![]() |
|
Паричка за Божик - скопска мода или црковна лудост |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сепак човек има слобода и сам одлучува за своите постапки...
Со сила ништо не може да се постигне. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа е еден краток текст во кој накратко е објаснето чудото и зашто и кога треба да се става паричка.
ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и
гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со
Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го
познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да
го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и
скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен,
кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе
скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи
мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го
виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата
и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му
одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од
нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го
јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека
кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го
запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со
иста мера.
Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го
соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го
дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да
го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните
да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
За време на богослужбата, светиот имаше небесно
видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да
го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против
Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј,
вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против
безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение,
св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети
Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и
видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се
чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност,
тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг,
навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.
Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети
Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото,
кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа
поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли
светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони
и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по
малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги
подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот
сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога
секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое,
туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.
Така значи, со тогашната «василопита», св. Василиј
им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и
ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре
ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=53 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Прашањето е од кога се прави така???/ Навистина, ете на пример (според она што го видов на телевизија) годинава и во Битола и на некои други места се случува она што од медиумите упорно се форсира, па за Божик луѓето “бараат“ паричка... Како што слушнав, на повеќе места , годинава имало некаков јубилеј, демек 25 години коледарскли оган.... ![]() Па тоа ако е традиција, јас сум СУПЕР МЕН!!! Затоа треба да се знае што е правилно а што безумно. Исто така треба да се знае што е традиција, а што новотарија и помодарство. Затоа ова второто граничи со лудост. п.с. Се извинувам за остриот говор, но навистина безумието нема крај ... т.е. нема граница. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пошто мене ми се падна паричката, не е битно од каде е адетот.
![]() |
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А што па Скопска(или српска) мода...Скоро во цела Македонија се прави така...
![]() |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мене лично не ми се јасни неколку работи.
Од кога во Скопје постои традицијата на бадниковата вечера да се прекршува „празничен леб“ со паричка? На сите нам многу добро познато ни е дека таканареченото “лепче со паричка“ е во чест на чудото на св. Василиј, а неговиот празник се слави на “стара Нова година“ 13/14 јануари - ден кога во негова чест се прекршува лепчето со паричка. Тогаш зашто и од кога е оваа “лудост“ или скопска (или српска) мода - да се бара паричка за Божик; па да се благословуваат (или осветуваат) пагански огнови (демек 500-600 денари од оган) и да се даваат некакви “бадникови гранчиња„ ? Можеби може да одговори некој стар “скопјанец“. Дали ова е добар бизнис на безбожното свештенство, или МПЦ-ОА сеуште е роб на српската традиција и паганските обичаи? Кај мене лично најголем револт создава и медиумската фама поврзана со овие безумни традиции, оваа година претераа со тоа: в’тевме ... в’тевме........ демек : МЕНЕ МИ СЕ ПАДНА!!! дај друго лепче - ова не чини ![]() п.с. Види Еднооки ![]() Изменето од Tetratka - 07.Јануари.2012 во 19:47 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |