|
АНГЕЛИ |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни јас немам што да го дотерувам постот за кој немав време, овие објаснувања се прекрасни. Ангелите за првпат се споменуваат во 1Мојсеева 3:24, каде Бог, откако “го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје кое се вртеше матаму и наваму....“
Во 1 Мој. 7-12 гледаме како Ангел и се јавува на Агара и и ги пренесува божјите зборови: “Врати се кај господарката своја и покори и се“
Но и подоцна, кога Сара конечно ја брка Агара со Исмаил во пустината, ангел и се јавува, ја теши и и покажува извор (денешниот Зам-Зам во КСА)
Во Стариот Завет ги среќаваме и во 1 Мој. 19:1, каде 2 ангела пристигнуваат во Содом за да го пренесат Божјиот план за уништувањетоо ан двата града.
Ги среќаваме во Кн. Товит, доста интересно, очите на “Товит“ се затворени и не забележува дека не се работи за обични луѓе“ (Некои незнаејќи и ангели пречекаа-затоа треба да бидеме добронамерни и гостољубиви)
Но за нас најважно секако е донесувањето на Радосната Вест од страна на архангелот Гаврил, неговото јавување на Девицата, но и на Јосиф, кога наумил да ја остави Марија, но и подоцна, кога го предупредува да заминат со Младенецот во египет...
Два ангела и се јавуваат на Марија Магдалена крај празниот гроб...
Во ова прекрасно објаснение на Азраел читаме и дека
“Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението." (Евреите 1:14)
"На Своите ангели Тој за тебе ќе им заповеда, на секој твој чекор да те чуваат." (Псалм 91 (90):11) ,,,,Во тој контекст, ме интересира дали некој од вас, имал некое лично искуство со овие суштества, на било кој начин?
Поздрав
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Азраел - благодарам за одговорот, навистина многу прецизен и јасен.
Ев - благодарам за дополнувањето. Се надевам дека и ќе добиеме објаснување и од муслимански аспект - за да имаме на едно место, во една тема, комплетна информација за ова. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, Azrael ме претрка во овој момент и јас не би имал што да додадам на неговиот исцрпен одговор и само би потенцирал дека ангелите не треба да се обожаваат, ниту пак треба да им се поклонуваме. "И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. Но тој ми рече: „Не прави го тоа! И јас сум само слуга како и ти, и браќата твои, и пророците, и сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклонувај Му се на Бога!"
(Откровение 22:8-9) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ангели отпадници
"Зашто Бог не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во оковите на мракот, ги фрли во пеколот, за да бидат таму чувани се до Судниот ден." (2. Петар 2:4) "Зар не знаете дека
ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку
полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувања!"
(1. Коринт 6:3) "Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, баше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели." (Откровение 12:9) ЛУЦИФЕР( наречен: Деница, син на зората; Тирски цар; помазан херувим) "Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: ,Ќе се искачам на набото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот.-" (Исаија 14:12-14) Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: - вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. Ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит, оникс, јаспис, сафир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден. Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени камења. Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие. Од твојата проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења. Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас ќе те соборам на Земјата, ќе те предадам на потсмев пред царевите.-" (Езекиел 28:12-17) |
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Серафими
"Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот, висок издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе. И викаа еден кон друг и велеа: ,Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!- И се разниша горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим..... Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот..." (Исаија 6: 1-6) Херувими (Езекиел 10) И шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Сесилниот, кога Он зборува. И кога Он му даде заповед на човекот облечен во ленена облека, му рече: ,Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите-, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата - тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела ленена облека И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз. И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало. Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа. И телото нивно и грбот нивни и рацете нивни, и крилјата нивни, и тркалата нивни наоколу беа исполнети со очи - сите имаа по четири тркала. Тркалата се викаа, како што чув, галгал. И секоа животно имаше по четири лица: првото лице - лице херувимско, второто лице - лице човечко, третото лице - лице лавовско и четвртото лице - лице орловско. Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Ховар. Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа при нив. Тоа беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израеловиот Бог при реката Ховар. И јас разбрав дека тоа се херувими. Секој имаше по четири лица, и секој - по четири крилја, а под нозете слично на човечки раце. Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Ховар - од ист вид, тие истите. Изменето од Azrael - 09.Август.2008 во 11:47 |
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АРХАНГЕЛИ
"Господ лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат."(1. Солун 4:16) Архангел Михаел (кај нас попознат како Михаил) Името Миха-Ел на хебрејски значи: "Кој е како Бог!" "Дури ни архангел Михаел, кога се препираше со Ѓаволот околу
телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо
обвинение, туку рече: ,Господ да те прекори!-" (Јуда 9) "Но јас ќе ти соопштам што е напишано во вистинското писмо; и нема никој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез." (Даниел 10:21) Ангелот Гаврил, Гаврило, Габриел (најточно е: Гав-риел)Името Гавриел на хебрејски значи: "Бог се покажа силен" или "Божји човек". му ги
протолкувал виденијата на пророкот Даниел: го
навестил раѓањето на Јован Крстител го
навестил раѓањето на Исус Христос Изменето од Azrael - 09.Август.2008 во 11:49 |
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хебрејскиот збор е "малак", а грчкот - "ангелос".
Обата збора значат: "гласник".
Ангелите се слуги Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението." (Евреите 1:14) "На Своите ангели Тој за тебе ќе им заповеда, на секој твој чекор да те чуваат." (Псалм 91 (90):11) "Кога почина сиромавиот, ангелите го одведоа на небото, каде што е Авраам." (Лука 16: 22) Ангели за децата "Внимавајте да не потцените ниедно од овие најмалечкиве, зашто нивните ангели на небото се постојано со Мојот небесен Татко." (Матеј 18:10) Ангелите не знаат се "А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени,
дури ни на ангелите на небото..." (Матеј 24:36) "Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог." (Лука 15:10) Ангелите не треба да се обожаваат"Тогаш јас клекнав пред ангелот за да му се поклонам, но тој ми
рече: 'Немој! И јас сум Божји служител, како што си и ти, и сите
други следбеници на Исус. Само на Бог поклонувај Му се!'"
(Откровение 19:10)
"Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото." (Матеј 22:30) Изменето од Azrael - 09.Август.2008 во 11:34 |
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам за објаснувањето. Се надевам дека ќе добиеме вакво објаснување за сите различни деноминации и религии, за да научиме повеќе...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според објаснувањата добиени преку пророчицата Габриеле во прахристијанската заедница Универзален живот, кажано е дека сите луѓе се некогашни ангели т.е. некогашни бестелесни чисти небесни битија кои со тек на време се замрачиле отргнувајќи се од Бога преку желбата самите да станат богови. Преку Исус Христовото водство и практицирање на божјите закони, сите луѓе и души порано или подоцна ќе станат повторно ангели.
Иако во божјото Небесно царство се сите еднакви, битијата се разликуваат според својот светлосен интензитет, менталитет и задачи кои ги исполнуваат. Па така постојат меѓу другото и тнр. чувари на законот - 7 небесни парови составени од херувими(машки принципи) и серафими(женски принципи). Ова не треба да се меша со сфаќањето кое го има на пр. во православието каде тие се сосема различни бесполни битија со одреден број крилја. Ангелите немаат крилја. Од нив зрачи светлина која на некои видовити луѓе може да им остави впечаток како да мафтаат бели или златни крилја. Во Универзален живот е објаснето дека крилјата кои луѓето ги сликале или ги додавале на скулптурите кои прикажувале ангелски битија всушност симболизираат заштитеност и огромна брзина. За ангелите, односно, небесните битија - брзината на светлината(физичката) и брзината на мислата се бескрајно спори. Херувимите и серафимите во различни временски периоди од историјата се појавувале меѓу другото и како некои пророци во стариот Завет за да му служат на Вечниот кој ги опоменувал преку нив луѓето. За ангелите и друштвата ангелски во рајот мошне убави описи изложи и Емануел Сведенборг, шведски мистичар од 18 век, во својата книга: „РАЈОТ И ПЕКОЛОТ - според она што го слушнав и видов„. Изменето од Majkl - 08.Август.2008 во 23:00 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлична тема. И да имало, била многу одамна, така што ќе ја оставам.
Една молба до Евангелос (верувам најадекватно место да се обратам) - да пренесе каков е точно Библискиот став за Ангелите и да даде точна информација. Исто - некој од муслиманите, да пренесе каков е исламскиот. Што се ангелите, каква е нивната хиерархија, како настануваат, каква улога имаат? |
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убава тема!
Некои за жал веруваат повеќе на Ангелите БОЖЈИ одколку на Неговата вечна ВОЛЈА преку која се е создадено. |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разгледував по темиве, не видов ваква тема (ако сум направила превид избришете ја). Ова е тек резервација, после ќе го суредам постов. Поентава ми е да кажеме нешто за ангелите, нивното настанување, нивната улога, хиерархијата во небесното царство, како Бог ги користи ангелите.... Се за нив |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |