|
Слабеење?!?!?! |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
појди на лекар , не чекај совети од нестручни лица или од сеирџии...и не губи време...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Kikica_f
Нов член Регистриран: 02.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdravo , zdravo imam edno zensko prasanje , neznam koj bi mi pomognal vo odgovorot :D veke 3 den odam na vezbanje no imam mal problem neznam kade bi se posovetuvala ... Prviot den koga bev mi bese ete potesko da kazam i imav malku bolki vo predelot na stomakot ... Vtoriot den super si pominav i bas lesno izdrzav se, no potoa pokasno imav bledo crven iscedok vo mokrenjeto.Potoa den pauza pa 3 den od vezbanjeto i eve cel den osekam poduenost vo stomakot i veke od pladne imam isto bledo crven iscedok ama poveke od prviot pat. Zosto taka ??? Ke ve molam za sovet , odgovor ako ne mi e prasanjevo postaveno na pravo mesto upatete me kade da se obratam .Blagodaram od napred ... pozzz
|
|
Mincela
Нов член Регистриран: 24.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас пиев чај од билна аптека матиа симнав 4кг за некој месец дена, ама и пешачев многу. Не знам дали симнав од пешачење или од чајот.
|
|
edgaralanpo
Нов член Регистриран: 16.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за слабеење размислуваат само оние кои имаат премногу слободно време, оние кои немаат време, а цело време нешто работат и онака не се дебели
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не сум имала таков проблем. И секогаш си имам фора за уште некое килце. Кој ќе се мачеше со диети, со оглед на тоа каква стрвла сум. А и читајќи за новите трендови за слабеење, со пиење чаеви со тении ... не, фала. |
|
bilni
Нов член Регистриран: 07.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so sekojdnevno vezbanje trganje od menito bel leb blago i sokovi i so pomos na sogoruvaci na masti za 4 meseci imam simnato 9 kg ( samo edna doza na topaci ) i sega prodolzuvam za uste 8-9 kg samo sakam da pocnam i so tegovi megutoa mi treba za toa sovet kako i koga koi delovi od teloto
|
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е програма за сите оние што сакаат да топат масти(сало) Храната е пресметана на 2000 калории дневен внос и НОРМАЛНО со ЗАДОЛЖИТЕЛНА физичка акитвност, без тоа нема да има апсолутно никаков напредок. За да се направи омлет мора да се скапа јајце....
Епа замислте се во ова темпо: 09.30 – Будење, едно јаболко и 500 грама вода 10.00 – 100 грама овес со 0.5 маслено млеко и една лажица мед или 100 грама мусли ама без мед 13.00 – 50 грама варен ориз со 100 грама варено пилешко бело месо + салата 15.00 – 150 грама варен ориз или 3-4 варени компири + салата 17.00 – Т Р Е Н И Н Г и веднаш после тренингот 3 коцки чоколадо 18.30-19.00(или во моментот кога ке завршите со физичката активност гледајте да не поминат повеке од 45 минути додека да го конзумирате најважниот оброк ) - 200 грама варено пилешко бело месо и нешто по ваша желба + салата и на крајот за десерт мноооооогу малку нешто благичко по ваша желба 21.00 – Туна( само 2 пати во неделата, вие одлучете си кога) + салата(ако нема туна може шопска салата со повеќе сирење Пред спиење – 5-6 белки од јаца(без жолчка)+ салата Во меѓувреме можете да конзумирате негазирани сокови, житарки, Вода - гледајте колку што е можно повеќе Зеленчук – БЕЗ ЛИМИТ колку ви душа сака, што сакате и кога сакате особено зеленилата Овошје - умерено , нормално Со кафето наместо бел шеќер, може натрен или кафеав. Црн леб наместо бел ама ВНИМАТЕЛНО со него. Задолжително имајте еден ден во неделата кога ке јадете што сакате или со други зборови да сe oслободете од здрава храна Месечно за да се исхранувате на овој начин ке ви бидат потребни околу 7000 денари а како што читате сендвичи, пици , палачинки , банички газирани сокови, алкохол итн. не се на вашиот список освен еднаш неделно, така да ич не се мисли, од утре оди истрчи еден круг до некаде и врати се пак назад. И се така секој ден. Времето е релативно, има за се, испланири го добро и тоа е тоа. У С П Е Х !!!! |
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бизарни, но ефективни трикови за слабеење:)Д-р Алан Хирш од една американска организација што се занимава со истражување на влијанието на мирисот и вкусот, тврди дека ова навистина дејствува. Истражувањето што било направено на 3.000 волонтери, покажало дека колку повеќе луѓето мирисаат, толку помалку чувствуваат глад. Резултатот е губење килограми и тоа по 13 во просек. Како објаснување се наведува „моќта“ на мирисот, што може да го „залаже“ мозокот дека „консумирал храна“. Обидете се да се сетите на некој ресторан во кој преовладува сината боја во ентериерот. Ако не ви текнува на некој таков, можеби истражувањето има одговор. Тврдењата се дека сината боја го намалува апетитот, а сопствениците на рестораните не би сакале да се случи тоа. =) Патем, имајте на ум дека би требало да ги избегнувате црвената, портокаловата и жолтата боја, бидејќи се претпоставува дека тие дејствуваат спротивно од сината, односно го зголемуваат апетитот. 3. Спроти местото каде што седите додека јадете ставете огледало Ако седите и јадете пред огледало, количеството што „планирате“ или имате потреба да го внесете, наводно може да се намали речиси за третина, според една студија. Истражувачите велат дека додека се гледаме себеси во очи, се потсетуваме на нашите желби и цели, меѓу кои често се и оние за намалување на килограмите. 4. Врзете лента или јаже Овој метод, всушност, е совет од книгата на Валери Орсон - „Мала тајна“, во која авторката вели дека многу жени од Франција врзувале лента или јаже под половината, за да не „заборават“ до каде можат да „одат“ кога ќе појдат на вечера. Идејата е да бидат свесни за својот стомак и ако претераат, а тоа ќе го забележат штом лентата ќе почне да ги затегнува, да намалат или сосем да престанат со јадење. 5. Фотографирајте ја храната Оваа препорака е чудна, ама наводно дејствува и вели дека подобро е да ја фотографирате храната отколку да запишувате што јадете и сл., ако сакате да внимавате на исхраната. На крајот на денот за да се потсетите, велат - погледнете ги фотографиите. =) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Диети и слабеење :)
Овој натпис го имам напишано поодамна (само претходно ми беше во дневници, или во приказни, не се сеќавам баш) , ама гледам дека темава станува се поактуелна, па решив да го ставам и овде. Видов дека многу девојки прашуваат колку килограми треба да имаат според нивната висина, по колку калории треба да јадат на ден и дали изеле премногу. Ако ве интересира било што од овие прашања, продолжете за читате :) 1. Индекс на телесна тежина
2. Колку калории треба да внесувате на ден?
3. Листа на нискокалорични јадења 4. Дали може да се ослабе САМО во колковите, стомакот и сл.?
5. Што да јадам за доручек? 6. Дали црниот/интегралниот леб дебелее? 7. Вода! 8. Други пијалоци...
9. Ужина во школо 10. Анорексија/булимија/EDNOS
11. Масти Околу 2,5кг масти и 0,5кг масти. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Aureus
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 108 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За доручек јагленхидрати, за ручек пола порција, за вечера протеини.
68 кила имав, сега имам 59 (битно петка има на вагата) со ваков режим. |
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во никој случај не купувајте апчиња за слабеење. После брзата храна и газираните сокови, тоа е најголемото ЗЛО на 21 век.
|
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
igork
Нов член Регистриран: 03.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пиј зелен чај, јади кокосово масло, чиа семки
|
|
Ѓороски
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 13.Декември.2011 Локација: Скопје Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат различни начини на слабеење. Еден од нив го читам овде веќе неколку пати. Јадам се, умерено, не после 19 часот и не вежбам.
Одличен пример за конфекциско слабеење. Резултатот е намалување на телесна тежина, само визуелниот ефект е ист. Нема затегнатост, цврстина, облини, има точки од целулит, лоша циркулација, кондиција тапа...И сега, што е подобро, лош изглед а полничок или соленка а со целулит и без кондиција?! Она што физичката активност ќе ви овозможи не е само дополнително губење на екстра калории за постигнување на целта. Помала телесна тежина. Туку, подобрување на кардио-васкуларниот систем и респираторниот тракт. Подобра циркулација, размена на материи во организмот... А самиот фитнес, се разликува од останатите спортови по тоа што со негова помош можете да влијаете на одредени делови од телото и да ги обликувате по желба и по ваша мерка. Немојте да се плашите од мускули. Ако не сакате силиконски имплантанти, мускулите се единственото човечко ткиво кое ќе ви даде облик и форма. Вежбајте, спортувајте, било што. За ваше здравје. |
|
Anja1989
Нов член Регистриран: 14.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во последниве 3 месеци симнав 10 кг без посебно мачање ,со мала физичка активност и избегнување на храна после 19 часот . Од ништо не се откажав - па дури ни од благооо- без кое неможам да жиевам
|
|
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |