|
Мистерии и урбани легенди |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 14.Април.2015 во 15:35 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 17.Март.2014 во 09:08 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пронајдена Атлантида...!!!
Истражувачите пронајдоа 56 милиони години стар предел за кој се смета дека е изгубениот град Атлантида, откако ги анализираа податоците собрани за една нафтена компанија со помош на ултра звучна технологија која работи со висока прецизност. Пронајдениот предел на длабочина од повеќе од 1,5 километри се наоѓа во близина на Шетландските острови и неговата топографија открива дека на него некогаш постоеле планини и осум големи реки. Научниците сметаат дека Атлантида пред потонувањето се наоѓала на 400 метри надморска височина и најверојатно била поврзана со денешна Шкотска и се протегала речиси до Норвешка. „Подводните снимки ни прикажуваат предел кој е идентичен со изгледот на копнените површини на било кој дел од земјата . Изгледа како да гледаме древен фосил кој е сочуван на дното на морето", изјави Ники Вајт од универзитетот Кембриџ. Научниците ја користеле најновата ултра звучна технологија која преку високо компресиран воздух испраќала звук до морското дно, и секој пат кога звукот наидувал на нерамнина се враќало ехо на микрофонот поставен во водата. На тој начин се создавала слика за она што се наоѓало во водата со помош на 3D технологија. Научниците исто така пронашле и мали фосили кои укажуваат на тоа дека овој предел некогаш се наоѓал во близина на морето. Деталните резултати од истражувањето се објавени во списанието "Nature Geoscience". |
||||
dreyk
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 27.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 41 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
10. Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре е хуманоиден криптид (суштество за кое се претпоставува дека постои но се уште не е научно докажано) за кое што се зборува дека ги населува мочуришните области во и околу Ли Каунти, Јужна Каролина, САД. Според легендите тој е над два метри висок, оди исправено и е цврсто граден со зелена лушпеста кожа и светкави портокалови очи. Се вели дека има по три прсти на рацете и нозете кои што завршуваат во кружни перничиња на врвовите со помош на кои се лепи на ѕидовите. Ова суштество за прв пат било забележано од Кристофер Дејвис, локален седумнаесетгодишник, кој што изјавил дека налетал на него додека се возел дома од работа во два часот по полноќ на 29. Јуни 1988. Според неговите кажувања, Дејвис застанал на патот крај мочуриштето за да ја смени издишаната гума. Во моментот кога привршувал со менувањето слушнал силен шум зад него, и кога се свртел го забележал чудовиштето како трча кон него. Дејвис раскажал дека суштеството во последен момент се дофатило до автомобилот и се качило на покривот додека тој се обидувал да избега од него, и потоа висело на покривот додека Дејвис правел остри цик-цак движења трудејќи се да го отфрли од автомобилот. Кога се вратил дома, забележал дека страничниот реттровизор бил доста оштетен, а исто така нашол и драсканици по покривот од автомобилот. Но освен тоа, немало други показатели за наводната средба со чудовиштето. Наредниот месец откако Дејвис го забележал мистериозното суштество, следувале уште известија за големо суштество кое наликувало на гуштер, како и за невообичаени гребаници и отпечатоци на гризнувања врз автомобилите кои биле паркирани во радиус од 5km близу мочуриштето.Две недели по случката со Дејвис шерифот направил гипсени отпечатоци од она што изгледало како стапки од стапала со три прсти- во должина од 360mm, но решиле да не ги праќаат во FBI на понатамошна анализа откако биолозите ги советувале дека тие не мжат да се класифицираат. Потоа видувањата и општата еуфорија по суштеството опаднала, за повторно да биде видено од една жена во октомври 2005, а во февруари 2008 повторно биле забележани чудни траги врз автомобилот на Боб и Дикси Росон, кои што забележале и дека некои нивни мачки се исчезнати. Трагите од крв најдени на автомобилот биле пратени на анализа по што било утврдено дека припаѓаат на куче. Две декади по првото видување на чудовиштето, луѓето се уште се прашуваат дали тоа е вистина, или пак луѓето кои што наводно го виделе се психички лабилни личности, или пак се работи само за добар рекламен трик за привлекување на туристи. Некои дури сметаат дека според тоа што суштеството оди на задните нозе и има три прсти, би можело да се работи за преживеан вид на диносаурус. 9. Гоблините од Хопкинсвил Овој случај е од редот на сведочењата за блиски средби од трет вид во историјата на НЛО инцидентите. Настанот се случил близу градовите Кели и Хопкинсвил во Кентаки, почнувајќи вечерта на 21. Август 1955 и продолжувајќи се до утрото следниот ден. Истражувачот на НЛО појавите Алан Хендри напишал:„овој случај се одликува по своетоо времетраење, како и по бројот на очевидците“. Повеќе очевидци тврделе дека во текот на тие неколку часа виделе пет сребрникави светлечки суштества, кои што биле високи околу еден метар, и се чинело како да лебдат над земјата. Очевидците истакнале дека дури употребиле и огнено оружје за да ги застрелаат суштествата, но без ефект. Таа вечер Били Реј Тејлор бил кај своите пријатели на вечера кога забечежал чудни светла на небото кон запад. Ги извикал и другите да излезат надвор. Групата на луѓе забележала светлечко суштество високо околу еден метар со несразмерно голема глава, големи клапести уши, светлечки очи и раце со канџи на нивните краеви. Приликата која што или била од метал, или пак била така облечена ги имала подигнато своите раце. Кога суштеството се доближило на приближно 6 метри растојание од куќата, луѓето започнале да стрелаат во него. Тогаш тоа се свртело и исчезнало во темнината. Еден од луѓето истапил за да види дали сепак го застрелале, а во тој момент канџеста рака се испружила од покривот и допрела некој од луѓето. Во следните неколку часа тие постојано забележувале такви суштества како се движат кон куќата. Некои веруваат, други пак мислат дека се работи за само уште еден производ на фантазијата. 8. Палатата Самервинд Палатата Самервинд, порано позната и како палатата Ламонт сега е само напуштена рушевина на бреговите Вест Беј Лејк во североисточен Висконсин, САД. Се смета дека е едно од најопседнуваните места во државата. Поради напуштеноста, како и случаите на пожар, останало многу малку од зградата. Самервинд бил изграден во раниот дваесетти век првично како рибарска куќичка. Во 1916 имотот бил купен од Роберт П. Ламонт кој што ги ангажирал архитектите од Чикаго, Талмаџ и Вотсон за да го преуредат местото во палата. Ламонт останал да живее во Самервинд приближно 15 години, за времето на кои слугите го известувале дека куќата е опседнувана од духови, но тој не им верувал. Како и да е, според кажувањата, тој ненадејно го напуштил имотот откако забележал некаква појава на дух во кујната. Откако некое време стоела празна, куќата ја купиле Арнолд и Џинџер Хиншо кои што се вселиле во неа во раните седумдесети заедно со нивните деца. Од тоа време наваму почнале зачестените известувања за појава на духови во тоа место. Откако се вселиле Хиншоови тврделе дека забележале извесен број на чудни појави, почнувајќи од треперливи сенки кои се движеле по степениците и тивки гласови кои запирале кога тие би влегле во собите од кои што се слушале, па се до разни електрични и механички проблеми како и отварања на прозорците сами од себе. Исто така виделе и дух на некоја жена кој што се појавил неколку пати во близината на собата за обед. Шест месеци по вселувањето Арнолд доживеал нервен слом, а Џинџер се обидела да се самоубие. Арнолд бил пратен на лечење, а Џинџер се преселила кај нејзините родители во Грантон, Висконсин. Во јуни 1988 Самервинд бил погоден од гром неколку пати кое што предизвикало пожар кој што уништил голем дел од палатата. Чудно, и покрај непосредната близина на високи дрвја до куќата, сепак токму таа била погодена од гром. Денес од неа останале само остатоци од оџаците, темелите и влезот. 7. Мистеријата Клапам Вуд Со тоа име се именувани серија на невообичаени збиднувања кои што се поврзани со Клапам Вуд во Западен Сасекс, Англија, кои што станале многу познати во популарната култура. Се известува за разни мистериозни случувања како невообичаени глетки и феномени како и исчезнувања на миленичиња. Исто така, со тоа место се поврзуваат и смртни случаи на луѓе. Почнувајќи од 60-те години на минатиот век разни луѓе тврдат дека таму забележале НЛО објекти, чувствувале тешка необјаснива мачнина или биле турнувани од невидливи сили, или пак забележувале некакви чудни необјасниви маглини како се појавуваат на патеките низ шумата. Други пак имале силно чувство дека некој ги демне и следи. Мерењата со Гајгеров бројач покажале зголемена радиоактивност во областа. Откако местото станало познато по својата мистериозност се случиле четири смртни случаи било близу или пак внатре во шумите. Првиот се случил во Јуни 1972 кога полицаецот Питер Голдсмит исчезнал додека ловел во областа. Неговото тело било најдено шест месеци подоцна. Второто тело било на Леон Фостер, откриено во Август 1975, кој што бил објавен за исчезнат три недели пред тоа. Третата жртва бил свештеникот Хари Нил Снелинг, поранешниот пастор на Клапам, кој што бил пронајден три години по неговото исчезнување. Во септември 1981 исчезнала шизофреничната бездомничка Џилиан Метјус- Витерс чие што тело било најдено шест недели подоцна, и според вештачењата таа била силувана и задавена. Во нивната книга од 1987, Демонската врска, Тојн Њутон, Чарлс Вокер и Алан Браун тврдат дека во Клапам Вуд се негувал сатанистичкиот култ наречен „Пријателите на Хеката“, кои што во шумите жртвувале кучиња и други животни. Според кажувањата Чарлс Вокер бил контактиран и вовлечен од некој член на групата кој што му кажал дека во култот учествувале луѓе на важни места. Подоцна култот го напуштил местото поради тоа што печатот многу се заинтересирал за случајот, како и поради тоа што големо невреме, познато како Големата Бура од 1987, уништило голем дел од шумата токму во годината кога книгата била издадена. 6. Триаголникот Бриџвотер Триаголникот Бриџвотер е област од околу 520 квадратни километри во североисточниот дел на Масачусетс, САД. Уште од колонијални времиња тоа е место каде што наводно биле забележани бројни паранормални феномени почнувајќи од НЛО, џиновски змии, „Големото стапало“, како и исчезнувања и убивања на стока. Во средината на областа се наоѓа мочуроштето Хокмок , што значи „место каде што скитаат духови“, а кое што било наречено „Ѓаволско мочуриште“ од раните доселеници. Во тој триаголник се пронајдени повеќе индијански гробници. Еден од најпознатите феномени забележани таму се необјаснивите светла кои што вообичаено се забележуваат во мочуришните области, а кои што според известувањата се појавуваат секој јануари. 5. Лудиот напаѓач со гас во Матун Со тоа име било означено лицето, или повеќето лица одговрни зад серијата напади со гас во Ботетурт Каунти во Вирџинија за време на раните триесетти, и во Матун, Илиноис во средината на четириесеттите. Првиот инцидент се случил во домот на Кол Хофман во Хајмејкертаун во областа Ботетурт, каде што се случиле три такви напади во текот на само една ноќ. Вечерта околу десет часот на 22 декември 1933, жената на Хофман се пожалила на чудна миризба која што и предизвикала мачнина. Истото тоа се повторило и половина час подоцна, кога што Кол Хофман повикал полиција. Третиот напад се случил во еден часот по полноќ, кога ефектот се почувствувал низ целата куќа. Осум членови на семејството го почувствувале тој ефект, заедно со Ешби Хендерсон, нивен гост кој што престојувал во куќата. Следниот инцидент се случил во Кловердејл на 24. декември. Кларенс Хал, неговата жена и нивните две деца се враќале од црква во девет часот вечерта. Почувствувале сладникава миризба после што почувствувале мачнина и изнемоштеност. Полицијата направила истрага со која што утврдиле најголема концентрација на мистериозниот гас кај еден од прозорците од кој што бил извлечен еден клинец, а дупката послужила како место од каде што бил пуштен гасот во куќата. Третиот инцидент се случил на 27. декември кога жителите на Трутвил А. Кели и неговата мајка се пожалиле на истите симптоми како и кај случаите на семејствата Хофман и Хол. Четвртиот и петтиот инцидент се случиле на десетти јануари кога гостинката на Хомер Хилтон жител на Хејмејкертаун, изјавила дека слушнала гласови пред куќата токму пред да биде пуштен гасот преку прозорецот кој што го скршиле мистерозните напаѓачи. Истата таа ноќ се случил и друг таков инцидент во куќата на Џ. Кинзи. Барем десет други напаѓања се случиле во Ботетурт, и дваесет нови такви случаи десет години подоцна во Матун. Еден очевидец изјавил дека го видел напаѓачот кој што всуност била висока и слаба жена облечена како маж. Отисоци од прсти кои што припаѓаат на жена се пронајдени кај некои места на нападите. 4. Зана Во средината на осумнаесеттиот век во регионот Очамчир во Грузија била заробена „дива жена“ која што имала карактеристики на мајмун, со голем граден кош, дебели раце, нозе и прсти, и била целата покриена со влакна. Оваа „дива жена“ наречена Зана од лицата кои што ја заробиле била толку агресивна на почетокот, што морала да помине многу години во кафез во кој што и ја дофрлувале храната. Најпосле некако успеале да ја припитомат и таа можела да извршува едноставни задачи како мелење на пченка. Со текот на времето Зана развила слабост кон грозје, како и кон вино. Всушност, таа многу сакала да пие вино и понекогаш толку силно се опијанувала што спиела со часови. Како што истакнува Колин Вилсон воЕнциклопедијата на нерешени мистерии, по се изгледа на тој начин и станала мајка на многу деца од различни татковци. Овие деца обично умирале кога таа наводно се обидувала да ги искапе во замрзнатата река. Поради тоа селаните почнале да и ги одземаат децата и да ги одгледуваат како свои. За разлика од неа, децата развиле способност за нормална комуникација. Зана починала во селото во 1890; нејзиното најмладо дете починало во 1954. Нејзината приказна била истражена од проф. Порчнев кој што испрашал многу стари луѓе од местото, а исто така и нејзините внуци. Тие имале темна кожа, а Шаликула, еден од нив, имал толку силна вилица што со устата можел да подигне стол со седнат човек на него. 3. Ѓаволските отпечатоци Ѓаволските отпечатоци е име за невообичаениот феномен кој се појавил во Девон, Англија на 8 февруари 1855. Откако паднал снег таа ноќ, серија на отпечатоци налик на копито се појавиле во снегот. Овие отпечатоци со димензии од 3 до 6 сантиметри и на растојание од 20 сантиметри еден од друг се појавиле низ областа од сто милји, и покрај тоа што некаде биле раштркани, главно следеле права линија. Препреките како реки, куќи, плевни биле директно преминувани. Такви траги биле наоѓани на снежните покриви на куќите и на други такви високи објекти кои како да се нашле на патот на мистериозното суштество. 2. Смртта на Мари Рисер Мари Рисер, родена во 188, била најдена речиси целосно изгорена во нејзиниот дом во Флорида во 1951. Чудното нешто е што од нејзиното тело останало нечепнато само нејзиното лево стопало , а екстремно високата температура потребна да се кремира човечко тело не предизвикала никаква штета во собата каде што бил најден купот со пепел. Од FBI го повикале проф. Крогман од Училиштето за медицина при пенсилванискиот универзитет, во надеж дека ќе помогне во решавањето на мистеријата. Тој рекол: „Не ми се верува дека човечко тело откако ќе се запали може да согори на ваков начин, како што согорува свеќа собирајќи се во купче восок.....Што всушност се случило, можеби нкогаш нема да дознаеме....Невозможно е таквата голема температура да не направи никаква штета во куќата...Како да живееме во средниот век, и како да се соочуваме со црна магија...“ Мистеријата останала нерешена. 1. Инцидентот Амитивил Малку се луѓето кои што не слушнале за филмот Ужасот во Амитивил – а повеќето и го имаат гледано истиот. Но она што можеби не го знаете е дека е правен врз основа на вистински случувања. Авторите на книгата (Џорџ и Кети Лутс) биле убедени до смрт дека приказната е вистинска. Во 1975. брачната двојката се вселила во куќата во Амитивил, Њујорк. Но тие не знаеле дека тринаесет години порано синот на поранешните сопственици ги убил сите шест членови на неговото семејство- велејќи дека бил воден да го стори тоа од гласовите во неговата глава. Убиецот Роналд Дифио е се уште во затвор во Њујорк, и таму ќе остане се до неговата смрт. Уште почудно, сите негови жртви биле најдени мртви во нивните кревети со лицата надолу без никакви знаци на борба, или пак седативи во нивните тела. По дваесет и осум дена откако се вселиле, Џорџ и Кели избегале- велејќи дека серија ужаснувачки искуства ги натерале да избегаат. Семејството почувствувало лоши мириси, слушале силни гласови, чудни звуци, а дури и физички биле нападнати. Исто така виделе светлечки црвени очи во куќата. Кети нашла мала скриена соба во куќата, бојадисана во црвено, и нивното куче не сакало ни да пријде до чудната соба. Подоцна повикале и свештеник да ја благослови куќата, и тој исто така бил очевидец на некои такви случувања, за што посведочил пред камера. Сегашните сопственици пак, како и тие по Лутсови, не се пожалиле на такви мистериозни и паранормални појави, а прозорците во холандски стил биле преуредени за да ги спречат љубопитните погледи. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova pod broj dva....
Children of Bodom si go zemale imeto na mestoto i go plesnale vo imeto na nivniot bend. Valjda im se uklopilo so agresivnosta nivna. |
||||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
10 мистериозни нерешени убиства
Прекопано : 5007 Еве уште една листа посветена на темната страна на човечката природа. И покрај тоа што биле извршени судења за некои од следниве случаи, на крај тие сепак останале во списокот на нерешени убиства. 10. Убиствата во Сеевен Убиствата во Сеевен се случиле за време на Пентекостот во 1976 и остануваат како еден од најголемите нерешени случаи на убиство во Швајцарија. Пет членови на семејството Зигрист на возраст од 45 до 80 години биле пронајдени во викендица во заштитените шуми на Сеевен. Од полицијата претпоставиле дека само два члена од семејството биле цел на убиство, додека останатите три жртви едноставно ја имале несреќата да се најдат на погрешно место и во погрешно време. Причината за смртта била очигледна, тринаесет прострелни рани од пушка тип Винчестер. Но она што било изненадувачко е прецизноста со која што биле застрелани. Единаесет истрели во главата и два во градите. До ден денешен мнозинството од швајцарската јавност се сомнева дека убиецот е Карл Досер. Во 1996 била пронајдена пушка Вичестер од италијанско производство скриена во ѕидовите на неговиот дом. Форензичките тестови утврдиле дека токму тоа е оружјето со кое што се извршени убиствата, но не бил утврден никаков мотив ниту никаква поврзаност помеѓу Досер и жртвите, па така тој останал само осомничен. Спред втората теорија, можниот убиец е Џони Зигрист, член на семејството на убиените, кому што Досер можеби му помагал. Џони веројатно е купувачот на муницијата, и продавачот се сеќава дека бил прашан дали муницијата од типот kal. 38 Spez би одговарала за Винчестер од италијанско производство. При претресот во неговата куќа биле пронајдени прострелани глави од стиропор....Можниот мотив- Џони се чувствувал запоставен и омаловажен од неговото семејство, но неговата смрт во осумдесеттите го оневозможила дефинитивното решавање на случајот. 9. Боб Крејн Роберт „Боб“ Крејн бил американски ТВ актер кој што бил познат по неговата ролја на Кол Хоган во комичната серија „Хероите на Хоган“. Серијата играла шест години (1965- 1971) и Крејн станал омилен поради неговиот мажествен изглед и неговото особено дрско држење во борбата со нацистите. Но она што јавноста не го знаела за Крејн е неговата приватна борба со зависноста од секс, која што уништила два брака. Оваа зависност вклучувала не само безброј врски со млади жени, туку и голема актвност на андерграунд секс сцената, развивајќи се во опсесија со камери, порно филмови и сл, особено со тогаш новото развитие на видео техниката. На 29 Јуни 1978 година, Кренј бил пронајден искрварен до смрт во неговиот апартман во Скотсдејл, Аризона. Првиот осомничен бил Џон Карпентер- не станува збор за познатиот режисер, туку за голега зависник на Крејн, кој што го вовел во употребата на камери при нивните сексуални активности. Карпентер признал дека тој бил со Крејн во последната ноќ кога Крејн бил жив, но одрекол дека тој бил тој кој што го убил Креј со повеќекратни удари со трипод во главата, иако била пронајдена мозочна материја во изнајмениот автомобил кој што Карпентер го возел. За несреќа, истрагата уште од почетокот била водена ужасно лошо од страна на полициските оддели во Скотсдејл и Феникс, и поради пропаднатата форензичка истрага, како и политичките случувања во обвинителската канцеларија кои што речиси и да немале никаква врска со случајот, Карпентер останал на слобода. 8. Дајан Фоси Дајан Фоси го привлекла светското внимание со нејзините пионерски истражувања на горилите во Африка, и во нејзините постојани напори да се спречи ловокрадството на суштествата кои што таа ги засакала. Во 1967 Фоси го основала истражувачкиот центар Карисоке, кој што бил база за нејзините истражувања, лоциран во планините Вирунга во Руанда. Нејзината фотографија се нашла на насловната страна на National Geographic Magazine во Јануари 1970, и фотографијата на која што едно горила ја допира раката на Фоси го прикажала првиот мирен контакт помеѓу човечко суштество и диво горила. Нејзината книга „ Gorillas in the Mist“ останува најпродаваната книга за горили на сите времиња, и таа ги продала своите права на Universal Studios за сума од еден милион долари за да може непречено да се посвети на истражувачката дејност. Во 1985 Фоси била пронајдена мртва во нејзиниот кревет во Карисоке. Во нејзината глава била забиена мачетата која што таа претходно ја конфискувала од ловокрадците и ја чувала обесена на еден од нејзините ѕидови. Доказите најдени на местото на злосторството посочувале кон вработените во истражувачкиот центар, и целиот персонал бил уапсен, но подоцна сите биле ослободени и никој не бил кривично гонет за убиството, иако се претпоставува дека се работи за вмешани во црниот пазар и ловокрадството на горилите и други заштитени животни. Веројатно и никој никогаш нема да биде осуден и случајот ќе остане нерешен. Дајан Фоси е закошана до гробот на нејзиното омилено горила Дигит, во истажувачкиот центар Карисоке, во специјалните гробишта за горили кои што таа ги изградила за горилите со кои што го поминувала најголемиот дел од нејзиното време, проучувајќи ги. 7. Џули Ворд Џули Ворд, дваесет и осум годишниот фотограф ја посетувала Кенија, и била пронајдена мртва во Масаи во 1988 откако нејзините пријатели пријавиле дека не присуствувала на прошталната вечера ноќта пред да си заминат од Африка. Нејзиното расчеречено и запалено тело било пронајдено длабоко во резерватот една недела откако била прогласена за исчезната. Првичната теорија на кениските власти била дека таа била растргната од лавови и потоа погодена од гром, но подоцна се согласиле дека станува збор за убиство откако биле пронајдени нови докази благодарение на напорите кои што ги вложил нејзиниот татко. Било откриено дека истражните органи ги измениле известијата со цел да се прикрие човечката вмешаност во убиството на Џули. Имало две судења во врска со овој случај, еден во 1992 и друг во 1998, но сите тројца осомничени биле ослободени. Вниманието на меѓународната јавност било свртено кон случајот благодарение на заложбите на нејзиниот татко, Џон Ворд. Тој патувал во Африка преку сто пати и потрошил повеќе од милион фунти во неговите обиди да се доведат убијците пред лицето на правдата, но поради вмешувањето на представници на високата власт како поранешниот председател Даниел Мои и загрижените за безбедноста на кениската туристичка индустрија, никој не бил прогласен за одговорен за грозоморното уиство на младата жена. 6. Амбер Хагерман Нерешените убиства се доволно вознемирувачки сами по себе, но помислата дека детеубиец се уште се шета слободен е една од најлошите реалности со кои што заедницата би можела да се соочи. Амбер Хагерман била убаво десетгодишно девојче од Арлингтон, Тексас. На 13 Јануари 1996 нејзино другарче дало опис на човекот кој што брзо и насилно ја турнал Амбер во неговото црно комби. Веднаш била организирана потрага, но четири дена подоцна било пронајдено нејзиното тело. Телото го пронашол некој човек кој што си го шетал кучето. Нејзиното грло било пресечено два дена по грабнувањето. Во 2007 бил уапсен Терапон Аднан од Такома, во врска со серија на грабнувања и силувања на деца во околината на државата Вашингтон, и тој е единствениот осомничен за убиството на Амбер, иако не било поднесено никакво обвинение . Се уште е распишана награда од 75 000 долари за информација која што би можела да го посочи убиецот. Случајот на Амбер ќе остане запаметен во американската историја. „Тревогата Амбер“ е јавен известувачки систем усвоен во САД како напор да се зголеми безбедноста и враќањето на исчезнатите и киднапирани деца. Во Април 2003, председателот Џорџ Буш ја потпишал „AMBER Alert“ како национална програма. 5. Тупак Шак*р Роден е како Тупак Амуру Шак*р, исто бил познат и како 2Pac а понекогаш и како Макавели, американски рапер и актер. Ноќта кога бил застрелан е добро докуметирана. Тој никогаш не бил сам, и бил придружуван од Марион Најт сета таа вечер. На 6 Септември 1996 Тупак присуствувал на меч на Мајк Тајсон во Лас Вегас. По крака расправија со Орландо Андерсон, Тупак заминал со Марион во неговиот дом во предградие на Лас Вегас. Околу десет часот вечерта се упатиле кон Club662, каде што Тупак имал закажано настап со рап бендот Run DMC. Но никогаш не пристигнале. На црвено светло нивниот автомобил бил опкружен од три страни со три други возила, а на четвртата се појавил друг автомобил од кој што почнале да стрелаат. Од 13 к*ршуми истрелани во BMW- то на Марион, три завршиче во телото на Тупак, од кои што еден во градите, еден во колкот и еден во раката. Тупак бил однесен во болница каде што бил подложен на итна операција, но по три операции во текот на кои што му било извадено едно белодробно крило, Тупак им подлегнал на повредите шест дена подоцна. Некои велат дека Тупак бил убиен поради неговите врски со бандите, други дека бил убиен затоа што неговата мајка некогаш била член на Црните Пантери, или пак поради ривалство во рап бизнисот, но како и да е, единствениот сведок кој што се согласил да сведочи, Јафу Фала, бил убиен во Њу Џерси, со што случајот останал нерешен. 4. Катрин да Коста Проституцијата тешко дека е безбеден начин да се заработи за живот, и тоа се докажало и во случајот на Катрин да Коста, пролетта во 1984. Таа работела во северниот дел на Стокхолм, Шведска, се до моментот кога било пронајдено нејзиното тело на две различни места во градот Солна. Била пријавена како исчезната на 10 Јуни, а првата вреќа со остатоци од нејзинот тело била пронајдена на 18 Јули. Втората вреќа била пронајдена на плажата Карлсберг во Солна на 7 Август, додека нејзината глава, внатрешни органи и едната дојка и гениталиите никогаш не биле пронајдени. Недостатокот на на токму овие делови од нејзинот тело е и првичната причина поради која што никој не бил осуден за ова злосорство. Двајца доктори, од кои што едниот бил патолог кој што работел во тој реон, и еден општ лекар, чија што многу млада ќерка се присетила дека нејзиниот татко го извршил злосторството биле уапсени и изведени на суд. Но поради недостигот на докази за начинот на убиството, и поради исчезнатите телесни делови, не можело да се утврди дали жртвата била убиена или пак „умрела од природна смрт“, и шведскиот законски систем бил присилен да ги ослободи двајцата осомничени. Сепак, на нив им била одземена работната дозвола и тие повеќе не можат да се занимаваат со лекарската професија, за што тие го тужеле системот поради „неправедна загуба“ и по една цела декада судење, нивната жалба била одбиена во Февруари годинава. 3. Мери Пинчот Мејер Мери Пинчот Мејер е уште една од многуте жени која што умрела поради нејзината поврзаност со Кенедиеви. Завршувајќи го своето образование на Brearli School и Vassar College, Мери се заинтересирала за комунизмот и била члена на американската лабористичка партија. Работењето за списанието Мадмоазел ја држело Мери во круговите на високото општество. Никој не бил изненаден кога се омажила за Корд Мејер, поручник на американската морнарица кој што се искачувал на скалата на успехот во 1945. До 1947 таа решила да ја напушти нејзината работа како уредник на Athlantic Monthly, за да стане домаќинка и мајка на три деца. Корд Мејер си осигурал место во CIA, и фактот што бил член на комунистичка партија не претставувал никаква пречка за тоа.Во раните педесетти, Мејер станал еден од главните оперативци на „Оperation Mockingbird“, тајна операција за обликување на јавното мнение со помош на масовните медиуми. Комунистичките склоности на Мери исто така можеле да бидат од полза за CIA, но поради нејзините бројни љубовни афери не можеле да сметаат на неа. Во 1956 смртта на нејзиниот среден син го поплочил патот кон разводот и ја отворила вратата за нови љубовни авантури, па така Мери немала никаков проблем да го продлабочи долготрајното пријателство со Џон Ф. Кенеди. И сега следува чудниот дел. Изгледа дека тогаш се јавувала тенденција кај жените од високото општество да влијаат врз политичките одлуки на значајните фигури во американската политика ползувајќи се со секс и LSD. Мери била член на оваа мала група, и нејзината цел била лично Џон Ф. Кенеди. Со оглед на тоа дека нивната врска се случувала за време на фијаското со Заливот на Свињите, можно е таа навистина да имала некакво влијание врз неговите одлуки. Мери била убиена на 12 Октомври 1964, единаесет месеци по атентатот на Кенеди. Нејзиното тело имало две прострелни рани, една во задниот дел на главата и една во срцето, направени од блиско растојание. По нејзината смрт нејзините најблиски упорно го барале нејзиниот дневник, кој што откако го нашле, го запалиле во присуство на двајца членови на нејзиното семејство, кое што изјавиле дека во него пишувало и за атентатот на Кенеди, но немало понатамошни докази кои што би го расветлиле убиството на председателот. Во 2001 Корд Мејер бил запрашан кој ја убил Мери. Тој одговорил „Истите кучкини синови кои што го убија и Џон Ф. Кенеди“. 2. Убиствата кај езерото Бодом Езерото Бодом се наоѓа во близина на Хелсинки, Финска, и е место каде што се случило крваво масовно убиство на 6 Јуни 1960. Тоа утро четири тинејџери; две осумнаесетгодишни момчиња и две петнаесетгодишни девојчиња биле дивјачки нападнати со нож и искасапени додека спиеле во шатор крај езерото. По нападот тројца од нив починале, додека имало само еден преживеан- Нилс Густафсон, кој што бил тешко повреден и со скршена вилица. Тој успеал да закрепне од повредите и продолжил да живее здрав живот. Покрај тоа што имало преживеан, немало никакви траги кои што би можеле да го псочат виновникот за злосторството. Точно дванаесет години подоцна, еден човек оставил порака пред да изврши самоубиство во која што ги признал убиствата. Но истрагата а полицијата утврдила дека тој сепак не бил сторителот на делото. Една друга трага се појавила во 2003 кога проф. Јорма Пало го објавил досието на еден човек кого што примил во својата ординација ноќта по убиството. Името на човекот било Ханс Асмаан, и бил лекуван од „сомнителни повреди“. Пало претпоставува дека токму тој е убиецот , но убиството било неразјаснето затоа што Асмаан бил поврзан со КГБ. Најзбунувачкиот дел од случајот е апсењето на Нилс Густафсон, преживеаниот од нападот, и тоа во 2004, 44 години по злосторот кога Густафсон имал 62 години. Според полициското известие „Густафсон избувнал во гнев на љубомора поради неговите чувства кон неговата нова девојка. Таа била прободена неколку пати, додека останатите двајца тинејџери биле убиени на помалку брутален начин“. Случајот дошол до судење, но крвните докази не можеле да бидат поврзани со Густафсон и тој бил пуштен на слобода во 2005 година. Како отштета државата му исплатила голема сума на пари „во надомест за душевното страдање за време на долгиот притвор“. 1. Истребувачот на слугинки Се претпоставува дека Моли Смит била првата жртва на „истребувачот на слугинки“ сериски убиец кој бил активен во Аустин, Тексас од 1884 до 1885 година. Претходејќи му на Џек Мевосек речиси четири години, злобноста на неговите напади ја натерале јавноста во хистерија, па така некои се обиделе да воспостават врска помеѓу двете серии на убиства претпоставувајќи дека се работи за дело на еден убиец. Смртта на најмалку седум млади жени му се припишува на овој убиец кој што ги касапел неговите жртви до смрт. Понекогаш убивал со секира, а некои од жртвите биле прободени со некакви шилци низ ушите и во главата. Навиката на убиецот била да ги одвлечка жртвите од нивниот кревет додека спиеле, и поради овој начин во најмалку два наврати биле нападнати и мажи кои што спиеле со жртвите. Биле извршени бројни апсења, но поради недостигот на докази и поради цврстите алибија биле ослободени сите осомничени по ред. До септември 1885 „истребувачот“ нападнал осуммина луѓе од кои што петмина починале. Потоа нештата стивнале за неколку кратки месеци, и потоа на Божиќната вечер истата година две бели жени биле извлечени од нивните кревети, силувани и убиени со секира. Сопрузите на овие две жени биле уапсени и однесени на суд, каде што биле прогласени за невини и ослободени. Убиствата тогаш престанале, и никој не бил обвинет. Да се навратиме на убиствата на Џек МЕвосек, кои што се случиле во Вајтчапел , Лондон во 1888. Еден од осомничените бил еден малезиски готвач кој себеси се нарекувал Морис, човек кој што се заканувал дека ќе ги убие проститутките од Вајтчапел, но кој потоа исчезнал. Во 1885 тој бил вработен во Перл Хаус, мал хотел во Аустин, Тексас. Според информациите, готвачот го напуштил хотелот во јануари 1886. Убиствата престанале само неколку недели претходно, и сите жртви живееле недалеку од Перл Хаус. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Има толку многу нешта во врска со човечкиот ум што остануваат мистерија и до ден денешен. Науката може да ги објасни чудните феномени, но не може да објасни која е причината за нивното појавување, или барем за повеќето од нив. Повеќето од нас веќе сме чуле за некои од примерите кои се на оваа листа, но има и такви феномени кои се непознати за повеќето луѓе. Следува листа од топ десет чудни ментални феномени.
Сите ние имаме некакво искуство на одредено чувство кое не обзема од време на време, дека тоа што го зборуваме или правиме во моментот веќе сме го кажале или направиле и порано, во некое дамнешно време- дека некогаш сме биле опкружени со исти лица, исти предмети и вo исти околности- дека точно знаеме што следно ќе се каже, и се чини како недостасува само малку па да се сетиме! - Чарлс Дикенс 10. Déjà Vu Дежа ву (веќе видено) е такво искуство кога сте речиси сигурни дека сте виделе или доживеале некоја ситуација и порано- чувствувате како настанот веќе да се случил и како само да се повторува. Искуството обично е проследено со силно чувство како сето тоа да ви е многу познато од некаде, проткаено со чувство на таинственост и необичност во целата ситуација, но понекогаш и со силно чувство како тоа да се случило точно така и во минатото, само не знаете кога. 9. Déjà Vécu Дежа веку, или „веќе доживеано“ е тоа што повеќето луѓе го доживуваат кога мислат дека доживуваат дежа ву. Дежа веку е слично како дежа ву , само со многу посилен интензитет, чувствувате како сето тоа што се случува во моментот ви е познато од некаде, и тоа во детали, како препознавањето на определени мириси и звуци. Таквото чувство обично е проследено со многу силно чувство дека знаете точно што ќе се случи следно. Тоа е многу чудна и необјаснива сензација која што воопшто не е ретка појава кај луѓето. 8 . Déjà Visité Дежа визите е помалку вообичаена појава која што во себе вклучува необјасниво познавање на место кое што е сосема ново за вас. На пример, можеби некогаш ви се случило да ви е познато некое место кое што никогаш порано не го имате посетено, а не можете да си објасните од каде ви е тоа знаење. Натаниел Хаторн пишува за таквото исккуство во неговата книга „Нашиот стар дом“, во која што тој опишува како посетил некој стар срушен замок, и знаел точно како изгледал тој. Подоцна се сетил дека всушност години порано прочитал некоја поема во која што детално бил опишан тој замок. 7 . Déjà Senti Дежа сенти е феномен кој се однесува на чувството дека некогаш веќе сте го почувствувале истото и порано. Ова е умствен феномен кој што се случува во одреден момент, и ретко останува во вашето сеќавање подоцна. Еве како го опишува тоа чувство личност која го доживеала истото: „ Тоа на што се сосредоточува вниманието е истото кое што го привлекло моето внимание и порано, и тоа навистина се чини многу познато на некој начин, но било заборавено со текот на времето, а сега се враќа со делумно чувство на задоволство како тоа што се случува да било посакувано. Тоа присетување секогаш почнува со нечиј глас, или со некоја моја изречена мисла, или од нешто што читам во моментот и во себе си помислувам- ’О да, точно така, се разбира дека се сеќавам’- но некоја минута подоцна не можам да се сетам ниту на зборовите, ниту на мислите кои што го предизвикале тоа сеќавање. Останува само силното чувство како целата таа ситуација да ми е многу позната, дека сето тоа е почувствувано и порано во некои абнормални околности.“ Или помислете на ова- дали некогаш ви се причинило дека сте кажале нешто, а всушност не сте изговориле ни збор? 6 . Jamais Vu Жаме ву- никогаш видено, е кога не можете да препознаете нешто кое што ви е всушност познато. Тоа е спротивната ситуација од дежа ву, и често предизвикува чувство на нелагодност и чудност. Личноста која го чувствува овој феномен не може рационално да преппознае некоја ситуацаја, при се што знае дека тоа треба да му е познато. Обично тоа се опишува дека личноста во моментот не може да се сети на некој збор, лице или место, кои што всушност ги знаат. Крис Молин од универзитетот Лидс прашал 92 доброволци да напишат „врата“ триесет пати во шеесет секунди. Тој подоцна известил дека 68 проценти од неговите испитаници покажале симптоми на жаме ву, а некои од нив почнале да се сомневаат и дека зборот „врата“е збор кој што воопшто и означува нешто. Тоа го навело да верува дека оваа појава можеби е симптом на замореност на мозокот. 5 . Presque Vu Преск Ву е ситуација слична како чувството дека нешто ви е „на врвот на јазикот“- тоа е силно чувство дека секој момент можете да се сетите на нешто, само што тоа ретко се случува. Овој термин на француски значи речиси видено. Чувството понекогаш може да биде многу вознемирувачко и збунувачко. 4 . L’esprit de l’Escalier Тоа е термин за ситуацијата кога ќе ви се случи да се сетите на нешто, ама кога веќе ќе биде доцна. Како на пример кога ќе се сетите на некој многу итар саркастичен одговор на некоја навреда, ама веќе предоцна за тоа да ви биде од некаква полза, и се што ви преостанува е да кажете- е тоа требаше да му кажам. Во превод од француски фразата би значела нешто како „мудрост по скалите“, или нешто како нашето „дојде умот кога си ојде кумот“. Чувството вообичаено е проследено со жалење поради тоа што не сме се сетиле на нешто во моментот кога тоа било прикладно за ситуацијата. 3 . Синдромот Капграс Синдромот Капграс е таков феномен кога некоја личност верува дека негов близок пријател или член на семејството бил заменет со некој натрапник кој што изгледа идентично на блиската личност. Таков бил случајот со верувањата во средновековниот фолклор дека бебињата биле крадени и заменувани со виленици, а ист е и случајот со модерното верување дека вонземјаните превземаат форма на некои луѓе за да живеат незабележано покрај нас поради некои непознати причини. Оваа прелест е честа кај луѓето болни од шизофренија. 2. Симптомот Фреголи Оваа илузија е редок феномен кога личноста верува дека повеќе луѓе се всушност само една личност која што се крие зад повеќе идентитети. Таквото пореметување обично се јавува кај луѓето со параноја, и луѓето кои веруваат во такво нешто се убедени дека личноста која што се претвара во други луѓе ги прогонува. Оваа состојба е именувана по италијанскиот актер Леополдо Фреголи кој што бил познат по својата исклучотелна способност брзо да ги менува ликовите за време на претставата. Симптомот првпат е забележан во 1927 година кога 27 годишна жена била уверена дека е прогонувана од двајца актери кои што често ги гледала во театарот кој го посетувала. Таа верувала дека тие луѓе „упорно ја следеле, престорувајќи се во луѓе кои што таа ги знаела и со кои што се среќавала“. 1 . Просопагносиа Просопагносиа е термин кој што означува состојба кога некоја личност не може да се сети на лицето на некои луѓе, или на нешто кое што инаку би требало да го знае. Луѓето со такво пореметување блиската личност ја препознаваат по други детали, како на пример нивниот парфем, нивниот глас, фризура или по начинот на кој што одат. Класичен случај на ова пореметување е прикажан во книгата „Човекот кој што си ја погрешил жената поради шапка“, напишана од неврологот Оливер Сакс, во која што ги опишува случаите на неговите пациенти. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Понекогаш светот се чини како навистина здодевно место за живеење. Додека од една страна науката ни го дала најдоброто објаснување за светот во кој што не опкружува, од друга страна се чини дека ја уништила и сета магија и сите чуда од него исто така.
Зарем не би било чудесно кога навистина би имало чудовишта кои што демнат во шумите крај вашите куќи. Па, некогаш можеби и навистина имало. Иако повеќето од нештата кои што ве ваделе од памет додека сте биле деца, како ненадејни тресоци или скрцања биле само резултат на провев, или некои други, сосема вообичаени нешта кои што детската фантазија природно ги преувеличува, можеби децата од претходните генерации и навистина имале од што да се плашат. На крајот на краиштата, сите легенди мора да се врз основа на нешто вистинито, зар не? Следуваат пет митски суштества кои што можеби некогаш навистина постоеле, или поточно, кои што можеби постотеле многу одамна. 1. Сасквач Секој ја знае приказната. Скоро секој го видел видеото за човекот во костум на горила кој што лежерно се шета низ шумите. Но дали има некаква вистина во врска со легендарното Големо Стапало? Па, најпознатата снимка на Големото Стапало, направена во 1967 од Роџер Патерсон се смета дека е лажна од очигледни причини. Како и да е, научниците сепак не се во можност да докажат ниту дека е лажна, ниту пак дека е вистинита. Наместо тоа, тие, како и сите скептици се спсредоточиле на чистата невозможност на постоењето на легендарното суштество. Повеќето еколози се согласуваат дека климатските услови на северозападна Америка едноставно не можат да овозможат постоење на некој вид на голем примат, а ообено не во таков број кој што би овозможил континуирано размножување на тој вид. Исто така, секоја популација доволно бројна за да си обезбеди продолжување на својот вид е многу тешко да се скрие од човечките очи, со што средбите со Големото Стапало би биле многу почести отколку што навистина се. Но сепак постои мала веројатност дека видот Сасквач е близу до изумирање. Но ако навистина е така, со оглед на тоа што првите ретки забележувања на ова суштество се забележуваат со првите европски доселеници на Америка, големите стапала сигурно изумреле прилично одамна. Се разбира, има приказни за влакнести луѓе од шумата кои што и претходат на колонизацијата на Северна Америка. Фолкорот на северноамериканските дмородци е преполн со вакви мотиви, иако опшиувањата на изгледот на суштеството, неговото однесување и темперамен се разликуват од една индијанска легенда до друга. Повеќето го опишуваат Големото Стапало како некој вид на плашило кое што ги јаде непослушните деца. Но се разбира, такви приказни има во фолклорот на секоја култура ширум светот. Зошто е тоа така? Па, ние луѓето изгледа дека многу сакаме да фантазираме за големи влакнести чудовишта бидејќи некогаш и навистина сме живееле покрај нив. Можеби едноставно се работи за чување на една традиција во вид на колективна меморија, која иако повеќе или помалку искривено не потсетува на времето кога некогаш нашите предци живееле заедно со уште еден човечки вид- неандерталецот- некаде пред триесет илјади години. 2. Вампири Уште еден мит кој што е стар колку што е и времето е митот за вампирите. Овој мит е една од најстарите легенди кој што се јавува кај секоја култура на лицето на земјата. Се разбира, опишувањата на овие крвопијци си имаат свои различни верзии во секоја земја. Во југоисточна Азија на пример, има речиси бескрајни варијации на таа тема.Најчесто вампирите се претставени во форма на убава млада жена која што може да ја оддели главата од трупот и така да лета низ ноќното небо. Некои немаат очници, туку ја цицаат крвта на жртвата со помош на долгите коси. Други пак се служат со долг јазик со кој што ја локаат крвта, или дури и ги вшмукуваат фетусите од утробите на заспаните бремени жени. Дури и за Големото Стапало во северна Америка има еден таква легенда во која што тој е прикажан како крвопиец. Модерната претстава за вампирите се развила од најразновидните европски приказни за нив. На пример, нивната поврзаност со лилјаците е измислица на Брајан Стокер, авторот на Дракула, Во времето пред деветнаесеттиот век вампирите најчесто се престорувале во животни како мачки или кучиња и сл. Колец низ срцето не секогаш можело да ги убие вампирите. Во постарите европски легенди на тој начин само се приковувале вампирите за земјата, додека самото нивно конечно убивање се сметало за невозможно. Лукот исто така во тоа време не би ви бил од голема помош, бидејќи парчиња од лук биле ставани само во устите на мртовците за тие да не се повампируваат и да гризат луѓе. Покрај лукот, исто така ставале и кромид, но најефективниот начин се сметало дека е комплетното отстранување на главата пред закопувањето. Во тоа време вампирите и изгледале поинаку отколку во модерните легенди. Далеку од тоа дека биле бледи суштества, всушност, тие биле претставувани со темен надворешен изглед. Исто така ги немале ниту острите заби кои се денес нивен заштитен знак. И во нашиот фолклор исто така има бројни легенди за вампирите, какви што можете да прочитате на пример во собраните дела на Марко Цепенков. Како и да се развивале приказните за вампирите со текот на времето, јасно е дека се дел од долга традиција на која што е многу тешко да се одредат логичните почетоци. Ако има било каков показател за некаков вампир кој што живее денес меѓу нас, тоа доаѓа во формата на чупакабре. Чупакабре, или „крвопиецот на кози“ ги вознемирувал фармерите на Централна и Јужна Америка веќе долги декади со тоа што целосно им ја исисувале крвта на нивниот домашен добиток, Неколку звидувања, дури и видео снимка од чудните суштества во тој регион посочуваат на тоа дека се работи за некаков мутиран којот, или пак претходно непознато суштество кое наликува на некаков вид на куче. За други пак, тоа е сепак некакво демонско суштество кое што покрај во формата на куче, се јавува и во форма на човек. 3. Чудовиштето од Лох Нес Лох Нес не е единственото во Шкотска, па дури и Европа за кое што има јавувања дека во своите води крие некакво легендарно суштество. Како и да е, сепак е најпознатото. Легендата за чудовиштето од Лох Нес се пренесува од колено на колено веќе неколку стотици години, привлекувајќи ја љубопитноста на многу истражувачи, кои што понудиле најразлични толкувања на овој мит. Во тоа време имало многу сведочења за ова суштество во кои што тешко можете да пресудите што е вистина, а што фантазија. Првите пишани документи за видувања на чудовиште во водите на Лох Нес почнуваат уште од седмиот век како дел од биографијата на Света Колумба. Во неа се раскажува како светицата спасила група од локални рибари од некаква голема водна змија која што имала човечки спообности на убедување и замајување. Се разбира дека ова е далеку од историски факт; приказната била напишана многу години по смртта на Колумба, и да бидеме искрени, средновековните христијани биле доста креативни во врска со вистината, особено кога тоа помагало да преобратат неколку пагани. Во 1933 се случило спектакуларно преродување на митот кога Џорџ Спајсер и неговата сопруга известиле дека виделе „исклучително необично животно“ како го поминувало патот кон езерото. Приказната била објавена во локален весник во која што Спајсер опишал дека суштеството има долг врат, пераи и дека носело мртво животно во неговата уста- типичиот денешен профил на Неси. Медиумите едноставно полуделе и новинарите ги опседнале бреговите на езерото во потрага по други сведоци, набргу дознавајќи дека скоро секоја личност си имала своја верзија на приказната за локалното езерско чудовиште. Тоа бил почетокот на интерес и потрага кои што траеле со декади. Откако била направена и првата фотографија од чудовиштето, една година под видувањето на Спајсер, не поминал ниту еден ден без некоја камера да ги набљудува водите на езерото. Има голем број на фотографски и видео снимки направени од „Неси манијаците“ но за ниту една од нив не се докажало дека е веродостојна. И научниците исто така се вклучиле во потрагата, употребувајќи и звучни радари, но сето тоа без никакви резултати. Дали навистина има нешто такво како фамозното чудовиште од Лох Нес? Па, веројатно не. Сигурно е дека нема никакво предисториско суштество кое што живее во водите на езерото денес. Дури и најсрамежливите суштества би се покажале до денес, Но тоа не значи дека никогаш и не постоело некое големо суштество во водите на Лох Нес. Можеби во средниот век и навистина имало непознато суштество во водите на Лох Нес, а исто така и на Лох Морар, каде што се верувало дека живее Мораг- роднината на Неси, Всушност, слични легенди се забележани низ цела Европа предизвикувајќи со тоа претпоставки дека се работи за некаков непознат, и сега изумрен вид на животни. 4. Змејови Ако се претпоставува дека чудовиштетоод Лох Нес можеби претставува едно од последните примероци на некој исчезнат животински вид, истото би можело да се однесува и за змејовите. Како тогаш да се објасни неверојатната сличност во древните опишувања на овие чудовишта со модерните откритија за одамна исчезнатите диносаури? Можеби широко развиената представа за змејовите во средновековито се развиа откако во тие времиња некој случајно открил остатоци од диносаурус во регионот н Месопотамија. Во античка Грција, Рим и во келтскиот свет, описите на змејовите во многу што наликуваат на тие од Кина, со змијолик вид. Модерната верзија на џиновси четвороножни змејови е од поново време. Но дали таа промена во представата може да ни помогне за одредување на почетоците на овој мит? Змејот, иако повеќе во змијолика форма, се јавува во фолкорот на речиси секоја култура во светот и е синоним за моќ, сила, мудрост, а често и бруталност. Древните цивилизации од Централна Америка дури и обожувале богови во вид на летечки змии, па дури и принесувале крвни жртви во нивна чест. Вакви култови се среќаваат и во Источна Европа, како и во Централна Азија. Јасно е дека оваа рептилска опсесија е стара колку што е стар и човекот. Но дали тоа значи дека змејовите се ништо повеќе од далечно сеќавање за нашето примордијално минато? Луѓето од средновековна Европа и Азија очигледно мислеле поинаку. За нив, змејовите биле насекаде, се криеле во пештерите, палеле цркви и ги јаделе нивните деца. Се верувало дека далеку во земјите на исток било преполно со чудовишта кои блујат оган. Дали треба буквално да ги прифатиме овие приказни? Многу учени веруваат дека змејовите се ништо друго туку метафора за некој пагански ритуал, но покрај таквата возможност, има показатале дека луѓето се плашеле од чудовишта кои не биле само некаква измислица. На далечниот исток имаат сосема поинаква представа за природата на змејовите. Таму тие се сметаат за суштества со голема мудрост и духовност. Тие повеќе се поврзуваат со водата и воздухот отколку со огнот. Се вели дека боговите се симнале од небото во утробата на змеј. Има и една легенда дека царот Хуаг Ти се вознесол на небото во кочија влечена од змеј. За оние што веруваат во НЛО, тоа би можело да посочува на тоа дека змејовите се всушност представа за вселенски летала. 5. Човек со кучешка глава За луѓето од средновековна Европа неистражените предели на далечниот исток не биле само преполни со змејови, туку исто така имало и моноподи (луѓе родени со само една голема нога) и луѓе со кучешки лави. Мотивот со кучешката глава исгледа како да почнува од класична Грција или Египет, и потоа продолжува во традицијата на ранохристијанскиот период во кој што различни светци биле прикажани со кучешка глава. Приказната обично била иста за секоја личност: Биле родени со тешка клетва и приморани да живеат живот на диво животно, ловејќи го својот плен и тероризирајќи ги невините. Но откако ќе се покаеле за гревовите и откако би се преобратиле во христијанство, клетвата би паднала и овие грозоморни суштества би добиле целосно човечка форма. До раниот среден век митот малку еволуирал. Веќе не се работело само за проколнати индивидуи, туку за одделен вид, па дури и на цивилизација на луѓе со кучешки глави. Тие живееле во села и ја обработувале земјата, исто како и луѓето. Легендарниот Крал Артур наводно се борел со нив на ридовите околу Единбург. Каде точно живееле е непознато, иако една легенда вели дека Александар Велики се сретнал со нив за време на неогвите освојувања на исток, па така раните истражувачи и мисионери и навистина очекувале да се сретнат со нив. Тарамнус, теолог од деветтиот век, напишал писмо во кое што ги спомнал луѓето со човечка глава, прашувајќи дали мисионерите и на нив би требало да им го проповедаат Светото Писмо. Ако се животни, тогаш според него тие немаат души и не можат да бидат преобратени. Но секако е дека тие бие претставувани во човеколика форма повеќе во тој период отколку порано. Употребувале алат, зборувале на нивниот лаечки јазик, носеле облека, па дури и живееле во мир под одреден закон. Се разбира, бидејќи истражувачите и мисионерите патувајќи не успеале да видат вакви луѓе многу од нив, вклучувајќи го и Марко Поло, тврделе дека пријател на нивниот пријател ги видел луѓето со кучешки глави. Каде? Уште понатаму на исток, се разбира. Кога најпосле стасале и до далечниот исток, откриле дека и Кинезите имале приказни за луѓето со човечки глави исто така, и за нвното големо кучешко кралство. Кога ги прашале каде се наоѓа тоа кралство, Кинезите би одговориле дека тоа е уште понатаму, во Јапонија. Дури одговарале и: „ние мислевме дека тие живеат на запад, со вас“. Значи, има ли некаква вистина во овие приказни? Се разбира дека не. Луѓето со кучешки глави се комбинација на бујнафантазија и брзото ширење на гласините. Но сепак тие и покрај нивното непостоење дале свој допринос на светот. Ни дале повод да се запрашаме што значи тоа да си човек и да имаш душа. Дури претставуваа и некаква подготовка за можната идна средба со вонземни суштества. И можеби и денешната потрага по интелегентни суштества во вселената е само продолжение на големата средновековна потрага по необичните суштества. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
10 енигми кои што и пркосат на логиката
Прекопано : 12384 Што е тоа во бизарното и мистериозноста што толку ја скокотка нашата љубопитност? Едноставно, тоа е забава за нашето чувство за чудење и ја возбудува нашата фантазија. За наша среќа, човечката историја е преполна со чудни и сосема нелогични нешта да не восхитуваат и забавуваат. Во следните редови следува листа од уште десет необјасниви и интересни феномени. Прочитајте.... 10. Ледената жена Природата секогаш не изненадува со зачудувачки нешта, но сепак е сосема различна работа кога ние луѓето сме поттурнати зад границите на нормалното. Тоа било ужасно студено утро во Ленгби, Минесота, кога еден човек ја открил својата деветнаесетгодишна сосетка Џин Хилирд како лежи во снегот. Целото нејзино тело било замрзнато како камен од претходната ноќ кога температурата паднала до 25 степени под нулата. Очигледно, Џин очајно се обидувала да стигне до својот сосед и да побара помош кога нејзиниот автомобил излетал од патот. По нејзиното пронаоѓање, веднаш била испратена во локалната болница каде што лекарите биле вџашени од нејзината состојба. Една од сестрите кажала дека Џин била „толку студена, како да посегнувате во фрижидер“ и „ нејзиното лице беше толку бело, исто како на мртовец“. Покрај тоа, Џин била замрзната до тој степен што ниеден нејзин екстремитет не можел да се свитка ниту да се придвижи. Луѓето од болницата се обиделе со секое можно нешто, но сепак ситуацијата била злокобна. Докторите сметале дека дури и ако Џин успее да се освести, сепак имало големи изгледи таа да претрпи сериозни мозочни оштетувања, и имала такви замрзнатини, што се налагало да и бидат ампутирани и двете нозе. Нејзиното семејство се собрало и се молеле за чудо. Два часа подоцна, Џин преминала во состојба на силни конвулзии, и се вратила во свесна состојба. Се чувствувала сосема во ред, и ментално и физички, освен што се чувствувала малку збунето. Дури и смрзнатините полека исчезнувале од нејзините нозе, на изненадување на лекарите. По четириесет и девет дена била отпуштена од болницата без да изгуби ниту еден прст, поминувајќи само со помали лузни. 9. Железниот столб во Делхи Железото, царот на металите, се употребува за се и сешто, почнувајќи од конструкцијата на зградите па завршувајќи до синџирот на вашиот велосипед. Но за несреќа, тоа не може да и побегне на својата судбина со текот на времето полека да почне да се претвора во ’рѓа- со исклучок на оваа феноменална структура- столбот во Делхи. Извишувајќи се во висина од седум метри, со тежина од нешто повеќе од шест тони, овој џин и се спротивставува на корозијата повеќе од 1600 години. Но како е возможно нешто што е направено од 98 проценти на железо да му пркоси на процесот на распаѓање цели 1600 години? Научниците го нашле одговорот на ова прашање, но археолозите остануваат запрепастени од фактот дека древните ковачи успеале да најдат такво решение, толку одамна. 8. Карол А, Диринг Приближно пеесет години по исчезнувањето на екипажот на Мери Селест, се случил сличен настан кога коработ Карол А. Диринг бил забележан во близина на брегот на Северна Каролина на 31. Јануари 1921. Кога спасувачкиот тим стасал до коработ, се шокирале кога увиделе дека недостасува целиот екипаж. Иако во кујната имало подготвена храна за наредниот ден, од луѓето немало никаков траг. Сосема ништо, како никогаш и да не биле на коработ, како во случајот со Мери Селест. Се појавиле разни теории кои го вклучуваат паранормалното, со оглед на тоа дека Карол А. Диринг поминувал низ регионот кој што денес е познат како Бермудскиот триаголник. Други пак сметале дека се работи за пиратски грабеж, итн. 7. Хатчинсоновиот ефект Хатчинсоновиот ефект се однесува на серија чудни феномени како на пример: левитација, мешањето на сосема различни материјали како дрво и метал, и исчезнувањето на некои помали предмети, кои се случиле кога пронаоѓачот Џон Хатчинсон се обидел да повтори неколку од експериментите на Никола Тесла. Хатчинсон не успеал да го повтори сето тоа уште еднаш. Овој експеримент бил толку популарен што дури го побудил интересот кај луѓето од НАСА, кои што исто така не успеале да ги повторат резултатите од експериментот. 6. Лицата на Белмез Дали понекогаш сте забележале фигури кои изгледаат како лица кои зјапаат во вас во дамките на ѕидот или пак на некој под? Таквите фигури се редовна појава во домот на семејството Переира. Повеќе од дваесет години се појавуваат фигури на нивните ѕидови кои што потсетуваат на машки и на жески лица. Исто така, секогаш се појавуваат со различни изрази. Чудно, но лицата се појавуваат сосема за кратко, за потоа веднаш да исчезнат. Биле спроведени истражувања во куќата за да се утврди што е тоа на што се должат овие спонтани појавувања. Во едно од тие истражувања било откопано и отстрането човечко тело од под куќата, но со тоа не престанале мистериозните појавувања. Се поставуваат семожни хипотези, но се уште ниедна не довела до логичен заклучок. 5. Исчезнатото езеро Во мај 2007 година, цело едно езеро во Патагонија, Чиле, сосема исчезнало оставајќи зад себе јама длабока триесет метри, ледени брегови и сува почва. Како и да е, не се работело за некое мало езерце, туку за езеро со должина од цели осум километри! Геолозите го виделе езерото за последен пат во март истата година, не забележувајќи ништо чудно кај него. Но сепак, нешто чудно се случило во наредните два месеци кое што причинило езерото да исчезне претворајќи ја реката која што излегувала од езерото во мало поточе. Геолозите не можеле да си објаснат како е возможно наеднаш да исчезне езеро со толкава големина. Единственото логична причина би бил некој земјотрес, меѓутоа во областа не биле регистрирани никакви потреси таа пролет. Во меѓувреме, НЛО ентузијастите излегле со свое објаснување дека некој вселенски брод го исцрпел езерото. Мистеријата останала нерешена. 4. Дождот од чудни грутки Жителите на Оуквил, Вашингтон биле целосно изненадени кога на 7. Август 1994 наместо вообичаениот пороен дожд почнале да паѓаат безброј пивтиести грутки од небото. Откако се случило тоа, сите во градот почувствувале силни симптоми на грип кои што траеле од седум недели до три месеци. Најпосле, откако сите се испоразболеле, еден жител се решил да испрати примерок од мистериозните грутки на испитување. Тоа што го откриле специјалистите било вистински шок- грутките содржеле човечки бели крвни клетки. Супстанцата била однесена на понатамошно испитување во одделот за здравство во Вашингтон, каде што откриле дека во нив се содржеле два типа на бактерија, од кои што едната е карактеристична за човечкиот дигестивен систем. Меѓутоа, никој не успеал да го открие потеклото на грутките, како ни тоа на кој начин се поврзани тие со заболувањето на граѓаните. 3. Црниот хеликоптер На 7. Мај 1994, еден црн хеликоптер бркал едно момче цели четириесет и пет минути во Харахан, Луизијана. Момчето раскажало дека когавеќе било премногу истоштено за да бега и застанало, од хеликоптерот се спуштиле луѓе кои што впериле оружје во него. До ден денешен, никој не објаснил зошто момчето било гонето за потоа да биде пуштено без ништо да му се случи и без никаков збор. Една недела подоцна, луѓе кои што патувале со кола близу Вашингтон доживеале слично искуство, и исто така биле ослободени. Ова е уште еден случај во серијата на неразјаснети мистерии. 2. Животни во камен Постојат неколку документирани случаи кога жаби и други мали животинчиња биле пронајдени заробени во камен, и тоа живи. Има и други примери кога при сечењето на дрва, од нивната внатрешност излетале куп жаби. Уште почудно, луѓето наоѓале суштества не само во природни објекти, туку и во такви направени од човек. Во 1976 година во Тексас еден тим разбивал бетон кој што го имале поставено пред повеќе од една година, кога нашле мала зелена желка во еден воздушен џеб во бетонот кој што се совпаѓал со формата на желката. Ако таа била заробена при исипувањето на бетонот, како е возможно таа да преживеала цела една година- без воздух? Исто така не биле откриени ниту никакви пукнатини, ниту пак некоја дупка низ кои што желката би можела да се провлече во своето ново засолниште. 1. Дони Декер Наречен дождовното момче, во 1983 Дони Декер бил на гости кај својот другар кога паднал во состојба на транс. Веднаш потоа, од таванот почнало да капе, и набргу потоа собата била полна со вода. Неговите пријатели веднаш го повикале сопственикот кој што бил вџашен од глетката. Некое време подоцна, Дони се наоѓал во ресторан со други придружници кога одеднаш почнал да паѓа дожд врз нивните глави. Соптвениокот на ресторанот веднаш го избркал надвор. Години подоцна, кога бил уапсен поради поради помал прекршок, Дони предизвикал вистински хаос кога во неговата ќелија почнало да врне дожд. На поплаките на своите цимери, Дони објаснил дека тој можел да направи да врне дожд кога и да посака. Најпосле, откако бил пуштен од затвор, нашол работа како готвач во локалниот ресторан. Каде се наоѓа денес не е познато, како ни прилината за мистериозниот дожд. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Осум мистериозни нешта кои што паѓале од небото
Прекопано : 18142 Има околу 600 известувања за чудни нешта кои што паднале од небото во изминатиот век, и многу од тие случаи останале неразјаснети. Ние се фокусиравме на неколку епизоди од понеодамнешно време трудејќи се да ве снабдиме со што е можно повеќе докази, така што и вие да можете да се вклучите во разјаснувањето на некои од тие мистериозни појави, да заклучите дали има вистина во сето тоа, или е по онаа старата „мижи Митро, тулумби паѓаат“. 1. Хондуранскиот фестивал на дождот од риби Од сите невообичаени нешта кои паднале од небото, рибите се најчести. Има безброј известувања за такви случаи векови наназад. Всушност, почнувајќи од 1988 во Јоро, Хондурас, започната е традицијата на одржување на фестивал во чест на таквите дождови кои што се случуваат барем еднаш годишно наречен токму така- Хондуранскиот фестивал на дождот од риби. Локалната телевизија известила дека во последно време се случува да паѓаат риби од небото и двапати годишно. Истрагата спроведена од National Geographic утврдила дека рибите се слепи и се од таков вид кој што најчесто се наоѓа во слатките води вопештерите, но како се случува тоа да паѓаат од небото е неразјаснета мистерија. Очевидците укажуваат на тоа дека на дождот од риби му претходат наоблачување со темни облаци, грмежи и обилни дождови после кои што илјадници риби со големина од 15 до 20 сантиметри ја прекриваат земјата, и локалните жители ги собираат и ги приготвуваат за јадење. За време на сезоната на паѓање на дожд од риби, жителите поставуваат скари и делат свежа риба која што паднала од небото- како дар. Некои му ја припишуваат оваа појава на католичкиот мисионер Хозе Мануел Субирани и ја нарекуваат вистинско чудо. Според кажувањата, тој го посетил градот в 1854 и откако увидел дека има недостиг од храна, се помолил на Господ за обезбедување на храна за луѓето. Бог му ја услишил молбата, и оттогаш секоја година паѓа дожд од риби токму во тоа време. 2. Полноглавци и жаби Во мај 1981, луѓето од грчкиот метеоролошки институт се посомневале во својата способност да ги предвидуваат временските услови кога од небото паднале мали жаби во градот Нафлион во јужна Грција. Најдоброто објаснување кое што можеле да го дадат е дека многу силен ветер ги кренал жабите во Африка донесувајќи ги преку морето во Грција. Неодамна, поточно на 4. Јуни 2009. мали рипки и полноглавци паднале во Ишикава, Јапонија. Едно од теоретските објаснувања за овој случај е дека ги испуштиле пеликани при селидба додека ја надлетувале областа. Најпопуларната теорија е дека тие биле вшмукани од некое силно торнадо во атмосферата од каде што потоа паднале илјадници километри подалеку. Како и да е, сепак е чудно тоа што се работи само за еден вид, а исто така притоа не се забележани на пример и некакви мочуришни растенија и слично. Една друга пак, малку посмела теорија, е дека има облаци од океани кои што им пркосат на законите на физиката и кои што лебдат околу земјата, или пак во некоја паралелна димензија и од каде што се излеваат суштествата секогаш кога ќе се отвори некаков премин во бариерата во вид на популарната „црвоточина“. 3. Лигња Таквите интердимензионални дупки како да се единственото објаснување за тоа зошто Ким Хо, рибар од Кореа бил онесвестен кога во глава го удрила замрзната лигња паѓајќи од небото близу Фолкландските острови во 1997. Поради тоа тој лежел онесвестен два дена и претрпел оштетување на мозокот. Но можеби вие ќе се сетите и на некоја друга причина. 4. Пајаци На 6. Април 2007, дожд од пајаци бил овековечен од објективот на аргентинскиот фотограф Кристијан Онето Гаона. Тој се искачувал кон врвот Сан Бернардо во провинцијата Салта со неговите пријатели кога кога наеднаш наишле на земја покриена со пајаци. Кога погледнале кон небото, се шокирале од глетката на паѓачки пајаци. Еве една од тие фотографии: 5. Црвен дожд Во индиската провинција Керала паднал црвен дожд во Јули 2001. Додека многумина на тоа гледале како на демонски знак, други пак во тоа можеби виделе можност да си ја бојадисаат облеката во црвено, Истражувањата откриле дека дождот бил обоен од габични спори, но не било најдено објаснување за тоа како тие спори воопшто се нашле во дождовните облаци. Повторно единственото логично објаснување е дека моќни воздушни струи ги кренале во облаците, но сепак, како е можно тоа да биде направено во така огромен број доволен за да се обои дождот, останува мистерија. 6. Небесно желе Уште една невообичаеност во случаите на паднати објекти од небото е случајот со дождот од некаква пивтиеста материја која што паднала во мочуриштаата во Тасманија во 1996 и во Шкотска во 2009. Резултатите од ДНК анализите покажале дека се работи за некаква пивтиеста материја без клеточна структура. Ја испитувале многу експерти од Велика Британија, но потеклото на истата не е утврдено. Некои ја поврзуваат оваа појава со некој дожд од метеори, а една од теориите е и дека се работи за несварена икра од жаби која што ја испуштаат птиците. Во Тасманија, целиот град бил покриен со ова мистериозно желе. Денот кога се случил овој настан локалните жители го нарекуваат „денот на шлајмот“. Секој 17. Јуни тие се напиваат и се маваат со желе во еден локален бар кој што бил преименуван во „Slimey’s“ во чест на чудниот настан. 7. Црви Преминувајќи ја улицата во Џенингс, Индијана на 11. Јули 2007, Еленор Бил, службеничка во полицијата, била за малку удрена од нешто што се распрснало на улицата пред нејзините нозе. Набргу увидела дека се работи за купче од заплеткани црви! Се јавила и на другите полициски единици во околината кои што ја известиле дека низ областа имало расфрлани купчиња од црви. Се чини дека во овој случај тие биле кренати од послабо торнадо забележано на пет милји оддалеченост од Лакасин Бају. 8. Крави И колку и да се чини чудно, но постои точно и логично објаснување за тоа како едно јапонско рибарско бротче се нашло среде дожд од крави во Охотското море во близина на Сибир во 1986. Вџашените рибари првин го слушнале гласното мукање на кравите, а да се слушне нешто такво среде море мора да се согласите дека е доста необично, а потоа набргу и првата плеснала во водата на околу седумстотини метри оддалеченост. Кога погледнале нагоре, виделе уште дваесеттина врескачки крави како паѓаат од небото, со секоја се поблиску до бротчето, за на крај една да падне директно врз него и правејќи дупка поради која што замалку веднаш не потонале. Благодарение на брзото приоѓање на помош, рибарите биле спасени, но набргу потоа уапсени поради сомневање дека сакале да ја измамат осигурителната компанија. Но потоа благодарение на руските власти во соработка со компанијата било утврдено дека еден руски транспортен авион носејќи крави се нашол во неволја кога кравите полуделе на височина од околу 9 000 метри. Немајќи друго решение, пилотот ги отворил вратите и така кравите излетале од авионот во морето. |
||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |