IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Гратис Гушкање Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Гратис Гушкање Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
ZokiFu Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZokiFu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 16:53
„Гратис Гушкање” Светска Кампања

Кампањата „Free Hugs” или „Гратис Гушкање” представува социјално движење кое, во доменот на својот систем, вклучува индивидуи кои нудат прегратка на непознати лица во јавност. Идеата е всушност инкарнација на прекрасна приказна на авторот Клауд Стајнер - „А Worm Fuzzy Tale”.
Настанот кој го покрена слободното движење започна на 30 јули 2004 година во Сиднеј, Австралија. Приказната започнува со големото разочарување на еден обичен човек, кој со својата несебично дадена љубов како случаен акт на љубезност, посака прегратка која би ја вратила насмевката на неговото лице и на лицето на секој непознат минувач, прегратка која би ја тргнала „железната завеса“ од лицето на луѓето, прегратка која би направила да се почувствуваме среќно.Името на тој несекојдневен и добронамерен човек е Хуан Ман.

„Гратис Гушкање”, Македонија

Нашиот концепт на тимска работа кој тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”, ќе вроди сензационален пораст кој не е случајност, туку логички резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.

Луѓето се насмевнуваат на назаборавни искуства кои се темелат на комплетно разбирање и задоволување на нивните емоции.

Нашиот тим претставува симболичен амбасадор на планетарната љубов. Од самото креирање и планирање, до имплементација и анализа, ние веруваме во моќта на директниот контакт „Гратис Гушкање”... затоа шро само на тој начин можеме да изградиме свет со повеќе љубов за идните генерации.

Тимот на „Гратис Гушкање” ,Македонија
Здружението на граѓани „Гратис Гушкање”, Македонија е хуманитарна организација креирана од едноставни луѓе кои тежнеат да создадат подобра иднина, луѓе кои тежнеат да ја подигнат свеста за меѓуетничките односи и да подадат рака на секој кој има потреба од помош.

Кампањата „Гратис Гушкање”, Македонија започна на 06.07.2008 во Скопје, во организација на здружението на граѓани со хуманитарни цели - „Гратис Гушкање”. Целта на кампањата е да се подигне нивото на свест за љубов и почит кај луѓето, а воедно и да се помогне на поединци и институции на кои им е потребна хуманитарна помош. Даваме се од себе и веруваме и ќе дадеме се од себе да му помогнеме на целиот македонски народ и Македонија.


Турнеата низ Македонија ке продолжи од октомври и сите оние кој се заинтересирани за да ја спроведеме кампањата во нивниот град нека не контактираат на info@freehugs.com.mk.

Во врска со донациите, сите оние кој се заинтересирани да донираат , нека го погледнат делот донации нанашата веб страна. Добредојдени се поклони и подароци, оние кој донираат на жиросметката , кога ќе донираат ќе мора да наведат за што поточно донираат (дали за кампањата или за некој од наведените донации)

Дадете ни поддржа на:

www.freehugs.com.mk

Погледнете го нашето видео на www.youtube.com
побарајте го како Free Hugs - Macedonia , гласајте за видеото и оставете коментар.

Да шириме љубов во Македонија и да им помогнеме на сите кои им е потребна помош и љубов , да му покажеме на светот колку љубов има во сите нас !

OnE LoVe

Помогнетени да ја спроведеме кампањава во Македонија


Напомена:

Сите оние кој имаат идеи во врска со кампањата слободно нека ни се обратат
Повеке информации ке најдете на www.freehugs.com.mk
Однапред ви благодарам , силно ве гушкам и ве поздравувам
Имајте убав ден

Со почит

„Гратис Гушкање“, Македонија

One Love
--------------------------------
"Гратис Гушкање" Македонија
--------------------------------
www.freehugs.com.mk
--------------------------------
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.