|
ДОМ вистинска трета опција |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОМ предлага итни мерки во туризмот
27.03.11 / 13:36 ДОМ го внесе туризмот во владините приоритети, со што обезбеди агенција за промоција на туризмот и субвенции за странски туристи. Како резултат на тоа Македонија ја посетија големи групи од повеќе земји како Франција, Израел, Русија, Холандија. Сепак на туризмот му треба дополнителна поддршка за да обезбеди илјадници нови работни месста и добивка за бизнисот и за државата – рече Лилјана Поповска во воведот на прес конференција. Претседателот на комисијата за туризам при ДОМ д-р Кристијан Џамбазовски ги претстави мерките кои треба да се преземат пред почетокот на новата туристичка сезона, за Македонија да стане поконк*рентна туристичка дестинација. Намалување на ДДВ при продажба на туристички пакети во Македонија од 18% на 9% за странски и за домашни посетители.Воведување на евтини кредити за туризам со камата помеѓу 2-4% со цел подобрување на квалитетот на туристичка понуда и подобрување на материјалната база на туризмот.Поедноставување на процедурите за субвенционирање на туризмот како и нивно прецизирање и коректно и недвосмислено информирње на корисниците на субвенциите. Воведување на туристичка инспекција со цел да се прекине праксата кој како сака да ја претставува Македонија.Издвојување на поголеми средства од буџетот за подостојно промовирање на Македонија како туристичка дестинација. Зошто предлагаме да се намали ДДВ на 9%? Затоа што туризмот како извозен производ не смее да биде дискриминиран во однос на другите производи кои што се извезуваат. Туризмот не е само услуга, туку комбинација од услуги кои што претставуваат производ обединет во терминот пакет или аранжман составен од сместување , транспорт и исхрана и затоа треба да им овозможиме на македонските туроператори кои што настапуваат на меѓународниот пазар да имаат конк*рентен туристички производ, тоа пред се можеме да го направиме со намалувањето на ДДВ, а со тоа Македонија да стане барана дестинација. Што се однесува до внатрешниот туризам предлагаме да се примени истата мерка, но со друг аргумент, а тоа е дека македонскиот граѓанин заслужува Македонија да му биде подостапна од другите дестинации. http://www.time.mk/read/b20cc09ee7/52a51db7ea/index.html Би сакал да имаме тема за оваа партија која според мене е водена од жена со многу висок интелект и високи морални вредности. Сакам да им дадам подршка затоа што иако се мала партија секогаш имат конкретни идеи , никого не критикуват туку своето место на политичката сцена го барат исклучиво преку конкретни проекти. Навистина малку е тажно што ваквите партии иако навистина се однесуват европски и се пример како треба да се однесува една партија не добиват доволно гласачи. Вакви партии во Европа се многу ценети и се балансери меѓу големите партии а со нивните проекти често позитивно влијаат. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |