|
Државен протокол |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто новинарите еднаш( било кој ден ) не отидад за да се уверат дека премиерот оди околу пладне дури и малку подоцна на работа?
Доцнењето му станало навика.Но сепак точно е она 24/7 но само на реклами. Кој уште верува? |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mislam deka duri i za odenje na niva ima nekakvi pravila a kamoli za odnesuvanje na drzavniot vrv. Sakal ili nejkel premierot mora da razbere deka ne e odgovoren za nekoja zemjodelska zadruga tuku za zemja koja toj ja prestavuva i koja MORA da ima imidz vo svetot.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со ова негово доцнење премиерот или тие околу него треба веќе сериозно да преземат нешто. Инаку крајно безобразно е ова изразување политичка некултура и непочит кон оние кои ги остава да го чекаат “неговото височество“ и тоа со часови!
Без разлика дали се домашни новинари, стечајци или претседатели на странски држави... па дури и на вакви настани. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера сабајле и се јави еден пријател и ми рече: Абе виде ли што направил Грујо вчера на комеморацијата во Католичка ????
за неполни две секунди реков: - Па сигурно закаснил пола саат и дошол во фармерки и џемпер.....
Сум згрешил...не биле фармерки , бил костум што не одговара на дадената прилика....
Не е тоа страшното....веќе толку се навикнавме на вакви секојднавни будалаштини, што ни стана нормално....најнормална работа е кога ќе се каже дека дотичниот закаснил некаде....најнормално е да се садат дрвца и фрлаат лопати во одело, а на важни настани да се оди во кежуал варијанта, со фармерчиња...
Да...крив е протоколот, кој една од задачите му е да му сугерира на дотичниот и кога и како треба да настапи, што да облече.....ама нели основната човечка култура е да знае која облека каква намена има....
Треба ли некој да ни каже дека на настан каде се жали, се оди облечен во темна облека или тоа го знае секое дете....?????
На крај на краиштата...баш ме заболе , што мислење имаат странците за Никола Груевски и неговата култура на каснење и облекување....ама не ми е сеедно, бидејќи ТОЈ ја преставува Република Македонија и нејзините граѓани....и со ваквиот дегенерички однос не срами и НАС...сите граѓани на оваа држава....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И по 20 години самостојност очигледно немаме воспоставена одлика на сериозна државност, а тоа не се постигнува ако во односите со другите, како и на одбележувања на разни манифестации ни се случуваат киксови кои државата ја изложуваат на подсмев (иако се тоа грешки на поединци од државниот врв). Без државен протокол, без право на одговорните за државниот протокло да имаат право ’’да го фатат за уво’’ функционерот кој отстапува од воспоставениот протокол ние ке останеме несериозна држава.
Сите во траурни костуми, Груевски во светлосив Никола Груевски е виновен оти не размислил дека по христијански обичаи на помен, погреб, комеморации и обичните луѓе облекуваат потемна облека, но за светлиот костум на ПРЕМИЕРОТ на комеморацијата за полскиот претседател виновни се протоколашите. Тие требало да го потсетат, опоменат и да не му дозволат да оди така облечен, а нити пак да закасни. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а бе што се чудите ? ........... некои навики не се менуваат така лесно ......... па што и ако е премиер .......... навика си е навика
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e da!....kako taka ...zaboravile da zaposlat nekoj so takov ...opis na rabotata?! ...a i ....pomoshnik nosach na chadori...za da ne go nosi chadorot pak sam...koga ke se razboli ...negoviot shef!
sve glupost ...do glupost vo drzavava! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И пак пропусти во протоколот. Премиерот не треба да носу чадор ама нашиов премиер си е народски човек кој тешко се одвикнува од навиката некој да му служи односно на чека некој за него да ги сработува работите. Да не е по протокол ова е дури и симпатично. Кој има нерви да ги чека спорите протоколаши?
Каде е носачот на чадори? |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би рекол дека грешката е само во растрчаните протоколџии....
И тие самите мака си мачат со нашите непослушни политичари, кои секогаш мислат дека знаат подобро од протоколот да си ги организираат своите активности, па затоа тоа најчесто го препуштаат на својот (од доверба) персонал, а протоколот го известуваат последен... Инаку освен наведените примери во текстот, на нашите политичари им се имаат случено барем десет пати повеќе утки и грешки, баш поради тоа непознавање на правилата од Дипломатскиот Бон-Тон, кој го поседува секој вработен во протокол во сите државни кабинети, само тоа за среќа ретко стигнува до јавноста поради тоа што најчесто се присутни само поблиски соработници кои паметно ги премолчуваат грешките.... |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако се прочита внимателно написот ке забележиме дака мавтаме со патриотизам кога треба мегу себе да се делиме и тепаме, а кога вистински не нема, и што е најстрашно треба се удривме на штедење
Црвен тепих не е црвен синтелон Грешки имаше во текот на целата церемонија на устоличувањето на претседателот Иванов, анализира Маљковиќ Атанасовска. - Црвен килим не е црвен синтелон. За вакви свечени настани се ставаат специјални килими со нишки што лежат на подлогата и не треба да се лепат со селотејп, кој може да се одлепи, килимот да се свитка и гостинот да ви се сопне. Верувам дека Владата има толку пари за да набави таков килим - вели Атанасовска. Според неа, во свеченоста требало да се вклучи и доза на гламур. - Декорацијата беше промашена. Освен знамето во Собранието и освен црвено-жолтата вратоврска на словенечкиот амбасадор, не видов ништо друго од националните македонски обележја. Требаше да има многу повеќе знамиња, па дури и во центарот на Скопје, многу повеќе црвено-жолти цвеќиња, нешто по што ќе се познае дека Македонија устоличува претседател. Претседателот се загуби во папратите, бршлените и фикусите. Тоа зеленило околу него изгледаше многу амазонски. Можело да се поработи и на тоа како тој ќе го прочита говорот. Недозволиво е со прст да покажува од кој ред чита. Во вакви пригоди треба поглед кон публиката, жар и харизма, а тоа може да се научи. Сигурна сум дека претседателот ќе одбере добар тим, кој ќе му помогне во јавните настапи - вели Маљковиќ Атанасовска. Таа додава дека наместо службите за протокол да се невидливи, тие се забележани како брзаат, зборуваат на телефон или дури истрчуваат пред претседателите на земјите од регионот. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И покрај многуте грешки, киксови и бисери кои ги гледаме на официјалните и свечени пригоди, при кои државниот врв треба да демонстрира почитување на востановени правила на однесување, сеуште кај нас не се планира формирање државен протокол.
Нашите протоколарни служби работат по прилагоден белгиски модел и тоа по неформален прирачник. Затоа не е ни чудно што при официјалните посети на странски политичари или на нашите во странство, се случуваат претседатели напикани в ќош, доцнење на премиер кое се мери и со часови, неправилно слушање на химната, а некои и дури и не стануваа, шетање на сопругите низ светот при работни посети, несоодветно поздравување... Гафови кои се паметат, а оставаат впечаток кај странците за вкупниот имиџ на државата и на државниот врв. До кога ќе ни се случуваат, покрај сите други?!... Кога каниш претседател, не го седнуваш во ќош! Напис во Нова Македонија, кој го актуелизира прашањето од неопходноста за донесување официјален државен протокол, со многу пропусти и бисери |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |