|
Спроведува ли државата финансиски терор? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
значи , се наметнува едно прашање кое секогаш го потенцирам .......
функционира ли тивка федерализација или небарањето пасош е знак дека не е така
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Турците пет века собирале арач...ама собирале од сите
се знае од кого сега се собира арачот...линија на помал отпор,убаво си кажа онаму кај што можат наплаќаат и за оние кои не им даваат,каде можат да бидат натепани,каде ќе им ја затворат вратата пред нос! ако една држава чека да наполни буџет од казнување на своитее граѓани кое патем се граничи со лудило...извинете ама ја би рекла-плукни се на таа држава |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да тоа го знам за Струмица, но дали е така во Тетово... Таму е доволно да се прошетат само по кладилниците, мислам дека не постои легална кладилница во Тетово...Или се бројат на прсти додека во Струмица 100 пати ги затворија... Нека одат малку да збират арач и во западна Македонија...Но дали смеат прашање е??? |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неспорно дека законите треба да се почитуваат, но кога тоа се прави вака предизвикува оправдан револт кај граѓаните.
Наместо да се обрне повеќе внимание на превентивно дејствување и припремање на теренот за спроведување на законските прописи, бидејќи знаеме дека кај нас се што е ново наидува на отпор, се отиде на варијантата спроведувањето на законите да се претвори во собирање државен арач. А и како инаку ќе ја наполнат буџетската дупка?! Минатата недела во Струмица беа пуштени над 500 разноразни инспектори, низ градот владееше страв, сите чекаа да им тропне некој инспектор на врата, барајќи нешто за казнување, ужас! |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Спроведува ли државата финансиски терор?
Фирми се санкционираат за банални работи, се пишуваат драстично високи казни, буквално за ситници. По информацијата на А1 дека инспекции пустошат низ Македонија, се огласи и најголемата бизнис асоцијација во земјава. Стопанската комора апелира државата да го намали притисокот што врз компаниите го прави преку инспекциите, бара наместо со казни, со опомени да се бара од фирмите да отстранат евентуални недостатоци. „Ова на одреден начин е полнење на буџетот. Ние ја сфаќаме политиката на владата, дека законите треба да се почитуваат, тоа не е спорно, меѓутоа мислиме дека треба инспекциите да посветат внимание и на нивната превентивна улога, во делот што е предвиден со законот, за да сепак во стопанството не се случуваат овие работи“, вели Ацо Спасовски, Стопанска комора на Македонија. А1 вчера објави дека годинава пазарната инспекција за неверојатни 900 проценти ја зголемила вредноста на изречените казни во однос на лани. Раст на приходите бележат и други инспекции, казнувањето драстично го зголемило и МВР. Состојбата на терен покажува дека насекаде низ државата се затвораат фирми и дуќани, кафулиња, масовно се делат казни. Бизнисмените се пожалија дека државата спроведува финансиски терор. „Имаме неколку бензински пумпи кои се членови кои се затворени, исто така ресторани, текстилни фабрики во источниот дел од Македонија, но и во западна, неколку земјоделски компании кои имаат преработка и процесуирање на овошје и зеленчук“, рече Миле Бошков, конфедерација на работодавачи. Опозицијата обвини дека власта очајно се обидува да ја наполни испразнетата буџетска каса. владата сака да собере околу 40 милиони евра повеќе во буџетот од ставките кои се дел од неданочните приходи. Само од административни такси и надоместоци планира да собере 22 милиони евра повеќе од лани. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=115907 Што се однесува до мене , јас сум ЗА да се спроведуват законите но сепак мислам дека неретко се казнуват фирми за ситници и со несоодветно високи казни, а со цел по секоја цена да се наполни државната каса , за нели да има од што да цицаат буџетарите... Но она што мене особено ми боде очи е тоа, дали инспекциите на ниво на цела држава вршат контроли или казните одат по „линија на помал отпор„ како и што досега беше пракса се удара таму каде што се може... Само неколку примери ќе дадам: Во Струмица инспекторите шетат секојдневно и има примери каде што за непријавен вработен се лепат казни и до 20илјади евра, од друга страна во Струга оваа година ниту еден локал не работеше легално , за плажите и да не зборуваме... Исто така многу добро се знае дека од „оваа„страна на Бардар кафичите и дискотеките строго се држат на работното време додека од „онаа„ страна на Вардар поточно во Капан Ан работи дискотека до 7 саатот на сабајле... |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |