|
Најубавите македонски љубовни стихови |
Внеси реплика | страница <1234 11> |
Автор | |
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Shto e toa po lugeto tazno
sto ziveat po zivoti tugi koj vo moeto minato plovi sosem mirno i bez da se srami... |
|
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo mene dusha ostana
da mozam da preziveam so del od sebe postojam vo srcevo umiram.......... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот
на тилот од смилот и трендафилот.
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.
Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.
Петре М. Андреевски
“Дениција“
|
|
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не кажувај либе добра ноќ,
не оди дома рано ти,...... срцево мое е за тебе..... |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Petre M.Andreevski
Treto pismo Beshe toa eden den shto traeshe cela godina A beshe toa koga pomisluvav deka tvojata kosa niz tudji prsti istekuva kako mlaz voda ili ko suva pchenica, pa jas ostanuvav sam i site ostanuvaa sami i vozovite dobivaa novi i neznajni brzini i veke nikade nemozea da zaprat, i trevite pochnuvaa da vetreat vo lazna preljuba i site vetreni koli nosea od moite boli A beshe toa koga pomisluvav deka polnata svetlina od tvojata usta kape i se mesha vo tudja pladnina, pa gasneshe varta vo moite ochi vitli i shumite sleguvaa vo dlaboki podzemja i nebesata doruvaa i rekite potekuvaa nagore i zivotnite me gledaa kako prijatel shto go gubat i se shto beshe moe ziveeshe bez mene. A beshe toa koga pomisluvav deka veke nemozam da mislam bez tebe, pa pochnuvav da licham na site moi predci, na site moi predci,a najmnogu na sebesi. Beshe toa eden den shto traeshe edna godina. |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Б И С Е Р О
-Бисеро,бисер сред море, Бисеро,рано на срце, што ти се, леле, сторило, до Бога што си викнала? Дали ти сестра завиде на таа снага мермерна, на тие гради пргави, на таа силна личноќа? Дали те татко затече да минеш тесни сокаци по ноќно време никое со либе млада изгора? Или на мама прегреши, та ми се, леле,заб"рави, и ми те луто проколна довек дома да седиш? ,,Истај се ,младо ергенче, мојата ула крај нема, се ми е темно пред очи, векот ми тежи над глава! ВЕНКО МАРКОВСКИ |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И З Л Е З И -Излези калеш Калино, излези пиле шарено, излези малце на чардак, севда ма мори голема! Да ти се лел,нагледам на това лице румено, на тие очи убави, на таа коса кадрава! ,,Како да,лудо ,излезам, огин ми гори над глава, мајка ми на смрт легнала, а цела куќа на мене Не чекај,море,помини, тага ми лице свенало, солзи ми очи испија, мисла ми коса побеле! ВЕНКО МАРКОВСКИ Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Cover
Нов член Регистриран: 31.Март.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Море
Распеан и вџашен пред твојата убавина стојам на овој позлатен брег од росата утринва што ме проби. Толку е блиску твојот поглед и здивот на телото а сепак чувствувам дека ми се рацете празни. Море! Море! Мируваш неподвижно под сончевиот ѓердан. Корија од огледала. Спокојност насмеана. Затоа никој не знае што криеш притаена во недопирната бездна на своите длабини темни. И што можам јас жено пред твоето спокојно море ветер сум кусовечен оддалеку што иде. Го гасам постојано тоа површинско горење со своите раце од дожд со телото од бура. Во таа голема игра на непостојаноста убава земја си на која стојам со своите стапки од небе. Секоја стапалка од играта ја галам со своите раце во таа изгубена залажаност дека те имам тебе. А ти море секогаш само на врвот се мрешкаш никогаш не откривајќи ја тајната на својата длабина темна затоа набргу прекратува нашата темна игра или од мојата умора или што ти е здодевна. Тогаш одлетувам со своите скршени крилја залажан од убавината уморен од таа игра во пејзажите на вечноста од каде не се враќа. А ти остануваш. Жено. Ти море постојано вечно подадено само на бакнежот на сонцето. А ние сме само ветришта од својата игра исцедени птици сме што гинат од својата песна. |
|
If fashion is your trade, then when you're naked I guess you must be unemployed.
|
|
Cover
Нов член Регистриран: 31.Март.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ноќта е црна Liebe Marija
Ноќта е црна Liebe Marija Ја ослушкувам, трепери. Црна е Водата што тече низ моите Прсти. Ти си црна. Ноќта Непрестано се тресе. Те зема И те враќа. ноќта Се движи. Те претвора Во прав што го дишам. Се претвора во големо крило Кое мафта на хоризонтот Претворајќи се во точка Liebe Marija. |
|
If fashion is your trade, then when you're naked I guess you must be unemployed.
|
|
Cover
Нов член Регистриран: 31.Март.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проштавање
Не ли ти кажав, не ли ти кажав, не ли ти реков на проштавање? Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома – дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја – далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане... Знам оти ѓердан веќе не нижеш, знам оти чеиз и ти не везеш, знам, Вело, пусто остана сичко – не ли си и ти аргатка клета? Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем се жалиш денови – крепи тешки си редиш – Величко, мори, другачко златна! Но почуј, Вело, Што ќе ти кажам! Не ми се, Вело, жали и клети! Подигни очи – очи засвети онија очи, што душа горат! Тој што ни, Вело, однесе сичко – тој ни остави од темно темен веков за мака – но и за борба. Има на овој свет како нас многу! Има ги, има – мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат. И има, има – радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш – во борба гроб ти душа не зема! Коста Солев |
|
irenka2
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1954 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тајна
Пак ли сакаш да ти го кажам тоа што ти го кажав вчера, во сината ноќ, дека си замене и смев и солза, дека си за мене и слабост и моќ. Ах, остави ја веќе таа исповед, нека спие мирно во твоето срце, и мојата душа нека биде твоја а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов) |
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Седма молитва на моето тело – Ацо ШоповОд Википедија, слободна енциклопедија
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
star
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 260 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЉУБОВ
Ти што ме присилуваш да бидам таков каков што сум, ти што меч ми носиш во усмевка блага, бев некогаш дете,сушта добрина и љубов, бев твоја невиност и твоја тага. Ти што си недостапна за туѓото мнение- гол пред тебе стојам како вдахновение. ПЕСНА Биди земја неподатлива и тврда. Биди нема статуа на столот. Потсмевни се на мимолетноста.И гордо израсни од каменот на болот. Биди небо.Биди синост моја.Ѕвезди снопје. Живо време во четири ѕида. Забоди се непогрешно в срце.Како копје. И потпри ме ко каријатида. Ацо Шопов |
|
star
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 260 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЗДЕЛБА
Не, и ако отидеш кога узреат маслините и од глувото пристаниште првиот кораб крене, ако сетиш некогаш во бурјанот на годините како се исчезнува и полека вене, - Не, тоа не ќe биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината. Ацо Шопов |
|
Внеси реплика | страница <1234 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |