IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 19:50

ПРИРОДАТА ЈА СПАСУВА ОД ЗАГАДУВАЊЕ..

А СЕМЕЈСТАВОТО ОД ГЛАДУВАЊЕ......

ЕКОЛОШКА МИСИЈА НА ЅВОНКО...да

Не е срамота тоа што егзистенцијата за семејството ја обезбедувам собирајќи отпад, срамота е ако децата ми бидат гладни и без облека, вели прилепчанецот Ѕвонко Митрески

Откако му здодеало да работи како автомеханичар на вересија, прилепчанецот Ѕвонко Митрески одлучил да се зафати со работа со која природата ќе ја спасува од пластичен отпад, а семејството од гладување. Сега, вели, од ѓубрето обезбедува храна за себе, сопругата и за двете деца. Тој пред една година од Прилеп се преселил во куќата на своите предци во селото Старо Лагово, чиј двор сега е претворен во пункт за отпадна пластика, најлон, искршени пластични гајби...
- Тоа е лебот за мене, за мојата петгодишна Мартина, тригодишниот Виктор и за сопругата Делфина. Живееме од собраните шишиња од реките и од разни депонии, дури и од депонијата кај Алинци. Се откажав да бидам автомеханичар во див дуќан, од кој секојдневно ме гонеа инспектори во Прилеп, а за муштериите работев на „жими мајка“ дека ќе ми платат во некои „подобри времиња“ - вели Ѕвонко Митрески.
Тој признава дека работата не е лесна, уште помалу хигиенска, но со вложениот напор се вади за пристоен живот. Заработувачката, вели, не е мала, ниту преголема.
Неговата 22-годишна сопруга Делфина е помошник во бизнисот. Таа е задолжена за подготовката на шишињата за транспорт во фабриката во Велес, откако сопругот ќе ги донесе во дворот.
- Јас им ги вадам капачињата, оти тие се од друг вид пластика, која не треба да се меша. Шишињата ги одделувам по бои. На една страна проѕирните, на друга кафеавите, набашка зелените. На крајот им ги вадиме хартиените етикети за Ѕвонко да ги мине со автомобил за да се изгмечат поради намалување на волуменот и за пакување во големи вреќи. Пипава и гнасна работа, ама мора да се работи - вели Делфина.
Семејството Митрески има редовен откуп на суровината, а откупуваат пластика и од други муштерии.
- Од класичните пластични шишиња од литар и пол за килограм суровина се потребни 21 парче, а килограм се плаќа по седум денари. Некои прилепчани што разбрале за бизнисот доаѓаат и тргувам по малку колку што имам пари, зашто исплатата ми стигнува со мало задоцнување - вели Ѕвонко.
Младиот жител на Старо Лагово размислува како да пронајде мала рачна мобилна машина за сечење на пластиката на местото каде што ја пронаоѓа, за да го намали габаритот и полесно да ги донеси шишињата до дома.
- Ќе смислам некое машинче. Ќе се снајдам, ако не најдам соработка со некои еколошки друштва заеднички да бараме донатори за машина. Имам сознанија дека и локалната самоуправа во Прилеп ќе подготвува проект за собирање шишиња. Затоа очекувам да најдеме заеднички интерес со нив да ја чуваме загрозената околината и да обезбедуваме живот, не само за нас, туку и за повеќе невработени луѓе. Со тоа ќе го подигнеме и нивото на еколошката култура кај граѓаните. Сметам дека со кампања за одделување на пластичниот отпад од другиот уште од местото на создавање, во семејствата, ќарот ќе биде за сите поголем, а природата почиста - вели Ѕвонко Митрески.......БРАВО ЗА ЅВОНКОаплауз

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 19:43
Лесно е да се каже ......потешко е да се реализира....
ајде да видиме НИЕ што правиме за почиста средина......
секој нека си каже .....да видиме каква еколошка свест има.....
или што конкретно му пречи .......
нови сознанија поврзани со екологијата.....
.....едноставно тема за еколошки муабет...
да


Изменето од bijonse1 - 28.Април.2010 во 20:14
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.