|
Грчкото малцинство во Албанија го крена гласот |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
18.08.2008 20:11
Едмонд Темелко Грците во Албанија бараат остварување на своите права, повикувајќи се на искуствата од Македонија. Албанија да го прогласи грчкиот јазик како втор службен, како што тоа го направи Македонија со албанскиот јазик, бара организацијата на грчкото малцинство во Албанија „Омонија“. Генералниот совет на седницата на организацијата одржана вчера во Саранда, заклучил дека албанската Влада на тој начин ќе покаже дека ги почитува конвенциите за правата на малцинствата, кои ги има потпишано уште од поодамна. Официјална Тирана нема реакција на барањето на грчкото малцинство, но, анонимни владини извори за албанските медиуми веќе го отфрлиле, со образложение дека малцинството е премало за да добие такви права. Албанија како релевантни ги зема податоците од пописот во 1989 година, според кои грчкото е најбројно малцинство со околу 4% од населението или 60.000 припадници, пред македонското со околу 5.000. Токму ваквите податоци, стари 20 години, ги оневозможуваат малцинствата во Албанија да си ги остварат своите права. На ваквата политика на Тирана неодамна реагираше и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. „Борбата на Македонците во Албанија не завршува само во Мала Преспа, бидејќи Македонци нема само во општина Пустец во Мала Преспа. Македонци има во областа Гора, каде има околу 16 села, Голо Брдо има околу 18 македонски села, има по градовите Кор, Чабилишта, Подградец, во Тирана има значителен број Македонци, кои за жал, тие Македонци не уживаат никакво право како Македонци. Ни учеле на својот мајчин јазик, ниту интегрирање во албанското општество или во институциите на системот во Албанија“, изјави Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија (09.08.2008). Малцинствата во Албанија, вклучувајќи го и македонското, подолг период бараат од властите во Тирана нов попис на населението. На последниот во 2001 година, немаше прашање за етничката припадност на граѓаните. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96494 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |