|
Албанскиот шовинизам |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"БАЛИСТИТЕ" СКАНДИРАА:
Тоше е педер, Македонско девојче е к.... За време на вчерашниот дерби-натпревар од Првата македонска лига помеѓу градските ривали Тетекс и Шкендија, навивачката група "Балисти" успеа да искаже огромно количество омраза кон се што е македонско. Балистите деведесет минути скандираа најодвратни работи и покажаа колку ги мразат Македонците. Слоганите од типот Вештачка држава, FYROM, Македонско девојче - к*рва голема..., се повторуваа нон-стоп, но зачуди и омразата према покојниот Тоше Проески за кого скандираа Тоше педер. За секој Македонец присутен на стадионот посебно болно беше чувството да се слуша скандирањето Карпалак, Карпалак. "Балистите" го славеа убиството на македонските војници кај Карпалак. Да биде трагедијата уште поголема ова се случува од година во година, од натпревар во натпревар, но сите се прават слепи и глуви. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD5429EC2CD171408507A1BCE3D052F1 Изменето од mungos80 - 04.Ноември.2010 во 18:28 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека прости brza што и тука ќе го замешам, но и ова е последица од недостатокот на енергичната реакција и размислувањето што би било кога би било во моментите кога тоа не треба да се размислува, затоа не треба полицијата да размислува кој е гостин и зошто некој го сторил тоа што го сторил, зошто е тука, каков настан е тоа и слично, туку при вакви песни, да реагира, затоа што песните каде се изложуваат на подбив македонскиот народ и заедниците во Македонија се казнено дело согласно член 179 од Кривичниот Законик на Македонија, за што се добива казна затвор од три месеци до три години. Изменето од Македон - 04.Ноември.2010 во 01:14 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е она страшно,туку е смешно
Пет држави ќе се согласат да дадат свои територии доброволно по пат на преговори Овај Кочо Данај изгледа ќе да е зрел за пациент во некоја ментална институција |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Страшно...а нашиве спијат
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Песни со кои се величаше голема Албанија и во кои Скопје, Тирана и Приштина се споменуваа како оски на оваа замислена државна форма се пееја на завчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу Лирија и Работнички, кој се одигра во салата „Андон Димитров“ во скопската населба Бутел, а на кој, меѓу другите, присуствуваа и македонскиот министер за здравство Бујар Османи и амбасадорот на САД во нашата држава Филип Рикер.
Навивачите на домашниот тим во текот на сите 90 минути пееја националистички песни, меѓу кои имаше и навредливи за македонската националност, но тоа не беше причина претставникот на Владата да реагира кај организаторот. Во текот на вчерашниот ден се обидовме да добиеме негов коментар за овие случувања и го прашавме зошто, со оглед на неговата министерска функција, не ја напуштил салата кога почнало величањето на голема Албанија, но до затворањето на весникот не добивме одговор од него. Завчера, на кошаркарскиот меч помеѓу Лирија и Работнички, потфрли и редарската служба, а не реагираа ниту присутните припадници на МВР, кои можеа тоа да го сторат според Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11210951594&id=9&setIzdanie=22122 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако подзапнат.Си го барат со боринче.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Духовите на балканот се будат.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нова албанска држава ќе биде создадена до 2013 година, објави Коча Данај, директор на Институтот за регионални прогнози во Тирана. Иако нема класична осуда на идејата од Албанците во земјава, тие, сепак, сметаат дека оваа најава не ги отсликува нивните интереси Големоалбанците ѕиркаат во 2013-та Сите сме статисти во евтини крими-серии Колку и да се согласуваме со оцените на МВР дека криминалот го имало и порано и оти тој е присутен во сите земји, останува непобитен факт дека нашите криминалци во последно време се доста осилени. Тие лесно посегнуваат по ... Нова албанска држава ќе биде создадена до 2013 година, објави Коча Данај, директор на Институтот за регионални прогнози во Тирана. Иако нема класична осуда на идејата од Албанците во земјава, тие, сепак, сметаат дека оваа најава не ги отсликува нивните интереси Неповолно е во време кога регионов е стабилен повторно да се разговара за голема Албанија. Вакви се реакциите на политичарите-Албанци од Македонија во врска со изјавата на Коча Данај, директор на Институтот за регионални прогнози од Тирана, кој предвиде дека до 2013 година ќе се создаде нова албанска држава на Балканот. Според Данај, тоа ќе биде „природната Албанија“, која ќе ги вклучи Албанија и Косово, како и делови од Македонија, Србија, Црна Гора и од Грција, каде што живеат Албанци. Обединувањето би се извршило без војни, со преговори со соседните држави и со поддршка од меѓународната заедница. Со него би се решило т.н. албанско прашање и би се зголемила стабилноста на регионот. Иако немаше класична осуда на идејата од Албанците во земјава, тие, сепак, сметаат дека таа најава не ги отсликува нивните интереси. Тахир Хани, пратеник од ДУИ, за Радио Слободна Европа изјави дека Албанија е во НАТО, Косово е независно, а Македонија го има Охридскиот договор, па поради тоа состојбите се стабилни. Од Нова демократија се покатегорични, нагласувајќи дека иднината на сите граѓани на Македонија е во НАТО и во ЕУ, каде што и онака нема граници. На тој начин, според аналитичарот Хисен Рамадани, Албанците би се обединиле, односно би се создал културно-духовен амбиент со кој нема да има потреба да се менуваат границите. Ниту политичарите-Македонци не веруваат дека ќе настане толку драматична промена во наредниве три години. Пратеникот Горан Мисовски, член на собраниската комисија за одбрана и за безбедност, смета дека вакви екстремно националистички и популистички идеи вообичаено се појавувале кога наближувал некој изборен циклус. - Во тие периоди се појавуваат таквите тези, за да се постигне што подобро позиционирање. Знаеме дека наскоро ќе има избори на Косово. Но никој нема да дозволи да се случи тоа. Сепак, овие изјави се само уште еден дополнителен импулс за Македонија што поскоро да се зачлени во НАТО, бидејќи под тој безбедносен чадор сите вакви разговори ќе завршат - вели Мисовски. И пратеникот Павле Трајанов, член на истата комисија, вели дека до 2013 година не може да се случи нешто посериозно, но нагласи дека идејата за голема Албанија постои и нема да исчезне наскоро. - Затоа, како држава треба да бидеме претпазливи кога се пласираат такви тези. Тоа е идејата што ги интегрира сите Албанци и се активира повремено за да ја одржи нивната хомогеност. Нормално е дека политичкото водство ќе ги негира таквите тврдења. Сега нема меѓународна поддршка за да се случи такво нешто, ниту ќе настанат видливи промени на тоа поле до 2013 година. Но во иднина, во поинакви услови, не е исклучена можноста да се преземат некои чекори. Првиот би бил спојувањето на Косово и на Албанија, а јас мислам дека на толку и ќе остане - додава Трајанов. За директорот на Институтот за регионални прогнози Коча Данај, создавањето на новата албанска држава на Балканот до 2013 година има поддршка и од меѓународната заедница, за што, како што рекол, јасно зборува и присуството на претставниците на Данска и на Германија во Тирана, каде што е промовирана тезата. Данај е поранешен советник на тројца албански премиери. Изменето од mungos80 - 02.Ноември.2010 во 18:31 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |