|
Дали муслиманите имаат слободна волја? |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | ||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
eve samo kako primer ... sto bi se slucilo dokolku nekoj musliman bi sakal da e smeni verata ? da premine od muslimanska vo nekoja druga ? ...... po pat na SLOBODNA VOLjA ......dali voopsto SMEE da kaze ili storri nesto takvo ? po pat na SLOBODNA VOLjA ? ............
Изменето од miroslav_g8 - 17.Јуни.2009 во 09:40 |
||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
samo kje kazam deka NEMAAT i ne SMEAT da IMAAT .... zosto kaznite se STRAŠNI za iskazuvanje na slobodna volja
|
||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
dobro ... ne ti se mesam povekje vo tvojot sopstven forum ....... |
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
miroslav_g8, maria nekolku pati te brisha i ti prodolzhuvash po ist terk... dobro sto te videla samo taa i sto ima tolku trpenie. Ama se nekako mislam deka, dolku si vaka uporen, sledniot pat kje te nagradi so neochekuvan leten odmor.
Изменето од Messenger - 17.Јуни.2009 во 02:35 |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Hamza, biraj zborovi koga replicirash oti rizikuvash moderatorski sankcii.
Mislam deka razbirash sto velam, kako sto i jas te razbiram deka mozhe nekoi raboti choveka da go izvadat od takt... Samo nie sme lugje oti mozheme da se razbereme i da se kontrolirame, neli? Se razbira, oba vazhi za site uchesnici na diskusiite, ne samo za tebe. Изменето од Messenger - 17.Јуни.2009 во 02:32 |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
И тебе добра ноќ.
|
||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||
Hamza
Група Регистриран: 12.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
А сега еве го одговорот на ова конфузно прашање,кој е презеден од една книга:
Мислејќи дека овој пат ми нема спас, пријателот злобно ми кажа: Велите дека Бог се одредува, па така и нашите дела. Ако е така, ако Тој ги одредил и моите зли дела, зошто тогаш ме повикува на одговорност заради нив ? Не велете ми по свој обичај дека јас имам право да изберам, бидејќи нема поголема лага од тоа. Ве прашувам: Дали јас сум ги избрал своето раѓање, пол, висина, боја, татковината? Дали сонцето изгрева, дали месечината заоѓа по мој избор? Дали доаѓа по мој избор одредбата? Ме изненадува смртта и ме снаоѓа трагедија, па правам злостор. Зошто Господ ме принудува да правам нешто, а потоа заради тоа ме казнува?! Ако кажете, слободен си поради тоа што покрај Господовата воља имаш и сопствена воља, зарем со ова не припишувате соучесништво и заемност на вишата воља? Покрај тоа, што велите за законите на средината, условите и нужноста за која што зборуваат историските материјалисти?! Задоволен од ова прашање истрелано како к*ршум, пријателот се опушти, убеден дека со него ме закопал засекогаш. Сосема мирно отпочнав: Ти направи неколку грешки: Твоите дела му се познати на Господ и се запишани во неговата книга, но со тоа не ти се со сила одредени. Тие се одредени само во неговото знаење. Оваа одреденост може да се спореди со следното: Ти имаш знаење за делата на својот син и во нив е содржана можноста тој да изврши прељуба. Ако го направи тоа дали ти си го принудил на тоа или тоа само било претпоставено и се случило твоето знаење да било точно? Што се однесува до твоите зборови за слободата и можноста за бирање дека тоа е само обична лага и дека тоа го докажува фактот што ти не си ги одбрал сопственото раѓање, пол, боја, татковина, дека не можеш да влијаеш на сонцето и месечината, тие ја покажуваат втората грешка што ја направи. Грешката е во тоа што ти слободата ја сфаќаш сосема поинаку од нас верниците. Ти зборуваш за апсолутна слобода, па велиш зошто не сум можел себе си да се создадам со боја, висина...кои јас си ги сакам, зошто не можам да се рамнам со Сонцето, Месечината, во што е всушност мојата слобода? На ова одговараме: ти зборуваш за апсолутна слобода...слобода за слободно располагање со универзумот, што му припаѓа само на Господ. За нас вистината е една: „А Господарот твој создава што сака и што одбира. Не е нивно да одбираат” (Касас, 68). Никој нема избор во однос на прашањето за создавањето, затоа што само Аллах џ.ш. е тој што создава што сака и бира што посакува. Господ џ.ш. нема да те повика на одговорност заради твојата висина, ниту ќе те казнува заради тоа што не си го сопрел сонцето во својата орбита. Но подрачјето на прашањето е прашање на наредбата. Ти на тој план си слободен и тоа се границите за кои зборуваме. Ти си слободен да ги скротиш своите страсти, да го скротиш својот гнев, да се спротивставиш на себе, да ги отфрлиш злите намери, а да ги продолжиш своите доблести. Ти можеш да бидеш дарежлив по себе и со имотот. Можеш да ја кажуваш вистината или да лажеш. Можеш да ја воздржиш раката од забранетото. Можеш да го воздржиш погледот од туѓата срамота. Можеш да го воздржиш својот јазик од напаѓање, оговарање и сплеткарење. На овој план ние сме слободни, и само за тоа што е во него ќе бидеме прашани и одговорни. Станува збор за релативна, а не за апсолутна слобода, слобода на човекот на план на обврските. Оваа слобода е вистинита, а неа ја докажува вроденото чувство за неа. Ние чувствуваме одговорност, каење заради грешката, а задоволство и мир кога ќе сториме добро дело. Ние во секој миг бираме и ги споредуваме сопствените можности. Дури и првата задача на нашиот разум е определувањето помеѓу повеќе можности. Ние сосема јасно го разликуваме движењето на раката која трепери од треска и раката која пишува писмо, па велиме дека првото е одредено, насилно, а второто одбрано, слободно. Да немавме слободна воља, не ќе можевме да правиме разлики. Исто така оваа слобода ја докажува а нашето чувство на немоќ да го принудиме срцето на нешто со што тоа не е задоволно. Жената можеме да ја принудиме со присилба и закани да прави се што ќе и кажеме, но со никакви средства не можеме да ја принудиме да не сака. Ова јасно покажува дека Аллах џ.ш. ги ослободил нашите срца од секаква присилба, правејќи го сосема слободно. Затоа Аллах џ.ш. ја сторил намерата т.е. нијетот, чиј извор е срцето, како столб на одговорноста. Верникот кој под присилба ја грди верата нема да одговара пред Аллах џ.ш. се додека со согласување на своето срце не го направи тоа: „..освен оној кој со сила е принуден, а неговото срце е смирено во верата..” (Ен-Нахл, 106). Втор вид на погрешност на ова прашање се состои во тоа што некои луѓе сфаќаат дека човековата слобода и е надредена на вољата на Аллах џ.ш., обвинувајќи ги застапниците на тезата за слободата дека на Господ му припишуваат соучесници во заповедувањето и одлучувањето. Па така и ти пријателе си ја разбрал, па зборуваше за повеќебројноста на вољите, што очигледно е погрешно. Човековата слобода не се воздигнала над вољата на Аллах џ.ш. Човекот е слободен да стори нешто што му се спротивставува на задоволството на Аллах џ.ш., но тој не може да стори ништо што и противречи на вољата на Аллах џ.ш. Аллах џ.ш. ни дал слобода да се спротивставиме на Неговото задоволство на наша штета, но на никого не му дал слобода да се спротивстави на Неговата воља. Ова е второ лице на релативноста на човековата слобода. Се што правиме е во рамките на вољата на Господ, дури и она што го правиме, а што не е во склад со Божјето задоволство и со Шеријатот . Нашата слобода е Божји благодет и награда која Господ ни ја дарил сосема независно од нашата воља. Нашата слобода е само негова воља: “Вие не можете да сакате нешто друго од тоа што Аллах сака” (Ел-Инсан, 30) Да се зборува за слободата во оваа смисла не значи припишување на Господ дека има другари. Нашата слобода е исто што и Неговата наредба, Неговата воља и Неговата одредба. Трет вид на погрешност на ова прашање е погрешното сфаќање на одредбата и судбината на слободната воља и слободниот избор, од страна на оние кои се занимавале со проучување на ова прашање. Тие одредувањето и судбината ги сфатиле како да е тоа принудување и присилување на човекот на она што не е во неговиот карактер и во неговата природа. Истата оваа грешка ја направи и ти, пријателу. Аллах џ.ш. ја одрекува присилбата од своја страна: „Да сакавме Ние би пратиле знак на небото, па тие пред него би ги свиткале своите вратови” (Еш-Шуа’ра, 4). Значењето на овој ајет е јасно: сосема можно било да се принудат луѓето на верување, но тоа не е сторено затоа што Господ не присилува: „Во верата нема присилба. Правата вистина јасно се разликува од заблудата” (Ел-Бекаре, 256); „Да го сакаше тоа твојот Господар, сите луѓе ќе веруваа. Зарем ти ќе ги присилиш луѓето да веруваат и да бидат вистински верници” (Јунус, 99) Во законистите, кои Господ ги дал нема никаква присилба. Одредувањето и судбината не смеат да се сфатат како присилба на нешто што не е неговата природа. Аллах џ.ш. му дава на секого само она што е во намера на поединецот, му посакува само она што самиот тој си го посакува и му сака она што самиот си го сака. Божјето управување е човеков избор, затоа што Аллах џ.ш. го управува секој човек кон она што неговото срце тежнее и каква намера има: “Кој ја бара жетвата на животот вечен Ние ќе ја умножиме жетвата негова. А кој ја бара жетвата на животот земски, ќе му ја дадеме” (Еш-Шу-ра, 20). “Во нивните срца е болест и Бог им ја зголеми болеста”. (Ел- Бекаре, 10). “А тие што се упатени им го зголеми Аллах џ.ш. упатот”.(Мухаммед, 17). Ќе го спомнеме и ајетот во кој Аллах џ.ш. им се обраќа на заробениците: “Ако Бог најде добро во вашите срца, ќе ви даде подобро од она што ви го зел...” (Енфал, 70). Аллах џ.ш. ни го овозможува она што сме го одбрале во нашите срца и она што ни се намерите и затоа нема насилие, присилба ни принудување на нешто што не е во склад со нашите природи. „На оној кој дели и се чува и кој го потврдува она што е најубаво , Ние ќе му го олесниме и она што е најлесно. А на оној кој ќе скржави и ќе се смета за независен и ќе го смета за лажно она што е најлесно, ние ќе му го олесниме (патот) за она што е најтешко (лошо дело)” (Ел-лејл, 5-10). „Ти не си фрлил, кога си фрлил, туку Господ фрлил” (Ел-Енфал, 17). Тука се поистоветува актот на човековото фрлање со фрлањето од страна на Аллах џ.ш. , та затоа постои само едно фрлање. Кај човекот е намерата, а Аллах џ.ш. го овозможува нејзиното реализирање, и тоа ако е добро со добро, а ако е зло со зло. Човековата слобода нема постојана мера туку релативна моќ, која се зголемува и намалува. Човекот може да ја зголеми својата слобода со наука: со помош на откритија и различни пронајдоци човекот успеал да ја освои земјата, да го совлада просторот и да се ослободи од прангите на времето. Откривајќи ги законите во природата, човекот успеал да завладее со нив и да ги потчини на себе. Открил како се победува жештината, студот, темнината, и така ја зголемил својата слобода на планот на активностите. Науката е значи средство за проширување на границите на човековата слобода. Второ средство е верата. Обраќањето кон Аллах џ.ш. и барањето на Негова помош, исто така ги проширува границите на слободата и ова средство го користеле сите Божји пратеници и нивните следбеници. Сулејман а.с. ги покорил џините, одел со ветерот и зборувал со птиците, сето тоа со Божја подршка и помош. Муса а.с. го раздвоил морето. Иса а.с. ги оживувал мртвите, лечел слепци, губавци и ќорави. Читаме исто така и за евлиите- тие кои му угодувале на Аллах џ.ш.- на кои им се покрива земјата и им се откриваат тајните, недостапни за обичните. Се се тоа степени на слободата, кренати над просекот на човекова слобода, кои тие ја постигнале со своето обраќање кон Аллах џ.ш. и искажување на љубовта кон Него. Ним им се подарени делови од тајното знаење. Науката се јавува по втор пат. Овој пат тоа е науката на тесаввуф-мистицизмот. Прашањето на слободниот избор и неслободната воља - Ебу-Хамид Ел-Газали го поставува и разјаснува кратко и едноставно: „Човекот има слободна воља за она што го знае, а ја нема во она што не го знае”. Со ова тој мисли дека што повеќе се проширува неговото мистично и објективно знаење, истовремено се проширува просторот на негивата слобода. Материјалистичките мислители грешат кога велат дека човекот е роб на историските нужности, гледајќи во него само алка во низата на општествено-економски случувања, сосема подредени на законите на економијата и движењето на општеството. Поимот кој тие неуморно го повторуваат, како да се работи за закон, а тоа е нужноста на класниот судир, погрешен е во научната анализае, бидејќи нема нужност на човеков план, туку најмногу што има тоа се можностите и веројатностите... во ова е и разликата помеѓу човекот и забецот, средството и материјалните тела. Можно е да се предвиди затемнувањето на сонцето во минута и секунда, а можно е и предвидувањето на неговото движење во иднината. Меѓутоа невозможно е да се сознае што човекот крие во своите намери, што ќе направи утре или задутре. Невозможно е да се знае ова освен со помош на веројатности и можности и претпоставувања и тоа под основна претпоставка за имање на доволно податоци за донесување на истите. Што се однесува до тврдењата на материјалистите за влијанието на средината и општеството и за тоа дека човекот не води самостоен живот, одговараме дека влијанието на средината и на општеството како противтежа на индивидуалната слобода го потврдува дијалектичкото знаење на оваа слобода, бидејќи индивидуалната слобода се потврдува само во соочување со противдејствата; ако нема противдејство на човековата слобода, тогаш тој и не е слободен, ако зборуваме за слободата во вистинска смисла, затоа што не постои пречка која треба да се совлада и да се потврди низ таа сопствена слобода. Д-р Мустафа Махмуд Имајте убава ноќ.... |
||||||||
Hamza
Група Регистриран: 12.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Напротив! Тие само го практикуваат она што им го налага нивната вера и не сакам да изигрувам нечив адвокат,ама вероватно тоа го направиле ПО СВОЈ ИЗБОР и по своја СЛОБОДНА ВОЉА !
Мислам дека ако малце подобро размислиш за ова што си го напишал, многу лесно ќе сфатиш дека си конфузен !
Не мешај баби и жаби! Насловот на темата е дали муслиманите имаат слободна воља,а не Када и Кадер (Судбина, или Божја одредба)! Но, за атер на вистината ти препорачувам убаво да го прочиташ текстот кој ќе го постирам во следниот мој пост (одделен).
Ова веќе заслужува да биде обработено малце пошироко.
Се гледа дека и ти појма немаш и не си способна да разграничиш апсолутна од слободна воља. Почекај до следниот мој пост, се ќе ти биде објаснето!"
Не суди пред време,за да не бидеш судена!
Убаво објаснето! Секоја чест! Само да се надополниме со едно прашање сврзано за к*р'анскиот цитат: " Дали во христијанството е дозволено христијанинот покрај јасно напишаните и определени правила од страна на Бог во Божјото слово,има право да постапува по своето мислење?" , ако има право, тогаш за каков христијанин станува збор, бидејќи се дрзнал да постапи спротивно од Божјата воља и наредба?
А што се тиче овог маршала... Messenger: od mene se editirani samo nekolku rechenici vo replikitei za koi nema mesto vo diskutiranje so sogovornici so koi ne go delime svoeto mislenje. Изменето од Messenger - 17.Јуни.2009 во 02:26 |
||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
"Кажи им на верниците да го спуштат погледот свој и да
ги чуваат срамните места свои. Ете, тоа е почесно за нив. Аллах
навистина е Известен за она што го работат! И кажи им на верничките да
ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои и
убавините свои, освен она што се гледа. И нека не ги покажуваат
превезите свои, нека ги спуштат на градите. Убавините свои, исто така
нека не ги кажуваат на други, освен пред мажите свои..."
(Кyран 24:30-31) Ова и не е така лошо и контрадикторно. Напротив се согласувам со тоа, да не се флертува наоколу. Да се чуваме од грев. А тоа е можно и без превез, нели? Има некој со превез забрадени, па флертуваат со секој маж. Тоа е слобода, да бидеш внатрешно освестен за Божјото присуство, а не дали ќе се зацрниш. |
||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Тие муслиманки го следеле учењето на Кyранот (светата книга на Исламот) во кој Аллах дирекно заповедува жените да го покриваат своето тело. Цитирам:
"Кажи им на верниците да го спуштат погледот свој и да ги чуваат срамните места свои. Ете, тоа е почесно за нив. Аллах навистина е Известен за она што го работат! И кажи им на верничките да ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои и убавините свои, освен она што се гледа. И нека не ги покажуваат превезите свои, нека ги спуштат на градите. Убавините свои, исто така нека не ги кажуваат на други, освен пред мажите свои..."
(Кyран 24:30-31) Потоа истото им е кажано и во следниов ајет (стих): "О пејгамберу (пратеникот Мухаммед), кажи им на жените твои и на ќерките твои, и на жените од верниците, да ги спуштат облеките (да се покријат со хиџаб/шамија). Ете, тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат... " (Кyран 33:59)
Зборот Хиџаб потекнува од арапскиот збор хаџаба, што значи "да се сокриеш од поглед" или "да покриеш".
Покрај Кyранот, во исламската традиција исто така има уредби околу покривањето на жената.
Ете затоа муслиманките се покриваат. А околу слободната воља, би го цитирал следниов ајет (стих) од Кyранот кој е во иста сура (поглавје) како и горниот ајет:
"Кога Аллах и Пратеникот Негов нешто ќе одредат, тогаш ни верникот ниту верничката немаат право по своето мислење да постапат. А кој нема да го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од вистинскиот пат." (Кyран 33:36)
|
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не се заостанати тие, туку нешто друго шкрипи. Ако изворот од кој пиеме се загади, какви ќе бидат последиците? |
||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Значи дури и делата на човекот, поточно ако некој каже дека човекот ствара, било кафир, т.е. куфр. А слободната волја? А каде е изборот на поединецот да прави добри или лоши дела? Каза и Кадер, ц, ц, ц.... Изменето од maria_magdalena - 16.Јуни.2009 во 22:23 |
||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Za kakov izbor se postavuva prashanje koga spored islamot izborot e vekje determiniran od k*ranot ?
|
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Znanje o sudbini (kazau i kaderu) je jako delikatno, prefinjeno, i vrlo teško za razumjeti. Hadisi šerifi nam zabranjuju da o njemu diskutujemo i pričamo. Muslimanova dužnost je da nauči Allahova džellešanuhu naređenja i zabrane i da po njima živi. Nama je naređeno da vjerujemo u sudbinu (kaza i kader). Nama nije naređeno da ih izučavamo. Mi o njima moramo naučiti i vjerovati onoliko koliko su nam o njima otkrili alimi ehli sunneta. Kako su nam ovi pravi i istiniti alimi [specijaliste u islamskim naukama] rekli Allah džellešanuhu je znao u vječnoj prošlosti (ezelu) sva buduća i dobra i zla djela ljudskih bića. On, kada njihovo vrijeme dođe, odluči njihovo stvaranje i stvori ih. Ovo Njegovo stvaranje se zove takdir (sudbina, predodređenje). [Znanje u vječnoj prošlosti (tj. ezeli ilm) se naziva kader. Kader je znanje u vječnoj prošlosti. Kader nije vječna zapovijed.] On je sam Stvaralac (Halik) i Pronalazač (Mudžid). Nema drugog stvaraoca osim Njega. Čovjek ne može ništa stvoriti. Neki neuki idioti, sljedbenici sekti mu’tezile i kaderijje, poriču sudbinu (kazu i kader). Oni kažu da čovjek sam stvara svoja djela. Danas ima puno ovakvih kafira.
|
||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |