|
За градинките |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ако може приватните корисни за неплатени 3 сметки да бидат исклучени зошто не и државните институции? Ово ј башибузук што тече во нашава држава мора еднаш да заврши. Сите училишта кои се приклучени на Топлификација не се ни трудат да заштедат на енергија која непотребно се троши. По завршувањето на наставата до 21 часот училиштата се затоплени и се троши енергија затоа што никој паметен не се секира што се троши непотребна енергија па де са исклучат подстаниците. Хаусмајсторите во училиштата се за тоа платени.
|
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Топлификација" ќе ги исклучи школите и градинките????
www.vest.com.mk |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Македонија воспитно-образовно-згрижувачката дејност е унифицирана и е на терет на државата. Во Скопје има неколку приватни градинки во кои се згрижени деца на побогатите за сума која е 5 пати поголема од државните градинки.
Во државните заради социјален мир децата се згрижуваат за сума од 30 евра месечно. Тука за таа сума се децата од сите социјални категории, за иста сума богатите, средно богатите, сиромашните и социјалните случаи. Ослободување од плаќање нема ни за социјалните случаи. Предлогот за втора смена е прифатлив но не за истата сума бидејки сега веќе градинките се во колапс. И најтрагичното е што токму оние кои можат да платат пак нема да плаќаат, со нив ќе оди повуци-потегни а ќе гледаат да ги оставаат децата цел ден за да ги искористат и појадокот, ручекот, ужините Многу треба за да се средат работите. |
|
marija-delcevo
Нов член Регистриран: 14.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas sum diplomiran profesor po preduclisno vospituvanje veke 2godini, sega ucam i za profesor po oddelenska nastava i nemam nitu eden den rabotno iskustvo. Ja cenam ovaa rabota, no sto da pravime nie koga ziveeme vo takvo opstestvo. Drugo sto sakav da istaknam: Vo pravo ste za predlogot na Liljana Popovska, no za ovoj predlog mislam deka moze da se poglednat rabotite i od drug agol. Dokolku ima dovolen broj na deca, ima dovolen broj na nastaven kadar,i kade sto uslovite baraat da se vovede vtora smena vo gradinkite, zosto da ne. Koga vo odredeni slucaevi se frlaat nepotrebni sredstva. Ovde se ministerstvata koi se zadolzeni za toa, ovde se lokalnite samoupravi neka se angaziraat i mislam deka ovaa moze uspesno da se sprovede. |
|
marija-delcevo
Нов член Регистриран: 14.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vaka iskreno ne sum ni znaela deka postoi ovoj forum
OK e i se nadevam deka taka ke prodolzi |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера слушам за предлогот на Лилјана Поповска од ДОМ за воведување втора смена во градинките и училиштата со целодневна настава односно продолжување на времетраењето на престојот на децата во овие институции.
Оправаност на предлогот се бара во презапосленоста на жената-мајка и неможноста за грижа за детето заради ангажманот и во попладневните часови. Убав предлог од аспект на политичар, од институцијата затоа што ќе се зголеми бројот на вработени дипломирани лица од оваа област. Но ајде да и погледнеме на вистината во лице. Без јасно прецизирани правила на однесување на згрижувачите и обврски на опремување на ентериерот,без точна определена бројка на деца во група/паралелка, без точно определена програма за работа и забава на децата, без точно определо времетраење на престојот на детето во овие институции и без точно нагласени казни за отстапувањата на чинителите....ќе се случи она што е наведено во претходниот пост...СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА... Ќе почне... ...оставање на децата во градинка/училиште по 12...14...часа под оправдување на презафатеност на работното место и носење на детето дома само за спиење. ...носење на болни деца...за кои мора да има изолациони соби и нормално вработени лекари...сестри а не да се препуштаат на воспитно-образовниот персонал и во иста просторија со условно здравите деца ... Ќе продолжи праксата на отстапување од законски регулираната бројка... па на една воспитачка/негувателка во група ќе се оставаат по 20...30 и кусур деца... Евала да сум грешка... Изменето од mamamd - 10.Март.2009 во 10:58 |
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред некое време воведоа ново правило: Да се донесе резултат од брис после секое боледување(како доказ дека нема присуство на некоја бактерија)И како се кај нас, секое чудо за 3 дена, после месец, два се е по старо , а таман здивнавме од тие бактерии.
Апелирам до сите родители , да се свестат и да ги проверуваат редовно децата, и да не ги праќаат болни во градинка, бидејќи , меѓудругото тоа е и за нивно добро.Вака само се пренесуваат бактериите од едно на друго дете и се се врти во круг. Ако сакате да имате чиста совест, почитувајте ги правилата! |
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Какви две негователки, кај живеете вие?
Во градинка има една учителка која си оди во 12 30 а негователката е таму од 8 до 16 00 и толку.А деца во групите има по 25-30.Ама тоа ти е , во државните градинки за 1 500 денари, ако не ви чини имате и приватни ама 4-5 пати поскапо е! |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И додека немилосрдно се трошат народните пари на службени возила, на разни кампањи, реклами , и се одвлекува вниманието на народецот од реалноста на децата детството им минува онака како што не треба...
ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА ПРЕПОЛНИ Во градинка како на стадион Секое утро со страв го оставам детето во градинка затоа што во групата има триесетина деца. За нив се грижат само две негувателки, кои, реално, не можат да постигнат сите да ги измијат, а не, пак, да ги нахранат или да ги легнат да спијат, реагира еден родител, чиешто дете оди во градинка во скопската населба Аеродром. Речиси сите градинки во земјава се преполни со деца, а родителите се загрижени дали негувателките и учителките можат да им ја дадат потребната нега. Според нив, најчесто децата се враќаат дома изгладнети, извалкани и ненаспани иако редовно ги плаќаат сметките за нега и за храна. Дел од родителите реагираат и на тоа што децата иако во градинка се запишани од септември, минатата година, воопшто не кажуваат песнички или некој нов научен збор. - Во детската градинка каде што ја носам ќерка ми во групата има 30 деца. Кога ја запишував во градинката ни рекоа дека во групата во која ќе престојува ќе нема повеќе од 15 деца, а за нив ќе се грижат една воспитувачка и две негувателки. Воспитувачката работи до 13 часот, а негувателките не можат да направат ред на толкава група. Кога ја земам од градинка во просторијата е хасо, врева и метеж - објаснува Силвана, мајка на петгодишно девојче. Педијатрите се едногласни дека идеални услови за грижа во градинките се групи од 12 деца со две негувателки и со една воспитувачка. - Според светските стандарди, а за децата да ги имаат сите услови за правилен раст и развој, групите мора да се помали за да можат негувателките и учителките еднакво и квалитетно да им посветат време на децата. Градинката не е само помош на родителите за згрижување, туку таму се развива и моториката и социјализацијата на децата - вели Марија Стојановска, педијатар. Неретко родителите по неколку месечен престој во градинка ги отпишуваат своите деца и најмуваат луѓе што ги чуваат децата. - Кога се навикна на градинката син ми се разболе, па не го носевме неколку недели додека не оздрави. Откако почна да оди во градинка за само две недели повторно се разболе. Знам дека тоа е „нормално“, но се прашуваме дали, можеби, преголемиот број деца е дополнителна причина за ширењето на болестите. Доколку има повеќе од две негувателки во групата на син ми во која има 27 деца, можеби, грижата за хигиената ќе биде многу подобра - вели Игор. Од Министерството за труд и социјала потврдуваат дека во градинките има поголем број деца од предвиденото. Според нив, контролите што ги прават покажуваат дека еден дел не доаѓаат редовно во градинка затоа што се разболуваат, па со тоа бројот на децата во групите станува оптимален. - Со Програмата за развој на детската заштита за 2009 година, предвидуваме можност градинката дел од својата дејност да ја врши во други просторни услови. Ова дава можност да се отворат групи во училиште, месна заедница, или таму каде што има услови за тоа. Со тоа може да дојде до намалување на бројот на децата во градинките, а поради нивната близина тие ќе се префрлат во новите групи - информираат од Министерството и додаваат дека вакви дисперзирани центри се веќе отворени. Оттаму објаснуваат дека Секторот за заштита на децата ги има лоцирано местата каде што има проблеми и откако ќе добијат податоци за потребата од нови градинки во зависност од можностите на Општината ќе ги преземат сите мерки за надминување на состојбата. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I moeto dete odese vo gradinka, ama jas ja utnav vospituvackata, taa trebalo da ti bidi prijatelka
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Градинка е многу битен елемент во раното детство на секој човек за правилен развој.
Таму децата учат, се социјализираат и се забавуваат. Искрено јас не се забавував до толку кога одев во градинка. Се нервирав што морам да спијам во 2 попладне со еден куп мрсулави другарчиња до мене кои ми дишеа во фаца и ни даваа само по едно ќофте а ја сакав две Што да правам ми се јадеше, такво буцко бев. Се на се интересно искуство беше за мене иако ја удавив мајка ми да ме извади од таму на времето. Имаше и некои хорор воспитачки на кои и денес денес кога ќе им се сетам на бојата на гласот се ежам. И една мнгу интересна работа што ја споменаа другите членови дека децата многу повеќе научиле во градинка, тоа може да изгледа така, зошто помалите деца како и бебињата имаат енормна способност да впиваат информации и учат нови работи многу повеќе отѕколку повозрасните и кога малите ќе ги изнаучат сите букви, бројки и слични работи се воодушевуваме бидејќи се соочуваат за прв пат со нова материја во животот. Понатамошната едукација отпаѓа на други работи која не се занимава веќе со основите како описменување на прво место и можеби затоа луѓето мислат дека се забавува процесот на учење на нови нешта. Човечкиот ум е така дизајниран да постојано учи и усвојува нови нешта во различни доба од животот. Додуше не знам што учат 3 одд и 4 одделенците денска, валда исто тоа што и мојата генерација го учеше пред 20 год. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не сум одела во градинка........и ми беше криво затоа што сите другарчиња ми одеа во градинка, а мене баба ми ме чуваше........ Сестра ми од градинка научи повеќе песнички од мене, научи букви, броеви, разни игри.....и ми ги прераскажуваше па јас ги учев од неа........ Но за жал се наполни со вошки, фати сипаници, настинуваше често........ Тоа е........си има и предности и недостатоци одењето во градинка.......... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pokraj osnovnata dejnost...zgrizuvanje vo gradinkite se odviva i vospitno-obrazovna no i slobodni aktivnosti. Dali ima vistina vo ova?
Дополнителните активности во градинките шанса за нелегален бизнис? Изменето од mamamd - 21.Февруари.2009 во 11:36 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...Nekoj sepak se dosetil da zabelezi...Nova Makedonija...
Околу 1.000 дечиња одат во градинки постари од 40 години Во земјава има вкупно 180 градинки, од кои 10 се сместени во бараки. Во сите нив секој ден се згрижуваат 22.468 дечиња. Ако се земе предвид дека секоја детска установа има капацитет да згрижи во просек околу 100 деца, излегува дека околу 1.000 се сместени во дрвени бараки, кои се изградени пред повеќе од 40 години, проценуваат во Министерството за труд и социјална политика. Во ваквите градинки електричната инсталацијата е стара, на ѕидовите има влага, подот е оштетен, стари се и котлите за парно-греење. Општинарите одвреме-навреме „крпат дупки“, донираат понекој детски реквизит, градат пешачки патеки, поставуваат светилки во дворовите на градинките. Но ниту тие ниту државата не планираат да градат сосема нови објекти во кои децата ќе се згрижуваат и ќе се заштитат од провев, пожари и поплави. Воспитувачите и родителите стравуваат за безбедноста на децата. - Моето дете оди во градинката „11 Октомври“ во населбата Бутел 1. Згрижено е во стара монтажна барака и затоа сметам дека не е безбедно. Досега многупати се случувале помали дефекти, најчесто со електричната инсталација. Не дај боже да се случи некаков дефект додека се дечињата во градинката - вели Милан Ангеловски, татко на четиригодишниот Марио. Засега Министерството за труд и социјална политика не планира да вложува во изградба на нови објекти, кои би ги замениле сегашните дрвени бараки. - Со децентрализацијата градинките се веќе под надлежност на општините. Единствено финансирањето сè уште оди преку нашето министерство. Префрламе пари за плати за вработените, за тековно одржување на објектите. Но за капиталните проекти одлучува општината - вели Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Не е точно дека капиталните проекти се обврска на општините, тврдат општинарите. - Овие инвестиции ги финансира Министерството. Кај нас има една градинка „Росица“, која е во катастрофална состојба, дури чудно е што сè уште е во употреба. Се залагаме бараката да се урне и да се изгради нов објект од цврст материјал. За тоа ќе треба Министерството да издвои пари - вели Сокол Митровски, градоначалник на општината Ѓорче Петров. к*ртулија 50 дечиња во градинка во Бутел Педесетина дечиња спиеле во моментот кога завчера избувнал пожар во градинката „11 Октомври“ во скопската населба Бутел. Причина за пожарот биле старите и дотраени котли за нафта. - Во паника почнавме да ги будиме децата и да ги изнесуваме низ задниот излез. Ги префрлавме преку оградата што нè дели со училиштето „Панајот Гиновски“, а ни помагаа наставниците од училиштето. Среќа е што не се случи најлошото - велат воспитувачки во градинката. Како што велат тие, несреќата можело да биде и поголема, со оглед на тоа дека во моментот кога избувнал пожарот на само неколку метри од него се наоѓала цистерна во која имало 14 тони нафта. Во пожарот е оштетен голем дел од покривот на училиштето, а опожарена е целосно и просторијата во која биле сместени котлите за нафта. Вчера немаше деца во градинката. Крим-техничарите вршеа увид во опожарениот дел од објектот. Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, и министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, вчера ја посетија градинката. И двајцата ветија дека итно ќе издвојат пари за обнова на објектот. Градинката „11 Октомври“ е сместена во барака што е изградена веднаш по скопскиот катастрофален земјотрес пред 45 години. Изменето од mamamd - 05.Декември.2008 во 12:38 |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |