![]() |
|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 57> |
Автор | |||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Тоа од фреска на ѕидовите на една од катакомбите во Рим,и потекнува од 2-от век.
(значи едно 200 години пред Цар константин и едно 600 години пред седмиот вселенски собор) И не е само таа туку има еден цел куп на фрески во римски стил.(Христос е преставен без брада) Зашто немам многу време ова на брзинка успеав да го најдам на интернет. ЛИНК 1 и малце во покрупен кадар ЛИНК 2 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Maran Ata, me interesira dali se znae od koga datira onaa ikona koja ti ja postira malu pogore? I dali znaesh na koe mesto e pronajdena?
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
|||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Епа добро, значи се разбравме - иконите не се замена на славата Господова, ниту пак светителите се ставени на местото од Бог од страна на Православната Црква. ![]()
A што е со оние посланија што се изгубени, а се пишувани од апостолите? Изменето од Maran Ata - 17.Ноември.2009 во 13:53 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
За да ме обвиниш за клевета, прво треба да приложиш мој цитат каде јас сум го рекол за тоа што ме обвинуваш
![]() Или пак ова е уште еден твој провиден обид да ја заматиш дискусијата и да го избегнеш прашањето: А што по Христовата смрт и воскресение? Зошто апостолите не направиле икона на некој од упокоените верници по Христовата смрт и воскресение? |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Чекам цитат каде тоа некој од православните го рекол, ако не го добијам, ќе го замолам Месинџер соодветно да одговори на оваа клевета!!!
|
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Па шо има то везе? Шо има везе ако душата на Авраам не била пред престолот Божји за да се моли за тебе? Па вели вие велите дека им се клањате на иконите за да им изразите почит? Зарем ако Авраам не бил пред престолот Божји за да се моли за вас, тој не ја заслужувал вашата почит? Па зарем само од користољубие и за да бркате врски кај Бог му се клањате на него? Демек, ако се застапува за мене ќе му се клањам, ако не се застапува за мене, тогаш не му праам ни слика ни па му се клањам ![]() А што по Христовата смрт и воскресение? Зошто апостолите не направиле икона на некој од упокоените верници по Христовата смрт и воскресение? Делата на апостолите и сите посланија во Новиот Завет ги опишуваат настаните по Христовата смрт и воскресение. Зошто таму никаде не читаме дека некој од апостолите си направил икона од свети Авраам, од свети Јован Крстител (најголемиот меѓу луѓето според Христос), од свети Мојсеј, од свети Лот, Ное, Исак, Јаков, Јосиф, Јов, Еремија, Исаија, Даниел, Езекиел итн? |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Демек ова е некое објаснување? Господ не рекол да се прават икони, ама уствари рекол да се прават икони за да се уреди старозаветното светилиште??? Ајде реши се што рекол Господ (како ти да си Му бил советник)! Храмот (градбата) каков што постоел во стариот завет не е веќе место за обожавање на христијаните, но тоа не го менува тоа што Господ наредил да се изобразуваат икони на херувими и пред нив да Му се поклонуваат и да ги кадат!
Имаш јалова теологија, затоа и самиот не знаеш да се снајдеш во тоа што го зборуваш. Прво, горните цитати јасно кажуваат дека БОГ наредил да се прават изобразби на ангелските чинови, а како што можеш да видиш, Православната Црква има икони/изобразби на нив, исто така. Архангел Гаврил Втора работа, ако беше ти самиот свесен дека до Христовото воскресение сите упокоени, и праведници и грешници, оделе во „бездната“, немаше да поставуваш вакво глупаво прашање. До Христовото воскресение т.е. вознесение, не бил даден Светиот Дух на верните, вратите на рајот биле затворени, и затоа ниту еден свет човек не стоел пред Престолот Божји за да се моли за нас. Или сакаш да кажеш дека не знаеш дека рајот бил затворен се’ до Христовата искупителна жртва? [/quote]
Целиот стих гласи: Римјаните 1:21-23 Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи; тврдејќи дека се мудри, тие обезумија, и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи. Е сега, мил мој, те молам да цитираш каде некој од Православните Христијани рекол дека Бог не Го почитува како Бог и дека Неговата слава ја заменил со славата на творенијата? ЦИТИРАЈ!!! Изменето од Maran Ata - 17.Ноември.2009 во 01:01 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Цитатите немаат благе везе со икони. Тие имаат врска исклучиво со уредувањето на старозаветното светилиште на евреите (Шаторот на средбата, а потоа старозаветниот храм) кои не постојат денес и кои не се местото за обожавањето на христијаните.
За да докажеш дека Бог им заповедал на евреите да прават икони, ти треба да приложиш цитат каде што Бог вели: "Направи си слика од свети Авраам, освети ја, клањај се пред неа, моли му се на Авраам преку неа, пали му кандило, целувај ја таа слика, продавај ја на тезгите и сл." Но ваква заповед, ниту слична на неа, нема да најдеш во целото Свето Писмо. Нема да најдеш ниту пример каде некој од апостолите си направил икона од било кој од старозаветните светци (на пример свети Илија) и се клањал на таа икона, ја осветувал, и се молел и палел кандила, ја продавал и сл. Она што ќе го најдеш во Светото Писмо е тоа дека паганите (а не христијаните) имале пракса да прават слики од луѓе и да ја заменуваат Божјата слава со славата на човекот... „Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика (eikōn = икона) слична на распадлив човек.. (Римјаните 1:22-23) |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Мојот соверник стави веќе пишан текст од некој друг, кој нема потреба за да се селектира само за икони, затоа што се подразбира дека е на темата Икони. А ти како дискутант на таа тема, работа ти е да се држиш до неа и да одговориш на она што е пишано за иконите. Ама очигледно е дека немаш одговор за тоа, па ајде сега ќе ја заматуваме дискусијата.
Еве каде Бог заповеда да се прават кипови/икони: - Бог наредува да се направат две статуи ангели (херувими) во Храмот Божји: (2Мој. 25.18-22 ; 1Кн. Дн. 28.18 ; 1Кн. Цар. 6.23-29 ; 8.6-7) - Бог наредува да се направат резани ликови во Храмот (1Кн. Цар. 6.29-35 ; 7.29,36 ; 2Кн. Дн. 3.7) - Бог наредува да се извезат ликови на ангели на порфирната завеса во светилиштето: (2Мој. 26.31 ; 2Књ. Дн. 3.14) - Бог наредува да се извезат ликови на ангели НА ДЕСЕТ ЗАВЕСИ во шаторот: (2Мој. 26.1 ; 36.8) - Бог му ја покажува на Мојсеј сликата на Својот храм и се што е во него: (2Мој. 25.9,40) - Во самата небесна Црква се наоѓаат кипови на ангели, како и извајани ликови: (Езек. 41.18-26) A за потсетување, еве ја и најстарата пронајдена христијанска фреска на која е претставена Богородица и младенецот Исус: ![]() |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Maran Ata, ако погледнеш внимателно на предходната страна ќе видиш дека твојот соверник Tetratka е тој кој ја заврте дисксуијата од иконите кон крстот копи-пастирајќи го долгиот текст за иконите, крстот и моштите (а нели крстот и моштите не се топикот на темава)
Така што доколку имаш проблем со оф-топик, обрати му се по лична порака на твојот соверник и кажи му да се држи до темата. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Од кога тоа ОФФ ТОПИЦИТЕ не се санкционираат?
![]() Ако има некои нови правила, треба да се кажат на сите форумски членови. Значи може да се одвлекува темата во друг правец, дури и надвор од темата, која во случајов е наменета за иконите, само за да се прикријат доказите, а притоа и да се има и поддршка во тоа? ![]() |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
![]() |
|||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Динг! Кај е тоа смајли што паѓа во несвест? И после не биле ![]() Медиум? Исто како светците? Се надевам дека тука говори за православните. Христијани е широк поим, и јас не чувствувам дека сум се лишила од нешто или дека страдам којзнае колку повеќе од некои други.
Таму секој си е паша на својата нива. Сите имаат различни (сопствени) ставови. Сигурна сум дека не мисли на ТОЈ подарок. А тоа за прашањата: не си ни прва, ни последна. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Искрено, ме интересира дали објаснението на зборовите на ап. Павле се личен став или официјален став, односно учење на Православната Црква? Т.Е. Дали по Православното учење се мисли на некаков крст како симбол или привезок? Јас секако дека сум убедена оти ап. Павле мисли на фалење со подарокот што го добил од крстот, “Скапо сте платени“, нели, отплатата... Се надевам дека некој познавач на Православието убаво ќе ми одговори, до сега многу прашања кои сум ги поставила во врска со ова-она, одекнале глуво во ноќта. Изменето од maria_magdalena - 16.Ноември.2009 во 11:33 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ѓаволот не е материјално суштество, туку духовно. Тој може да се појави во облик на овен со рогови, како еднорог, може да се појави во облик на жирафа, леопард, верверичка, но може да се појави и како убав ангел на светлината и тоа без рогови:
"И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината." (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)
Зошто образот го нарекуваш „образ“, а иконата икона? Па нели иконата е образ? Па нели грчкиот збор за образ е „eikōn“? Очигледно одбегнуваш да го спомнеш зборот икона во контекст на ѕверот, и покрај тоа што таа е единствената икона спомната во Новиот Завет.
Во Библијата јасно пишува дека тоа ќе биде икона на ѕвер, но не пишува дека на неа ќе биде насликан ѓавол со рокчиња со опашка и вжарена прачка во раката
![]() Ѓаволот е лукав и знае дека со ваква икона нема да убеди многу луѓе да му се поклонат (а знаеме дека неговата желба и цел е ако е можно сите луѓе да му се поклонат нему). Оттука е поверојатно на иконата на ѕверот да има нешто убаво, нешто привлечно, нешто на што иконољупците со главата до земја ќе се поклонат и ќе ја целиваат и ќе се воодушевуваат на нејзините чуда верувајќи дека Бог ги прави истите, а не знаејќи дека Џаоло стои зад сето тоа.
Затоа деца, џиш, подалеку од иконите!
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |