|
Второ мислење-консултација со друг доктор |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе болни лица се жалат дека не наидуваат на разбирање кај своите доктори кога ќе кажат дека би сакале мислење и од друг лекар. Пациентите велат дека докторите се навредуваат од ваквата желба и оти честопати самите лекари ги разубедуваат да не бараат и друго мислење.
Консултацијата со друг (втор) доктор е веќе одамна воспоставена пракса. Се смета дека барањето мислење од втор доктор е паметен чекор на пациентите. Постојат повеќе причини поради кои се бара мислење и од друг доктор, ќе наведеме само неколку. - Кога пациентот е соочен со тешка и конфузна дијагноза - Кога живее во место каде нема можност за преглед кај специјалист со поголемо искуство во лечење на неговата болест - Кога здравствената состојба му е влошена и кога не е во состојба да оди кај својот специјалист, бараат мислење од друг кој ќе ги прегледа дома - Доколку пациентот има некоја ретка болест , тогаш лицето верува дека мислењето на другиот доктор би можело да му каже повеќе за болеста и за начинот на лекување. Пациентот има право да биде целосно запознаен со болеста, како и да бара мислење и од друг лекар. Должност на секој доктор е да го охрабри овој чекор и да му помогне на пациентот во изборот на експерт во одредената област. На тој начин докторите не губат од стручниот авторитет, пациентот по второто мислење повторно ќе им се врати за натамошно лечење. Сепак не треба да се заборават народните поговорки дека две глави мислат подобро од една или пак оти четири очи гледаат подобро од две, поговорки кои апсолутно можат да се применат. Колку вие го применувате и одобрувате ова право на избор? |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |