|
На туѓ грб... |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно. И се согласувам. Само што има многу начини тоа да се направи, и многу внимателно треба да се избере правилниот.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верата е живот и таа во нас расте во зависност од нашиот подвиг за примање и оделотворување на тој живот во нас и во зависност од тоа колку сме го отвориле своето срце за Него и сме Го примиле во толку и Го сведочиме, односно ја сведочиме и нашата вера.
Во всуштност нашиот живот ја сведочи нашата вера и баш денес во рака ми падна една мала книшка од старец Тадеј насловена: „ Какви се твоите мислите таков ти е и животот„ во тоа е и значењето на твоите зборови. Да но сепак е потребна и одбрана на верата кога е нападната. Прво заради зачувување на живата и спасителна вероисповест во која веруваме и и второ, заради другите. и да додадам пред се заради љубов кон Оној во кој веруваме мислам ме разбираш? Изменето од Опитен - 29.Октомври.2008 во 19:33 |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спирос - само еден пост те дели од бан.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, а затоа што на прикриен начин го напаѓаш Исламот и мислиш дека ќе помине затоа што не е направено директно.
Имаш други теми за овој разговор. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потполни си во право ѕидарски.
Јас на пример обожавам една вера (ИШаломот на Јудејскиот Цар) во која јас не сум роден. Јас ја обожавам и онаа во која сум роден, но онаа за која мислам дека е решението на сите (вакви и слични) проблеми е поубава од се на светов. Зошто несмеам – отворено - да пишувам за оваа вера , на форумов? Затоашто не е од корис на ниедна од - моментално - владеечките вери? |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Блу - ти ја разбирам маката... но со начинот на кој го поставуваш тоа тука - само го потврдуваш тоа што го велам.
Православен - за да можеш да пишеш нешто против другите, треба првин да знаеш самиот зошто си за твоето. Ако не си во состојба да ја "проповедаш" својата вера без да користиш напад врз другите како џокер - недоволно си ја разбираш верата тогаш. Златник - ако веруваш во нешто (дури и да се декларираш како атеист, сепак веруваш во одредени вредности, квалитети, критериуми за живеење) - зошто не го промовираш тоа? Дали негирањето на туѓата вера ќе ти помогне во твојата по некаков начин? Дали ќе те издигне како човек и ќе ти помогне да бидеш подобар во секој еден поглед? Не верувам... Опитен, иако си во право со текстот... сепак да те прашам - дали навистина верата има потреба од "одбрана" или има потреба од зацврстување? Одбраната е насочена кон оние кои однадвор ја напаѓаат... пред тоа да се случи, потребно е оние одвнатре да знаат што тоа бранат. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, blagodarnost od mene sto ja otvori ovaa tema.
Pravoslaven, koga ke prestaneme so protiv, protiv, protiv.... i pochneme so za, za, za, za... ke se priblizhime do sushtinata na Isusovoto propovedanje. Se dodeka sme protiv neshto, po bilo koja osnova, nie shirime negativna energija. Toa e protiv Bozhjata esencija i e sprotivno od onoa sto pretstavuva Hristova svest. Za zhal, na forumov najmalu se chita i se zabelezhuva pronaogjanje na dobrite i vrednite raboti kaj razlichnite veruvanja i religii, a najmnogu se zabelezhuva negiranje na se onoa sto ne e soglasno so teologijata zad koja sme se zaredile nie. Изменето од Messenger - 29.Октомври.2008 во 15:20 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно се сложувам со сите погоре, а особено со Опитен. Сметам дека доколку би ги смириле страстите и почнеме да зборуваме со почит еден кон друг, ќе се расветлат работите, и оние кои читаат наместо да бидат збунети, ќе можат да си одберат по кој пат да тргнат.
Нападот воопшто не е добар пристап на некој христијанин, а само делата ја проповедаат верата. Јас воедно би сакала да побарам прошка за секоја моја грешка кон некој член од форумов и ви благодарам што сеуште ме трпите. Господ напомош и да не помилува |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas mislam deka ne e mozno samo da se zboruva pozitivno za svojata vera, bez da se ponisti pogresnata.
uste kaj filozofite od anticko vreme sretnuvame dve nerazdelni nesta vo sekoja argumentacija: confirmatio i refutatio. znaci bez pobivanje (refutatio) ne e mozno solidno izlozuvanje na svojot argument. a i samite ako pogledeneme, celata nasa svetootecka tradicija e bazirana na kontriranje. setete se samo, protiv marcion, protiv paganite, protiv arijanite, protiv manihejcite, protiv ikonoborcite, protiv nestorije, protiv luciferijancite, protiv donatistite, protiv pelagije, protiv evnomije, protiv, protiv, protiv. |
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па да, понекогаш и сто стапа помагаат. Џабе ли јадевме ќотек од родителите? |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го оправдувам пишувањето на Зидарски кога вели дека треба да се промовира својата вера, а не да се напаѓа туѓата. Но, сакале ние или не, тоа изнесување на разликата во сопствената теолошка определба само ја истакнува причината зошто воопшто дошло до таква поделба меѓу религиите и самото тоа доведува до спротивставеност, конфронтирање меѓу членовите на форумов. Ова е за тие кои веруваат во поодделни теологии. Што се случува со мене (и другите како мене) како атеист(и)? Бидејќи ние немаме некој бог во кој веруваме, како ние ќе ја презентираме нашата „вера“? Во суштина, нашето верување се однесува на неприфаќање на сите теолошки догми. Е сега, не е наш проблем што од ова секој теист може да свати дека секое наше писание се однесува против неговото верување и за тоа да бидеме осудени! Дали затоа ние не треба да дискутираме на форумов? Напротив, сметам дека и ние имаме целосно право да ја презентираме својата „вера“, што впрочем и се случува на форумов и за што сум благодарен. Впрочем, овде само се потврдува еден од 6-те дијалектички закони - кој доведува до напредок- борбата на спротивности.
Јас лично (а верувам дека секој од вас ќе се согласи) мислам дека не е прифатливо да се нанесуваат лични навреди на членови на други теолошки заедници за нивното членување или не членување во одредени заедници. Нешто во стилот: Мора да си глуп (или „слеп“) што си се определил за таа вера (или за „невера“) ... или, не си дораснат да зборуваш за ... или ... |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брате Зидарски,
во порполност го делам твоето мислење. Нешто како една мала исповест: На форумот ме замолија да влезам затоа што некои неразбирајќи ги некои работи зборуваат многу лошо за една тема од Православието. Искрено до тогаш, а и сега не се многу променило моето мислење за овие форуми. А тоа е самопромоција и јавно покажување на својата гордост и неретко глупост. Кога ми ги зборуваа тие работи се сетив на св.Григориј Палама кој бил исихаст и потрполно повлечен во моливата. Пет дена пребивал на непрестајна молитва во својата келија а само сабота и Недела заради светата Литургија и Причеста и утехата на браката доаѓал во манастирот и бил во соборот на браката. но кога се појавила една многу опасна ерес и напад на Православието имал видение и пошол во светот да го брани во што и успеал, фала му на Бога. И си реков кога тој можел да го жтрвува својот непоколеблив мир за Верата, колку повеќе јас никаквиот, и се вклучив. Потоа откако видов што се случува ( сликата која ја опишуваш ти) сакав да се исклучам , но пак заради молбата на некои останува иако ми одзема многу време да читам глупости и следам лечење на нечии фрустрации (секој кој се најде овде да ми прости). И што можам јас да видам? Гордост, нељубов, осудување, навредување, потценување, цинизам, напаѓање, надади како начин на одбрани... и ве молам да не одам понатаму да не си ја тровам душата а и вас да не ве соблазнувам но ќе ве прашам сите сега. кажете ми според Светото Писмо овие„дарови“ од Светиот Дух ли се или од паднатиот дух? Отсуство на љубов и елементарна почит и толеранција... Не брате, така не се брани својата вера. Вератата се брани пред се преку делата, а најголемото христијанско дело е љубовта. ве молам простете ми на мене грешниот затоа што јас сум првиот кој не ја исполнуваа оваа заповед Божја и ги прекршувам правилата на форумот, а нека ми простат посебно модератотите за сите мои глупости. Тоа е моето мислење. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене па една работа не ми е јасна.
Зашто одредени членови сакаат и бараат библиски цитат за мое лично мислење или пак за нечиво друго!? Што? Не смееме ние нешто лично да мислиме!? Каде Библијата го блокира нашиот слободен говор!? Друга работа, ниту една религија нема да навредам ниту еден збор против Исламот (веќе некое време е така) нема да кажам. Народот може во се што сака да верува зашто негов е изборот. И како што гледам одредено време....овде некој си игра Кралот Лав, мисли заземал престолнина и со тоа е во облаци. Луге ова е виртуелен свет! И баш ми е мило кога ке видам некоја тема, за која не сум доволно упатена, тема во која се кажува за нешто што ете јас не го знам, и ајде кажете ми, ако јас ете пример влезам во некоја тема (колку за пример ова) се вика Св Петар и некој рекол-тој беше разбојник а друг одма се нафрла-поим немаш ти тој беше ова или она. И како некој би можел да прочита нешто убаов т.е. вистинито!? Секоја чест на исклучоцине во членовите во вероисповед што ги има онакви кои сакаат да го пренесат своето знаење на другите. Фала му на Оној горе, што ни дал некои луге такви овде, да не потсетат што беше Православието, зашто поради некој си нон сенс причини се фрли во сенка. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |