IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Проблеми со глава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проблеми со глава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
scream4help Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај scream4help Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 23:10
mislis te ispratile na nevrologija?  EEG  NA MOZOK,E SLICNO KAKO EKG NA SRCE...EEG= ElektroEncelograf, vsusnost toa e snimka koja ja sledi rabotata na mozokot ...nema neznam sto da pravam ,tuku ke odis i ke napravis EEG!
Кон врв
buce_86 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај buce_86 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2010 во 13:21
Veke dve nedeli imam problemi so glavata,znaci imam bolki vo predelot nad ocite i pozdi kaj vratot!Bolkite mi se uzasni pa postojano mew tera da povrakam ili pak mi smetaat sekakvi mirisi na hrana!Snimav sinusi ne pokazua nisto bev na ocno i tamu se e ok...me pratija na nefro,od tamu mi rekoa deka treba da pravam EEG na glavata!Isplasena sum i neznam veke sto da pravam
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 21:07
Видови на мозочен удар

Исхемичен тип | Хеморагичен тип | Транзиторен исхемичен атак (ТИА)

Ако ги гледаме крвните садови изолирано, крвниот проток низ нив може да биде пореметен на два начина :

   1. затнување на крвните садови (исхемичен мозочен удар, најчест тип кај возрасната популација,
   2. руптура на крвните садови, предизвикувајжи на тој начин истекување на крвта во мозокот ( хеморагичен, крвав мозочен удар)


Исхемичен мозочен удар

Исхемичниот мозочен удар опфаќа околку 83% од случаите на мозочен удар.

Тој настанува како резултат на пречка, опструкција на протокот на крв во мозокот. Главната причина за тоа е оштетувањето на самите артерии, атеросклероза (создавање на масни депозити во внатрешниот ѕид на артериите). Овие масни депозити мочат да доведат до мозочен удар на два начина:.

Цербрална тромбоза се однесува на тромб (крвен коагулум) кој се развива во стеснетиот дел на крвниот сад.

Церебрален емболизам се однесува на крвен коагулум кој се формира на друго место во циркулаторниот систем, обично во срцето или во големите крвни садови во градниот кош и вратот. Дел од крвниот коагулум се откинува, влегува во крвниот систем и патува се додека не дојде до крвен сад со мал дијаметар, низ кој коагулумот не може да помине. Втора важна причина за појава на емболија е нерегуларниот срцев ритам, посебно атријална фибрилација. Атријалната фибрилација создава услови за стварање на емболуси кои патуваат низ циркулацијата и стигаат до мозокот.


Хеморагичен мозочен удар

Руптура на анеуризма на крвен сад

Хеморагичниот удар опфаќа 17 % од случаите на мозочен удар. Настанува како резултат на пукање на ослабен ѕид на крвен сад, и крвта протекува во околното мозочно ткиво. Крвта се собира и ги притиска околните мозочни структури. Двата типа на мозочно крварење се интрацеребрална хеморагија и субарахноидално крварење.

Најчести состојби кои довдеуваат до ослабување на ѕидот на крвниот сад се анеуризми и атриовенозни малформации.

Нормален крвен сад
Анеуризма на крвен сад

Анеуризма е локално ослабување на ѕидот на крвниот сад, кој се проширува и изгледа како балон. Оставен без третман (хируршки), анеуризмата се повеќе ослабува и на крај прска и крвари во мозкот.


Нормални крвни садови

Артериовенска малформација

Артериовенска малформација е пореметување на ниво на самите крвни садови, во абнормален спој на вените и артериите, и како резултат на значително повисокиот крвен притисок во артериите во однос на вените, доведува до прскање на крвните садови во мозoкот.(Повеќе)

Транзиторен исхемичен атак (ТИА)

ТИА се обично предупредувачки знак за опасност од мозочен удар. При ТИА сите услови за развој на комплетен мозочен удар се присутни, и се развиваат симптоми кои одговараат на оние кај мозочен удар, со таа разлика да брзо се повлекуваат. Иако симптомите брзо се повлекуваат ТИА се аларм за можна појава на мозочен удар и треба веднаш да се преземат соодветни чекори за спречување на мозочен удар.


Последици на мозочниот удар

Мозокот е екстремно сложен орган кој ги контролира сите телесни функции

При мозочен удар протокот на крв низ зафатениот дел на мозокот е блокиран, така да делот од телото кој е контролиран од тој регион на мозкот нема да функционира правилно.

Доколку ударот се случи во задните делови на мозкот, на пример, најверојатно дека видот ќе биде оштетен. Така да оштетувањата од ударот во најголема мера зависат од локацијата и од големината на регионот кој е зафатен.


Десна хемисфера (половина) на мозокот

Едната половина од мозокот ја управува спротивната страна од телото, така да при мозочен удар, невролошките оштетувања ќе се јават на спротивната страна на телото. Така доколку ударот се јави на десната страна, симптомите ќе бидат изразени на левата страна од телото ( и десната страна од лицето). и тоа следниве симптоми:

    * Парализа на левата страна на телото (особено нозете и рацете)
    * Проблеми со видот
    * Проблеми со меморијата
    * Парализа на десната страна на лицето
    * Промени во однесувањето


Лева хемисфера (половина) на мозокот

Доколку ударот се јави на левата страна од мозокот, десната страна на телото ( и левата страна од лицето) ќе бидат зафатени, предизвикувајќи ги следниве симптоми:

    * Парализа на десната страна на телото (особено нозете и рацете)
    * Парализа на левата страна на лицето
    * Проблеми со говорот
    * Промени во однесувањето

Милиони нервни клетки умираат секоја минута доколку мозочниот удар не се третира правовремено

(Американско невролошко здружение)

За една секунда, мозочниот удар убива 32,000 мозочни клетки (неврони). Во наредните 59 секунди, исхемичниот мозочен удар ќе убие уште 1.9 милиони мозочни клетки, според последната клиничка студија, со која е изведена квантификација на брзината на умирање на мозочното ткиво, оставено без кислород и основните хранливи материи. Студијата е изведена со невроморфолошки снимања и неуростереологија- тридимензионална техника за броење на клетки.

Мозочниот удар е состојба која може многу ефикасно да се лечи, но времето за кое може да се интервенира е многу кратко. Со секоја помината секунда се губи дел од мозочното ткиво, така да пациентите треба да се однесат во болница при првите симптоми на мозочен удар

Исхемичниот мозочен удар настанува кога крвни угрушоци го блокираат протокот во некоја од артериите на мозокот. Без кислород, нервните клетки во зафатената област почнуваат да умират. Пациенитите кои преживуваат мозочен удар најчесто остануваат со парализа, неспособност за говор, дефекти во видното поле, емотивни проблеми и друго.
Покрај зафатената област, каде невроните умираат речиси моментално, во оклниот регион постојат услови на намален проток, ситација која може да се толерира извесен период. Тоа го дава тој краток временски прозорец за интервенција и за спас на загрозениот дел од мозкот кој сеуште е жив.

За секоја минута каснење, мозокот губи:

    * 1.9 милиони неврони
    * 14 милијарди синапси (врски помеѓу невроните, мрежа која ги поврзува невроните и овозможува нивно синхронизирано работење)
    * 12 километри миелинизирани влакна.

Доколку мозочниот удар се комплетира, просечно за 10 часа, мозокот губи:

    * 1,2 милијарди неврони
    * 8,3 трилиони синапси
    * 5,360 километри миелинизрани нервни влакна


Гледано волуменски, при комплетен развој на мозочен удар без медицински третман, се губи мозочно ткиво со големина на 1,5 пинг-понг топчиња.
При нормално стареење, извесен број на нервни клетки умираат. Оваа нормално губење на неврони при процесот на стареење, споредено со губењето на нервни клетки при мозочен удар би одговарало на 36 години за комплетиран мозочен удар без медицински третман.
Затоа е исклучително важна брзата интервенција и раното препознавање на симптомите на мозочен удар;

-Изненадно чувство на трпнење, чувство на немање контрола на една половина од телото и лицето !

-Неочекувана конфузија, изненадни проблеми со говорот и со разбирање на говор !

-Изненадни проблеми при гледање со едно или со двете очи !

-Изненадни проблеми при одење, нестабилност и губење на рамнотежа и координација !

-Изненадна силна главоболка, без позната причина !

Самите симптоми на мозочен удар го спречуваат болниот да побара помош, уште повеќе при барање брза помош со телефон. Затоа е особено важно за околината да биде запознаeта со симптомите на мозочниот удар и да повика брза помош.

При првите 3 часа од почетокот на мозочниот удар, давањето на tPA (ткивен плазминоген активатор - лек кој го разградува крвниот угрушок) значително ги намалува последиците од мозочниот удар во смисла на парализа на телото. Други лекови кои се употребуваат се аспирин или антикоагуланти (лекови кој ја намалуваат способноста на крвта да се згрутчува) и хируршки третман. Потоа секако следи болничка нега и рехбилитација кои се подеднакво важни за намалување на последиците од мозочниот удар и пред се за враќање на пациентот на нормалните дневни активности.

Со секоја минута чекање, со надеж дека симптомите ќе се повлечат се губат околу 2 милиона нервни клетки.


MOZOCEN UDAR-IZLIV NA KRV VO MOZOKOT - kapka ili tromboza

IZLIVOT na KRV vo MOZOKOT e PREDIZVIKAN pri SLABEENJETO na KRVNITE SADOVI. Koga covek e vo RELAXIRANA sostojba, obicno NEMA PROBLEMI, no SEKOE IZNENADNO ZGOLEMUVANJE na CIRKULACIJATA moze da PREDIZVIKA PRSKANJE na KRVNIOT SAD. Koga ova ke se sluci vo eden od krvnite sadovi vo mozokot, toa se narekuva " izliv na krvta vo mozokot", ili " kapka ".

DRUGIOT TIP " CEREBRALNA TROMBOZA", e PRODUKT na ZGRUTCUVANJE na krvta ili ZACEPUVANJE vo EDEN od KRVNITE SADOVI na MOZOKOT. Ovaa sostojba voglavno e PREDIZVIKANA so ISTIOT VID ISHRANA koja ja PREDIZVIKUVA ARTERIOSKLEROZATA i cesto NASTANUVA koga NATALOZENITE MASNI MATERII i HOLESTEROLOT se ODVOJUVAAT od ARTERISKIOT ZID i se SMESTUVAAT vo eden od kranijalnite - cerepni - krvni sadovi.

Za UBLAZUVANJE na OVIE SOSTOJBI treba da se IZBEGNUVA HRANATA koja gi SLABEE KRVNITE SADOVI ili SOZDAVA NAsl*gI na MASTI i HOLESTEROL i tuka spagaat ZASITENITE MASTI kako onie sto gi sodrzat MESOTO, JAJCATA, MLECNITE PROIZVODI, kako i SEKEROT i drugata extremna expanzivna hrana.

HRANATA BOGATA so MINERALI kako ALGITE i PODEBELIOT KORENEST ZELENCUK, ke om ja POVRATI na KRVNITE SADOVI NIVNATA NORMALNA SILA i ELASTICNOST, a pod VLIJANIE na ZDRAVIOT NACIN na ISHRANA nasl*gite od MASTI i HOLESTEROL ke IZCEZNAT.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 00:30
10-те најчудни ментални болести
_______________________________

Целебрифилија: патолошка желба да се има секс со славна личност. - Целебрифилијата е абнормално силна желба да се има романтична и/или сексуална врска со славна личност. Не повеќе ве очекуваат останатите 9 најчудни ментални состојби...

Синдромот на доктор Стрејнџлав:раце со свој живот
Синдромот на алиенизирана рака е неуролошко пореметување каде рацете на пациентот се чини дека добиваат свој сопствен живот. Некогаш тој не е свесен што прави со рацете, додека тоа не го привлече неговото внимание. Алиенизираните раце можат да изведуваат комплексни движења како на пример откопчување или пак соблакање на облеката.

Синдром на странски акцент:кога го зборувате вашиот јазик со акцент
Овој синдром предизвикува луѓето да го говорат нивниот мајчин јазик со одреден странски акцент, на пример, Македонец кој говори со американски акцент. Обично следи по одредено оштетување на мозокот, како мозочен удар.

Капграс синдром:да се верува дека постои измамник во семејството
Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично.

Трискаидекафобија:страв од бројот 13
Адолф Хитлер бил трискаидекафобичен. Специфичен страв од Петок 13-ти се нарекува параскаведекатрифобија.

Бигорексија:премногу вежбање
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување каде индивидуата станува опседната со тоа дека нивното тело не е доволно мускулно развиено.
Мускулната бигорексија кај индивидуите предизвикува:
- Нон стоп да се проверуваат во огледало
- Да станат вознемирени ако пропуштат вежбање
- Да земаат потенцијално опасни дроги(стероиди)
- Запоставуваат работа/врска/семејство поради вежбање

Библиоманија:собирање премногу книги
Библиоманија е опсесивно-компулсивно пореметување кое инволвира собирање книги до точка каде социјалните врски и здравјето се оштетени. Симптоми на оваа болест се купувањето на повеќе копии од истата книга или едиција и акумулација на книги која оди преку возможниот капацитет на користење.

Синдром на експлодирачка глава:силна врева во главата
Ова предизвикува пациентот повремено да искусува ужасно јака врева која наводно доаѓа од неговата глава, обично опишана како експлозија или грмење. Ова најчесто се случува час или два по заспивање, но не е резултат на сонувањето.

Трихтиломанија:потребата да се извади скалп
Трихтиломанијата е карактеризирана со повторувачката потреба да се извади скалп од косата, трепките, брадата, пубичните влакна, веѓите или другите делови на телото.

Синдром Минхаузен:лажно боледување со цел да се придобие внимание
Кај овој синдром болниот се преправа, претерува, симулира или креира синдроми на болест со цел да придобие внимание, симпатија или комфорт кај медицинскиот персонал.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.