|
Стилови на уредување |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постмодернистички стил
Овој стил ја негира едноставноста, редот и рационалноста, а белата и црната боја се премногу неутрални за него, бидејќи во овој стил надвладуваат јаките бои. Црвена, жолта, сина, зелена создаваат несекојдневни и иновативни простори. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moroccan (Марокански)
Стил полн со детали, ткаенини со украсни мотиви, разнобојни мозаици, метални латерни, ѕидови со текстури, лесни материјали, бои на драги камења, ориентални простирки и теписи, перници изработени од скапоцени ткаенини, како и резбарени дрвени детали. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Класичен стил
Класичниот стил се карактеризира со следните особини:
Конзервативен избор на бои Благите тонови карактеризираат еден посовремен и малку поопуштен пристап на традиционалниот стил. Ако пак сакате строго да се држите до одредниците на класичниот стил, користите ги боите на скапоцените камења со златни и сребрени детали. Комбинација на старо и ново Оригиналите и репродукциите на класичните ентериери препорачуваат просторот да се оплемени со украсни детали (лампи, слики, порцелан итн), но по никоја цена да не изгледа дека е преполн и закрчен со дребулии. Мешавина на еклектички и класичен стил Не мора задолжително да го вкомпонирате ентериерот за да буквално целиот мебел биде со класичен стил. Денес дури и е вообичаено нејефектните класични простори да имаат парчиња кои одговараат на други стилови и епохи (дури и примероци на современата уметност), што го оплеменува просторот и често го прави многу поупотреблив. Класична спална соба Спалната соба уредена во класичен стил обично содржи доминантен кревет со балдахин и резба, со неизбежната голема плоча на подглавието, на кои се ставени големи, ефектно украсени перници. Покрај креветот, во овакви соби (зависно од расположивиот простор) се наоѓа и комода со големо огледало и фиоки, со вратички во антички стил. Трпезарии и салони Класичниот стил го карактеризираат големи и раскошни трпезарии и салони за обедување. Тие се претежно опремени со голема трпезариска маса, опкружена со столици со витки линии со големи правоаголни наслони, со дополнително поставени кожни или тапацирани удобни фотељи. До нив во трпезаријата обично се наоѓаат и мали тркалезни столчиња кои лесно може да се преместат по потреба за да се послужи кафе или чај од порцеланскиот сет (алтернативно може да има и количка за послужување на чајот). Ваквите салони обично се споени со стаклени врати што овозможува нивно лесно спојување во единствен голем простор за фамилијарни прослави и собирања. Иако класичниот стил веќе нема толку строго дефинирани правила, и следна го карактеризираат големи примероци на дрвен мебел на кои веднаш се забележува вештата рака на мајсторот и грациозните линии. Во последно време тоа е често помешано со модерни материјали и поведри бои што на просторот му дава помалку формален, но и следна елегантен печат. Таквата безкомпромисна мешавина на ново и на старо се покажува како добитна комбинација за простори со долга традиција, како што се стари куќи, вили, салонски станови итн. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Baroque (Барок)
Изразено декоративен стил кој се појавил во Италија во седумнаесеттиот век. Го карактеризираат торзиони столбови, големи неправилни криви линии, сложени спирални украси, прекумерно обликување, скапоцени материјали и украси во интарзија на дрвените подови. Златната боја преовладува, украсена со силни нијанси на розева, темно зелена, загасито црвена и палено-смеѓа, како би се постигнал богат, "царски" изглед. French Empire (Француски империјален) Стил на раниот деветнаесетти век, кој ги изразува империјалните амбиции на Наполеон. Базиран на класичните римски и грчки облици, мотивите се симболични и претставуваат факели, римски орлови, империјални венци, ликови од митологијата, лавови и буквата “N” (Napoleon). Ѕидовите и таваните содржат многубројни украси. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Технолошки стил
Овој стил е идеално решение за сите кои сакаат да престојуваат во простор неоптоварен со украсни детали и шарени бои. Мебелот се одликува со рамни, едноставни линии, а најчесто е изработен од црна кожа и хромиран челик. Токму таквиот дизајн го прави децентен и бесвременски. Со оглед дека една од главните карактеристики на овој стил е постигнување на склад помеѓу ѕидовите, подот и мебелот, важно е ѕидовите да бидат обоени во нијанси на ладни бои, пр: бела или сива, никако со јаки бои. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Scandinavian (Скандинавски)
Опфаќа три различни нордиски стилови – селански, Густавијански и Скандинавски модерен стил. Сите три се доследни на светлата и свежа палета на бои, како и на мноштвото парчиња мебел од дрво, а сето ова како противтежа на темните и студени предели и зими. Карактеристиките на селанскиот стил вклучуваат необработени или обоени дрвени површини, дрвени подови, мебел изработен од бреза или бор, и материјали со минималистички мотиви и бело-измиени нијанси. Густавијанскиот изглед е комбинација на парче со селански стил со палета на интензивни бои и елегантни додатоци, како што се кристалните лустери и покуќнината со прекрасни облини. Скандинавскиот модерен стил се развил со движењето на модерната во триесеттите години од дваесетиот век. И него го карактеризира мебел од светло дрво, но овојпат со нагласени линии, облик и форма. Изгледот е нагласен со детали со интензивни бои, обично кај уметничките дела или кај подните простирки. Shabby chic Овој стил е популарен во последниве години поради својата популарност и ниските цени. Мебелот со бела боја, насликани мотиви, пригушени тонови, пресвлеки и материјали со стари мотиви се карактеристики на овој удобен стил. Southwestern (Југозападен) Најчесто го означуваат бои со земјени тонови, необработени текстури, рачно изработени предмети, со често користење на теракота и кровови со глинени керамиди. Traditional (Традиционален) Традиционалната покуќнина може да се сретне во деветнаесеттиот век, во француските провинции, па дури и кај егзотичните острови на Исток. Меѓу најпопуларните традиционални стилови се англискиот стил на осумнаесеттиот век, неокласицизмот на деветнаесеттиот век, францускиот провинцијален стил и повторното раѓање на британскиот колонијален стил. Tropical (Тропски) Орнаменталните резби со островски мотиви, егзотично дрво и врамени пресувани растенија се главни карактеристики на овој стил |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mission (Мисионерски)
Овој стил во раните години од дваесеттиот век се препознава по цврстиот, темен мебел од даб, прави и јасни линии. Најпознато парче мебел е столицата на Морис, која се смета за прва столица за лулање. Modern (Модерна) Стил кој потекнува од триесеттите години на дваесеттиот век, со корени во германската Баухаус школа за дизајн, како и во скандинавскиот модерен дизајн. Го карактеризираат мебел со чисти, рамни линии, полирани површини, мазни геометриски облици и асиметрија. Големите и едноставни прозорци го спојуваат ентериерот со надворешните пејсажи. Moroccan (Марокански) Стил полн со детали, ткаенини со украсни мотиви, разнобојни мозаици, метални латерни, ѕидови со текстури, лесни материјали, бои на драги камења, ориентални простирки и теписи, перници изработени од скапоцени ткаенини, како и резбарени дрвени детали. Neoclassical (Неокласичен) Елегантен и едноставен стил во дизајнот, со мотиви превземени од стариот Рим, Грција и Египет, многу популарен во доцните години од осумнаесетиот век. Old World (Стар свет) Печат на овој стил е удобниот изглед, на кој се гледаат трагови од негово користење. Ѕидови со текстура, рачно обработени прозорци и ѕидови, природни материјали како што е мермерот го истакнуваат овој стил. Завршната обработка е особено важна – брусен и мат мебел повеќе се употребува отколку површините со висок сјај и отсјај. Боите се пригушени. Rococo (Рококо) Стил на европскиот дизајн, со потекло од Франција во осумнаесеттиот век, со мебел изработен од скапо дрво со украси од резба и заолени облици. Се смета за рафинирана верзија на крупниот и цврст барокен стил. Romantic (Романтичен) Удобен стил кој им годи на сетилата преку користење на меки ткаенини со цветни мотиви, чипка, насликан мебел, пастелни бои, пригушено светло и мирисни цветни аранжмани. Rustic (Рустикален) Едноставен стил типичен за живот на село, со едноставни ентериери, необработени ѕидови, дрвени облоги, груби греди и камен. Покуќнината е едноставна и цврста, со малку украси и со природна или патинирана завршна обработка. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
French Empire (Француски империјален)
Стил на раниот деветнаесетти век, кој ги изразува империјалните амбиции на Наполеон. Базиран на класичните римски и грчки облици, мотивите се симболични и претставуваат факели, римски орлови, империјални венци, ликови од митологијата, лавови и буквата “N” (Napoleon). Ѕидовите и таваните содржат многубројни украси. French Country (Француски селански) Рустикалната верзија на формалниот француски мебел од седумнаесетиот и осумнаесетиот век, како што се стиловите за време на Луј XIX и Луј XV. Парчињата мебел на раниот француски провинцијален стил се сметани за селански мебел. Биле рачно обработувани и биле во природна состојба. Наместо тешките тапацирани делови, стролиците имале прачки на седалата и наслоните. Бои кои се типични за овој стил се загаситите бои како и интензивните нијанси на медитеранско сината, сончево жолтата, теракотно црвената и зелената боја. Природните материјали и теракотата обилно се употребуваат, со додатоци од жица и ковано железо. Garden (Градинарски) Стил кој се карактеризира со свежи и убави предмети, помеѓу другото и цветни мотиви, везени перници, врамено суво цвеќе, насликан мебел од дрво, детали со чипка, свежо цвеќе и антиквитети од порцелан. Mediterranean (Медитерански) Овој мебел потекнува од земјите во северот на медитеранот како што се Шпанија, Грција и Италија, а често се нарекува и шпански модерен стил. Мебелот со медитерански стил варира од едноставна функционалност до екстремна формалност. Парчињата мебел се ниски, со украсни ногарки и постолија, рамките се тешки, често патинирани или палени. Ѕидовите најчесто се со изразени текстури, а вообичаени се и заоблените горни површини, или заоблени површини над каминот. Mid-century modernism (Модернизам од средината на векот) Стил кој настанал во период помеѓу 30-тите и 70-тите години на дваесеттиот век. Се карактеризира со додатоци со природни облици, чисти линии, еднобојни ѕидови и рамки за мебел од панел и варено дрво. Материјалите кои се употребуваат во овој период вклучуваат панели, шперплочи, фурнир, фиберглас, челик, алуминиум и ковано железо. Осветлувањето претставува уметнички детал, со мотиви на кругови, триаголници, конуси и тела направени од челик, месинг, алуминиум. Се користат и завеси со интензивни бои. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Country (Селански)
Широк опсег на стилови кои зависат од географската положба, но за сите нив е карактеристичен едноставниот мебел кој е подреден на функционалноста, пригушените тонови, млечни бои и vintage материјали. Eclectic (Еклектичен) Еклектичниот стил опфаќа разновидните периоди и стилови, а главна карактеристика при уредувањето во овој стил е употребата на повеќе бои, текстури, облици и завршни обработки. English (Англиски) За ентериерите во овој стил е карактеристично што многу се употребува дрвото, материјали со мотиви и традиционални бои. Дрвото се употребува и кај подовите, за обложување како и за обработка со резба. Материјалите се карирани или се со цветни мотиви, или со пруги во темно зелена боја, морнарско сина, црвена и златна. Вообичаени се и колекции на фин порцелан и сребрени предмети. English country (Англиски селански) Опуштен, удобен стил кој претставува толкување на традиционалниот изглед. Боите се природни и пригушени, присутни се квалитетни текстури во ентериерите и екстериерите кои се добиени со употреба на дрво, метал и камен. Во ткаенините кои се употребуваат се присутни и везени простирки и теписи, како и материјали со пригушени цветни мотиви. Мебелот варира од комоди во темни бои, до полици за книги од дрво од бор. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Colonial (Колонијален)
Стил кој доминирал во уредувањето на американските домови од осумнаесеттиот век се до годините на револуцијата. Се заснова на голема употреба на дрва за подови и ѕидови, кои често се оставаат во природен облик, без лакови и бои. Токарените вретенести облици се употребуваат кај ногарките. Карактеристични за овој стил се нежно везени платна и ткаенини, потоа фамилијарни портрети, и предмети од коситра. Contemporary (Современ) Опфаќа широк појас на стилови развиени во втората половина на дваесеттиот век. Предметите се со меки, заоблени линии, наспроти острите линии на модерниот дизајн. Ентериерите се со неутрални елементи и чисти бои, истакнувајќи ги на тој начин основните линии, облици и форми. Cottage Разнобоен, удобен изглед, кои карактеризираат насликан и/или украсен мебел со грациозни линии, како и предмети со изразени текстури, како кај плетените кошари, рапави ѕидови, подни простирки и завеси за прозорците од природни материјали, патинирани дезени и бои кои потсеќаат раскошна градина. |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Asian (Азиски)
Стил кој е во релација со јапонските и кинеските влијанија. Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело, со предмети со димензии 90 x180cm, кои се користат како прекривачи за подот, изработени од природни влакна, и се нарекуваат татами. Необработените материјали како што е бамбусот, и боите земени од природата се употребуваат за да се постигне провидно и мирно опкружување. Во уредувањето карактеристика е шоји врата (лизгачка врата направена од дрвени рамки кое се пресвлечени со полупроѕирна специјална хартија) и светилките од оризова хартија. Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои представуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа. Baroque (Барок) Изразено декоративен стил кој се појавил во Италија во седумнаесеттиот век. Го карактеризираат торзиони столбови, големи неправилни криви линии, сложени спирални украси, прекумерно обликување, скапоцени материјали и украси во интарзија на дрвените подови. Златната боја преовладува, украсена со силни нијанси на розева, темно зелена, загасито црвена и палено-смеѓа, како би се постигнал богат, "царски" изглед. Beidermeier (Бидермаер) Германски стил на мебел од првата половина на деветнаесеттиот век, кој како главни карактеристики ги има цврстината и удобноста. Палетата на бои е светла, со пастелни нијанси, како и секундарни бои. Мебелот е избработен од светло дрво, во линеарни, но и заоблени облици, кои произлегле од формалниот француски империски стил. Преовладуваат подови кои се изработени од паркет кој е сложен во геометриските облици. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Класичен стил
Тој е префинет, урбан стил кој често ги спојува класичната и современа естетика, што не е лесна задача. Кај овој стил важно е да обрнете внимание на секој детаљ бидејќи токму растенијата, сликите, скулптурите, шарите на ткаенините и останатите украсни елементи му даваат на просторот нота на класична префинетост. При изборот на класичен стил за уредување на ентериерот, се препорачува да се насочите само кон еден од класичните стилови било да се работи за Класицизмот, Бидермаер, Арт Ноувеау или Сецесија, Арт Деко итн. Сепак, она што е заедничко на сите историски стилови, пред се, е употребата на природни материјали како дрво (мебел од даб, орев, махагони), камен (подови од мермер), кожа, ткаенини од природни влакна (брокат, кадифе, тантела и свила). Во раните периоди надвладувале темните бои, богати, тешки завеси, ткаенини со шари, масивен мебел од темно дрво украсен со резби, позлати, тапацирани столици, ѕидови со шарени тапети, многу слики и детали. накратко владеело мислењето "Повеќе е подобро"'. Од втората половина на 19 век ентериерот станува многу поедноставен и посветол. Ѕидовите биле боени во бело, мебелот бил изработуван од светло дрво и веќе не бил масивен ниту богато украсен. Благодарение на иновациите во производството, елегантниот мебел станува привилегија на племството. Некои примероци од тоа време на пр: Тифани лампата или Тонетовата столица и денес се популарни. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Art deco (Арт деко)
Стил особено популарен во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век. Негова карактеристика е елегантната геометрија кај покуќнината и мебелот, заоблените површини, детали кои се пресликуваат симетрично, како и мебел од дрво со кромирани делови и стаклени горни површини. Art nouveau (Арт нуво) Стил кој му претходи на Арт деко. Се појавува во Франција помеѓу 1890 и 1910. Го карактеризираат мебел, покуќнина, "тифани" лампи со меки линии и со слободни форми и облици, инспирирани од природата и женското телo. Arts and crafts (Уметност и претприемништво) Движењето “уметност и претприемништво” претставувало реакција на индустриската револуција, како и на нагласеното украсување за време на Викторијанската ера. Популарен на самиот почеток на дваесетиот век, овој стил го славел претприемаштвото низ едноставни облици на столаријата, скромно украсени, но со истакнати линии. Материјалите кои се употребувале за естетско усовршување се метали, обоено стакло, плочки и ткаенини насликани со стилизирани цветни мотиви. Најистакнати уметници-претприемачи се: Вилијам Морис, Густав Стикли и Чарлс и Хенри Грин. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Азиски Ова е стил кој е во релација со јапонските и кинеските влијанија. Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело, со предмети со димензии 90 x180cm, кои се користат како прекривачи за подот, изработени од природни влакна, и се нарекуваат татами. Необработените материјали како што е бамбусот, и боите земени од природата се употребуваат за да се постигне провидно и мирно опкружување. Во уредувањето карактеристика е шоји врата (лизгачка врата направена од дрвени рамки кое се пресвлечени со полупроѕирна специјална хартија) и светилките од оризова хартија. Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои представуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |