IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија покрена тужба против Грција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија покрена тужба против Грција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
Автор
Порака Обратен редослед
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2011 во 00:33
ee,изненадување znachi nema shto da se bunat, shto ne gi primille,...da bile pod ''novoto'' bi imale pravo ,ama shtom e taka ,..samo djabe pari frlile po advokatine,...namesto ushte nekoj spomenik da ni napravat!намигнување

..a, za toa shto vo OON bile prijaveni kako makedonija , a primeni pod drugo ime,...zarem mozelo drukchie , koga novoto seushte ne i bilo potvrdeno,..zatoa ne ''lezi'' toa  bash....

...ne mi e jasno samo,...kako bile tolku glupi ,pa se prijavile pod ''pravoto''ime?!изненадување

ili moze namerno go napravile toa ,...збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2011 во 00:17
Originally posted by brza brza напиша:

a, so koe ime  stanala kandidat,...tamu kaj shto e( vekhje vechen) kandidat?збунетост



Со привремената референца.

А со таа референца и ќе влезевме во НАТО. И во ООН аплициравме под уставното име, но влеговме под привремената референца.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 23:54
...celo vreme i jas na grcive im se chudev  za toa ,...deka nemale pravo da se bunat ama,

...ete kaj bila cakata,...pametnite makedonci , so celiot svoj ,prochuen nadaleku,umstven kapacitet , se drznale so  pogreshno ime da se obidat da vlezat,....изненадување


...a, so koe ime  stanala kandidat,...tamu kaj shto e( vekhje vechen) kandidat?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 22:49
Негативен дел кој не иде во полза на Македонија а што несомнено ќе потклекнат судиите е делот во кој и се дава право на Грција да се спротивставува за прием на Македонија во меѓународни организации под уставното име а Македонија својата апликација ја поднела под уставното име . Тоа Македонија го стори за апликацијата за НАТО.

Овој аргумент мислам дека ќе го натера судот на  не донесе одлука .


Изменето од ADVISOR - 27.Март.2011 во 22:51
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 10:02

Започнува претставувањето на грчките аргументи пред судот во Хаг

         Со презентација на грчките аргументи, денеска во Меѓународниот суд на правдата во хаг продолжува првиот круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција.

 Предвидено е првиот круг да финишира утре, на вториот ден од презентацијата на грчките аргументи. Според распоредот на судот, вториот круг од усната расправа ќе почне на 28-ми март со презентирањето на аргументите од страна на Македонија, додека в среда 30-ти март ќе финишира со настапот на Грција. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Бук*решт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.

По крајот на вториот круг од расправата, судот ќе се повлече до донесувањето на конечната одлука. Пресудата се очекува да биде соопштена најдоцна наесен.

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 19:44
Eve gi memorandumite na Makedonija i Grcija

Makedonija

Grcija



Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 14:54
Sands rekol...taka?!изненадување
изненадување
auu...pa togash stvarno i navistina e taka!"да"

...koga Sands ne bi go kazuval toa, za koe shto e,najverojatno  najdebelo platen, od kutriot makedonski narod!

...navistina neznam, shto drugo bi moel da kaze,.... tvoj advokat!?збунетост


....ili koj i da e drug ,..e mora Sands...koga bi bil tvoj.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 10:05

Сандс: Преименувањето на скопскиот аеродром не е оправдување за грчкото противењe

 

„Како може да се тврди дека преименувањето на скопскиот аеродром или именувањето на паневропскиот коридор со името Александар Велики се чинови кои не се компатибилни со меѓународното право“, праша Филип Сандс, еден од правните застапници на Македонија во спорот против Грција што се води пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

 

Со цел да ги побие грчките аргументи кои Грција ги доставила како против одговор на македонската тужба, Сандс рече дека е „чист очај“ бидејќи ниту еден аргумент на Грција не го оправдува нејзиното противење на македонското членство во НАТО.

 


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 12:53

Крајот го краси делото, па ќе видиме. Нај важно е да успееме добро да ги образложеме  сите аргументи и да ги употребиме сите средства кои одат во наш прилог.  Има една прилика кога и Бакојани призна дека Македонија доби вето од нив. Да видиме како ќе се покаже и хрватскиот професор Будислав Вукас како наш ад хок судија...



Изменето од MyWay - 22.Март.2011 во 13:51

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 12:46


Издржано и детално ги образложуваат аргументите, ама и контрааргументите со кои ќе се брани Грција ги побиваат. Посебно што нагласуваат дека од судот не се бара да одлучува по политички процес, туку за она што е и негова должност: правото и прекршувањето на една клаузула од правен договор помеѓу две страни.

Ги извадија сите признанија од грчките политичари дека имало вето т.е. попречување, документирано со изјави.

Како што ги слушав вчера и денеска и онака лаички ми изгледа добро спремен нашиот тим, а така велат и правниците со кои разговарав. Нека им е со среќа. да

Ај отидоа на пауза за ручек. намигнување



Изменето од Анастеа - 22.Март.2011 во 12:48
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 12:36

Денес продолжува јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција во врска со примената на Времената спогодба потпишана од двете држави од 1995 година.

Расправата се одржува со Палатата на правдата во Хаг.

На првото рочиште вчера министерот за надворешн работи и застапник на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата Антонио Милошоски истакна дека случајот е едноставен и јасен оти договорите мора да се почитуваат.

- Тужената страна приговори на нашето членство во НАТО потпирајќи се на причини кои не се дозволени според Времената спогодба. Тужената страна се обидува случајот да го направи комплексен, изнесувајќи серија на нерелевантни или неточни тврдења, како и нови правни и фактички тврдења кои не биле покренати пред април 2008 година. Аргументите на Тужената страна се чини имаат за цел да затскријат експлицитно прекршување на експлицитна обврска која произлегува во Времената спогодба, рече Милошоски.

Потенцирајќи дека е ова прво појавување на Македонија како странка во Судот во Хаг, тој појасни дека со тужбата се бара од Грција да се придржува кон клучните обврски од Времената спогодба, односно членот 11 според кој таа нема да го попречува зачленувањето на државата во меѓународни организации под привремената референца во кои таа е членка.

Од Судот се бара и да им помогне на двете страни да се вратат во рамките на системот воспоставан со Времената спогодба. Ова, рече Милошоски, ќе ни овозможи да ги продолжиме нашите активности за зачленување во НАТО и Европската унија, цел за која се определивме уште од 1993 година и која е од огромно значење за внатрешната стабилност на македонското мултиетничко демократско општество, но и за регионот.

Грција, според него, се повикува на четири клучни аргументи во однос на тужбата, а тоа се дека Република Македонија не треба да го користи уставното име во меѓународни организации, дека привремената референца е „привремено име“ на државата, оти македонската страна е таа која ја прекршила Времената спогодба. Воедно, вели, упорно погрешно го толкува барањето на македонската страна инсистирајќи оти во предметот се работи за однесувањето на НАТО врз што Судот нема надлежност, и погрешно го толкува членот 22 од Времената спогодба.

- Нашата одлука да го иницираме спорот пред Судот не беше донесена лесно. Сепак немавме друг избор. Доколку тужената страна навистина верува оти ние сме ја прекршиле ВС таа можеше да покрене постапка против нас според членот 21 од ВС и да се повика на други меѓународни договори, но не стори ништо од тоа. Наместо тоа ги зеде работите во свои раце и дејствуваше вон правото. Бараме од Судот да и наложи на тужената страна да ги исполни своите обврски кои произлегуваат од овој исклучително важен билатерален инструмент, рече Милошоски.

Професорот Филип Сендс, кој е дел од македонскиот тим, во своето излагање се осврна на околностите кои доведоа до склучување на ВС, која е вели срцето на овој судски предмет. Тој укажа на нејзината непречена примена до 2008 година, и особено се задржа на однесувањето на Грција во 2007 и 2008 година како исклучително важни за овој процес. Тој при тоа се повика на изјава на тогашната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани дадена во октомври 2007. во интервју за грчки новинар. Прашана зошто не дозволуваат влез на Македонија во НАТО под привремената референца таа изјавила дека „политички безболни одлуки не се од национален интерес и оти криењето на главата во песокот секогаш чини, како и политичиот кукавичлук“.

- Ова е чисто признание од тужената страна дека знаела за своите правни обврски и дека одбрала да ги игнорира за да избегне да биде обвинета за „политички кукавичлук“, рече проф. Сендс.

Побра од Судот да си постави две клучни прашања што направи тужената страна во 2007 и 2008 и кои биле причините за тоа што го направила, бидејќи во нив лежи суштината на овој предмет.

На јавната расправа се обратија и проф. Шон Марфи и Пјер Клаин кои се фокусираа на тоа дали однесувањето на Грција во периодот 2007 – 2008 година било во согласност со Времената спогодба, односно како тоа ја попречило поканата за членство на Република Македонија во НАТО.

Марфи нагласи дека од 1995 година до 2007. Грција не се противела на пристапувањето на Македонија кон Партнерството за мир и Акцискиот план за членство, како програми за соработка на земјата со Алијансата и исполнување на критериумите за членство.

Во втората половина на 2007 и почетокот на 2008 Грција почна жестока и систематска кампања против членството на Македонија единствено затоа што не беше решено прашањето за името. Овој доказ произлегува од пишаната и усна дипломатска комуникација и од изјавите на високи официјални претставници соопштени јавно од владините институции, рече Марфи.

По денешната презентација на македонските аргументи, грчката страна своите контрааргументи ќе ги изложи на 24 и 25 март. Во втората фаза на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност да одгвори усно на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.

Значи за шест месеци ќе го чекаме исходот..Одлуката е правосилна и мора да се изврши. Да се надеваме дека ќе биде во наша корист.среќа

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 19:30
Можно објаснување е дека евентуалната пресуда мора да биде прифатена од Советот за безбедност, а тоа тешко ќе се случи, бидејќи тој има право на вето на одлуките на судот. Земјите засегнати во спор мора да ја прифатат одлуката на судот (освен САД кои еднострано излегоа од судот во 1986 година и ги прифаќаат неговите одлуки од случај во случај), а ако не сакаат да го сторат тоа, Советот за безбедност ќе ги принуди преку своите механизам. Обратно, пак, нема сила што може да го натера Советот за безбедност да прифати одлука ако некоја од петте земји-членки не се согласува со неа.



Тоа значи дека ни ревидирањето на независноста ни евентуална одлука за спорот на Македонија немаат шанси да поминат ако за тоа нема добра волја во Советот за безбедност, но позитивно советодавно мислење на судот би траело вечно и не би можело стопроцентно да се игнорира.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 19:26
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Дури и таа одредба е мошне интересна.

Во случај ако судот донесе пресуда која ќе е во наша корист и со која ќе се констатира прекршување на одредба од привремената спогодба, Грција нема да може да не блокира во однос на зачленувањето во меѓународните организации под привремената референца, а тоа значи и во ЕУ и НАТО, затоа што тоа ќе донесе повторна тужба од наша страна.

Дури и да се влезе во ЕУ и НАТО под привремената референца, тоа ќе ја зајакне македонската позиција, затоа што, штом Македонија ќе биде во НАТО и ЕУ, зарем ќе има толкав интерес да преговара, или пак ќе може да блефира, одолговлекува? Од друга страна секогаш ќе ја има можноста да се посвети на признавањето од поголем број земји, па процесот во ООН да може да го заврши на друг начин.
No presudata od Hag e samo sovetodavna тага. Samo ke se narusi ugledot na Grcija no tie ke si prodolzat so blokiranje . Kolku e apsurden ovoj spor neverojatno e . Prvo samite ON gi prekrsija svoite nacela koga postavija dopolnitelen uslov za priem , se ova e politicka igra za zal тага


Пресудата од Меѓународниот суд на Правдата во Хаг не е само советодавна. Далеку од тоа дека е само советодавна. Двете страни ќе ја почитуваат одлуката на судот. Не случајно нашата страна во тужбата побара судот да и наложи на Грција да го усогласи својот однос со Привремената спогодба, а тоа значи подигнување на блокадите доколку Македонија аплицира под привремената спогодба.

Сепак, ниту Грција, ниту Македонија не се доволно моќни за да го газат меѓународното право. Во однос на апсурдноста, сосема си во право, но, за жал, такво е меѓународното право. Секогаш постои критериумот на сила. Но, тоа не треба да не плаши. Далеку е и Грција, а и Македонија, од таква сила.

Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 19:25
Eve eden izvadok :



Иако Привремената спогодба практично исклучува можност решение за спорот да се бара по судски пат и надвор од преговорите во ОН, моментно никој, ни во Европа ни во САД, нема лице да тврди дека таа спогодба се почитува и важи, без оглед на тоа што формално е во сила. Тоа значи дека по сета мизерија околу преговорите што се водат во ОН, кои се претворија во исполнување на списокот на грчки желби, останаа неиспробани само две опции – да се прекинат преговорите и да се бара нова одлука на Советот за безбедност или, пак, да се побара мислење на Меѓународниот суд за правда. Само мислење, бидејќи судски спор не може да се води против ОН, а тој стои зад потписот околу привременото име на Македонија, а не Грција.

Очигледно Македонија направила голема грешка што не побарала вакво мислење пред приемот во ОН, бидејќи ќе ги ставеше во непријатна ситуација земјите-членки на Советот за безбедност да не го почитуваат ставот на орган што е создаден токму од нив. Иако можат да се најдат неколку аргументи дека таквата одлука сега би била бескорисна, клучен контрааргумент е дека од таквиот потег нема да има никаква штета, туку само можна корист, дотолку повеќе што листата на случаи во овој суд покажува дека земјите го користат многу екстензивно, па и за многу побанални спорови од нашиот.

Меѓународниот суд за правда беше создаден во 1947 година како составен дел на Повелбата на Обединетите нации и истата година го судеше првиот спор околу преминот кај Крф меѓу Велика Британија и Албанија. Веќе истата година судот го даде и првото мислење и не случајно тоа се однесуваше на приемот на нови земји-членки во светската организација, поради тенденцијата на државите внатре да создадат привилегиран клуб и да го условуваат приемот на другите земји од политички или други интереси, како што тоа денес се случува во ЕУ под мотото на солидарност.

Изменето од ADVISOR - 21.Март.2011 во 19:25
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.