![]() |
|
Темперамент |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Темперамент е психичко својство на личноста што се пројавува во динамиката на нејзината дејност. Динамиката на човековата дејност се гледа во брзината, силината, траењето и начинот на манифестирање на неговите реакции.
Според Хипократ постојат 4 типа на темпераменти кај луѓето: КОЛЕРИК ( лат. hole -жолчка ), САНГВИНИК ( лат. sanguis – крв ), МЕЛАНХОЛИК ( лат. melaire hole – црна жолчка ) и ФЛЕГМАТИК ( лат. flegma – слуз ) КОЛЕРИК – човек со брзи реакции и силни емоции кои долго траат. Често е нерасположен, лут и гневен. Брзо пламнува и тоа силно чувство го држи долго време. Чувствата ги манифестира видливо и екстравертно ( ориентирано кон надвор, кон другите луѓе ) САНГВИНИК – човек кој брзо реагира но неговите емоции не се силни и не траат долго. Може брзо да пламне и брзо да се смири. Според своето расположение е ведар и весел. Своите чувства ги манифестира видливо и екстравертно. Поради своите особини тој е често омилен во друштвото. МЕЛАНХОЛИК – човек кај кого емоциите многу бавно се развиваат, но кога ќе настанат тие се особено силни и долго траат. Главно е нерасположен и тажен и своите чувства не ги манифестира зошто е интровертен ( затворен во себе ) ФЛЕГМАТИК – човек кај кого емоциите многу бавно се развиваат а и кога ќе настанат тие се слаби и со кратко траење. Флегматикот е главно рамнофушен и незаинтересиран човек. Емоциите не ги манифестира видливо и главно е интровертен. Каде се препознавате вие? |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |