Разновидноста на замоците во Вестерос, претставува врв на фасцинација, како за читателитe, така и за измислените жители на кралството создадено од Џорџ Р. Р. Мартин. Тие носат горди имиња, постојат цели векови, а имаат и славни истории, преполни со крвави битки и големи херои. Но, сигурно ве интересира зошто се изградени баш такви и која е нивната улога во Седумте Кралства.
The Red Keep е домот на Кралот на Андалите и Првите Луѓе (King of the Andals and the First Men), неговата фамилија и кралскиот суд. Се наоѓа во главниот град Кингс Лендинг, поточно на ридот на Ејгон, во југоисточниот дел од градот, излегувајќи на заливот Црна Вода и Тесното Море. Во моментов, е седиште на кралот Томен Баратион, а негови претходници се кралотЏофри Баратеон, Роберт Баратеон и кралевите од куќата Таргариен. Како дом на најмоќниот човек во Седумте Кралства, замокот мора да поседува одредени стандарди. Големата сала може да нагости цела кралска свадба со лесностија. Дворот е доволно голем за да биде домаќин на турнир, а има и доволно гостински соби за сите господари кои редовно го посетуваат. Во случај на напад, негова главна функција не е да служи како воена база, туку да го заштити кралското семејство.
Winterfell е голем замок кој припаѓа на предците на куќата Старк и се смета за главен град на Северот. Се наоѓа во центарот на северната провинција на Седумте Кралства, во чија близина минува и Кралскиот Пат (Kingsroad), кој ја поврзува јужната престолнината со Ѕидот на северот. Под замокот се наоѓаат термални минерални извори, кои ги чуваат топли дебелите камени ѕидови, дури и во најлошите зими. Бидејќи претставува најголемиот постоечки замок во кралството, а со тоа и на северот, негова главна и основна цел е да биде прибежиште на луѓето кои живеат во селото пред него, за време на долгите и тешки зими. Грандиозен по големина и должина, обвиткан со мистична историја, го претставува срцето на северот и е негов витален ресурс.
Casterly Rock е бастион во близина на пристанишниот град Ланиспорт, кој е единствениот град на западниот брег – еден од четирите големи населени центри во Вестерос и седиште на куќата Ланистер. Тврдината е издлабена во голем камен рид и всушност, неговата природна одбрана дополнително е зајакната со ѕидови и други одбрамбени структури. Првично припаѓал на куќата Кастерли. За овој малку познат замок, карактеристична е способноста, за време на опсада, да се снабдува со потребности по морски пат. Искомбинирајте го ова со богатсвтвото на Ланистерови и ќе добите ноќна мора за секој кој би се обидел да го нападне.
The Twins, познато и како Преминот, е твдина со речни премини која се наоѓа во Риверлендс. Се сосотои од два идентични замоци, секој од нив укотвен на бреговите на Грин Форк на реката Тридент (Green Fork of the Trident). Нив ги спојува камен мост во облик на лак. Мостот е заштитен со средишна кула, позната како Водена Кула. Ова е единствениот премин од Грин Форк, за стотици километри во било која насока – од север до западните делови на Риверлендс.
Moat Cailin, била некогашна тврдина, сега урнатина, изградена од Првите Луѓе пред 10,000 години. Се наоѓа на врвот одВратот (The Neck) и важи за една од најбитните тврдини на северот и покрај тоа што од дваесетте кули, останале само три. Поставена е на географски стратешка точка и никогаш не била освоена од југот.
Harrenhal е огромен замок, најголемиот изграден во Седумте Кралства, пред почетокот на војната. Но, змејовите наТаргеријенците го запалиле и денес стои половина разрушен.
The Eyrie е древното седиште на куќата Арин, една од најстарите линии на андалско благородништво. Се наоѓа на Месечевите Планини, неколку илјади метри над долината. Претставува еден од најстарите и фантастични замоци во целото кралство. Овa e всушност замок составен од пет посебни замоци. Првиот е на земјата, пред Месечевата Порта, кој го штити влезот. Камене првиот попатен замок. По него следат Снег и Небо, а во најголемите височини, лежи вистинскиот главен замок.
Highgarden е древното седиште на куќата Тајрел и срцето на витештвото во Седумте Kралства. За него имаме малку информации, но од собраните забелешките можеме со сигурност да заклучиме дека се работи повеќе за палата одошто за неосвоива тврдина или замок. Со своите лежерни градини и богата култура, Highgarden има главно политичка цел. Недостигот на воена функција, е силен потсетник на воената моќ на овој регион (The Reach).
Dragonstone е островско упориште на Таргеријанците и повеќе од јасно, изграден со помош на некој вид магија. Додека кај другите големи замоци тоа се само приказни, за овој се карактеристични статуите во облик на змеј на воените кули, каде јасно се гледа дека поголема сила имала свој удел во декорацијата. За него знаеме дека е изграден како статусен симбол на Таргеријанците, но и како одбрамбена структура. Негова намена е да биде засолниште на смејството, а не прибежиште на населението.
Pyke е најголемиот замок на Железните Oстрови. За него е тешко да се зборува како за еден замок, бидејќи се наоѓа на неколку камени столбови кои се издигаат од морето. Затоа е повеќе како колекција на кули меѓусебно поврзани со мостови. Тој е тешко и непријатно место. Постојано влажен, со бури околу него. Треба да си доволно храбар за да преминеш од една до друга кула, бидејќи мостовите се мали и скромно заштитени од надворешните елементи.
Riverrun е скромен замок во споредба со стандардните на Вестерос, а тоа може да се препише на историјата на куќата Таликоја не е мошне стара. Во поголемиот дел од нивната историја, среќаваме вазали на кралевите на Риверлендс. Во склоп на замокот се наоѓа септа посветена на новите богови, света шума, куќи, штали и се она што еден голем замок би требало да поседува. Но, за разлика од другите замоци, овој изграден е најглавно за одбрана. Неговата локација е една од најдобрите одбрамбени позиции во околината – се наоѓа меѓу две реки, а опремен е и со пловен ров, кој може да го претвори замокот во остров.
Storm’s End е вториот замок кој му се препишува на Брендон Градителот, а со тоа претставува еден од најстарите во Вестерос. Секако не е еден од најубавите, но овде гледаме победа на функцијата над формата. Со само еден масивен ѕид и подеднакво масивна кула, замокот се издига над стрмните карпи на источниот брег на Вестерос.
Sunspear е древно упориште на куќата Мартел и главен град на областа Дорн. Овој замок, навистина архитектонски чуден, но затоа пак одлично ја претставува културата на регионот. Главниот дел од градбата е во облик на брод, очигледен омаж на десетте илјади бродови на Нимерија, а тенките високи кули наликуваат на традиционалното дорнско оружје – копјето. Функцијата на замокот е главно политичка, а неговиот дизајн гарантира дека ќе служи за потсетник на посетителите, дека оние кои живеат во него не се нормални луѓе, туку кралеви. Неговата позиција му дава контрола над целиот град.
The Dreadfort е домот на куќата Болтон, во северниот дел на кралството. Претставува силна тврдина, со високи дебели ѕидови, триаголни запци кои потсетуваат на остри камени заби и масивни кули. Големата сала на замокот е мрачна и маглива, со голем ред фаќели кои осветлуваат исушени човечки раце испакнати од ѕидовите.
Castle Black е примарното седиште на чуварите од Ноќната Стража. Замокот се наоѓа на северниот крај на кралскиот пат, веднаш до Ѕидот - темен и застрашувачки дом на оние кои го штитат. Оваа тврдина претставува една од трите сегашни (а некогаш деветнаесет) сеуште во функција долж ѕидот, заедно со Eastwatch by the sea и The Shadow Tower. Во рамките на замокот постои септа, но не и шума на боговите. Оние кои се поклонуваат на старите богови, мора да патуваат 2 километри кон север од ѕидот, до Прогонетата Шума, за да ја кажат заклетвата на братството пред свето дрво.
Повеќето од овие фантастични ремек дела, се апсурдно големи во споредба со европскките стандарди. Но, во свет кој ја дефинира својата граница со неосвоената дивина со ѕид висок повеќе од 200 метри а широк 30 метри, овие замоци се чувствуваат сосема природно.