IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Кој и кога смее да биде убиен?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој и кога смее да биде убиен?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
hleb20 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hleb20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 00:27
Muslimanite od sekogash bile napagani za omraza,nasilstvo,vojni,ubistva itn. No koga ke procitash k*ran ne e bah taka , tuku samo prazni obvinenia eve da videme sto vika k*ranot:

„Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).

Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна. Ако обрнеме внимание на животот на Мухамед, а.с., може да забележиме дека војната е еден метод кон кој се прибегнува само во случај на потреба и со цел на одбрана. Објавата на к*ранот траела дваесет и три години. Првите тринаесет години на времетраење на Објавата муслимани во Мека живееле како малцинства, во еден идолопоклоннистички систем, каде што секојдневно биле изложувани на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбувани, постојано биле соочувани со навреди и закани. Меѓутоа, сепак муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон сила, и идолопоклонениците постојано ги повикувале на мир. Конечно, кога идолопоклоненичките притисоци достигнале точка на нетолеранција, со преселување во Јасреб (кој подоцна бил наречен Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa, муслиманите формираат своја управа. Дури и откако формирале свои политички устројства не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоненици од Мека. Меѓутоа, откако беше објавен к*ранскиот ајет, Мухамед, а,с,. им даде налози на асхабите да се подготват за војна:
„Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40).

На кратко, Aллах, џ.ш., на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранијата. Со други зборови, војна која се дозволува единствено е само војната со цел за одбрана. И во други ајети муслиманите се предупредуваат за да се избегнува непотребна провокација и непотребна употреба на сила:
„И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190).

По објавувањето на овој ајет се случиле војни меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие војни, муслиманите не биле страна која предизвикала војна. Покрај тоа, со прифаќањето на мировен договор (договор на Худејби) во кој се согласило на серија барања идолопоклонениците Мухамед, а.с., обезбедил мир и безбедност, изградил атмосфера и социјална структура, во која со идолопоклонениците ќе живеат во мир. Идолопоклонениците сепак биле страната која го прекршила договорот и кои била причина за почеток на една нова војна. Меѓутоа, во исходот со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска постанала толку силна што Арапските идолопоклонниците не можеле да одолеат, кога Мухамед, а.с., со оваа војска тргнал и ја освоил Мека.

За време на овој поход немало никакво пролевање на крв, на ниту еден човек не му е направено ниту едно зло и непријатност. Ако сакал, Мухамед , а.с., можел да им се одмазди на идолопоклоненичките лидери на освоениот град. Меѓутоа, не е допира ниту еден од нив, простувајќи им, оставајќи ги слободни во нивните верувања. Импресионирани од вака високиот морал и карактер, мушриците подоцна доброволно го прифаќаат исламот.

Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во к*ранот. Aллах, џ.ш., во к*ранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани:
„Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9).

Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг к*рански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни:
„О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8).

PA SPORED VAS KOJA E VERATA NA LJUBOVTA,MIROT ???? SUDETE BEZ DA ZNAETE.
Кон врв
hleb20 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hleb20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 00:26
Ne me svati dobro, ne da se razocharash od mene tuku od ona sto veruvah.Mislish samo ljubov,mir i jas taka mislam e da videme sto ni kazuvaat biblijata i podocno k*ranot.
Biblijata:

Излез 21:12;
12''Кој ќе удри друг,така што тој ќе умре, има да се казни со смрт.''
15. Кој ќе го удри својот татко или мајка, треба да бидат казнети со смрт.
16 Кој фати човек и веќе го продал или се уште е во негови раце, мора да биде казнет со смрт.

17 Кој го проколнува својот татко или својата мајка, треба да се казни со смрт. "


15. Кој ќе го удри својот татко или мајка, треба да бидат казнети со смрт.
16 Кој фати човек и веќе го продал или се уште е во негови раце, мора да биде казнет со смрт.

17 Кој го проколнува својот татко или својата мајка, треба да се казни со смрт. "
Излез 22,28-29;

28 Ако вол забоде маж или жена така што настапи смрт, има волот да се каменува, но неговото месо нека не се јаде, а сопственикот на волот да не се казни.


29 Но ако волот бил веќе отпорано бил бодач а господарот негов веќе бил предупреден, а тој не го вардел, тогаш волот ќе се каменува, а ако усмртил маж или жена господарот негов ќе се казни со смрт.Потоа:
Левитски законик 20.11.

2 "Кажи им го ова на синовите Израилови: Ако еден Израелец, или странец, кој живее во Израел, кој даде свое дете Молеку, тој ќе се казни со смрт; народот да го каменува.

9 Сите кои проколнуваат татко или мајка, сосмрт са се казнат, затоа што тој проколнувал татко и мајка, нека неговата крв биде на него.

10 Ако некој направи грев со мажена жена, сопруга на свој ближен, со смрт да се казнат прељубникот и прељубницата.


11 Ако некој грев направи со жената на таткото свој,го посрамотил таткото свој; двајцата треба да бидат казнети со смрт, нека нивната крв биде на нив.

12 Направи ли некој греев со снаата своја, со смрт двајцата да се казнат; нека крвta нивна биде на нив.

13 Ако маж стори грев со друг маж, како со жена, двајцата срамота сториле. Тие се казнети со смрт, нивната крв нека биде врз нив. 14 Ако некој земе за себе жена а и мајката нејзина, тоа е срам! Треба и него и двете да се запалат, да се стави крај на таквата нечистотија меѓу вас.

15 Ако некој стори грев со животно, е казнет со смрт, и животното треба да се убие.

16 Ако жена се приближи на животно, да направи грев со него, да се убие и жената и животното.Нека нивната крв е на нив.

17 Ако некој ја земе за жена сестрата своја од страната на својот татко или од мајчина страна и ако тие меѓусебе општеле, тоа е срам! Тие мора да се убијат, пред очите на своите сонародници! Тој осквернавел својата сестра и има својата вина да ја сноси.
18 Ако општи со жената во време на нејзината немоќ, значи ако тој и таа откријат женско месечно течење, треба двајвата да се истребат од народот свој.
19 Со сестрата на твојот татко или мајка ти не смееш да општиш, бидејќи таквиот го сквернави своето тело тие треба вината своја да ја сносат.

20 Кој направи грев со сопругата на неговиот чичко, го посрамотил него. Тие својата вина ќе ја плаќаат; ќе умрат без деца.
Егзодус (Излез), Глава 35-2:

2 Шест дена нека се работи. Но, седмиот ден ќе ви биде свет, празник, ден за одмор во име на Господ. Кој ќе работи на тој ден, да се казни со смрт.
Броеви, Глава 3-38:
38 Однапред на источната страна на светото живеалиште, пред Шаторот на средбата кон сончевиот исток отседнати биле Мојсеј и Арон и неговите синови. Тие имаа служба околу Светилиштето, служба за народот на Израел. А да се приближеше некој друг, ќе мора со смрт да се казни.
Броеви, Глава 15-35:

32 Кога синовите Израелови беа во пустината, затекнаа човек кој купуваше дрва во сабота.

33 Луѓето кои го беа затекнаа таму каде што купувал дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и неговата заедница.

34 Тие го ставија во затвор, затоа што не беше сеуште одредено за тоа што ќе се прави со него.
35 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: "Овој човек треба да се казни со смрт. Нека го каменува цела заедница надвор од таборот.
36 И целата заедницаго изведе пред таборот и го каменуваше до смрт, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
Abe brate ne svacaj me pogreshno nema da se razocarsh od mene tuku od toa vo sho veruvah.
Oviee sto go pisuvale ova se inspirirani od Boga ili od gavolot???


Броеви, Глава 18-7:
7 А ти и со тебе, синовите твои, вие ќе извршувате свештеничка должност на се што паѓа на жртвеникот и зад завесата. Ете така обавувајте ја службата своја.Благороден дар е службата свештеничка што ви ја предадов. Неовластените кои ќе пристапат, со смрт да се казнат.“

Броevi 31:

7 И отидоа во борба против Медјаните, како што Бог му заповеда на Мојсеј, и ги убија сите машки лица.

15 Мојсеј им рече: "А зошто ги оставивте во живот сите жени?
16 Тоа беа оние кои на советот Балаамов ги заведоа синовите Израилови, да се одметнат од Господа поради Пеора, па стигна помор на заедницата Господова.17 Затоа сега убијте ги сите машки деца и сите мажени жени.
18 А сите девици, кои уште не се мажени, оставете ги за себе во живот.

Броеви, глава 35:
16 Ако со железно орудије го удри така што настапи смрт, тогаш е крвник. А крвникот со смрт да се казни.
17 И ако камен од рака, од кој може човек да загине,погоди некој, и тој умре од тоа, починителот е крвник. Како крвник мора да биде казнет со смрт.
18 Или ако со едно дрво, од рацете на еден човек од кое може да се загине, погоди некој, и тој од тоа умре, починителот е крвник.А како крвник мора да биде казнет со смрт.
19 Крвниот осветник може да го убие крвникот. Ако го фати, смее да го убие.

20 Понатаму, ако некој одзади турне друг од омраза или се фрли на него, така што тој умре,

21 Или, ако го удри тој со својата рака од непријателство, па тој умре, тогаш мора таков убиец да се казни со смрт. Тој е крвник. Крвниот осветник треба да го убие крвникот кога ќе го фати.

30 Ако некој убие човек, тогаш убиецот треба да се казни со смрт само со сведочење на повеќе сведоци. Сведоштвото на само еден сведок не е доволно за смртна казна.

31 Да не земате откуп за животот на крвникот, кој заслужува смрт. Мора да се казни со смрт.

I sto vikate ovie sto ja pisuvale biblijata bile "vdahnati" od Svetiot Duh ili INSPIRACIJA NA GAVOLOT.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 00:14

Originally posted by hleb20 hleb20 напиша:

ke se obidam vo tekot na nedelava dati odgovoram.
Samo odnapred ke ti kazam ke se razocharash!!!


Фала ти побратиме!

Навикнат сум јас на разочарувања од страна на човекот, а очарувања и чаролии никогаш не ми ни требале зошто никогаш и не воделене кон СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Само храбро и искрено, побратиме!

Селам


Изменето од spiros - 21.Октомври.2009 во 00:14
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
hleb20 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hleb20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 00:09
ke se obidam vo tekot na nedelava dati odgovoram.
Samo odnapred ke ti kazam ke se razocharash!!!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 23:26
Минатата недела после фамилијарниот ручек кај моите родители, при враќањето, во автомобилот имаше известување на радио, дека; сунитските “божји воини“ убиле 31 човек од кои 6 офицери на шиитската револуционерна гарда.

После оваа жална вест што овојпат ни пристигна од иран а не од ирланд, би сакал да поставам една тема во која би добил одговор од страна на членовите на верските заедници кои под одредени услови дозволуваат убиство.
Прашањето е : Кој и кога (под кои услови) - според вашата вера - смее да биде убиен?

Однапред ви благодарам за трудот.






















Изменето од spiros - 21.Октомври.2009 во 00:05
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.