|
Обновливи енергетски извори |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тутунот зарем ќе ни биде основа за производство на енергија??
Семето на тутунот содржи од 39,0 проценти до 41,2 проценти масло, од кое може да се екстрахира околу 32 проценти техничко масло погодно за биогорива. Остатокот од екстракцијата, околу 70 проценти е ќуспе, кое содржи до 44 проценти протеини, од 8 до 15 проценти масло и влакна до 25 проценти. Од анализите во Институтот за сточарство евидентно е дека ќуспето ќе претставува извонредна основа за производство за храна за ситна и крупна стока, пилиња и риби. Наместо досегашното макотрпно работење и одгледување на тутунот, кое вклучува садење, сушење, калапење и сл., со новиот метод сите овие операции би се свеле само на машинско косење. Од аспект на добивањето енергија (биогас) во САД на пример е изведена централа за производство на електрична и топлинска енергија, токму врз база на искористување на биомасата на тутунот со снага од 4 мегавати..... Во Македонија со зафат на 50.000 хектари под тутун ќе се обезбеди гориво за погон на енергетски систем од 70 до 100 мегавати (електрична струја и топлинска енергија) со перспектива Македонија по овој основа да може да обезбеди капацитети за производство на електрична и топлинска енергија, ниво на енергетски систем со инсталирана снага од 400 мегавати (што практично е сила на половина нуклеарна централа). Со добивање енергија на ваков начин Македонија ќе ги исполни и обврските од Резолуциите на Европската заедница за обезбедување горива од алтернативни извори, како и карбон-кредитите, како дополнителен финансиски приход......... |
|
accipiter82
Нов член Регистриран: 29.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pred nekoj den naletav na eden makedonski sajt bas posveten za alternativni izvori na anergija energetskaefikasnost.co.cc Ne e los ima dosta informacii, mozi uste da se dotera nemaat staveno se uste za zasteda na energija. Najdov i knigi bas za konstrukcija na edna veterna turbina http://energetskaefikasnost.co.cc/?p=51
Ke vi pustam sliki ako uspeam da go konstruiram |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
зошто не би го селектирале отпадот, и тоа што може да се искористи за рециклирање да се изрециклира,... и притоа истото да се искористи за греење,... да се добијат еколошки грејни материјали... воздухот ќе биде почист ( за разлика од сега, во зима се смрди на ќумур и изгорени дрва ),... греењето ќе биде поефтино, а и нема да се давиме во отпад !
п.с. депонијата, во тетово што беше, ( мислам дека таму беше ).... може цела македонија да ја стопли... п.п.с. само на некој треба да му текне, ама не му текнува |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алтернативни извори на енергија претставуваат неконвенционалните извори на производство на електрична енергија...
Всушност доколку доволно добро ја разгледаме општата ситуација во западните земји ќе увидиме дека алтернативните извори на постојано обновлива енергија насекаде во западните земји е веќе конвенционална... Најпознати алтернативни извори на енергија се ветерот и сонцето. Принципот на искористување на ветерната енергија е со поставување на ветерни генератори кои силата на ветерот ја претвораат во струја... Во Холандија и Данска од овој тип на енергија се создаваат над 25 % од вкупното годишно производство на електрична енергија. Принципот на сончевата енергија е преку колектори кои ја апсорбираат соларната енергија и ја претвораат во електрична енергија... Овој тип на енергија е застапен во земјите со поголем број на сончеви денови. Дали Македонија има услови за равој на вакви типови на енергија? Одговорот е Дефинитивно ДА... Македонија поседува огромен потенцијал на ветерна и соларна енергија, само што не се инвестира доволно во нив од страна на државата и приватни инвеститори... |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Европскиот начин на живот сеуште е зависен од фосилните горива. Овие
горива се создавани со милиони години од остатоците од
предисториските
шуми. Под почвата, времето и притисокот полека дрвата ги претвориле во
огромни
полиња од нафта, гас и јаглен. Како и да е, светот веќе искористил
половина
од овие горива, и за неколку декади веќе нема да ги има.Така што потребно е Европа да развие сигурни извори на енергија
кои што
се непресушни; енергија од сонце, ветер, вода и енергетски
постројки. Обновливата енергија не е ништо ново. Со векови, зградите се
дизајнирале
да ја искористуваат топлината од сонцето. Дрвото се користело за
греење
и готвење. Ветерната енергија се користела за мелење на жито, и за
превезување
на стока и луѓе околу светот со големи бродови. Ресурсите за обновлива енергија можеби не се промениле, но технологијата со сигурност се променила. Современите ветерни турбини се многу ефикасни и сега произведуваат електрична енергија за илјадници домови во Европа. Тие исто така не произведуваат јаглеродни гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување.
Сончевата енергија исто така станува многу значајна. Сончевите
панели
користат фотоволтаични ќелии изработени од специјален тип на
силикон. Тие
ја претвораат сончевата светлина директно во електрична енергија. Соларната термална енергија се користи за обезбедување на топлина и топла вода. Цевките ја апсорбираат сончевата топлина на многу ефикасен начин и ја предаваат преку цевките до резервоарот за вода. Изменето од Sunny - 28.Април.2010 во 20:56 |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соларната енергија може да биде користена преку пасивни соларни системи и преку активни соларни системи. Користењето на пасивните системи е познато неколку илјадници години. Так,а на пример, исламската архитектура традиционално ја користи пасивната соларна енергија за разладување на куќите. Архитектонското решение за градбата на една куќа треба да го земе предвид пасивното користење на соларната енергија, за да обезбеди оптимални температури во текот на целата година, како и добра осветленост во внатрешноста на куќите. Денес се користат специјални прекривања за прозорските стакла кои ја пропуштаат сончевата светлина и прават добра топлотна изолација. Активните соларни системи користат механичка енергија, (вообичаено електрични пумпи или други апарати) за да пренесуваат воздух, вода или други флуиди од местото каде што се наоѓа колекторот до местото каде што е складирана топлината. Фотонапонските (фотоволтаичните) ќелии, кои директно ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија, се направени од полуспроводнички материјали. Овие ќелии може да имаат мали димензии и да бидат користени во рачни часовници, калкулатори, мобилни телефони, но има и поголеми димензии, така што може да обезбедуваат електрична струја за цело едно домаќинство или пак да напојуваат електрична централа. Многу често кај новите градби се користат фотоволтаци кои имаат двојна фунција - создавање на електрична енергија и како градивен материјал. Така тие често може да ги заменат традиционалните градивни материјали како што се фасадните плочки, покривните керамиди, настрешници, прозорци, преградни ѕидови и друго. Португалија, на 200 km јужно од Лисабон, го почна градењето на најголемата соларна електрична централа. Таа требаa да почне со работа во почетокот на 2007 година и ќе обезбедува електрична енергија за 8000 домаќинства. Централата ќе се состои од 52 000 фотоволтаични панел,и распоредени на 60 хектари и ќе има моќност од 11 MW. Со нејзиното користење годишно ќе се избегне емитување на 30 тона CO2 во воздухот. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дека нешто се случува со нашата планета е повеќе од сигурно, последиците веќе почнаа да се чувствуваат, но за среќа сеуште постои можност (ако не и последна шанса) да превземеме нешто, со би се заштитиле себе си, а и нашите поколенија. Едно од многуте решенија е да почнеме повеќе да ги користиме обновливите енергетски извори.
За обновливи извори на енергија се сметаат оние енергетски извори што ги има во неограничена резерва, или поконкретно - коишто би траеле се додека Сонцето со својата енергија го подржува животот на Земјата. Вкупната енергија што може да се екстрахира од алтернативните извори на енергија е огромна. Вкупното количество на сончева енергија што во една секунда пристига врз површината на нашава планета е 120 000 TJ, што е 10 000 пати повеќе од глобалната потрошувачка на енергија. Проценето е дека, на глобално ниво, соларната енергија што пристига во текот од 10 седмици, е еквивалентна на енергијата од сите досега познати резерви на нафта, јаглен и природен гас на Земјата. Користењето на обновливите извори на енергија е сврзано со некои лимитирачки фактори: промената на денот и ноќта, сезонските варијации, метеролошките услови. Поради тоа се јавува проблемот за складирање на создадените резерви заради нивно користење кога не може да се генерира нова енергија (пример нема сончева светлина, ветер). Еден важен лимитирачки фактор е географската распределба на различните видови на извори. Поради тоа што нема лимит во нивното траење, како и поради минималната деградација на природната средина, обновливите енергетски извори што побргу треба да ги заменат фосилните енергетски извори. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |