|
Дајте една лоша вест |
Внеси реплика | страница <1234 17> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аца Лукас го откажал концертот во Охрид....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По Витни трагичен крај и за Боби КристинаБоби Кристина, ќерка на познатата пејачка, Витни Хјустон и нејзиниот партнер Боби Браун, почина на само 22-години. -Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули 2015-та година опкружена со најблиското семејство. Нејзината душа конечно е во Божји раце. Им благодариме на сите за љубовта и поддршката во текот на последните неколку месеци, стои во соопштението од семејството. Околностите под кои Боби Кристина заврши во несвесна состојба се уште се под истрага, а според порталот TMZ, случајот понатаму ќе се води како убиство во кое главен осомничен е партнерот на Боби, Ник Гордон. Гордон претходно доби кривична пријава за насилство врз Боби Кристина, како и за крадење од неа додека била во кома. Непосредно пред несреќата Кристина му се доверила на пријател дека Гордон не е човекот кој што таа мисли дека е и се договорила да се сретне со истата личност на 31 јануари. Но, Боби никогаш не стигнала на договорената средба бидејќи имала расправија со своето момче, по што е пронајдена онесвестена, со потечени усни и скршен заб. Истрагата допрва треба да ги расветли околностите под кои се случи несреќата на Кристина и дали навистина станува збор за убиство или пак за несреќен случај. Боби Кристина беше единствената ќерка на легендарната Витни Хјустон, која во 2012-та беше пронајдена мртва во бањата на својата хотелска соба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црн ден во Ф1: Почина Жул БјанкиФранцускиот Ф1 пилот, Жул Бјанки доживеа тешка несреќа за време на ГН на Јапонија кој се возеше пред девет месеци, а за жал, рано утрово семејството на поранешниот возач на Марусија ја извести јавноста дека 25-годишниот Жул починал во болницата во Ница. Бјанки се здоби со тешки повреди откако при голема брзина се заби во возилото задолжено за извлекување на болидите, но иако се веруваше дека со секојдневните терапии ќе успее да излезе од кома, младиот Французин сепак не ја издржа најголемата битка во неговиот живот. - Со длабока тага, родителите на Жул Бјанки, Филип и Кристин, неговиот брат Том и сестрата Мелани сакаа да ја споделат веста дека Жул почина изминатава вечер во болницата во Ница, каде тој беше згрижен по големиот инцидент кој се случи на 5 октомври минатата година. Жул се бореше напорно до самиот крај, како што го правеше тоа и во животот, но денеска на неговата борба и дојде крајот. Болката што ја чувствуваме е огромна и неопислива. Сакаме да му заблагодариме на медицинскиот персонал во болницата во Ница кој се грижеше за него со многу љубов и посветеност, - пишува во официјалното соопштение кое го достави семејството Бјанки до медиумите, а кое секако ја потресе светската спортска јавност и сите оние кои редовно ги следат случувањата во мото спортот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска ПавловскаСкопје, 8 јули 2015 (МИА) - Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.
Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра“, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од возач од Скопје (1978). Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“. Како последица на несреќата, Тодоровска Павловска им подлегнала на повредите, а возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.
Почивај во мир,Сузе! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благоја Спиркоски-Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.По долго боледување, великанот на македонската театарска сцена замина во историјата и зад себе остави богато наследство. Најпознат по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, тој беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина македонската легенда Драган Каранфиловски – БојсДраган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина. Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави:Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша! Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други. Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година. Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна бубамара“. Изменето од Valerija - 27.Јули.2015 во 09:03 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од за мене поубавите филмски биографии,професорот Џон Неш
го загуби животот на осумдесет и шест години заедно со својата сопруга во сообраќајка возејќи се со такси. Почивај во мир...Прекрасен ум |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина легендарниот Џо КокерЛегендарниот музичар Џо Кокер почина денеска во 70-та година од животот, јави Би-Би-Си, потсетувајќи дека тој веќе подолго време боледува од рак на белите дробови. Портпаролот на Кокер, Бери Маршал во изјава за Би-Би-Си нагласи дека музичката легенда „едноставно бил негов единствен пријател“. - Ништо не ќе може да ја пополни празнината што во нашите срца ја остави неговото заминување, истакна Маршал, без притоа да прецизира дали канцерот бил причина за смртта на Кокер. Џо Роберт Кокер е роден на 20 мај 1944 година во англискиот град Шефилд. За пошироката јавност стана познат со преработката на песната „With A Little Help From My Friends“ на „Битлси“, а неговата популарност порасна по бројните хитови како „You Are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“. Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении. Изменето од Valerija - 23.Декември.2014 во 08:44 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина актерот Васил ШишковСиноќа во Скопје почина актерот Васил Шишков, Тој беше роден 1970 година и беше син на познатиот македонски актер Ристо Шишков. Васил беше член на ансамблот на Македонскиот народен театар од Скопје. Се шпекулира дека смртта настанала како последица на срцев удар. Изменето од Valerija - 22.Декември.2014 во 08:21 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една е Лиса Ен
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ццццц колега ... трагедија ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.idividi.com.mk/showbiz/celebrity/967099/index.html |
|
Внеси реплика | страница <1234 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |