|
Деполитизација на образованието |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најмногу заработија издавајќи учебници и тоа секој и секакви.Видете го квалитетот и се ќе ви биде јасно. |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со големи турболенции стасавме и до крајот на уште една учебна година. Просветните работници, родителите, учениците малку ќе одморат а веројатно и политичарите за да смогнат сили да тргнат во нови “победи“.
И како во секоја работа на крај на еден мини циклус се прави една ретроспектива на постигнатото. Оваа учебна година почна со многу амбициозни проекти (некои “се пренесоа“ од минатата) и тоа: Воведување ( и одведување) веронаука -Компјутер за секое дете -Компјутер за секој наставник - Бесплатни учебници -Екстерно оценување Ако на ова ги додадеме и некои развлечени од претходните влади (воведени, неследени-оставени на средпат) : Воведување деветолетка -Описно оценување во првиот степен на деветолетката -Стандарди на постигањата на учениците -Етички кодекс -Воспитание за животна средина за малите и Унапредување на животните вештини кај учениците - Интеграција на децата со посебни образовни потреби во редовната настава и најновите -Електронски дневник (веке се спроведува во некои училишта во општина Центар во Скопје) -Сертификација на наставниците и како се слуша во најскоро време по урнекот за судството да се направи и -Академија за наставници. Веројатно нешто сум испуштила затоа што искрено има многу. Зборувајки со луѓе од фелата ќесто се поставува прашањето зошто толку многу “новини“ наеднаш. Дали не е подобро прво да се тргне чекор по чекор, да се направат услови за еден проект, да се истера до крај, да се видат резултатите/ и негативностите од имплементацијата па чим стане интегрален дел кој дава резултати да се тргне со ново. Многумина скептици велат дека сето ова е резултат на преголемото мешање на политиката во образованието т.е. давањето можност многумина партиски активисти да заработат некое денарче со некое проектче. Колку има вистина во ова кога сме сведоци дека многу од проектите место бенифит донесоа многу штета на диретните конзумнти-децата, родителите и просветнте работници? |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |