|
Република Македонија и нејзините “соседи“ |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | ||||||||||
bingo
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
подобри соседи да баравме немаше да најдиме
|
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
токму тоа и јас помислив ... кај можеме ние подалеку од турција
|
||||||||||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
ма ...сигурно печатна грешка е тоа ......само претумбај ги двете цифри и ете ти го македонскиот кавалитет.
|
||||||||||
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
турција на 72 - то место ? ............. немогуче ........... зарем турција ?
|
||||||||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Македонија 59. во светот според квалитетот на живеење
Македонија е рангирана на 59. место на годинашната листа најдобри земји за живеење што традиционално ја објавува меѓународниот интернет магазин „Интернешнал ливинг“. Листата се изработува врз основа на девет критериуми: трошоци на живот, култура и слободно време, економија, животна средина, слобода, здравство, инфраструктура, безбедност и климатски услови. Најдобри оценки Македонија има за климата, безбедноста и животната средина, а најлоши за економијата и инфраструктурата. Земја каде што најубаво се живее петта година по ред е Франција, а по неа се Австралија, Швајцарија, Германија и Нов Зеланд. Во топ-10 се и Луксембург, САД, Белгија, Канада и Италија. Од државите во регионот, со највисок квалитет на живот е Словенија на 27. место, Грција е 28, Хрватска 37, а Бугарија е 44. По Македонија се Албанија и Босна и Херцеговина на 65. односно на 66. место, како и Турција на 72 позиција. |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
а бе ајде ........ се’ е тоа бугарска пропаганда ......... веќ виѓено
|
||||||||||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
ФАКТ |
||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Бугарија, дали навистина е пријател на Македонија?
Бугарија може да се претвори во втора Грција за Македонија, која го условува влегувањето на земјава во НАТО и во Европската Унија. По примерот на нашиот јужен сосед, се очекува и Софија да има сè повеќе барања и услови кон нашата држава во рамките на клаузулата „добрососедски односи“, а користејќи го правото на вето во ЕУ и во НАТО, оценуваат упатените. И покрај начелната поддршка што бугарскиот државен врв ја дава преку официјални изјави, експертите препорачуваат да не се замижува пред пораките, на пример дека Македонија ќе стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион и обидот на Софија да стане фактор во спорот за името под изговор дека географската област Македонија лежела на територијата на трите држави. - Бугарија смета дека треба да се води сметка за историските, културните и другите реалности поврзани со географската област Македонија - изјави пред неколку месеци Димитар Цанчев, портпарол на бугарското МНР. Тој рече и дека добрососедските односи се критериум за помош на Македонија во напредокот кон НАТО. - Грчко-македонскиот спор директно ја засега и Бугарија. Името Македонец, употребувано од македонските Бугари е дел од бугарското историско наследство. Дел од географската област Македонија е во границите на бугарската држава, во која живеат и десетици илјади бегалци од сите нејзини краишта - изјави пред еден месец Ангел Димитров, поранешен бугарски амбасадор во Македонија. Најострата стрела ја испрати Волен Сидеров, лидер на бугарската ултранационалистичка партија Атака, кој рече дека Македонија треба да стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион. Навестување дека ќе се зголемуваат барањата на Софија дава и бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, кој се обидува да го издигне на европско ниво прашањето за бугарските воени гробишта и споменици, кое неодамна го актуализира во мешаниот комитет на ЕУ. Македонија треба да избегне војна на два фронта - грчки и бугарски, смета професорот по меѓународно право, Трајан Бендевски. - Секогаш може да се очекува Бугарија да нè блокира, зашто Македонија и е трн во око. Не треба да нè чуди ако еден ден Бугарија излезе со статистика за бугарски државјанства и побара права за Бугарите во Македонија - вели Бендевски. Софија ја поддржува политиката на Атина кон Македонија и Бугарија може да направи уште поголем проблем од оној што ни го прави Грција - смета Стојан Ѓоргиев од ОМО Илинден-Пирин. Грција воведува една грда мода, која се демонстрира со блокада, која Македонија може да ја добие од Бугарија и која Хрватска веќе ја добива од Словенија, оценува Љубиша Георгиевски, поранешен амбасадор на Македонија во Софија. - Европската Унија не може да го предвиди зулумот што го направи Грција, кој станува практика и со други држави. Теоретски, Бугарија има право да ги условува нашите евроинтеграции, но фактички не верувам дека тоа ќе се случи, зашто нашиот сосед има свои сериозни проблеми и ние не сме му најголем приоритет - смета тој. Според него, шовинистичката и неевропска политика на Бугарија ја застапуваат повеќе радикални центри, како што е партијата Атака. Според Лазар Лазаров, професор од ФОН, Бугарија ја користи ситуацијата со Грција за да ги оствари своите интереси. - Бугарија прва ни ја призна државата, но не и националниот идентитет. Сега се надева дека преку проблемот со Грција ќе може да добие делумно остварување од нејзиниот средновековен сон. Всушност, отворајќи прашања за нашиот идентитет или бугарските гробишта, Бугарија се обидува да извлече непризнавање на македонското малцинство - оценува Лазаров. |
||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Се почесто во европскиот парламент се гледа правото лице на Бугарија.Се фатија на орото заедно со малагата
|
||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Чувајте си го за вас... и Бојко и Божо и браќата грци.
|
||||||||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
http://dnes.dir.bg/2010/01/22/news5744228.html
Грцките фермери капитулираа пред Борисов
Грцките
фермери отдрпнаа тракторите и преку граничниот пункт Кулата - Промахон
започнаа слободно да минават ТИР-ове след срешта со премиерот Боjко
Борисов.
Грцките представители заjавија, дека почнуват да пропуштат коли во знак на уважение кон бугарскиот премиер, ко доjде да разговарa, како и на приaтелски чувства кон Б'лгариa, рече БТА. Ние сме братски народи и сакаме нашите земеделци - в Б'лгариa и Грција, да живеаат добре и да добиваат повеке пари. Брееее Боjко за 2 саата ни напрви браka со грциве може да ви го позаjмем за 1 ден да ви го реши спорот Изменето од Анастеа - 23.Јануари.2010 во 01:30 |
||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
А и за нашите западни соседи
Најавата за одржување на вонреден попис на населението во Албанија, во кој за прв пат ќе има изјаснување за етничка и верска припадност, наидува на жестоки реакции на одредени десничарски кругови Предводник на овие кругови е познатиот историчар, уставотворец и политичар Сабри Годо, според кој голем број на Албанци во изминатиот период ја смениле својата етничка и верска припадност поради остварување на разни интереси. Ваквата состојба ќе даде искривена слика за бројот на припадниците на малцинствата, но и за верските заедници, вели Годо. Според него, прво треба да се праша населението дали воопшто сака да биде попишано, врз национална и етничка основа. Претседателот на комисијата задолжена за организирање на вонредниот попис, Генц Поло вели дека ќе биде предвидена можност, доколку некој не сака, да не се изјаснува за својата етничка и верска припадност Од друга страна малцинствата во Албанија, вклучително и македонското, го поздравија планот на официјална Тирана за одржување на попис на населението, во кое ќе има можност да се изјаснува и за етничка и верска припадност. |
||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Да се одреди датум за преговори за Македонија на следниот самит на ЕУ во март 2010-та.
Европските и македонските власти да се освестат дека одложувањето на стартот на преговори за земјата носи ризик од влошување на меѓуетничките односи, а може да биде опасно и за стабилноста на целиот регион, загриженост за одложениот датум во декември, ова е суштината на амандманите кои ги поднесува известувачот од Словенија Зоран Талер на сопствената резолуција за Македонија која треба да ја гласа ЕП на 26-ти месецов. Амандманите на Талер го избегнуваат прашањето за името и се фокусираат пред се на европскиот пат на Македонија. Од друга страна, низа пратеници, во главно од Грција и Бугарија, бараат да не се инсистира толку на што поскоро одредување датум за Македонија, и би сакале акцентот да се стави на добрососедските односи и воздржување од провокативни акти и изјави. Грчки пратеници потсетуваат дека во Македонија до сега ниту еден изборен циклус не бил регуларен и дека за инцидентите од парламентарните избори во 2006-та се уште нема судска разврска. Според нив, ова буди сомнеж дека во Македонија не се казнуваат сторителите, отворајќи го прашањето за ефикасноста и независноста на судскиот систем. Инаку, резолуцијата на Зоран Талер е првиот документ од европска институција во кој се употребува контроверзниот термин “антиквизација“, во врска со градењето антички споменици и повикувањето на античката историја. Британскиот конзервативец Чарлс Танок преку амандман бара да се избрише овој термин, но малкумина веруваат дека тоа ќе успее. Пратениците ќе гласаат на 26-ти јануари за оваа резолуција, која е првата на новиот известувач, Зоран Талер. Генерално и прогрчките и промакедонските струи во ЕП се задоволни од овој извештај и го оценуваат како избалансиран помеѓу двете страни. Резолуциите на Европскиот Парламент не се обврзувачки но го откриваат расположението на различните политички групации во Европа, како и расположението на земјите членки кон одредено прашање. Еве какви соседи имаме |
||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |