|
Љубовта и хороскопските знаци |
Внеси реплика | страница <1234 13> |
Автор | ||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од pagane - 03.Март.2011 во 14:37 |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неверството и хороскопските знаци
Овните пробуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се обидуваат, на крајот сепак попуштаат под притисокот. Кога во врската ќе им стане монотоно, тие бараат излез. Но, Oвните лесно се откриваат самите, затоа што не можат да се сокријат. Тие се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите. Биковите кои започнале со сексуални односи, стануваат зависни од нив. Тие или се страсни, или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив вршат неверство кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни. Никој не е способен поуспешно да изврши неверство од Близнаците. Тие внимаваат да не бидат откриени и навистина им успева. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои им служат за да ги прикријат. Ракот, иако е сензитивен и нежен, едноставно обожава пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот/ката Рак. Тие се грижат за нив самите, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата. Лавовите не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно и се препуштаат на страста. Огнениот Лав поседува силна сексуалност, па врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. На Девиците верноста им е најважна. Доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство, но лесно ќе ги забележите, бидејќи ќе ве критикуваат постојано, обидувајќи се да ја прикријат непријатноста. Тие не се воздржуваат само на едно неверство и на еден партнер. Вагите обожуваат флерт. Ќе познаете дека ве изневерува кога драстично го менува мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признае, туку ќе се обидува да објасни. Веднаш штом ќе здогледаат згодно момче/девојка, тие се впуштаат во флерт, а неретко и во неверство. Скорпијата се обидува да се контролира, но кога на другата страна стои силна и убава личност, целата нивна сила паѓа во вода. Тие не го сакаат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест. За Стрелците сексуалноста е рекреација. Не сакаат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност за нив станува минато. Сакаат сè што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат. Јарецот е неверен само ако е во алкохолизирана и заматена состојба. Инаку, во нормални услови не е склон кон авантури и неверства. Јарецот е знак кој ја велича верноста. Ако сакате верност од Водолијата, никако не смеете да дозволите во нејзиниот живот да влезе монотонија. Водолиите сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и во брзо време ќе тргне во авантура. Рибите сакаат да изневеруваат во тајност и притоа никој да не дознае за тоа. И навистина им успева. Често се претставуваат и изгледаат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат зошто тоа им треба и што сакаат. |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
нешто точно нешто не...
|
||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
РАК (22.06 – 22.07.)
Честито, сте одбрале вистински тајминг за започнување на врска. Ракот е знак на семејството и домот, а оваа врска има големи шанси да прерасне во нешто посериозно. Раковите уживаат во храната - патот до љубовта води преку желудникот. Добри страни - Ќе ви биде лесно да ги изразите своите чувства, особено кога сте во кревет и гледате филмови. Лоши страни - Раковите се познати по своите изливи на емоции, понекогаш може да почувствувате дека тоа ве гуши. Позитивно - Сигурно ќе уживате во добрите излегувања. ---------------------------------------------------
прво имав среќа со жената што ја земав за жена ,а сега и тоа погоре
многу среќа за мене таа година.Ќе треба да частам
|
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kаква иднина има вашата врска? Сетете се на датумот кога почнавте да се забавувате со партнерот и одредете во кој хороскопски знак е родена вашата врска. Врз основа на денот на годишнината ќе откриете каква иднина ве очекува. Ја започнавте врската во знакот... ОВЕН (21.03. – 20.04) Ова е период на првиот знак на хороскопот, а Овенот го претставува детето во секој од нас. Тоа е тврдоглав и страстен знак, сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, така што врската ќе ви биде страстна, но бидејќи со овој знак владее планетата Марс - раскинувањата и смирувањата ќе бидат чести во оваа врска. Добри страни - Никогаш нема да ви биде досадно. Лоши страни - Темна страна на Овенот се себичноста и егото со кои не е лесно да се справите, па подгответе ги вашите нерви. Позитивно - Спортувајте заедно бидејќи овој знак пука од енергија. Ако добро ја насочите ќе уживате. И во соблекувалната може да биде интересно... БИК (21.04 – 21.05.) Блажени се оние кои се заљубиле во знакот на Бик. Ова е најсензуалниот знак во хороскопот, едноставно ужива во се. Ако вашата врска започнала во знакот на Бик, ќе биде исполнета со многу допири, бакнежи, секси масажи и други уживања. Ќе уживате и во излегувања, излети и многу танцување. Добри страни - Со знакот Бик владее Венера, планетата на љубовта, па ве очекува уживање на секој чекор. Лоши страни - Штедливоста на Бикот сигурно ќе ви пречи. Позитивно - Биковите се одлични танчари - уживајте! БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06.) Ова време е вистински погодок. Близнакот е знак на комуникација, па затоа оваа врска ќе потрае, сите проблеми ќе ги решавате со разговор. Може ќе ви требаат неколку капки романтика да го засладите тој разговор. Добри страни - Секогаш имате за што да зборувате, па макар тоа да се и трачеви. Лоши страни - Недостатокот на романтика ќе биде надоместен со разговор, па малку повеќе бакнежи нема да ви наштетат. Позитивно - Врската ќе опстојува од меилови, СМС пораки и секси писменца! РАК (22.06 – 22.07.)
Честито, сте одбрале вистински тајминг за започнување на врска. Ракот е знак на семејството и домот, а оваа врска има големи шанси да прерасне во нешто посериозно. Раковите уживаат во храната - патот до љубовта води преку желудникот. Добри страни - Ќе ви биде лесно да ги изразите своите чувства, особено кога сте во кревет и гледате филмови. Лоши страни - Раковите се познати по своите изливи на емоции, понекогаш може да почувствувате дека тоа ве гуши. Позитивно - Сигурно ќе уживате во добрите излегувања. ЛАВ (23.07. – 22.08.)
Оваа врска ќе започне бурно и најверојатно така и ќе исчезне. Лавот е огнен знак, па затоа врската ќе ви биде исполнета со интересни настани. Никогаш и никаде нема да ви биде здодевно. За жал, обично таквата страст не трае долго, но доколку некој од вас е земјен знак (Девица, Бик, Јарец) работите ќе ги спушти на земја. Добри страни - Бурни и драматични секси мигови. Лоши страни - Драматични падови! Позитивно - Лавот е најразиграниот знак, искористете го тоа, уживајте во водните спортови, трчањето... Да бидете дете во оваа врска е неизбежно! ДЕВИЦА (23.08 – 22.09.) Девицата е знак кој обожава да се оптоварува со детали, па најверојатно, освен на датумот на запознавањето, ќе се сеќавате и на облеката која сте ја носеле на себе. Овој знак понекогаш е премногу опседнат со детали што не им обрнува внимание на големите работи. Но и Девиците знаат да им се препуштат на страстите, кога никој не гледа... Добри страни - Ќе мислите на сите важни датуми, а околу вас се ќе блеска од уредност. Лоши страни - Ситничарството може да ви пречи. Позитивно - Во оваа врска ќе имате план за секоја заедничка активност. ВАГА (23.09 – 22.10.) Вагата е добар знак за почеток на нова врска, така што имате големи шанси за успех. Хармонијата, заедништвото и грижата за партенрот се темели на врската, доколку е започната во овој период. Понекогаш Вагите ја напуштаат врската без зборови, и тука нема помош. Добри страни - Венера, планетата на љубовта внимава на вас. Лоши страни - Вагите се често неодлучни, па можеби долго ќе размислувате каде да одите во дискотека или во кино. Позитивно - Ќе уживате масирајќи се еден со друг. СКОРПИЈА (23.10 – 21.11.) Шкорпијата е знак со која владее страста, така што ќе уживате во се. Уште една работа е карактеристична за Шкорпијата, тоа е мистичноста, а и осветата им оди од рака, затоа внимавајте што правите. Добри страни - Мораме ли да зборуваме за тоа што започнува на С... Лоши страни - Доколку нешто тргне наопаку, работите може да станат опасни. Позитивно - Врската во знакот на Шкорпија ќе ви открие работи кои не сте ги знаеле за себе. СТРЕЛЕЦ (22.11 – 21.12.)
Добредојдовте во светот на авантурата! Ќе уживате во жешките моменти од својата нова врска. Можеби нема да трае долго, бидејќи Стрелците секогаш сакаат нови работи. Добри страни - Оваа врска ќе биде полна со пресврти, раскинувања и смирувања. Лоши страни - За Стрелецот тревата секогаш е позелена на некое друго место. Позитивно - Стрелецот е знак кој обожава патувања, па доколку сте ја започнале врската во овој знак, искористете го тоа и отидете на некое заедничко патување. ЈАРЕЦ (22.12. – 20.01.) Ако сакате долга врска, онаа која е започната во ова време има добри шанси за тоа. Може да останете заедно со партнерот се додека смртта не ве раздели. Но, таквата врска носи и многу одговорности. Добри страни - Можете да остварите се што сте замислиле, и тоа заедно. Лоши страни - Јарецот е многу ладен знак, така што, доколку не сте припадник на некој огнен знак, работите може да бидат премногу смрзнати. Позитивно - Поминувајте го заедно целото слободно време, па вашата врска ќе цвета. ВОДОЛИЈА (21.01- 18.02.) Од сите знаци кои владеат во Зодијакот, Водолијата најмногу ужива во својата оригиналност и различност. Ако вашата врска е започната во знакот на Водолија, ќе трае онолку колку што еден на друг ќе си дадете слобода. Добри страни - Заедно можете да го освоите светот - ако ја цените слободата на партнерот. Лоши страни - Ова и не е баш најстраствениот знак, но ако се потрудите можете да успеете. Позитивно - Водолијата е секогаш подготвена за лудории. РИБИ (19.02 – 20.03.) Кога се сретнавте сигурно почувствувавте дека сте создадени еден за друг. Оние кои се заљубуваат во знакот на Риби уживаат во времето поминато заедно, бидејќи Рибите се најромантичниот и најемоционалниот знак. Вие и вашиот партнер ќе создадете свој свет. Добри страни - Креативна и романтична заедница во која ќе уживате. Лоши страни - Ќе имате проблем при средба со реалноста Позитивно - Најдрага активност на Рибите е уживање во дегустација на разни пијалаци и добра музика. Во секој случај, знаат да уживаат. |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
се брои ако сум во подзнак лавица? |
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Рак – Удобно, познато и едноставно добро. Раковите не одушевуваат при првиот бакнеж, но ствараат удобност и пријатно чувство. После нивниот бакнеж ќе се чувствувате топло и прекрасно.
|
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ич не верувам во подобна релативност во лjубовта.
понекогаш добиват и невозможни комбинации. |
||
valentina-pp
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 198 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
rakot malku baknuva ,malku gicnuva hahaha
|
||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јарец – Јарците ретко се одлучуваат први да бакнат. А кога најпосле ќе го добиете бакнежот, тој ќе биде елегантен, префинет и непотполн. Тоа е единствен начин да посакате уште.
Е да бе. П.С: Она за ракот е точно јбт. |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
mariija
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Водолија – Водолиите се различни, и нивната цел е да останат запаметени. Тие сакаат изненадувања и необични бакнежи, посебно од личности кои не им се слични. |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Стил на бакнување според хороскпските знаци
Некои личности сметаат дека бакнежот треба да е физичко искуство, а некои други преку бакнежот ги искажуваат своите емоции и блискоста спрема партнерот. Доживувањето на бакнежот зависи и до хороскопскиот знак, еве што можете да очекувате. Овен - Впечатлив, енергичен и снажен. Овој знак на бакнувањето му пристапува како и на се друго во животот – одушевено и импулсивно. Бик – Бавно, сензуално и цврсто – таков бакнеж можете да очекувате од биковите. Ова е една од причините поради која врските на биковите траат подолго од на другите хороскопски знаци. Биковите имаат посебно развиен осет за допир и пред да ве бакнат ќе ве галат или ќе ве држат за рака. Близнаци - Различни, интересни и брзо променливи. Близнаците сигурно нема да ве разочараат во бакнувањето. Но, пред да ве бакнат ќе мора да се изначекате и изназборувате. Рак – Удобно, познато и едноставно добро. Раковите не одушевуваат при првиот бакнеж, но ствараат удобност и пријатно чувство. После нивниот бакнеж ќе се чувствувате топло и прекрасно. Лав – Бакнежот на лавот едноставно одушевува и за негов бакнеж се чекаат редови. Со нив се што треба е да се опуштите и да му се препуштите. Девица – Внимателно, чуствително и совршено. Така бакнува девицата. Тие не сакаат неред, па атмосферата пред бакнежот мора да е совршена. Поради тоа што девиците не прават ништо половично и бакнежот им е потполн. Вага – Вагите живеат да му угодуваат на партнерот. Тие се такви како што очекува партнерот. Секој бакнеж на вагата е единствен. Уживањето со нив ќе биде исто и по 25 години поминати заедно. Скорпија – Бакнежот на скопријата се опишува со еден збор, страственост. Со нив треба да заборавите на се друго и да уживате во бакнежот. Стрелец – Стрелците секогаш сакаат повеќе, повеќе и уште повеќе. Многу ќе ви дадат, а ако сакате да ги освоите обратете внимание што сака и повторете го тоа безброј пати. Јарец – Јарците ретко се одлучуваат први да бакнат. А кога најпосле ќе го добиете бакнежот, тој ќе биде елегантен, префинет и непотполн. Тоа е единствен начин да посакате уште. Водолија – Водолиите се различни, и нивната цел е да останат запаметени. Тие сакаат изненадувања и необични бакнежи, посебно од личности кои не им се слични. Риби – Рибата ќе ве бакне само доколку мирисате убаво. Тие ќе ве бакнуваат нежно, чуствително и внимателно. |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како подзнакот кој ми се наоѓа во Јарец значајно ја менува мојата природа на Вага, секогаш длабоко ме привлекувале Риби и Ракчиња, нежни, емотивни типчиња
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
Внеси реплика | страница <1234 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |