|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1234 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Што е вистинска вера?? ,,А верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат!?“
Евреите 11,1 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован: 2:22
Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече. Марко: 16:6 Но тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Назареецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија Лука: 24:6 Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека уште беше во Галилеја; Матеја 28:6 Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше Господ, Дела Ап.: 2:32 Бог Го воскресна Овој Исус, за кое ние сите сме сведоци |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА УПОРНОСТА ВО МОЛИТВАТА (ВДОВИЦАТА И СУДИЈАТА)
Лука 18 1 А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. 2 И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. 3 А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; 5 ќе и го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’” 6 И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!” 7 Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? 8 Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ХРАМОТ ГОСПОДОВ
Ефесјаните 2 19 Затоа сега вие не сте туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство. 20 Вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е вашиот потпорен Камен . 21 Тој целата градба е држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ. 22 Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 1
23 Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови. 24 Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа; 25 туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени. 26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија; 27 кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката. 28 Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете. 29 Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв, 30 ниту го послушаа мојот совет, туку ја презреа секоја моја опомена. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИЗДРЖЛИВОСТ И НАДЕЖ
Евреите 10 32 Спомнувајте си за поранешните денови, кога просветени претрпевте голема борба на страдања, 33 со тоа што бевте од една страна изложени јавно на хулења и неволји, а од друга страна станавте соучесници на оние кои страдат така. 34 Зашто страдавте заедно и со оние кои беа во окови и со радост го примивте разграбувањето на својот имот, знаејќи дека имате подобар и траен имот. 35 И така, не отфрлајте ја вашата доверба, која има голема награда. 36 Имено, вам ви е потребно трпение, за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето. 37 Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави. 38 А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него.” 39 А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Mateja 7
22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ 23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ 1Tимотеј 1:1 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења, |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЖИВЕЈТЕ ПРИМЕРНО
1 Петар 2 11 Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата. 12 Однесувајте се добро меѓу луѓето, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата. 13 Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, 14 било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро! 15 Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе, 16 како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги! 17 Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте ја власта! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ХРИСТОС ЌЕ СЕ ВРАТИ
ОТКРОВЕНИЕ 22 6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро. 7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! 8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!” 10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! 11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!” 12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! 13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот. 14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! 15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.” 16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!” 17 Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот! 18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга. 19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга. 20 Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе! 21 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
МИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНЕЦ
Кука 10 30 Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. 31 А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна. 32 Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. 33 А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. 34 Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. 35 Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.” 36 Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?” 37 Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти п |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лука 8
4 Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола: 5 ”Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше - едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа. 6 Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага. 7 Друго падна меѓу трње и трњето - растејќи со него - го задушија. 8 А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.” Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!” ОБЈАСНУВАЊЕ НА ЧЕТИРИТЕ ВИДОВИ ПОЧВА 11 А ова парабола значи: семето е Божјото Слово. 12 Оние крај патот - тие чуле; потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат. 13 На камен се тие, кои - штом чујат - со радост го примаат Словото, но ни тие немаат корен; веруваат некое време, но отпаѓаат во време на искушенија. 14 Паднатото меѓу трње, тоа се оние, кои слушале и кога си отидат ги задушуваат грижите, богатството и животните уживања, и не донесуваат зрел плод. 15 А она на добрата земја - тоа се оние, кои ќе го чујат Словото, го чуваат во добро и чисто срце и донесуваат плод во трпение.” 16 ”Никој - кој запалил светилка - не ја покрива со сад ниту ја става под леглото, туку ја става на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат. 17 Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту скриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
КОЕ МУ Е ВИСТИНСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ИСУС
Лука 8 19 А мајка Му и браќа Му дојдоа при Него, но не можеа да Му се приближат заради множеството. 20 И некој Му јави: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.” 21 А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние, кои го слушаат Божјото Слово и го исполнуваат.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Господа на Неговата душа. Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв, срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло, лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќа!„
Пословици 6,16-18 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ефесјани: 6:12
Нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1234 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |