|
Средношколец убиен во училишен двор |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Daj ne sanjaj ziti se, razbudi se malku, ne zivees na Pandora planetata od Avatar filmot kade se zivo i divo zivee vo harmonija i medjusebno razbiranje. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Го потпишувам постот со двете раци особено делот со медиумите. Имам можност да ги споредувам нашите медиуми со медиумите во Германија и само можам да кажам дека е страшно под каков медиумски притисок се наоѓа нашето општетсво а тоа секако се одразува и врз младината. И не само врз младината туку воопшто врз секоја единка. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ми беше таа намерата, напротив ова ми беше надополнување на она што претходно го кажав за останатите институции и нивното влијание врз ерозијата на ннередот и хаосот. Неодамна со децата во училиште правев истражување за влијанието на видео игрите и тв програмите . Чудно ми беше тоа што кога ги опишуваа игрите и дојдеа до делот со убиство тие сите во глас се смееја. Кога поведовме дебата дека има деца кои не прават разлика меѓу фанатазијата и реалноста и кога бе ставени во позиција на местото на жртва во насилството се подзамислија. Знам дека освен во склоп на темите од Воспитание за животни вештини во нашите училишта и нема простор и време да се сработи некоја работилница за воспитание, толеранција и решавање конфликти. Мислам дека со децата многу малку се разговара. На хартија имаме се, во пракса немаме ништо. Децата ни растат осамени, нема кому да се пофалат-нема кому да се пожалат. После неколку јавни испади на носителите на власта (од сите влади) и срозување на личноста на наставникот децата го изгубија и последниот бастион према кој чувствуваа барем малку почит. Дојдовме во ситуација децата да ни ги чува обезбедување, полиција и пак да страдаат. Нашите училишта во минатото немаа ни дежурен наставник а децата почитуваа ред. Сега и при обезбедување ни ги убиваат пред училишните порти. За жал. |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да не ги обвинуваме само родителите
и те како се виновни медиумите за пресијата која ја вршат нон-стоп погледнете ги вестите,нема ниту една убава вест погледнете ги воопшто програмите на телевизиите,има ли нешто поучно? ако пријавите малтретирање во полиција,повеќе ќе ве испрашуваат вас и вашето дете отколку пријавениот...се најдов во таква ситуација и на крај се чувствував јас како виновник,нормално оној што малтретираше можеби и го нашле,ние не бевме известени за тоа...и ден денес не знам дали доби некаква казна,едноставно прекинаа заканувачките пораки на интернет погледнете го само Фб,најдете ја темата за црквата на Кале...го следи ли некој надлежен тоа што се случува таму? затајуваме како општество,но ни раскажуваат дека напредуваме...а ние веруваме во шарените лаги |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не го негира фактот дека низ светот катадневно се случуваат убиства. Јас зборувам за нашата земја, во која семејните вредности и воспитувањето на децата беа основа и белег на препознавање.
Слушнав за убиството во Холандија, но таму 25 годишњак-полнолетно лице кое веројатно имало психички проблеми земал оружје и пукал и се самоубил Кај нас зборуваме за 16 годишно момче-значи малолетно лице за кое родителите сеуште сносат одговорност.Дете кое на неколкупати го малтретирало другото дете-жртва и заради нереагирање на институциите се осоколило па отишло дури во училиште да продолжи со своето насилство. Ние имаме закон за семејни односи. Имаме закон според кој се знае до колку саатот и каде може да се движат малолетниците. Кој го почитува? Кој е казнет за прекршувањето. Под прозорот имам паркче. Врие од дечиња од 10, 12, 14 години кои до 24 часот па и после тоа се надвор,урлаат, викаат,демолираат. Нормално ли е тоа? Децата немаат критериуми затоа што возрсните не им ги изградиле. Детенцето кое е убиено било мирно дете а станало жртв на насилници пред вратата на училиштето кое требало да му даде знаење.Каде можат да бидат децата безбедни? |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овој инцидент треба да се искористи за да се казнат сторителите во пакет со родителите и да се размисли во иднина како ќе се справиме со насилството.
Од друга страна се согласувам дека тоа е резултат на времето во кое живееме, постојаниот притисок финансиски како и градењето кариера , што на крај се одразува во воспитувањето на децата, за кои најчесто родителите немат време. И ова не се случува само кај нас, дека е така доволно е да се прочитат вестите кои секој дневно ни стигат од општества за кои имаме претстава дека се многу поразвиени и побезбедни од нашето. Како пример денешните случувања во Амстердам: „ Холандија: Пиштолџија уби најмалку шест лица Наjмaлку шест лица се убиени, а неколку други се повредени од страна на пиштолџија во холандскиот град Алфен ан ден Ријн, соопштуваат медиумите. Според извештаите, пукањето се случило во трговскиот центар во градот оддалечен 21 километар од Амстердам. Засега нема детали што е причина за трагедијата. Станувало збор за 25-годишен напаѓач вооружен со автоматска пушка, кој пукал на се што му се нашло на патот, додека преплашените граѓани спасот го побарале криејќи се во продавниците. „ http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=73642 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da sum jas vo VMRO sega bi dal predlog, pokraj site onie velelepni spomenici, po sekoja cena da se najdat pari i da se krene spomenik na drugarite, mladite albanec i makedonec, kako najubav simbol na idniot megjuetnichkiot sozhivot koj so svojot zhivot go vtemeli mladoto momche.
Ovoj nemil incident treba da se iskoristi za promena na negativnata karma na ova podnebje.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Posle vakva slucka sega sme site pametni ama toa ne go resava problemot.
Ne e ni prv ni posleden pat da se slucuva vakvo nesto, dzabe i site obezbeduvaci i merki na sigurnost po skolite, ako nekoj saka da se tepa, da terorizira nekogo toa ke go napravi kaj bilo i koga bilo. Nema golema filozofija tuka, takvo e vremeto vo koe ziveeme. Site sme svedoci sto se slucuva po ostanatite drzavi. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
многу добар пост мајче
после ова што да се каже,се е кажано вината е на сите нас кои од овие или оние причини немаме време за ништо на општеството кое ни ги наметна сите фрустрации со кои младите се потешко се носат а и ние бога ми вината е колективна,но ние сеуште затвораме очи и се однесуваме како сето тоа да е далеку од нас |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, ама кај тебе ваквите убијци завршуваат со смртна казна или казна доживотен затвор без право на помилување, во сторги затвори, а не со казна затвор од 5 до 15 години и право на помилување. А болката на родителите и блиските, никој не може да ја намали. Изменето од Македон - 09.Април.2011 во 16:10 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za zhal vakvi neshta se sluchuvaat i kaj mene...
So shipki, nozhovi i pishtoli. Ova ne go govoaram za da ja namalam bolkata na onie koi souchestvuvaat so nemiliot sluchaj, tuku da posocham deka mladosta, egoto i adrenalinot zaslepuva bez obzir na nacionalnosta, drzhavnosta i geografskata shirochina. Ljubovta e isto taka bezgranichna... no za zhal mnogu pomalu zastapena. A za toa site sme podednakvo vinovni. Onoa shto se sluchi, na krajot od krishtata, e samo rezultanta na nasheto zaednichko deluvanje. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу убаво прашање кое треба да си го поставиме сите. Каде згрешивме, кога ги испуштивме од рака децата и дозволивме од нив да направиме неконтролирана маса хулигани, тепачи па и убијци. Дали тогаш кога прв пат замолчивме и истолериравме една тепачка. -Родителите на родителските состаноци доаѓаат со брзање, додека класниот зборува отворено гледаат на саат, а некои и дрско ги прекинуваат со зборовите-Немам јас време за овие празни муабети Заминува омаловажувајки го времето на останатите покажувајки ја својата моќ дека и да му е проблематично детето никој ништо не му може. -Просветарите чувајки си го лепчето (оти одамна ѓаволот ја однел шегата и секој кој е малку партиски врзан -може ако некој му се намерчи даго остави без работа) па замижуваат пред малите вандали кои безобразно ја реметат наставата, ги малтретираат своите понемоќни соученици. - Просветарите кога од колегијалност, од страв затоа што нивното добро досие зависи од педагошко-психолошката служба замолчуваат кога овие најмалку имаат време за децата со нарушено однесување. -Политичарите кои своите пипки ги пуштија во секоја пора на општеството па го исполитизираа образованието-назначувајки свои директори кои кога се посетени од оние кои ги назначиле траат. молчат (па може дете или наставник да умира, ама ако има општинари или сопартијци во канцеларија никој не смее да ги прекине). Директори кои бесрамно даваат изјави дека инцидентот се случил надвор од училиште-ко да таму тие деца не се истите, не се нашите за кои државата не плаќа да ги научиме да се добри деца и оти надвор од училиште токму се гледа што научиле на училиште или дома. Затаивме сите ние-возрасните. Дозволивме децата да ни гинат токму како во филмовите или видео игрите кои мдиумите онака бесрамно (во име на профитот) без никаква цензура да ги даваат во време кога децата се сами дома и можат да гледаат и имитираат мислејки дека и во реалноста жртвата ќе стане, ќе ја затресе прашината од себе , ќе ја забрише крвта и ќе замине дома. Како човек, мајка, просветен работник се срамам зошто замолчив, ја свртев главата, се направив дека не видов кога почна да се толерира неработењето, политизацијата на образованието. Сега се срамам да им изразам сочувство на родителите, да речам лесна му земја на она младо јагненце кое отиде к*рбан бранејки го другарството,оти моите зборови се само празни зборови. Нивната тага и болка за синот единец не може да ја избришат зборови. Ни зборовите на осуда кон хулиганите , нити зборовите со пофалба за нивното дете нема да им го вратат единецот. Тој повеќе нема да влезе дома задишан, гладен послле напорен училишен ден, уморен од младешките игри. Неговиот стол во домот ќе остане празен, неговата чинија ќе собира прашина, неговата мајка залудно ќе чека. А ние, сите ние, пред да кренеме рака да си ги погалиме децата, пред да отвориме уста да се жалиме од сиромаштијата да помислиме дека има и потешки работи кои не ги исполнивме. Политичарите- и Груевски и Црвенковски и сите оние кои се возат во коли со затемнети стакла, и новинарите и Латас и Мирка и Чуму и еди кој си,и А1 и Сител, и канал 5 и кој ли не, сите тие -пред да зинат да ни кажат кој коллку украл, кој колку гласови ќе добие /изгуби нека размислат дека тие се тие кои доведоа до ова. Тие ги урнисаа законите, институциите, телевизиите, семејствата. Зошто? Изменето од mamamd - 09.Април.2011 во 13:16 |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Жалосно за фамилијата, голема трагедија, за која се надевам дека некој ќе одговара иако со ништо неможе да се надокнади она што тие кутри луѓе го загубиле.
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал вакви работи се случуват многу брзо. |
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |