|
Жртви на убавината |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ФОТО: Донатела Версаче повторно мета на негативни коментари заради изгледотНе е тајна дека Донатела Версаче е обожавателка на пластичната хирургија, но и покрај сите корективни зафати, славната дизајнерка добива само негативни коментари за својот изглед. Главната креаторка во модната куќа Versace беше фотографирана на аеродром во Сао Паоло. Мазната и сјајна кожа на лицето, на која не се забележува ниту една брчка, уште еднаш ги поттикна дискусиите за многуте козметички интервенции на кои се има подложено 59-годишната Италијанка. Многумина коментираат дека Донатела треба да прекине со интензивните модификации на лицето. Донатела на свеченост организирана од Harper's Bazaar на 5 септември„Лицето на Донатела Версаче изгледа многу неприродно, речиси како маска“ – коментираше пред неколку месеци хирургот Арманд Хербергер за германскиот весник „Bild“. Донатела со Џани Версаче во 1990 годинаДонатела присуствува во Бразил по повод модната недела во Сао Паоло, во рамките на која ќе биде презентирана капсулната колекција на Versace за Riachuelo. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од природна убавица до силиконска кукла!30-годишната манекенка од Летонија, Викторија Вајлд многу лесно може да ја измешате со некоја секси кукла. Со својот бизарен силиконски изглед таа шокираше многумина, сепак, во едно неодамнешно интервју таа откри дека се чувствува одлично во своја кожа. - Кој не би сакал да изгледа како секси кукла? Тоа е толку привлечно – порача Викторија. Оваа девојка која потекнува од Летонија, живее во Кан, Франција. Трансформацијата на својот изглед ја започнала во 2011 година, и за три пластични операции потрошила 31.000 евра. За да го добие изгледот од своите соништа Викторија оваа година ги оперирала носот, вградила силикони во усните, а лицето го освежила со ботокс. За овие дополнителни промени потрошила 6.300 евра. Викторија уште во своето детство сакала да изгледа како кукла. Иако кога била тинејџерка ја нарекувале „барбика“, нејзините мали гради воопшто не и се допаѓале. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од убавици до „монструми“: Најдрастичните селебрити трансформацииХоливудските убавици постојано се трудат да останат младолики и се подготвени да дадат многу пари за по секоја цена да изгледаат помладо и поубаво. Сепак, очигледно не ја научиле лекцијата дека токму нивното трудење и фрлање пари за скапи пластични и козметички корекции само го доуништуваат нивното лице и изглед. Последен ваков пример беше шармантната актерка која ја паметиме од филмот Bridget Jones Diary, која ако во минатото изгледаше навистина убаво и поинакво од останатите селебрити фаци, сега воопшто не наликува на себеси. Донатела Версаче Хејди Монтаг Џенис Диконсон Лил Ким Никол Кидман Бери Минлоу Блејк Лавли Линди Лохан Тулиса Ким Кардашијан Шерон Озборн Тори Спелинг Мики Рурк Шер Кортни Лав Мелани Грифит Ники Кокс Дерил Хана Брус Џенер Лара Флин Бојл Мег Рајан Кејти Прајс Меган Фокс |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изгледот на пејачката Маја Беровиќ е резултат на бројни операции.Маја Беровиќ минатата година постигна успех со својот хит „Мама, мама“, а со оваа песна и новиот албум следуваше и визуелна промена на пејачката. Популарната пејачка во Босна и дијаспората не крие дека досега имала неколку пластични операции бидејќи, како што вели самата, денес музиката се слуша, но и се гледа.
Еве како изгледаше Маја некогаш:
Еве како изгледа сега ... |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кога ќе се претера со пластични операции: Ѕвезди кои некогаш изгледаа прекрасноНаместо да изгледаат помладо и подобро, овие познати личности имаа далеку поразлични ефекти по многубројните пластични операции и зафати. Попаметно ќе им беше да останеа природни:
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
овие гарант користат ЈУТРО - КЛЕК штом изгледаат вака свежо а истовремено здрвено .............
Изменето од МАРШАЛ - 26.Август.2009 во 20:50 |
||||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
кога братучетка ми, која живее во Шведска станува во 5 часот наутро, за да се припреми до 8, само за на училиште..... за да изгледа сосема исто како овие.... ( за мене преправени )
само за да може полесно да се вклопи , тогаш да не зборуваме за други поекстремни примери за кои често имам читано... кога денешни идоли се лејди гага, токио хотели, хана монтана, брац и други слични фаци,... тие претставуваат идоли и за да се постигне нивната ,,убавина,, и на глава се проодува... |
||||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ехххх... иако и порано имало крајности кога е убавината во прашање, мислам дека не било толку изразено како денес - најмногу поради секојдневното присуство на различни медиум во нашиот живот кои ни ги „диктираат“ трендовите во убавината... се сложувам дека убавината е барана, убавината се продава, физичкиот изглед е најважен, ама таа убавина што ни ја продаваат е просто речено вулгарна... совршенство не постои, ниту ќе постои, а тежнеењето да се достигне врвот на крајот доведува до многу разочарувања и несакани последици...
И не се само жените жртви на трендовите во убавината, се повеќе мажи се подложуваат на естетски операции само за да изгледаат поубаво - јас лично не го оправдувам тоа, оправдувам естетски операции само кога има медицински индикации, а сето останато е само малтретирање на сопственото тело да се достигне некој нереален идеал... |
||||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
||||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За овие кинескиве дубари имам читано, учено и слушано и уште се ежам кога ќе помислам какви бесмислици владеат помеѓу луѓето.
Исто доста погубен период за женското здравје е носењето на корсетите и кринолините кое се сметало за симбол на убаво спакувано женско тело.
Денешницава е од една страна благослов од друга проклетство целата естетска хирургија и нејзините можности, модната индустрија просто ги тераат жените да ги туркаат границите на нормалното и прифатливо.
Човекот се повеќе се врти против своето тело, наместо да се сакаме такви какви не создала природата ние постојано сакаме да промениме нешто на себеси. Потрагата по совршенството никогаш нема да престане, но некои луѓе на тој пат забораваат што тоа навистина претставува, особено оние кои се изобличуваат со естетските корекции.
Луѓето ги сакаат убавите луѓе, тоа е факт, ги сакаат и фаворизираат многу повеќе од оние кои не се убави а повеќе придонесуваат со своето постоење.
Верувам дека мажите многу повеќе и се воодушевуваат на Џена Џејмисон отколку на делото на Марија Кири.Тоа е човекот за жал. Изменето од GlenKlouz - 23.Август.2009 во 22:51 |
||||
Beauty fades, dumb is forever
|
||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Pete Burns Priscila Prisley (а колку убава жена беше, поим) Michaela Romanini Britany Marphy |
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Отсекогаш жените се труделе да изгледаат убаво, па така со милениуми наназад тие се разубавувале ползувајќи ги придобивките на своето време. И денес кога убавината станува императив (за жал) за успех во сите полиња на животот, работите не се промениле многу-многу.
И во Библијата се споменува за еден вид масажа и ароматерапија!!! (Кн. Естира), по фараонските гробници се откривани разни шишенца од парфеми и креми, шминката не е измислица на денешницата, итн. Критериумите и идеалите за убавина се менувале низ вековите. Некогаш се ценел здрав изглед, некој килограм повеќе, кон крајот на минатиоот век се јавува една анорексична тенденција, итн. Е сега она што ме инспирира за темава, е колку далеку може да се оди на ова поле. Во стра Кина, на цена биле девојки со мали стапала. До денес не се знае дали таа мода настанала поради извртените стапала на една принцеза, или онака...Но на цена биле девојките чии стапала биле така издеформирани да просто таа одвај и одела. Но тоа било и еден предуслов за богата мажачка Па така......sorry..се кршеле стапалата на женското дете т.ер. се кршел лакот, а потоа стапалото се виткало во нешто како завои додека не го достигнел лотос-обликот. Праксава е одржана со милениуми, а е забранета некаде во минатиот век, иако велат сеуште се практикува во некои делови од Кина. Рентген на Кинеско стапало LOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOL Кондурчиња... И сега, што мислите вие, дали навистина треба да се истрпи се за убавина? Се разбира, ситуацијата не е подобра ни денес. Дури, уште покатастрофални и поболни се новите критериуми кои ги поставуваат “некои“ експерти. Па така имаме болно исполнети усни каде не се знае која е горна а која долна, гради-балони, и што не. |
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |