|
Прва светска војна и настаните во Македонија |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прва светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на Нациите е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 година и започнува во Европа. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе во бојното поле. Првата Светска војна е втор најкрвав настан во светската историја до тогаш. Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат за време на војната. Четири династии, Хабсбурговците, Романови, Отоманците и Хохенцолерните, чии корења на моќ се протегаат до деновите на крстоносните војни, паѓаат за време на војната или после неа.
Првата светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за Руската Револуција која понатаму ќе инспирира револуции во земји како Кина и Куба и ќе ја постави основата за Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави. Поразот на Германија во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на националниот социјализам и неговиот конечен резултат - избувнувањето на Втората Светска војна во 1939 година. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на технологија и вовлекува цивили како никогаш порано. Поимот „Прва светска војна“, што имплицира настан различен од „Втора светска војна“ не е популарен меѓу некои историчари кои ја сметаат војната само како прва фаза од три-децениската војна што се протега од 1914-1945 година. Други историчари, пак, гледаат на Прва Светска војна како една од последиците на францускиот пораз во Франко-Пруските војни што води кон француската експлоатација на балканската криза како повод за општа војна. Историчари исто така ја цитираат и германската дипломатска неснаодливост како и бранот национализам што ја преплавува Европa во тоа време. Прва светска војна станува позната како рововска војна, каде што голем број на војници се врзани за рововите и не можат да се движат многу заради напнатоста на одбраната. Ова е посебно вистинито за Западниот Фронт. Преку 9 милиони луѓе умираат на бојното поле и уште приближно толку на домашниот фронт како последица на недостаток на храна, геноцид и битка на земја. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |