IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Господова вечер...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Господова вечер...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
apce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Октомври.2007
Локација: Malaysia
Статус: Офлајн
Поени: 2717
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај apce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 13:19

ete toa e GOSPOD

 GOSPOD ili ALLAH e eden i edinstven za site
narecete go kako sakate
apce
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 09:19
Zidarski, ti blagadoaram sto ja spodeli tvojata "zivotna lekcija" so nas! I se nadevam deka sekoj od nas, barem ednas ke go dozivee toa custvo i tie emocii sto si gi pocustvuval i ti!
Po nekogas zivotot neocekuvajci ni drzi takvi lekcii! Koi nikogas nema da gi zaboravime! Koi uste poveke ni potvrduvaat deka postoi nekoj, vo kogo VERUVAME, koj ne cuva i koj ne gleda!!!
Se nadevam deka vasata prijatelka isto dobi dobra pomos i deka se e vo red!
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 09:05
nesto raskazano so dusa , a se sto e raskazano so dusa , protkaeno so emocii e prekrasno.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 07:11
Во последниве неколку дена имавме доста неразбирања на форумов на различни теми, со различни луѓе... Секој секого убедуваше во нешто... секој со својата правдина...
Сакав да споделам со вас едно искуство од вечерва. Сеуште сум под влијание на емоциите, па не сум сигурен колку ќе биде тоа концизно и средено, но сметам дека сега е моментот да го искажам токму тоа што го видов и почувствував... знам дека ќе ме разберете и се надевам дека нема да го сфатите како некое проповедање или убедување, затоа што воопшто не ми е тоа намерата, туку само како едно емоционално набљудување кое го имав вечерва... една мала лична исповед...
Една пријателка наша, додека ни беше на гости попладнево, качи температура, заради загноен заб кој ја мачи од утринава. Сето ова ќе изгледаше банално, ако пријателката не е бремена на крај на 4тиот месец... за оние што не знаат - високата температура кај мајката може да е погубна за бебето, а и во ситуацијава, гнојот од забот, може да предизвика инфекција на крвта, а не смее докторите ништо да направат се додека не спадне отокот, за да не се направи уште поголема инфекција.
Пробавме со сите балкански и руски (таа е русинка) методи да ја симнеме температурата, но кога продолжи да се качува - отидовме до итното одделение на една болница која ни е во непосредна близина, и е веројатно најдобрата болница во Канада - Mount Sinai (Планината Синај). Доста симболично име, зарем не...
Ја примија многу брзо и влегоа со жена ми внатре во одделението, а јас останав да чекам во чекалната... И набљудував... една вечер помината во чекална на итно одделение е лекција, која ретко каде се добива.
Канада е веројатно најмултинационалното општество во светот - само во Торонто има околу 150 нации, и којзнае колку различни вери и деноминации... Вечерва во чекалната, како да имаше по еден претставник од сите. Сите беа таму, секој со својата мака.
Лекарите и сестрите - исто - секој со различна нијанса и боја на кожата, секој со различен акцент, секој со различна вера...
Сестрата која ја зема со себе мојата православна пријателка беше индускиња. Набргу потоа влезе едно младо семејство, жената во рана бременост, за жал со тешко крварење... мажот беше избезумен, жената одвај стоеше. Беа палестинци, а докторот кој веднаш скокна да и помогне и да ја однесе внатре беше со ланче околу врат на кое висеше ѕвездата на Давид... Малку подолу седеше една мексиканка со иконка на Богородица во раката и цело време тивко мрмореше молитви. До неа, седеа неколку африканци, кои молчаливо гледаа некаде неодредено. Насекаде имаше тегоба, мака, болка, надеж и вера. Дури и кај оние кои не веруваат во ништо, имаше надеж и вера...
Ако некој ме праша каде беше Бог вечерва - ќе му кажам - во чекалната на итното оделение на Моунт Синаи во Торонто... Беше присутен заради молитвите, болката, тагата, надежта и верата на сите оние кои беа таму со некоја мака, дури и заради оние кои не го повикуваа и не веруваа во него, тој беше таму за нив... а беше преку сите оние доктори и сестри, кои како негови прецизни инструменти се одзиваа на молитвите и правеа се што знаат и умеат за да пружат малку љубов, за да ја надополнат надежта и верата...
Бог вечерва не разликуваше дали некој е православен, индус, католик, протестант, муслиман, евреин... Вечерва Тој беше таму, заради сите нив, и преку сите нив. Вечерва Тој не ја укори бабата мексиканка затоа што се молеше на иконата на Богородица... не му објаснуваше на докторот евреин дека е крив за сите зла на светов, туку го водеше кротко за да и помогне на палестинката... не им се потсмеваше на оние кои боготворат крави, туку им беше благодарен затоа што беа таму и трчаа со сета сила, преданост и упорност, меѓу амбулантните коли и операционите сали... не праша дали некој ја знае Библијата на памет, ниту колку книги има во неа... не беше специјално наклонет на оние кои држеа на традицијата и на народните обичаи, туку подеднакво на сите кој од целиот свет беа собрани вечерва во таа чекална...
Затоа што Бог вечерва беше тоа што е - Вера... Надеж... Љубов... како што и отсекогаш бил...
Сигурен сум дека и вчера, а и утре, повторно ќе биде во истата таа чекална... сигурен сум дека е и во сите други чекални, секаде по светот...
Но јас вечерва, бев таму... во чекалната на болницата Маунт Синаи во Торонто... и знаев дека е и Тој таму... едноставно душата моја го виде, го почувствува, му се заблагодари... го замоли да помогне на сите знајни и незнајни, онака, од навика и заради атер - затоа што и да не му побарав, Тој ќе го направеше тоа... затоа што Тој едноставно, е таков... добар... милостив... простува...
А јас, по неколкуте тажни денови, на бесмислени расправии и разочарувања - си тргнав од најтажното и најболното место на светот - со надеж, со вера, со љубов... и со радост, затоа што повторно знам дека се има смисла.

Изменето од zidarski - 08.Август.2008 во 07:16
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.