|
Биологија или зоологија |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од mamamd - 24.Февруари.2009 во 19:43 |
|
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал не е само балканскиот рис на работ на исчезнување, туку многу други видови или се на работ на исчезнување или веќе ги нема кај нас. Причина за нивното исчезнување е промената на климата, загадувањето, но НАЈМНОГУ неконтролираното ловење на дивечот!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Glasam za voveduvanje predmet: uprostena zoologija vo kombinacija so osnovi na toksikologija.
Sekoe dete treba da znae sto da pravi ako nekoj e kasnat od zmija, pajak, pcela, osa, strslen, komarec(ne se smejte), da prepoznava besno zivotno, da znae kako da se odnesuva ako go presretnat glutnica kuchinja shto r'zhat i sl... Изменето од Majkl - 10.Февруари.2009 во 20:20 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I ova go ima kaj nas. Nekoj se zanimava so dohodovna dejnodt.
НАСАДИ СО КАНАБИС ГИ ПОЛНАТ ПОЛИЊАТА Дива марихуана никнува на ничија земја Полиња со див канабис и марихуана се множат во источниот дел од Македонија, најмногу на подрачјето на Кочани и на Штип и по течението на реката Брегалница, а се застапени и по меѓите на кочанските оризови полиња. Дивите насади најчесто никнуваат на ничија земја, открива полицијата. - Многу од насадите со канабис, откриени по нивите во атарите на тетовските и на гостиварските села, биле на ниви, чиишто стопани се надвор од земјава, па затоа и не може да се бара одговорност од никого - велат од МВР. Полицијата секоја година уништува по дваесетина полиња, самоникнат или намерно насаден канабис сатива, познат како индиски коноп, од кој се прават џоинтот од марихуана и хашишот. Биолозите предупредуваат дека оваа растение станува своевидна „земјоделска гранка“ бидејќи често и граѓани го садат и го одгледуваат по полињата. Сепак, подвлекуваат дека тие полиња се различни од откриените со дивиот канабис, познат под името „канабис руралидис“, кој никнува сам и многу брзо се шири. Во полицијата, пак, велат дека по откривањето на насади со канабис, ги уништуваат на самото место или на депонијата „Дрисла“. Полињата се особено опасни ако се од видот канабис од кој се добиваат марихуаната и хашишот. Марихуаната е најраспространетата дрога меѓу тинејџерите, од кои една третина признале дека барем еднаш испушиле џоинт. Тоа е најчестата и најслаба форма на канабис и се прави од сушени листови и цветови на оваа билка. Обично се пуши со водено и со обично луле или рачно завиткана во цигара, позната како џоинт. И хашишот и маслото од хашиш се добиваат од делови на тревката канабис. Тој се прави од смолата на тревката и, обично, се става на врвот на цигарата или во хартијата на цигарата и потоа се пуши. Хашишовото масло е посилна дрога од другите форми на канабис, објаснуваат биолозите. Според познавачите, пак, дел од зависниците марихуаната, хашишот и хашишовото масло го ставаат и во јадење. Лекарите велат дека кога се апсорбираат преку пушење, дејствуваат брзо и покусо, а ако се јадат, имаат подолго и поинтензивно дејство. Медицинските анализи покажале дека со користење на марихуаната се јавува намалена концентрација, намалена кондиција, нарушена перцепција за времето, просторот и за дистанцата, се јавува забрзана срцева акција, промена во крвниот притисок и дремливост. Ако се земаат поголеми количини канабис, тогаш се појавува и конфузија, вознемиреност, па дури и халуцинации, паника и параноја. Долготрајната употреба на канабисот предизвикува и појава на менталната болест шизофренија. Канабисот содржи и повисоки концентрации на одредени канцерогени супстанции од тутунот. Еден џоинт е еднаков со осум цигари. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zmii kolku sakas samo so nemame protivotrov po ambulantite.
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas citam
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... ocigledno temava ne izgleda mnogu interesna...no jas kje gi belezam promenite koi nastanuvaat vo prirodata ..i opasnostite koi ne demneat ...kolku od neznaenje...tolku i od neinformiranost...
КРВОЛОЧНИТЕ ЖИВОТНИ СТИГНАА ДО СКОПЈЕ Волци на Водно Волците најверојатно дошле во парк-шумата Водно од Караџица или Јакупица бидејќи во парк шумата нашле извор на храна Распарчена крава некоку дена скапува на планинарската патека на Водно, на околу два и пол километри од Милениумскиот крст во правец кон Матка. Скопските планинари мршата ја забележале викендов и алармираат дека на скопската планина се појавиле волци. Тие се избезумени од фактот што волците се спуштиле дури до планинарската патека во потрага по храна. Велат дека првин пред неколку недели волците се појавиле на котата кај Матка кога искасапиле 13 кози. "Досега волци не сме виделе на Водно и оваа глетка со распарчената крава не извади од ум. Никогаш толку блиску до планинарската патека немало крволочно животно што напаѓа. Веројатно последнава година кога важеше забраната за острел на волците, тие се намножиле и сега ги има и овде", коментирааат планинарите. "Најверојатно дивечот дошол во парк шумата Водно од Караџица или Јакупица бидејќи нашол извор на храна", велат од одделението за шумарство и ловство во Министерството за земјоделство. Надлежните во ЈП "Паркови и зеленило", кое е задолжено да ја штити парк-шумата Водно, пак, велат дека не е невообичаено во шумата да има волци, туку дека проблем е појавата на добитокот, бидејќи со одлуката за заштита на Водно не е дозволено напасување. Сличен став имаат и во одделението за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство. Елизабета Георгиевска, портпарол на ЈП "Паркови и зеленило", вели дека на Водно отсекогаш имало по еден до два волка и дека досега не се случило тие да нападнат луѓе. Таа објаснува дека во случајов невообичаеното е тоа што мештаните од околните скопски села добитокот го напасуваат во парк-шумата, каде тоа е забрането. "Луѓето од чуварската служба на Водно увреуваат дека волците не се опасни за луѓето, бидејќи отсекогаш ги имало во парк-шумата. Но во последно време забележано е масовно напасување добиток. Пред три недели, исто така, од волци беа искасапени кози, но во близина на селата. За распарчената крава на планинарската патека не сме информирани и утре детално ќе го испитаме случајот", вели Георгиевска. Таа додава дека досега неколку пати пријавувале во Министерството за внатрешни работи дека жителите од село Крушопек ги пуштаат кравите и козите и по неколку дена сами да скитаат по Водно. "Ние сами не можеме да ги казниме, освен да пријавиме во полиција. Уште еднаш апелираме до сите граѓани добитокот да не го пуштаат сам да скита низ парк-шумата, ниту пак тука да го носат на пасење", вели Георгиевска. Од Одделението за шумарство и ловство во Министерството за земјоделство велат дека појавата на волци на Водно не е невообичена. Крволочните животни одат по храна и до 40 километри, но не се задржуваат на местото, туку се враќаат назад во своите живеалишта. (Е.А. - И.С.) *** Волкот веќе не е заштитено животно Со измените на Законот за ловство волкот веќе не е заштитено животно и за негово отстрелување државата дава награда од 3.300 денари. За отстрелано волче пак наградата изнесува 1.300 денари. Парите се исплаќаат откако ќе се пријави уловот во Подрачните единици на Министерството за земјоделство. Министерството за земјоделство ги направи измените на Законот на ловство откако лани од волци беа уништени цели стада овци. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...se pocesti se napisite vo vesnicite za napadnati vrz deca i vozrasni od kucinjata skitnici. Bidejki ocigledno e deka nadleznite ne mozat ili nemaat vreme da storat neshto se slucuva i ova... shto go objavuva Vecer...
КУЧИЊАТА-СКИТНИЦИ И НАТАМУ НАШЕ СЕКОЈДНЕВИЕ |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... vodnite zivotni bea vo opasnost da izginat... zaradi zagadenost na vodata od otpadnite vodi na febrickite giganti. Niv veke gi nema...ili mnogu malku rabotat... no...
РЕЧИСИ ПРАЗНО КОРИТОТО НА НАШАТА НАЈГОЛЕМА РЕКА ВО ВЕЛЕС Вардар досега немал толку малку вода Водата
во реката е под билошкиот минимум, а поради немањето на пречистителна
станица низ Велес се шири неподнослива реа од фекалиите и од отпадните
води кои истекуваат во Вардар. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Na casovite po biologija imavme prilika da gledame zmija vo shishe. Sekoj odmor vo kabinetot site stoeja pred plakarot i ja gledaa, se plashea. Se smenija vreminjata. So promenata na klimata se pocesti se napisite za poseti na zmiite vo nash*te dvorovi, domovi...
...prezemeno od Dnevnik.... ВлеЧугите се поЧесто шетаат по куЌите и дворовите Змија пред врата за роденден Змија-отровница, долга околу два метра и со глава голема колку тениска топка, испружена пред куќниот
праг на семејството Петровиќ од Кавадарци, ги вознемири домаќините и
соседството. Неканетата гостинка се довлечкала токму на денот кога
сопственикот на куќата Милан Петровиќ го славел 34-от роденден. Ucenicite MORA da naucat kako da se zashtitat.... Изменето од mamma - 12.Септември.2008 во 16:23 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |