IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Новости од областа на уметноста,културата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости од областа на уметноста,културата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 18:15

Блаже Миневски добитник на наградата "Живко Чинго"

Расказот "Слово горко,слово жалосно" од писателот и новинар Блаже Миневски е победник на годинешниот конк*рс за краток расказ "Живко Чинго" на Општина Охрид.
Според жирито, авторот Минески на модерен, оригинале и репрезентативен начин ја раскажал историската легенда за апсењето на архиепископот Арсениј и укинувањрто на Охридската архиепископија.
Наградата во износ од 30 илјади денари на Миневски ќе му биде врачена на манифестацијата "Вечер на Чинго" која, традиционална, се одржува во охридското село Велгошти на 13 аавгуст................размислување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 09:14

Отворање на првата Школа за цртан и анимиран филм во Македонија


Во просториите на основното училиште „Јан Амос Коменски“ денеска ќе биде отворена Школата за цртан и анимиран филм, прва од ваков тип во Македонија.

На свеченоста ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, младите таленти од сите основни училишта на територијата на општината, нивните ментори и сите заинтересирани.

Утре, пак, ќе се промовира отворањето на исто така новата и прва Школа за актерска игра, односно глума. По овој повод, состанок ќе одржат носителот на проектот, актерот Димче Мешковски, и други професионални актери-педагози. На состанокот се поканети заинтересираните ученици, нивните родители и наставничките по македонски јазик од основните училишта од Општина Карпош.

И двете школи чие отворање во целост го поддржува Општина Карпош е наменето за подобро искористување на слободното време на основците, надвор од редовниот образовен процес.

--------------------------------------------------------------------------------------

Досега нашите ученици немаа таква можност, а студентите одеа надвор од Македонија.




Изменето од mamamd - 11.Октомври.2009 во 09:15
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 11:32
(Утрински весник, 07.10.2009) - Веќе најавената изложба на дела на големиот шпански и светски ликовен уметник Салвадор Дали, што ќе биде отворена на 19 септември, е пристигната во Музејот на современата уметност. Доаѓа од Прага и според директорката Елиза Шулевска содржи околу 150 дела, оригинални литографии, скулптури и керамики, како и 6 фотографии дел интимниот свет на Дали, снимени од чешкиот фотограф Вацлав Чочола. Делата и припаѓаат на приватната колекција на чешкиот дилер со уметнички дела, Зденек Коцик, сопственик на приватна галерија во Прага кој на македонската публика и е познат и по колекцијата на фотографии, на светски познатиот фотограф Јан Саудек, што минатиот септември беше исто така презентирана во МСУ.
 
збунетост....se e mozno!
tuku,ako mu se navrtat onie "sitkacite" na ikoni...
kojznae dali se informirani za nastanov..голема%20насмевка
mozebi i zaradi niv e napravena mala greska...zbuniti prijatelja..плазење
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 09:26
 
 
 
Скопска ситуација за старт на Бела ноќ........среќа

Со креативната работилница Скопска ситуација што ќе се одржи на паркингот помеѓу Музеј на град Скопје и Рамстор, а на која младите преку збор, фотографија и дизајн ќе прикажат како го гледаат Скопје својот град со затворени очи, в сабота во 13 часот почнува петтото издание на културната манифестација Бела ноќ.

На 25 различни локации во градов, ќе се реализираат голем број културни настани кои ќе траат до раните утрински часови следниот ден. На манифестацијата ќе учествуваат десетина македонски уметници како и нивни колеги од Јапонија, Швајцарија, Шпанија, Германија, Италија, Франција, Словенија, Србија, Бугарија, БиХ, Албанија и Косово.

Со изведбата на балетот во воздух "Сума" од швајцарската театарска атракција "Ексос", пак, ќе се затвори 34-тото издание на Млад Отворен Театар.

На Бела ноќ, свој настап ќе има првенецот на Македонската опера Цветан Стојановски, а се закажани отворања на повеќе изложби, концерти, поетски читања, изложби на фотографии, театарски перформанси. Во МНТ ќе се изведат театарски претстави од Шпанија и Словенија. Ќе има и акција за бесплатно зачленување во градската библиотека "Браќа Миладиновци", но и модна ревија во ГТЦ, мултимедијални проекти, диџеј-журки.

Скопје е единствен град на Балканот во кој се случува оваа културна манифестација, во исто време со светските метрополи Париз, Рим, Мадрид, Брисел, Рига. ......голема%20насмевка

 



Изменето од pcelka - 25.Септември.2009 во 13:57
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 01:08

КУЛТУРА
ОД БИБЛИОГРАФСКИОТ ЦЕНТАР ВО КЕМБРИЏ

Радован Павловски е добитник на наградата "Шекспир"

Поетот Радован Павловски е добитник на меѓународната награда "Шекспир" за литература , наречена "Исконски добитник", која ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија.
"Да се стане Исконски добитник, претставува достигнување на височини од кои сте инспирирани и да се достигнат стандардите кои ги поставивте не е обичен успех туку заслужено пристигнување на ова место", стои во писмото кое го добил Павловски, во кое му соопштуваат дека е добитник на наградата.
Во писмото, меѓу другото, пишува: "Причината за постоењето на Центарот е да открие, признае, публикува и награди индивидуалци со потенцијал и знаење. Исконскиот Вилијам Шекспир надалеку се смета за најголем писател на англиски јазик и надмоќен драматург. Убедени сме дека вашиот избор, како добитник на наградата, е признавање на различните ваши таленти, признати од сите, и дека ќе се зачуваме од заборав за следните генерации".
Наградата е специјално изработен сертификат со ликот на Шекспир и се доделува во октомври.

Текстот е превземен од Вест.
СЕКОЈА ЧЕСТ Г-НЕ ПАВЛОВСКИ,СЕ ГОРДАМ СО ВАС
#


Изменето од *moon* - 19.Август.2009 во 01:09
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 08:59
Нешто вредно да се одбележи, а и да се купиголема%20насмевка
Импресивна книга за раскошната убавина на македонскиот пејзаж
Промовиран спотот за Охрид - градот на светлината


Изменето од mamamd - 03.Јули.2009 во 09:00
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 14:41
...............................

Изменето од Popi - 15.Ноември.2009 во 06:14
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.