![]() |
|
Црни прогнози за иднината на Балканот |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 15> |
Автор | ||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
domasniot esap , na pazar ne izleguva ........... |
||||
![]() |
||||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Поделбата на Косово ќе предизвика поделба на Македонија, БиХ и на Србија Поделбата на Косово е далеку од реалноста, бидејќи таков потег би можел да предизвика верижна реакција во регионот и тоа во „во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина“. Ова го рекол известувачот на Европскиот парламент за Косово, Јост Лагендајк, објавуваат српските медиуми. Тој изјавил дека за односот меѓу Србија и Косово потребно е „креативно дипломатско решение“, и како пример ја навел солуцијата до која своевремено дошле поранешните Источна и Западна Германија, и Република и Северна Ирска. „Не е реално да се очекува Србија да го признае Косово во догледно време, но ниту Србија, ниту пак Косово, а ни Европската Унија, не смеат дополнително да губат време во приближувањето на Белград и Приштина кон ЕУ. Така да мораме да бараме креативно дипломатско решение, кое не би му наштетило никому, а би донело корист на сите“, рекол Лагендајк. Според него, за Србија и Косово да влезат во ЕУ, мораат да најдат формула која ќе им овозможи да ја реализираат целта. „Идејата за решение, по примерот на двете Германии, кои и покрај меѓусебното непризнавање се обврзаа да не си ги попречуваат една на друга меѓународните активности, би можела да биде пример за основ на договор меѓу Белград и Приштина, со потврда од ЕУ“, изјавил Лагендајк. Тој додал дека добар пример е и како Ирска во својот прв устав го регулирала прашањето со Северна Ирска, со обзир на тоа дека решението се покажало како функционално, бидејќи и Ирска и Велика Британија се членки на ЕУ. Лагендајк оценил дека ЕУ на Косово ќе остане со „години, а можеби и повеќе од една деценија“, зошто воспоставувањето на владеењето и на правото бара многу време. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103996 Изменето од oon - 05.Февруари.2009 во 14:18 |
||||
![]() |
||||
nelson ![]() Сениор ![]() ![]() НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
so bi rekle srbi "bolje ista nego nista"
|
||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||
![]() |
||||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ЕУЛЕКС го подели поделениот град
Наместо да донесе соживот, ЕУЛЕКС дополнително ги подели Албанците и Србите. Во Митровица ниту едните, ниту другите не ги сакаат новите европски службеници. „Тоа не се признава. Никако, никогаш.. никогаш во животот!“, изјави Албанец од Косовска Митровица. „ЕУЛЕКС не се согласуваме да дојде... Каков ЕУЛЕКС? Ништо!“, рече Србин од Косовска Митровица. Мостот на Ибар и понатаму, наместо да поврзува, дели. „Ние не одиме на другата страна. Тие можат да дојдат ваму, ние не ги допираме, но ние не одиме, зошто не е сигурно“, вели Србин од Косовска Митровица. ЕУЛЕКС, која има задача да воведе правен поредок на Косово, првиот ден го немаше на терен. И покрај противењето на Србите, десетина полицајци, и неколку судии и обвинители на ЕУЛЕКС, утрово се распоредија и во Северна Митровица, но не го напуштаа округот на судот и на полицијата. Од едната страна контролираше косовската полиција, а од другата никој. Во едниот дел автомобилите се возат со косовски таблички, во другиот или се од времето на Југославија или ги воопшто ги нема. И покрај тоа што функционираат во два посебни света, и Албанците и Србите не прифаќаат поделба на Косово, идеја кои многумина ја видоа во планот на бан Ки Мун. „Поделбата на Косово за нас не е решение, бидејќи не гледаме причина зошто да се откажеме од дел од нашата територија. Но во секој случај, кога имате некој голем проблем, порано или подоцна, треба внимателно да ги разгледате сите опции“, изјави Небојша Јовиќ, претседател на српското национално Собрание. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101375 |
||||
![]() |
||||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Турција има потенцијал за економски раст, ја има со Русија и Велика Британија најсилната армија во Европа, така да ЕУ треба да молчи и да не мудрува многу, оти како што тргнало ќе биде Виена повторно Турска провинција.
Дај боже во Македонија политичарите да ја направат економијата на пола од турската барем тогаш не ни треба ЕУ. Ама дали има некој политичар тоа да го направи? И мислам дека по корисно е за нас македонците да се фокусираме кон Русија,Кина и Турција. Изменето од oon - 10.Декември.2008 во 04:34 |
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Дали и треба на Турција или не ЕУ не е предмет на анализа на темата. Јасно дека Турција е далеку од нас, и по економска и по воена надмоќ. Тука нема ништо спорно.
Напишаното во колумната е дадено како споредба на состојбата “чекална пред ЕУ“ во која се наоѓаат и Турција и Македонија, а која се продолжува со измислување нови закони, реформи и услови кои треба да ги исполнат двете земји, а со цел одолговлекување на нивниот прием, од јасни причини и за двете земји.
Изменето од anastea - 10.Декември.2008 во 02:45 |
||||
![]() |
||||
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Турција во меѓувреме стана една од 20-те водечки економии во светот, столб во НАТО, моќен меѓународен фактор. Евроазиски економски тигар заробен во европскиот политички лавиринт. Турција повеќе од 30 години чека датум за старт на преговорите за членство во Европската унија. Но, не го губи времето попусто. Земјата во меѓувреме стана една од 20-те водечки економии во светот, столб во НАТО, моќен меѓународен фактор. „Многу значајна е географската местоположба на Република Турција, држава на два континенти, Босфорот ги спојува двата континенти и се надевам дека економскиот раст се развива на тоа што многу се произведува, голем пазар е, а луѓето се многу активни. Во градежништвото на пример, од 100 најголеми фирми во светот, 32 се турски компании“, изјави Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција во Република Македонија. Главна дејност се туризмот и индустријата. Турција израснува во значаен производител на автомобили во Европа и светска бродоградителска сила. Бизнисот си врви напред, причините што ја кочат Турција во евроинтеграцијата не се економски. Официјални објаснувања се бараат во степенот на човекови права. Турците имаат други размисли. „Турција не знам кога ќе влезе во Европска унија, може за две години, а може да бидат и десет, затоа што Европа не сака да не прими и не ограничува. Секоја година ни дава по два датума за преговарање“, вели еден турски граѓанин. Истанбул не е главен град, но е центар на случувањата. Повеќе од 12 милиони жители и милион посетители дневно. Во бркотницата која за туристите можеби изгледа страшно, мештаните добро се снаоѓаат. На градот не му требаат европските стандарди за да се знае каде се вози а каде се паркира, да не се валкаат или брзо да се исчистат улиците, во хаосот да преовладува ред. „Има многу различни споменици од многу култури. Луѓето се навистина многу фини“, вели една туристка. Дали сметате дека Турција треба да стане членка на ЕУ? „Да, затоа што е многу слична, многу блиска на Европа“, вели туристката. Турците наоѓаат различни начини да се релаксираат од брзото темпо. Бешикташ, Галатасарај или Фенербахче? -Мој фаворит е Бешикташ. -Зошто? -Така, само Бешикташ. Најдобар е? -Да. Тој е најдобар од најдобрите. Каде е стадионот на Бешикташ? -Натаму. -А на Галатасарај? И на Галатасарај е натаму, а на Фенербахче е од другата страна. Многу цркви и уште повеќе џамии. По напорната туристичка тура, ред е да се вкусат типичните турски специјалитети. Угостителите се задоволни, рестораните со поглед на Босфор се полнат. „Работата во мојот ресторан е преку летото. На лето имаме премногу работа. Тука доаѓаат многу луѓе. Доаѓаат од Македонија, од Англија, од Шпанија, од Италија... Сите тие доаѓаат тука на вечера, во рибниот ресторан. Таму се служи и риба и месо“, вели сопственик на ресторан. „Тука има и рибен пазар. Цело утро доаѓа свежа риба“, додаде угостителот. Убаво е да се мези донер и да се следат бројните бродови и танкери кои крстосуваат по најпознатиот морски теснец во Европа. Но, уште поголемо задоволство е да се плови по него и да се гледа во Европа од една и Азија од другата страна на копното. На брегот доминираат раскошните вили на турските богаташи. Босфор разделува два континента, спојува две мориња. Го одделува Ориентот од Западот, ги меша културите на безброј народи, ги спојува судбините на дванаесетте милиони жители на турската туристичка престолнина. Турците не се штедат во напорите докрај да ги угостат гостите. Оние што нема да се задоволат со чај и наргиле можат да уживаат во оригинален турски чочек. И песна, специјално за македонскиот мерак. Градот со богата историја и многу имиња им пркоси на вековите. Европската порта кон Азија пулсира во ритам што не можат да го следат многу европски метрополи. Типична слика за модерното турско општество и гордост за 70-те милиони Турци кои трпеливо чекаат Европа да им ги отвори границите. Изменето од moira - 10.Декември.2008 во 11:06 |
||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||
![]() |
||||
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
anastea na Turcija ne im treba EU,Turcija e jaka zemja i ekonomski i voeno taka da neka mislat drugite balkanski zemji naprimer Kosovo,Albanija,Makedonija, Bosna,Crna Gora,Srbija tie da mislat bez EU sto ke praat,na Turcija ne im treba EU tie se jaki i ekonomski i voeno.
|
||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Добра анализа на Мирка Велиновска на глобалните геополитички случувања и загрозеноста на Македонија од случувањата на Косово и во светот. Само дел од колумната, на кој му претходи нејзина анализа на состојбите: “Западниот Балкан како полигон за тестирање на новата европска политика останува онаков каков што е. Недовршен и проблематично европеизиран. Се раскусури тука кој требаше, првенствено САД и Русија, кои ги забодеа своите знаменца по договор, и толку! ЕУ останува логистика на големите играчи додека не одлучи до каде се простира и со кого граничи. Во наредниот период Западниот Балкан заедно со Турција ќе биде оставен да зрее како квасец, оти неговите реорганизатори се зафатени со други работи. Ова одлично се виде по јавната бламажа на германските тајни служби, и тоа токму на Косово. Тоа е порака дека секој што овде планира да произведе силовити акции, ќе завршува како Невзат Халили со неговата недосонувана Илирида. Ако веќе некој пак сака да нè плаши со милитаризмот на Албанците, за побезболно да го прифатиме обезименувањето на државата, треба да има на ум дека е нереална надежта за конфликт од такви размери што ќе ги „разбуца“ моментните меѓудржавни граници. Пред сè зашто таков конфликт сега не им одговара на САД. А богами ни на Русија. Милитантите на Косово и во Македонија се педантно заведени во тефтерот на НАТО, оти ОВК беше негова пешадија. Повик за мобилизација од Пентагон нема. Ако некој во Македонија мисли дека Али Ахмети и неговите команданти се пацифизирани по сопствена волја, мора да е политички наивен. Ако има такви што веруваат дека Косовците навистина имаат самостоен капацитет да поведат нова регионална „револуција“, без поддршка од стратегискиот партнер, нека ги прегледаат уште еднаш снимките од последните протести во Приштина и изјавите на косовските политичари. Според тоа, сомнителни се мотивите на оние или оној што сака да ја предимензионира изјавата на Ахмети за Скопје како срце на некакваси Дарданија. Што би рекол Енди Ворхол, неговите 15 минути слава завршија во оној момент кога за пропагандни цели беше промовиран во интелектуалец со пушка.
НАТО навистина сè уште е елитен светски клуб, но реално, во него тежат само армијата и оружјето на САД. Европа, сообразено со кризата во која се наоѓа, едноставно не може, а и не сака да вложува пари и луѓе во нов конфликт на Балканот. Значи, Македонија не е во никаква непосредна опасност од оружен конфликт, кој за последица би имал ново менување на меѓудржавните граници. Но, може да западне во тешка криза ако нејзините политички елити останат тотално несвесни за големите светски миграции на моќта. Прво, мора да се напушти теоријата за немање избор. Безалтернативноста во политиката е „стратегија“ на багабонди, манипулатори, демагози и профитери. Стравот од активност е удобно прибежиште за оние што не умеат да носат одлуки, а со тоа да преземат ризик врз личната одговорност. Одговорни политичари на „мали и безначајни земји од кои ништо не зависело зашто никој не ги прашувал“, никогаш не донесуваат далекосежни и судбоносни одлуки во време на неизвесна светска транзиција. Политиката на Судниот ден е најкраток пат до амбисот. Особено ако тој не се случи, па сте останале живи, ама со прст во уста. Затоа стратегијата на креирање атмосфера на паника не само што е плиткоумна, туку нема да произведе ништо повеќе освен сеќавање на уште една промашена прогноза на познати политички штребери. Според тоа, ако во нешто не греши инаку пословично неинвентивната македонска државна политика, е токму во тоа што не сакајќи го амортизираше грчкиот диктат, традиционално спонзориран од ЕУ. Уште и преостанува во чекор да ја следи грчката мудра стратегија, која својата политичка енергија рамномерно ја распоредува на сите членки на Советот за безбедност, која ќе ја ефектуира во посткризниот период, кога ќе бидат обликувани новите светски и регионални институции или темелно реконструирани постојните. Рамковниот договор, кој беше од А до Ш творба на Вашингтон и Брисел, ја преобрази Македонија во мултиетничка заедница на народи од кои само македонскиот и ромскиот немаат матична држава, демек, се народи - скитници. Овој воодушевувачки документ на кој му се радуваат извесни македонски политичари, освен што беше подлога за ретуширање на поблиското минато од Илинден до АСНОМ, плански ја ослабе преговарачката позиција на земјава во спорот со Грција. Но, тоа и не чуди толку колку што вџашува фактот дека истите тие што го дигаа до небеса, оти и донел стабилност на државата и ја забетонирал нејзината унитарност, апсорбирајќи го секој албански радикализам, сега, наспроти неговата имплементација и наспроти признавањето на Косово, нè плашат со нови конфликти и нови граници. Дали некој навистина мисли дека ЕУ и САД сакаат на својата неславна серија промашувања да ја придодадат и утката со Рамковниот, Дејтонскиот и Кумановскиот? Да не е малку многу!“ |
||||
![]() |
||||
nelson ![]() Сениор ![]() ![]() НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
a koj e pa jeton sasivari? i so im e gajle na dpa i dui ako tie ne sakat nema da ima promena na granici....problem e so tie sakaat ama ne smeat javno da kazat....i toa ne e nas problem...toa si e druga drzava...nejzin problem...nie samo ja priznavme i tolku...
![]() |
||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||
![]() |
||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
samo dokolku izmislat vremeplov ...... pa se vratime vo vremeto pred naezdata na SKAKULCI
![]() |
||||
![]() |
||||
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ednas za sekogas treba da se resi problemite na balkanot.
|
||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||
![]() |
||||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Поделбата на Косово ќе ги прекрои границите на Балканот?!
Оваа опција не е исклучена за во иднина ако мисијата биде распоредена само на еден дел од територијата. Евентуалната поделба ќе има реперкусии во Македонија, Црна Гора и БиХ во делот на Република Српска, вели професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари Поделени експертски ставови околу тоа колкав ќе биде придонесот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово која денеска започнува со оперативна активност и ќе има задача на властите во Приштина при раководењето со полицијата и судството. Дел од нив не ја исклучуваат можноста наскоро да се реализира поделбата, како се почесто споменувана варијанта и тоа да биде и повод за генерално прекројување на границите на Балканот. Последици можат да почувствуваат Македонија, Црна Гора, БиХ. Други пак сметаат дека поделбата на етнички чисти територи нема да се одвива со забрзано темпо. Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Јетон Шасивари, вели дека ако ЕУЛЕКС не се распореди на целата територија на Косово, тоа ќе значи и фактичка поделба. - Планот од шест точки на Советот за безбедност на Обединетите нации, според кој оваа мисија ќе треба да биде од помош за полицијата и судството на Косово, е најслабата точка на косовската дипломатија и воопшто нов факт во дипломатијата. Тоа не значи поделба, но оваа опција не е исклучена за во иднина ако мисијата биде распоредена само на еден дел од територијата. Со тоа би се нарушило и третото начело на Меѓународната кризна група. Во овие начела освен што се вели дека нема да дојде до поделба, се вели и дека во Косово нема да се врати ситуацијата од пред 1999 година и дека нема да има присоединување со Албанија. Евентуалната поделба ќе има реперкусии во Македонија, Црна Гора и БиХ во делот на Република Српска, вели Шасивари. Професорката Билјана Ванковска, пак, не очекува поделба на Косово во брзо време. - Овие случувања можат да бидат повод за повремена дестабилизација. Доколку дојде до поделба на Косово, за тоа ќе биде потребен подолг период исто како што независноста беше издејствувана по десет години. Во ова ситуација за Македонија е најважно да знае како да ги менаџира работите, бидејќи во регионот постои блискот по етничка основа. И кај нас постои поделенст по етничка основа, но таа се случува на поинаков начин, вели Ванковска. Инаку, Советот за безбедност кон крајот на минатиот месец едногласно го прифати предлог-планот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, за распоредување на ЕУЛЕКС на Косово. Белград беше задоволен, а Приштина изрази негодување. Партиите на Албанците во Македонија,нДУИ и ДПА со заеднички став. Велат дека евентуална поделба, откако беше прогласена независност на Косово, може да предизвика ескалација на ситуацијата во регионот и прекројување на границите. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=262BC4C9ADFC6F4DBF6C5159DF89062A |
||||
![]() |
||||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Приштина - Една од земјите на „големата петорка“ што ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија и Турција нема ништо против поделбата на Косово, ако со тоа се согласуваат Приштина и Белград, пишува весникот „Зери“ , повикувајќи се на западноевропски дипломатски извори.
Како што дознава весникот, првите сигнали за недостаток од единство меѓу петте големи земји против поделбата на Косово на виделина излегоа последните недели. -Владата на една од петте земји во последно време јасно укажува дека нема ништо против поделбата на Косово, како можност, доколку со тоа се согласат Приштина и Белград, пишува весникот. За поделба на Косово е и Русија, иако таа официјално тој став се' уште не го изнела, но за тоа во два наврати пишуваше поранешниот руски премиер Евгениј Примаков. Истовремено „Зери“ укажува дека Борис Тадиќ, сега е посилен од кога било претходно и дека неговата моќ ќе има влијание во меѓународните кругови и кога станува збор за сега се' уште неофицијалната опција за поделба на Косово. (МИА) |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |