IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Солунските Атентатори
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Солунските Атентатори

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:30
Солунските атентати се серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на „Гемиџиите“, анархистичка револуционерна група составена од македонски студенти во Солун. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на „големите сили“ врз македонското прашање. Корените и идејното оформување на гемиџиите се во директна врска со тајниот кружок во Пловдивската гимназија од 1896 година. Организатори и раководители на Кружокот биле Слави Мерџанов, Михаил Герџиков и Петар Манџуков. Кружокот бил под влијание на руското народништво и нихилизмот. Во 1897 година повеќе од членовите на Кружокот се нашле на студии во Женева. Таму вопоставиле контакт со руските револуционери. Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства.

“Гемиџиите” се група македонски револуционери, анархисти по убедување. Сите се ученици во Бугарската Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Повеќето се младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Александар Левков, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Изменето од Boromir - 15.Февруари.2010 во 23:35
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.