay Retriever , Clumber
Spaniel , Sussex Spaniel ... 9 FCI група: Пудла , Малтезер , Мопс , Чивава (Chihuahua) , Cavalier King Charles
Spaniel , Bichon Frise , Ши Цу , Француски Булдог , Папилон , Кинеско
( Голокожо и Долговлакнесто ) Куче , Lhasa Apso... 10 FCI група: Афганистански Хрт , Greyhound , Борзои , Whippet ... FCI условно признати и непризнати раси, како што е питбулот и др.
Изменето од Gabriela_S - 12.Февруари.2014 во 00:42 |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кинолошки (за кучиња), орнитолошки(за птици), изложби на украсни птици и мали животни...ревии...
Фелинолошки (на мачки) во нашава земја сеуште нема поради фактот што ретко кој чува расни мачки со изложбен квалитет. Кинолошки изложби кај нас се одржуваат од месец март па до ноември. Темава нека биде како информатор за овие манифестации...место и ден на одржување, резултати, слики од изложбите и сл. слободно пишете си и некој коментар |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |