Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2010 во 20:31 |
Го рече она што секој граѓанин на оваа држава кој и мисли добро го вели но неможи да го каже на овој начин.
Брзата кучка слепи кучиња раѓа.
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2010 во 20:16 |
|
Иванов: Нема сила што ќе им го смени името на Македонците | ...ivanov go rekol toa?!
aaiii, ne bi sakal da sum vo kozata na grcite sega, ...negoviot zbor tezi kako...olovo!!
...osobeno nadvor,..za doma nema diskusija vekje,..
% na popularnost e ...jasen! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |
orlov
Сениор
army veteran 2001
Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2010 во 19:42 |
|
|
Иванов: Нема сила што ќе им го смени името на Македонците

Остри пораки на претседателот на државата до Грција од говорницата во Советот на Европа Стразбур - Барбара Хендрикс, прославениот сопран и специјалниот гостин
на свеченоста во Стразбур, пред да испее во капелата една песна на
нејзините предци-робови, го прочита првиот член од Универзалната
декларација за човекови права, во кој се вели дека сите човечки
суштества се раѓаат слободни, рамноправни и достојни во правото и оти
треба да дејствуваат кон другите во духот на братството. Кога ја
подготви својата мала, но ефектна дискусија, Хендрикс не ни помислуваше
дека на прославата на 60-годишнината на европската Конвенција за
човекови права во Стразбур, македонскиот претседател Ѓорге Иванов во
својот говор се пожали на неправедноста кон Македонија и Македонците во
грчко-македонскиот спор за името на земјата.
Во име на
македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на
Европа, претседателот Ѓорге Иванов побара од Европа да не го слави само
минатото и постигнатиот успех, туку да се фокусира на актуелните
предизвици на иднината, каде што ги посочи проблемите на Македонија со
Грција и со Бугарија. За Европскиот суд за човекови права да ја исполни
својата цел, неопходно е неговите одлуки да бидат во целост почитувани и
спроведувани од страна на сите земји-членки, побара Иванов, алудирајќи
овде на проблемот на ОМО „Илинден“ во Бугарија.
Според Иванов,
дел од овие принципи во некои европски институции не се применуваат
кон граѓаните на Република Македонија, пред се', поради политички
притисок од една земја-членка.
„Ваквиот меч со две острила
повеќе боли кога удира во најсветлата придобивка од демократијата -
човековите слободи и права, но особено човековото достоинство. Но, денес
сум горд и како претседател на Република Македонија, но и како
Македонец, што во име на сите држави-членки на Советот на Европа можам
да ги испратам благородните пораки за промоција на човековите права во
Европа токму на мојот мајчин македонски јазик“, истакна Иванов.
„Денес
нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила што може да им
го оспори правото на Македонците да бидат Македонци, бидејќи човековите
права се посилни и потрајни од минливоста на одредени влади или одредени
политичари“, јасно истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето во
Стразбур.
Интересно е дека некои од главните учесници на
свеченоста водеа грижа да не го навредат гостинот од Македонија.
Двајцата генерални секретари, на Советот на Европа и на Обединетите
нации, му се обратија со претседател на „поранешна југословенска
Република Македонија“, додека шефот на протоколот и претседателот на
Европскиот суд за човекови права само со претседател на Републиката.
Никој официјално не реагираше.
На конференцијата за печат,
генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, и генералниот
секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, избегнаа да одговорат
на прашањето на вашиот известувач за тоа што мислат за говорот на
македонскиот претседател Иванов во однос на името и посебно дали
„постојат принципи и вредности што се бранат од Советот на Европа и од
ОН, според кои може да се спречи еден народ да го избере своето име и
името на својата држава“.
Бан Ки-Мун изрази надеж дека со
посредство на неговиот специјален пратеник Метју Нимиц наскоро ќе се
најде решение за грчко-македонскиот спор за името што ќе биде прифатливо
за двете страни.
„Знам дека постојат историски причини што
влијаат врз дебатата за ова прашање. Се сретнав со раководителите на
двете земји и знам дека е важно да се води сметка за разликите во
мислењата, но и да се најде едно решение за името колку што е можно
побргу и на хармоничен начин“, рече првиот човек на светската
организација.
Бан Ки-Мун не го коментираше говорот на
претседателот Ѓорге Иванов на церемонијата и не одговори на прашањето
дали има принципи и вредности што ги бранат ОН и Советот на Европа,
според кои, може да му се забрани на еден народ слободно да го избере
своето име и името на својата држава.
На свечената церемонија
генералниот секретар на Обединетите нации ја поздрави улогата на Советот
на Европа и посебно иницијативата за утрешната конференција наменета за
подобрување на правата на Ромите. Човековите права за Бан Ки-Мун не се
утопија ниту, пак, сон. „Заедно треба да работиме за човековите права да
станат универзална реалност. Тоа е најмалку што можеме да го направиме
за народите од цел свет“.
„Ако ние сакаме Конвенцијата да
прослави уште многу родендени, потребно е сите заедно да се вклучиме во
неа како овде, така и во нашите земји. Оптимизмот бара волја“,
предупреди претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан Пол
Коста.
Европската конвенција за човекови права е усвоена од
новоформираниот Совет на Европа во Рим на 4 ноември 1950 година, а стапи
во сила на 2 септември 1953 година. Конвенцијата се базира на Општата
декларација за човекови права на Обединетите нации од 1948 година.
Конвенцијата претставува рамка за заштита и почитување на човековите
права и основните слободи. |
|
Изменето од orlov - 20.Октомври.2010 во 19:44
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
 |
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Октомври.2010 во 17:00 |
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
Почит до сите борци за слободата и независноста на Република Македонија Нема сила што ќе им го смени името на МакедонцитеКлипот не е за преговорите за името.Туку за масовноста на
поранешните протести,за пораките до европа за нашите браќа и сестри во
Бугарија,Грција и Албанија кој и денес по 20 години ги немаат основните
човекови права.
Изменето од Анастеа - 24.Октомври.2010 во 13:56
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
 |