IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Гвантанамо ѓаволски подарок
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Гвантанамо ѓаволски подарок

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2009 во 08:31
Vistina ili shpekulacija
Гвантанамо ѓаволски подарок
Невладиниот сектор и интелектуалците вчера бурно реагираа на информациите за можноста по ставањето катанец на озлогласениот затвор Гвантанамо, дел од тамошните притвореници да се најдат и во Македонија.
- Се надевам дека оваа влада нема да отиде до тој степен и да понуди таква помош, без разлика што САД ни се сојузници. Од одлука да преземеме затвореници од Гвантанамо треба да бегаме како ѓавол од крст -вели поранешниот пратеник Есад Рахиќ.
- Најважно е што имаме ние како држава со тој затвор? Ништо. Јасно е дека својот срам САД сакаат да го покријат со затворање на затворот. Ако Македонија прифати да земе кај себе дел од затворениците, тоа ќе биде само од чист политички аспект - вели Бекир Сали од здружението на граѓани „Визиони - М“ од Скопје.
Од владата и од министерствата и вчера добивме само кусо „немаме став за тоа прашање“. Воздржаност од каков било коментар имаше и во Амбасадата на САД во Скопје, чија влада всушност веќе два месеца бара партнери на кои би им префрлила дел од затворениците.
- Кога евентуално официјално барање од САД ќе стаса до нашата влада за можно преземање затвореници од американскиот затвор во Гвантанамо, тогаш ќе имаме став. До тогаш, немаме што да изјавиме - изјавија вчера од владата.
Експертот за човекови права и аналитичар, Жарко Трајановски вели дека нема да биде чудо ако САД добијат позитивен одговор од нашата влада.
- Да ни донесат такви затвореници, а уште полошо да прифатиме такво нешто, е како некој да ви направи депонија во државата за радиоактивен отпад - вели Трајановски.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,220 секунди.