![]() |
|
Историја ( како наука ) |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поделба на историјата...
Историјата на човештвото се дели на пет периоди, и тоа: 1. Праисторија ( предисторија ) 2. Стар век. 3. Среден век. 4. Нов век. 5. Најнов век. 1. Праисторијата е најстариот и најдолг периот во развитокот на човештвото. Праисторијата се дели според материјалот од кој се изработувале орудјата. И тоа: камено време кое се дели на палеолит, мезолит и неолит и метално време. 2. Стар век е времето се до петтиот век. Во овој век живееле народи со високо научно достигнување. 3. Среден век започнува од петтиот век се до осумнаесетиот. Обележан е со гоелмата преселба на народите и племињата во Европа, кога се поставуваат темелите на современа Европа. Времето на хуманизам, ренесанса... 4. Новиот век започнува од 1789 г. со Француската буржаска револуција и завршува со почеток на првата светска војна и тоа во 1914 година. 5. Најновата историја го опфача периодот од првата светска војна до денес. |
|
![]() |
|
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Темата ја отварам овде во наука, бидејќи во подфорумот Историја и не можеме да ја согледаме основата на Историјата освен да водиме кавѓи против бугарите и слично. Значи целта ми е да ја објасниме историјата и важни историски настани, како е поделена во периоди и општо.
За почеток да го согледаме прашањето... 1. Што е историја? Зборот и поимот историја потекнува од грчкиот збор ( историа ) и во основа значи испитување, иследување, расказ, познавање за она што е испитано. Грчкиот историчар Херодот од Халикарнас ( 484 - 424 г.п.н.е. ), зборот историја го употребил за именување на сопствената книга " Историја ". Во ова дело, за првпат, наместо митското прикажување, доминира рационалистичкото толкување на минатото. Токму затоа, големиот римски говорник Цицерон го нарекол Херодот " татко на историјата ". Поимот историја во себе содржи две општи определби: 1. Ги означува историските настани ( односно појави во животот ) и 2. означува дека историјата е наука, предмет, струка која ги проучува тие настани. Опишувањето на историјата во научна смисла се нарекува историографија, а луѓето кои ја проучуваат историјата, историографи или најопшто историчари. Историјата е општествена наука која има разновидни научни и општествени задачи. Доколку го проучува минатото на еден народ или држава ( на една етнополитичка заедница ) ја нарекуваме национална историја, наспорти општата историја која го проучува минатото на повеќе народи, држави или на општеството во целина. ![]() Изменето од DDarko - 16.Ноември.2009 во 14:27 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |