|
Донирање органи за трансплантација- Да или Не? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Се’ што може да послужи на некој жив,грев е да се закопа"
Ова е дефинитивно моето размислување на темава и мојот краен личен став... |
|
DarlinG
Сениор *Lara*Croft* Регистриран: 09.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1621 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tesko prasanje...
|
|
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трансплантацијата на органи од духовна гледна точка е многу опасна. Имено душата на починатиот донатор останува врзана за трансплантираниот орган се додека тој не умре(почне да се распаѓа), та не може да оди понатака и да се развива во отадестраните подрачја. Тогаш таа решава да го наведе носителот на органот во такви ситуации каде тој лесно може да се најде во животна опасност или се упропасти примениот орган, со цел душата на некогашниот дарител се ослободи од врзаноста за органот.
Примателот на органот внесува во себе делови на туѓи животни програми - мустри на однесување кои не соодветствуваат на плановите на неговата душа кога се инкарнирала во своето тело со генетските предиспозиции кои покажувале исто треперење како и самата душа. Тоа предизвикува натамошнио компликации поради кои и донаторот и примателот порано или подоцна патат. Познат е случајот на жена која по трансплантирано срце од маж загинат во сообраќајка, почнала да се здобива со силна желба кон пиење пиво и сесксуален нагон кон плавуши. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo Belgrad veke se izdadeni dozvoli za lecenje so alternativni metodi kako sto se akupunktura i makrobiotika vo sklop na oficijalna medicina. Treba da im se ovozmozi na lugeto da vrsat izbor na koj nacin ke se educiraat i lecat. Jas ne sum lekar i nije moj posao da lazam luge i da gi teram da davaat organi. JAS SUM PROTIV TOA ! Znam kako se sprecuvat i lecat bolestite i povtorno - nije moj posao da gi lecam so makrobiotiki. Samo kazuvam moznosti. Makrobiotika e resenie za sve probleme i zatoa se provlekuva niz sekoj moj post.
Ne bi sakal da komentirate toa sto pisuvam a da ne ste procitale prethodno vnimatelno. I sto vi e toa MAKROBIOZA. Ako ne ve zanima Ok ostavete neka komentiraat drugive i nema potreba da se bavite so mene. Pozdrav ! |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Донирањето на органи се уште табу тема
Елена Ацевска 20.10.2008 Јовановски: Шок беше барањето на докторите да се искористат бубрезите и срцето на мајка ми Да донираш орган е најголема животна сатисфакција. За семејството на новинарот Борјан Јовановски ова било пресудно, по смртта на неговата мајката, срцето и бубрезите да бидат донирани и да спасат нечиј живот. Никогаш не дознал во чие тело чука срцето на неговата мајка. „'93. година во Бриселска болница почина мајка ми. Шокот којшто го доживеавме од веста за смртта е таков каков што е, нема потреба да го објаснувам, но она што следеше како изненадување и шок беше барањето од бриселските доктори да потпишеме да се искористат органите на мајка ми, бубрезите и срцето во случајов“, изјави Борјан Јовановски, новинар. Донирањето на органи во Македонија е се уште табу тема. Додека во светот преку донирање се спасуваат стотици животи, кај нас на овој потег се одлучуваат само доколку се работи за некој близок, и тоа од жив донатор. „Трансплантацијата треба да покаже дека претставува нешто најплеменито што може да го направите во вашиот живот, а тоа е да подарите живот на некому“, рече Владимир Чадиковски, Клиника за детска хирургија. За подигање на свеста на граѓаните да донираат органи формирана е Национална фондација за трансплантација. Ова е особено важно бидејќи Македонија идната година ќе стане регионален центар за трансплантација на црн дроб кај деца. „Илузорно е да се зборува за сериозни програми, за трансплантација на органи, доколку не е решен проблемот со донирањето на органи“, вели Перо Петровски, директор на детска хирургија. Фондацијата ќе добие поддршка и од Интернационалната асоцијација за трансплантација кај децата, со што Македонија за една недела ќе се најде на мапата на светските центри за трансплантација. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонците продаваат органи?
Менче Атанасова Точи 24.10.2008 Tрговијата со човечки органи на овие простори зема замав Над триесет македонски граѓани досега понудиле да продадат свој бубрег на Клиниката за нефрологија. Тие лично се обратиле до професорот Нинослав Иваноски и откако биле одбиени, на овие луѓе им се губи трагата. Д-р Ивановски смета дека најверојатно завршиле на црниот пазар во некоја од соседните земји. „Секој од нив имаше по некоја бизарна приказна. Секој од нив нудеше по еден бубрег за одредена сума на пари. Бидејќи кај нас тоа е недозволиво, а знаејќи дека постојат центри за трговија со човечки органи во соседните земји, сметаме дека овие луѓе ги понудиле своите органи таму“, изјави Нинислав Ивановски Дека трговијата со човечки органи на овие простори зема замав, говори и сознанието дека во Суботица во некоја приватна болница полулегално оперира украински хирург, а донатори најчесто се сиромашни луѓе од Молдавија. Но, има и лекарски тимови кои патуваат и немаат единствено одредиште. Каде завршиле македонските граѓани? Кому го понудиле својот бубрег засега останува енигма. Засега само се знае дека на црниот пазар бубрег може да се добие 30.000 евра, а донатори најчесто се луѓе од Бугарија, Србија, Романија, и најверојатно од Македонија. Не е познато дали меѓу овие тимови кои бараат плен на овие простори е и познатиот доктор Шапира од Израел, кој пред десеттина години на Македонија и предложи да влезе во профитабилната трговија со бубрези. „Шапира дојде во Македонија и преку Министерството за здравство се обиде да понуди т.н. трансплант туризам. Понуди богати израелски граѓани да доаѓаат во Македонија на трансплантација тука, интервенциите да се одвиваат во Скопје, а притоа да не не интересира кои се дарителите. Се разбира го одбивме насетувајќи ја измамата“, вели Ивановски. Тоа му успеало во Естонија каде направил направил 14 трансплантации од донатори од Молдавија, по што бил протеран од државата, а Естонците му се извинија на светот. Лекарите велат дека техниката на трансплантација е веќе позната, а овие простори поради сиромаштија се лесна мета за ваквиот вид криминал. Во МВР немаат сознанија дека македонски граѓани продаваат органи во други држави, а немаат ниту пријавен случај за трговија за човечки органи внатре во земјава. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонците на трансплантација во Средниот Исток
Елена Ацевска 28.10.2008 Нинислав Ивановски Над 36 македонски граѓани и на уште толку од Косово им бил трансплантиран бубрег во земјите на Средниот Исток. Овие луѓе не можеле да добијат бубрег од свои блиски. Преку разни канали спас побарале во Пакистан. „Тие практично не гарантираат сигурност за болните и имаат многу компликации. За жал, дел од тие компликации мораме ние да ги решаваме“, изјави Нинислав Ивановски, Клиника на нефрологија. Пред три години и скопјанецот Насер Бејтула се одлучи на овој ризичен чекор во Пакистан. Бубрегот го чинеше 32 илјади долари. „22-годишен човек ми го даде бубрегот“, рече Насер Бејтула. Во Клинички два тима на лекари вршат трансплантација. Пресадувањето е доброволно од роднини. Иако законот дозволува, се уште не функционира дарувањето од починат донатор. Проблем се правилниците со коишто треба да се допрецизира законската регулатива. Постапките се уште тапкаат во место. „Ќе дадам подоцна изјава до каде е законот за трансплантација и донирање на органи“, вели Бујар Османи, министер за здравство. Еден болен на дијализа државата ја чини 10.500 евра годишно. Од трансплантацијата ќе имаат бенефит и болните и државата, велат лекарите. „Доколку се сака да се воспостави рамнотежа на оние нови што доаѓаат за дијализа во Република Македонија, чија бројка изнесува 40-50 годишно, за да може да се сопре растот на вкупната бројка на пациентите на хемодијализа коишто многу ја чинат државата, ние потребно е нашата бројка од 20 да ја покачиме на 40-50“, изјави Живко Попов, директор на Клиниката за урологија. Лекарите велат дека е потребен владин проект со кој државата ќе ја помогне трансплантацијата во сите области. Тоа го докажува Истанбулската декларација, со која се предвидуваат мерки и казни во случај на можна злоупотреба. |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TV STORIJA
100-тина луѓе чекаат трансплантација Менче Атанасова Точи 29.10.2008 19:03 Лекарите велат дека е потребен центар за трансплантација Во Македонија десетици пациенти чекаат да им биде пресадено срце. Кардиохирургот Жан Митрев во Германија веќе направил осум трансплантации, но во Македонија 10 години чека на измените на законот. „Потребите се недискутабилни, меѓутоа јас би сакал малку да осетам дека во нашата држава и во нашата фела ќе се створи малку попозитивна атмосфера за сите тие работи“, изјави д-р Жан Митрев, кардиохирург. Годишно стотина пациенти со мозочна смрт се потенцијални дарители. Уште толку луѓе чекаат да бидат спасени со трансплантација на бубрег, срце, панкреас, црн дроб, бели дробови. Лекарите велат дека е потребен центар за трансплантација, координиран со центрите во Европа. „Тоа е добра работа, зошто да не се спаси некој живот? Тоа би требало да заживее, оти ништо не е поскапо од живот на човек“, рекоа граѓаните. Револуција се и матични клетки од папочната врвка со кои се лекуваат 85 најтешки болести. Но, банка за дарители нема. „Очекувам во многу скора иднина да се создаде и тој веќе долго очекуван национален регистар на доброволни дарители, ќе можеме да користиме соодветен материјал, размена на матични клетки на трансплантации на несродни дарители“, рече Борче Георгиевски Годишно потреба од трансплантација со матични клетки десетици пациенти. Оние што немаат соодветен дарител, спасот го бараат во странство за 200.000 евра. Нешто помалку чини трансплантација на црн дроб. На Клиниката за детска хирургија за една година треба да профункционира регионален центар за трансплантација за црн дроб. Со мала инвестиција, од него ќе имаат бенефит не само пациентите, туку и државата. 16 лекари веќе се едуцираат во Брисел. Но, не е доволен само ентузијазмот на лекарите. Државата со сериозна програма треба да ја поддржи трансплантацијата. Резултатите ќе бидат долгорочни. Изменето од Biba_G - 25.Ноември.2008 во 15:24 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |