IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Регионална комисија за воените злосторства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Регионална комисија за воените злосторства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 21:01

Вчера 03/07/2010 во Скопје во ,, Веѕt Western Hotel Turist,, е одржана:
Регионална консултација со граѓанското огаптество за Иницијативата за Регионална комисија за утврдување и јавно изнесување на фактите за воените злосторства и другите тешки прекршувања на човековите права во поранешна Југославија (РЕКОМ).
ДНЕВЕН РЕД

10:00 —10:20            Отварање на собирот

Јасмина Најдовска, Фондација Институт отворено општество - Македонија Кога Аhmetајѕ Член на Координативното Собрание, РЕКОМ

Претставување на учесниците

10:20 - 11:20             Потребите на граѓанското општество во Македонија и во другите пост-

југословенски држави во односот кон минатото

Модератор и воведничар: Vе1оп Мuја, Ѕуri i Vizionit, Косово

11:50 -12:20              Зошто РЕКОМ

Lazar Stojanovic, Fond za humanitarno pravo, Белград

Мarko Velickovic,, Centar za razvoj civilnog drustva, Белград

12:20-14:00               Тек на консултативниот процес за Иницијативата за РЕКОМ

Воведничар: Eugen JAkovcic, Dokumenta, Хрватска

Дискусија

15:00 -16:30              Дискусија за целта и задачите на РЕКОМ

Воведничар и модератот: Dzenata Karup Drusko, Координатор на Коалицијата за РЕКОМ во Би

___________________________________________________________

Судењата за воени злосторства пред Хашкиот трибунал и пред домашните судови се единствениот правен инструмент за да се утврдат поединечните кривични одговорности за извршените воени злосторства, но не се доволни за да се формира фактички запис за се што се случувало во оружените конфликти во некогашната СФРЈ. Потребно ни е и тело во чијшто фокус ќе бидат жртвите од воените злосторства и кое ќе ги утврди и јавно ќе ги соопшти фактите за се што се случило во блиското минато.

Иницијативата РЕКОМ е нашиот пат кон иднината, без страв дека злосторствата ќе се повторат. Тоа е иницијатива на регионалната коалиција на невладините организации, здруженијата на жртвите и поединците кои се договараат да основаат официјална меѓудржавна (регионална) и независна комисија што ќе може да утврди и јавно да ги соопшти фактите за воените злосторства и другите тешки повреди на човековите права во поранешна Југославија, вклучувајќи го и расветлувањето на судбината на исчезнатите и пронаоѓањето на нивните посмртни останки. Пет цели на консултативниот процес за иницијативата РЕКОМ Иницијативата РЕКОМ е промовирана на 9 мај 2008 година во Подгорица, во рамките на дебатата меѓу здруженијата на жртвите од регионот во врска со инструментите за документирање и соопштување на вистината за минатото.

1.  Создавање јавна платформа за да можат жртвите и граѓанското општество
да зборуваат за своите потреби и обврски во однос на направените неправди
во минатото.

2.             Зајакнување   на   поддршката   од   страна   на   граѓаните   и   властите   во
постјугословенските земји со цел да се прифати иницијативата РЕКОМ.

3.             Градење на моделот на РЕКОМ.

4.             Отворање дебата во локалните заедници и воспоставување комуникација
меѓу различните општествени групи за се што се случило во минатото.

5. Создавање клима за промена на општествениот однос спрема жртвите (поттикнување сочувство и солидарност спрема жртвите од другите етнички заедници).

Зошто РЕКОМ?

За да се спречи во јавноста да се прикажат одредени лаги или, ако веќе се прикажани, да се покаже дека тие повеќе не се веродостојни.

Затоа што може да изгради јавна платформа и да им даде глас на жртвите и со нивна помош да поттикне сочувство, почит и солидарност кај јавноста не само за жртвите со кои таа веќе сочувствува, туку и за жртвите на кои во минатото не можело да се гледа како на жртви.

Затоа што може да изгради регистар за жртвите и човечките загуби и со тоа засекогаш да ја спречи манипулацијата со бројките на настраданите и убиените.

Затоа што може да помогне во судењето за воените злосторства, обезбедувањето докази, охрабрувањето на сведоците и на жртвите да учествуваат во судењата за воените злосторства, како и во организирањето на досиејата за одредени случаи.

Затоа што може да им помогне на постојните официјални комисии за исчезнати во откривањето на тајните масовни гробници и решавањето на судбината на исчезнатите.

Затоа што може да поттикне разбирање и толеранција и да го врати достоинството на жртвите и на нивните семејства.

РЕКОМ е:

         официјално тело коешто го формираат државите наследнички на поранешна
СФРЈ;

         тело кое е строго независно од своите основачи;

         регионално тело кое се фокусира на искуствата на жртвите;

         привремено тело, основано на одреден временски период и сместено на
територија на која се вршеле злосторствата;

         вонсудско тело во чијшто мандат се извршени најтешки злосторства во
точно одреден временски период;

         вонсудско тело коешто донесува заклучоци во однос на фактите и она што
се случило, врз основа на својата истрага и утврдените судски факти, но не
извлекува правни заклучоци;

         истражно тело кое има овластување да го интервјуира секој кој може да даде
релевантни информации, да спроведе мултидисциплинарни истраги и да
повикува поединци во лично својство, како и претставници на институции,
политички групи и верски заедници кои ќе дадат податоци и ќе го искажат
своето мислење за надминување на тешкото минато;

         истражно тело коешто може да обезбеди докази за начинот на кој одредени

         институции, поединечно или групно, не успеале да ги зачуваат и да ги

         заштитат човековите права во минатото;

         одговорно тело кое ќе ги земе предвид само наодите за воените злосторства

         што се потврдени од најмалку два независни извора;

         тело кое не суди никому, но може да ги именува вршителите и одговорните

         за злосторствата, како и да препорача механизми за нивното отстранување

         од институциите;

         истражно тело кое, во соработка со официјалните комисии за исчезнати

         лица, спроведува истрага за судбината на присилно исчезнатите;

         тело кое составува препораки во насока на изработка на програми за

         надомест за жртвите, во форма на материјална компензација, извинувања,

         градење споменици, меморијални центри, мапи на сеќавање, и

         кредибилно тело коешто го сочинуваат поединци истакнати во своите

         заедници и области, претставници од различни етнички групи и религиски

         заедници, кои се назначени и избрани врз основа на прецизно поставени

         критериуми.



Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:09
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.