IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како Црквата Христова ја воспева Мајката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како Црквата Христова ја воспева Мајката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:23
Вторник
О, Сесвета Господарке Богородице, Која си почествувана од ангелите и архангелите, херувимите и серафимите, и посвета од сите светии, Дево Мајко Божја! Спаси ме мене, Твојот понизен и грешен слуга, затоа што знаеш, семилосна Госпоѓо, дека освен Бога, сета своја надеж ја полагам на Тебе, и немам друг заклон на спасението освен Тебе, Предобра. Ти си мојата сила, Господарке, Ти си мојата моќ, Ти си ми радување во тагата, засолниште во искушенијата, исправање во падот, Ти си ми исто така и сета надеж за спасение, О Мајко на мојот Господ и Создател! Помогни ми, мене кој пловам низ длабочините на овој живот, страотно нападнат и загрозен од паѓање во грев. Подај ми рака на спасението, Помошничке моја, и избави ме од милта на бездната, за да не потонам во невидот на безнадежноста: затоа што бурата на гревот и страстите се подигна против мене и брановите на престапите на препокрија .Но, Ти, Сострадална Мајко, Ти пристан на бестрастието, раководи ме и спаси ме, Надеж на безнадежните и Посредничке на моето спасение. Амин.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:19
Понеделник
Од валканите усни прими ја оваа молитва, Неосквернета, чиста и најчиста Дево, Богородице, и не презирај ги зборовите мои, О Радост моја, погледај на мене и сожали се, Мајко на мојот Создател. За време на мојот живот не ме напуштај, бидејќи Господарке, знаеш дека ја положив сета своја надеж на Тебе и сето мое тежнеење е кон Тебе. Заради ова, во време на мојата смрт, застани крај мене, Помошничке моја, не се засрамувај од мене. Затоа што знам, Дево, дека сум виновен за мноштво гревови, и бедникот, треперам. сеќавајќи се на тој час. Но, Ти Радост моја, покажи ми го Твоето присуство, и биди ми необично миостива, Посредничке на моето спасение. Спаси ме Господарке, од свирепоста на демоните, од грозното и страшно испитување на духовите на поднебесието, избави ме од нивата пакост, преобрази ја сета жал и тага во радост со Твоето просветлување и подари ми неповреден да ги поминам властите и началаствата на темнината и да стигнам да го прославам Христос Господ Кој седи на престолот на славата до Неговиот беспочетен Отец и пресветиот Дух. Амин.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:19
Молитви кон Пресвета Богородица, за секој ден во седмицата            

Блажениот старец Нил од скитот на Светиот Нил Сорски
(1801- 1870)


Недела
Семилосна Дево Богородице, Мајко на милоста и љубовта кон сето човештво, најсакана моја надеж и жедба! Мајко на најслаткиот и најпосакуваниот Спасител, Кој ја надвиши секоја љубов, Иисус Христос, Човекољубецот и Господ мој, Светлина на мојата помрачена душа! Јас, кој сум преисполнет од грешност и лишен од надеж, ничкум паѓам пред Тебе, и Ти се молам; благ Извору на милоста, Дево Богородице, Која имаш бездната на Милосрдието, и го достигна дното на Состраданието и љубовта кон човечкиот род!: Биди ми милосрдна, имај милост кон мене, излевам болка и солзи кон Тебе, биди ми милостива, мене кој сум целиот сум изранавен, бидејќи западнав меѓу безобѕирни крадци и затоа оф леле! соголен сум од ризата во која Отецот ме облече! Затоа јас лежам оголен од секакво добро дело, моите рани се смрадни и гнојни во моето безумие. Госпоѓо моја, Богородице, со своето милосрдно око погледни ме, понизно те молам и не презирај ме, мене кој сум целиот помрачен, сиот во нечистотија, потонат во мил од страсти, страшно паднат и немоќен да станам. Сожали се на мене и подај ми ја спасувачката рака, избави ме од дното на гревот, О Радост моја! Избави ме од нив кои ме опколуваат; стори моето лице да блеска како на твој слуга; спаси ме од пропаст, измиј ја валканоста, подигни од страшниот пад: бидејќи сé ти е можно, како Мајка на Семоќниот Бог. Излиј ја на мене милоста Своја и исполни ме со питието на скрушеноста, бидејќи Те стекнав како вистинска и единствена надеж во мојот живот; не одвраќај се од мене кој ти прибегнува, но, погледни на мојата тага, Дево, на на мојата душа копнеж, прими ја оваа молитва и спаси ме, Посредничке на моето спасение! Амин.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:19
О, Пресвета Богородице, Дево Владичице, повозвишена од ангелите и архангелите, и најчествувана од сета твар, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците, преславна похвало на апостолите, прекрасен украсу на светителите, крепка тврдино на мачениците, спасително водство на иноците, неотклоно воздржение на испосниците, славо и чистото на девствениците, тивка радост на мајките, мудрост и поука на младенците, заштитничке на вдовиците и сираците, на голите риза, на болните оздравување, на пленените избавување, тишино на оние кои по море пловат, мирно пристаниште на оние кои бура ги носи, водителке сигурна на заблудените, лесен премину вање на патниците, блажен спокоју на трудбениците, на измачените брза застапничке, надеж на безнадежните, и помош на оние кои помош бараат: на сиромасите богатство непропадливо, на нажалените утехо непрестана, на намразените љубовно смирение, на грешниците спасение и кон Бога обраќање, на сите проверена цврста заштито, непобедлива помош и застапништво. Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни постана, затоа молитва Ти пренесуваме, Госпоѓо, ние грешните слуги Твои.

О, Премилостива и Пречудесна Царице на духовната светлина, Која Го роди нашиот Цар Христа, Животодавецот на се`, Прославуваниот од небесните, и фалениот од земните: ангелски уму, светлозарна звездо, Пресвета меѓу светиите, Царице на цариците, Владичице на сета твар, Боголепна девице, нескверна невесто, на Светиот Дух палато, огнен престолу на невидливиот Цар, небесен кивоту, Носителке на Словото Божје, огнообразна кочијо, одмориште на живиот Бог, неизглаголива Составителка на плотта Христова, гнездо на Орелот небесен, грлице благогласна, гулабице кротка, тивка и незлоблива, Мајко чедољубива, бездно на милоста Која го разгони дождот на гневот Божји, безмерна длабочино, неизглаголива тајно, несфатливо чудо, благомирисно кадило, чесна багрјанице, боготкаена порфиро, душевен рају кој ја изнедри животоносната градина, цвету прекрасен кој ни` Го расцвета небесното веселие, грозду на нашето спасение, путиру на Царот Небесен во Кого од Светиот Дух се раствори виното на неисцрпна благодат, Застапничке на законот, почеток на вистинска вера Христова, непоколеблив столбу, пропаст на еретиците, мечу на јароста Божја против богоборците, страв за демоните, во војните победо, на сите христијани вистинско зачувување, и на целиот свет сигурно спасение.

О, семилостива Госпоѓо, Дево Владичице Богородице, услиши не` нас кои Те молиме, и покажи ја милоста Твоја на луѓето Твои: моли Го Синот Твој да не` избави од секое зло, и да ја сочува нашата обител, и секоја обител, градот и зидините на верните, и луѓето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на оноплеменици, и меѓусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, - за да од никаква рана, ни закана и ни помор, ни секаков праведен гнев Божји не бидат поразени слугите Твои: туку сочувај не` и спаси не` по милоста Своја, Госпоѓо, нас кои Ти се молиме, и полезно благорастворение на воздухот кон време на плоден принос дарувај ни`: олесни, прости и помилуј не` , Премилоства Владичице, Богородице Свеоспеана, нас кои сме во секоја беда и мака. Спомни Си за слугите Твои, и не презирај ги солзите и воздишките наши, и обнови не` по добрината на Твојата милост, за со благодарност да се утешуваме, наоѓајќи Те за помошничка. Смилувај се Госпоѓо Пречиста, на немоќта на луѓето Твои, Надеж наша: рассеаните собери ги, заблудените – на прав пат води ги, одпаднатите од верата отечка – пак врати ги, староста поткрепи ја, младоста научи ја, младенците воспитај ги, и прослави ги оние кои Те слават, и Црквата на Синот Твој сочувај ја и сохрани ја во долгоденствие.

О, милостива и премилостива Царице на небесата и земјата, Богородице Приснодево, со застапништвото Твое помилувај го чесното воинство, и сите православни христијани, запазувајќи ги под покровот на милоста Твоја: заштити ги со Твојата чесна риза и моли Го, Христа нашиот Бог, Кој бессемено од Тебе се воплоти, да не` препојаса одозгора со силата против нашите видливи и невидливи непријатели, против иноплемениците и едно племениците, кои војуваат против нашата Православна вера. Спаси и помилувај ги, Госпоѓо, причестниците на Светиот Синод на нашата Православна Црква, свештениците и ѓаконите, и сиот православен народ, кои Ти се поклонуваат и се молат пред Твојата чесна икона: погледни кон сите нас со погледот на милосрдивото Твое застапништво, подигни не` од греовниот понор, и просвети ни` ги очите срдечни , за да го видиме спасението: моли Го Синот Твој милостив да биде кон нас, тука и на Страшниот Суд: слугите Твои кои се претставија во благочестие од овој живот, во вечниот живот, со ангелите и архангелите, и со сите светии приброи ги, за да застанат оддесно на Синот Твој и Бог: и по молитвата Твоја сотвори да живеат со Христа, и да се насладуваат со ангелската радост во небесните живеалишта. Зашто Ти си Госпоѓо, слава на небесните и надеж на земните. Ти Си надеж наша, и застапница на сите кои при Тебе притекнуваат, и кои ја просат светата помош Твоја: Ти Си наша топла молителка кон Синот Твој и Бог наш:Твојата мајчинска молитва има голема моќ во молењето на Владиката: со Твоето предстателство пред престолот на благодатта да се осмелиме да пристапиме кон пресветите и живототворни Негови Тајни, иако сме недостојни. Затоа гледајќи го на иконата сечесниот образ Твој и раката Твоја, која Го држи Седржителот, се радуваме ние грешните и со умиление припаѓајќи, со љубов ја целиваме, очекувајќи, Госпоѓо, со светите Твои богопријатни молитви да го достигнеме безконачниот небесен живот, и непосредно да застанеме на Судниот Ден оддесно на Синот Твој и нашиот Бог, славејќи Го него заедно со беспочетниот Отец, и Пресветиот, Благиот, Живототворниот и Единосуштниот Дух, во вековите на вековите. Амин!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:18
МОЛИТВА МАЈЦИ БОЖИЈОЈ

(Старца Никона Јерусалимца, Горички зборника XV вијек)

Прими свеблагомоћна, Пречиста Владичице Богородитељко, часне дарове. И теби јединој прикладне, од нас недостојних слугу Твојих; од свих покољења изабрана, која си се од свих створења небеских и земаљских узвишенија јавила, светија од херувима, и од серафима славнија, од памтивијека скривена тајна, и анђелима непозната, која си од анђела радост примила!
Коју похвалу да ти принесемо, Пречиста? Како да те назовемо, Богородице?
Јер Пророчких ријечи сагласје слушали смо ми о Теби, анђелско стајање пред Тобом [гледали] са страхом и трепетом, чедно [родивши (зачелом)], јер носиш тијело човјечје [примившега] и оног који носи све и сва, и који је проповиједи свих светих о теби испунио. Владичице, не презри мало мољење моје, сагријешисмо, да не погинемо.

Ти си заступница роду човјечијем, јер си родом милостива и која си милостивога родила. Пречисте усне отвори и милостивом молитвом умоли Га за нас.

Ти која си чистија од сунца и која си засијала да нас огријеш, нас који сједимо у тами, Твоје најмилостивије заступништво пред Њега стављамо, да нас пречистим Твојим молитвама избави оне грозне и страшне муке у Дан његовог [другог] Доласка.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:18
Чиста Дево

Чиста Дево Владичице,
Нескверна Богородице,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Дево, Мајко, Господарке,
Ти Руно сеоросено,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Возвелича на небесата,
Од зраците поблескава,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Посветла од небесата,
Од светлината почиста,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Од сите небесни воинства,
Владичице си посвета,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Радуј се, Песно херувимска,
Радуј се, Химно ангелска,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Радуј се, Одо серафимска,
И Радост на архангелите,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Радуј се, Миру, Веселие,
И Пристан на спасение,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Свет Чегору на славата,
Цуту на нетлението,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Радуј се, Градино на изобилие,
На вечноста и на животот,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Радуј се, Дрво на животот,
На бесмртност Источнику,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Тебе Те молам Царице,
Тебе Те сега призивам,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Тебе Те смилостивувам,
И радост барам Владичице,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Девојко кротка безгрешна,
Сесветаја Владичице,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Тебе Храму духовен,
Гораздо те преколнувам,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Прифати ме, прифати ме,
од душманот избави ме,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Покажи ме, покажи ме,
На живот вечен наследник,
Радуј се, Невесто Неневесна!

Чиста Дево Владичице,
Нескверна Богородице,
Радуј се, Невесто Неневесна!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:06
Достојно јест јако воистину, блажити Тја Богородицу присно блаженују и пренепорочнују и Матер Бога нашего, честнејшују Херувим и славнејшују бессравненија Серафим безистленија Бога Слово рошчују сушчују Богородицу Тја величаем!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:03
Денес е почетокот на Божјата милост и проповеди за спасение на светот, во храмот Божји јасно Дева се јавува и на сите Христа им го предвестува, затоа и ние да и воспееме: Радувај се исполнение на Божјата промисла!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:00
Возбраној воеводи победителнаја, јако избавлше сја од зли благодарственаја, восписуем Ти раби Твоја Богородице, но јако имушчаја державо непобедимују, од всјаких нас бјед свободи, да зовем Ти: ,,Радујсја, Невесто Неневестнаја!‘‘
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:56
В рождество девство сохранила јеси, в успение мира не оставила јеси, к Животу пришла јеси Мати сушчи Живота и молитвами Твоеми избављаеши од смерти души нашја!

Изменето од Orthophill - 20.Април.2009 во 16:58
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:48
otvorena e tema ...dostoinstvoto na Bogorodica...poveli da diskutirame tamu
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:44
Originally posted by Orthophill Orthophill напиша:

За црковното почитување на Пресвета Богородица има друга тема, така да Евангелосе те молам држи се до темата и ако имаш некоја похвална песна за Мајката Божја, химна или молитва кон нејзе праќај ја на оваа тема, а ако немаш, те молам воздржи се! И дискутирај си на старата тема, или отвори си нова, но не ја уништувај оваа!
 
Темата овде не е "похвални песни за Марија", туку има јасно поставено прашање за дискусија "Како Црквата Христова ја воспева Мајката Божја?". Јас дадов исцрпен и он-топик одговор на поставеното прашање на дискусија, а тоа што тебе не ти се доапаѓа одговорот, тоа е твој проблем.
 
Originally posted by Orthophill Orthophill напиша:


Како контра аргумент за се она што го пишуваш само ќе ти кажам дека на староеврејски терминот за госпоѓа и жена е ист! Така да проучете го малку и еврејскиот јазик, а потоа пишувајте и кажувајте шогоденици!
 
Каков е овој контра аргумент кон не е контра мојот аргумент погоре? голема%20насмевка
Јас погоре воопшто не дискутирав околу тоа дали зборот за госпоѓа и жена во еврејскиот е ист или не, туку дискутирав околу тоа дека Исус во евангелијата никаде на ја нарекол Марија "мајко", туку секаде ја нарекувал "жено". И додадов дека Исус ги нарекол "мајка" Своите ученици.
 
За жал ние немаме староеврејски манускрипти од новозаветните документи. Можеби тие во нивната оригинална форма биле напишани на староеврејски, а можеби и не. Сепак ние ги имаме на стариот коине-грчки јазик, а во него ги среќаваме следниве зборови:
 
мајка = Метер (μήτηρ)
жена = Гуне (γυνή)
госпоѓа =  к*риа (Κυρία
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:30
Dostojno e navistina da te blazime Bogorodice, prisno blazena I Seneporocna I Majka na nasiot Bog.Pocesna od Heruvimite, I nesporedlivo poslavna od Serafimite, netleno Boga-Slovoto sto go rodi, vistinska Bogorodice,(Tebe) nie Te velicame.

Изменето од zidarski - 20.Април.2009 во 18:35
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:26
aladin, блажена и благословена меѓу жените - тоа се единствените библиски титули на Марија. Тука само би додал дека Марија не е единсвената што ги има овие две титули.
Христос, на гората на блаженствата, нарече "блажени" еден куп категории на луѓе, а во една прилика го рече и следново:
 
"А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.” А Тој рече: „Да, но блажени се и оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.” "
(Лука 11:27-28)
 
Тука гледаме дека Христос воопшто не ја воздига блаженоста на Марија, туку веднаш го менува фокусот од неа кон "оние кои го слушаат Божјото слово и го пазат."
 
Исто така "блажена меѓу жените" е наречена и Јаил...
 
"Нека е благословена меѓу жените Јаил"
(Судии 5:24)
 
Инаку тоа дека Марија ќе биде "воспевана и величана од сите родови како мајка на Господ" е твоја бесрамна измислица, но не и учење на Светото Писмо.


Изменето од EvAngelos - 20.Април.2009 во 16:26
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.